1 / 53

Ангажмани за уверување Рамка МСАП 2400 и 2410; МСАУ 3000 и 3400; МСПУ 4400 и 4410

Ангажмани за уверување Рамка МСАП 2400 и 2410; МСАУ 3000 и 3400; МСПУ 4400 и 4410. ИОРРМ Континуирано Професионално усовршување Струмица, 19 септември 201 3 година. Презентер: Габриела Милошевска. Цел на модулот. Дефинирање и опишување на елементите и целите на ангажман за уверување

cianna
Download Presentation

Ангажмани за уверување Рамка МСАП 2400 и 2410; МСАУ 3000 и 3400; МСПУ 4400 и 4410

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. Ангажмани за уверување Рамка МСАП 2400 и 2410; МСАУ 3000 и 3400; МСПУ 4400 и 4410 ИОРРМ Континуирано Професионално усовршување Струмица, 19 септември 2013 година Презентер: Габриела Милошевска

  2. Цел на модулот • Дефинирање и опишување на елементите и целите на ангажман за уверување • Идентификување на ангажманите на кои се применуваат МСР, МСАП и МСАУ • Преглед на МСАП, МСАУ и МСПУ

  3. Содржина на модулот: Преглед на Рамката Вовед Дефиниција и цел на ангажман за уверување • Делокруг на рамката • Прифаќање на ангажманот • Елементи на ангажманот за уверување • Несоодветна употреба на името на практичарот

  4. Содржина на модулот: Преглед на МСАП, МСАУ и МСПУ Меѓународни стандарди за ангажмани за проверка: • 2400 – Ангажмани за проверка на финансиски извештаи • 2410 – Проверка на меѓупериодични финансиски информации спроведена од независниот ревизор Меѓународни стандарди за ангажмани за уверување: • 3000 – Ангажмани за уверување кои не се ревизии или проверки на историски финансиски информации • 3400 – Испитување на перспективни финансиски информации • Меѓународни стандарди за поврзани услуги: • 4400 – Ангажмани за извршување на договорени постапки во врска со финансиски информации • 4410 – Ангажмани за компилирање на финансиски извештаи

  5. Рамка - Вовед • Рамката сама по себе не воспоставува стандарди; не обезбедува процедурални барања за извршување на ангажмани за уверување • Основа за повикување при ангажмани за уверување за практичарите (професионални сметководители во јавна практика) и за оние кои ангажираат практичар • Важат принципите од Кодексот за етика: • Интегритет • Објективност • Професионална компетентност и должно внимание • Доверливост • Професионално однесување • Важи за сите извештаи објавени на или по 1 јануари 2005 година 5

  6. Рамка - Дефиниција и цел на ангажман за уверување “Ангажман за уверување“ – каде практичарот изразува заклучок за исходот обликуван за зајакнување на степенот на доверба на корисниците за кои е наменет освен за одговорната страна • Исход – резултат = критериуми применети на предметна материја • Критериуми – основи по кои се мери/прикажува предметната материја • Предметна материја – финансиски податоци, контроли • Информации за предметната материја – може да ги изготвил друг освен одговорното лице Пример 1: соодветно признавање (исход) врз основа на МСС 11 (критериум) на приходи од изградба (предметна материја) Пример 2: ефективна (исход) интерна контрола (предметна материја) по ОСОКТ рамка (критериум)

  7. Рамка - Дефиниција и цел на ангажман за уверување “Ангажмани засновани на тврдење“ – оценката/мерењето на предметната материја го прави одговорната страна, а информациите за предметната материја се во форма на тврдење “Ангажмани за директно известување“ – практичарот или директно врши оценка/мерење на предметната материја или добива изјава од одговорната страна која извршила оценка/мерење која не им е достапна на корисниците

  8. Рамка - Дефиниција и цел на ангажман за уверување Ангажман за разумно уверување – целта е намалување на ризикот на ангажманот на прифатливо ниско ниво во околностите, и изразување на позитивна форма на заклучок Ангажман со ограничено уверување – целта е намалување на ризикот на ангажманот на прифатливо ниско ниво во околностите, каде што таквиот ризик е поголем отколку оној кај ангажманот, и изразување на негативна форма на заклучок (пр. извештаи по МСАП 2400 и 2410)

  9. Рамка - Делокруг на рамката Релевантна е само за ангажмани за уверување Други консултантски ангажмани што не се уверување не потпаѓаат под оваа рамка (пр. менаџмент консалтинг, даночен консалтинг и сл.) Ако станува збор за поширок ангажман кој во еден дел вклучува и уверување, рамката важи само за делот на ангажманот за уверување (пр. консултантски ангажман за купување ентитет каде се бара и уверување за проектираните идни финансиски информации) Кај ангажмани кои не се за уверување се избегнува користење на оваа рамка и стандарди и извештајот што го издава практичарот до одговорната страна вклучува изјава за ограничување на употреба

  10. Рамка - Прифаќање на ангажманот Практичарот прифаќа ангажман само ако: • Се исполнети сите етички барања • Ангажманот ги има следниве карактеристики: • Соодветна предметна материја • Погодни и достапни на корисниците критериуми кои ќе се користат • Практичарот има пристап до достатни докази за поткрепа на заклучокот • Заклучокот на практичарот, било за ангажман за разумно или со ограничено уверување, ќе биде содржан во писмен извештај • Практичарот е задоволен дека постои рационална цел на ангажманот (да нема значајно ограничување на делокругот на работа и да нема цел од несоодветно поврзување на името на практичарот со предметната материја) Прифатен ангажман за уверување не може да се смени во ангажман кој не е за уверување, и ангажман за разумно уверување не може да се смени во ангажман со ограничено уверување

  11. Рамка - Елементи на ангажманот за уверување Однос помеѓу три странки Предметна материја Критериуми Докази Писмен извештај за уверување во форма соодветна на: • ангажман за разумно уверување, или • ангажман со ограничено уверување

  12. Рамка - Елементи на ангажманот за уверување Однос помеѓу три странки • Практичар – • Тој кој што го извршува ангажманот • Поширок термин од ревизор • Доколку нема соодветна професионална компетентност може да користи експерти • Одговорна страна – Лице кое • Кај ангажман за директно известување е одговорно за предметната материја • Кај ангажман заснован на тврдење е одговорно за информациите во предметната материја (тврдењето) и може да биде одговорно за предметната материја • Може да биде страна која го ангажира практичарот, но и не мора • Корисници за кои е наменет – Лице (лица) • За кои е наменет извештајот за уверување • Кога е изводливо, вклучени со практичарот и одговорното лице во определување на барањата на ангажманот • Со однапред дефинирани барања (пр. државна институција, банка и сл.)

  13. Рамка - Елементи на ангажманот за уверување Предметна материја • Информации во форма на: • Финансиски резултати или услови (пр. финансиска состојба, паричен тек и сл.) • Нефинансиски резултати или услови (пр. ефикасност, рентабилност и сл.) • Физички карактеристики (пр. производствен капацитет и сл.) • Системи и процеси (пр. интерни контроли, ИТ и сл.) • Однесување (пр. практики за ЧР, усогласеност со корпоративни политики и сл.) • Врз нејзините карактеристики влијаат: • Квалитативни ↔ Квантитативни; Објективни ↔ Субјективни; Историски ↔ Идни; се однесуваат на дадена временска точка или покриваат одреден период • Прецизноста со која може да се оценат • Убедливоста на расположливите докази • Соодветна предметна материја може да се идентификува, да биде конзистентно оценета/измерена во однос на идентификуваните критериуми и може да биде подложена на постапки за собирање достатно соодветни докази

  14. Рамка - Елементи на ангажманот за уверување Критериуми • Основни мерила за оценка/мерење на предметната материја: • Формални (пр. МСФИ, законски барања и сл.) • Помалку формални (пр. Интерни кодекси и политики) • Да се погодни, т.е. да ги имаат следниве карактеристики: • Релевантност • Комплетност • Веродостојност • Неутралност • Разбирливост • Да се достапни на корисниците за кои е наменет извештајот и тоа на повеќе начини: • Јавно • Преку вклучување на јасен начин во: презентирањето на информациите за предметната материја или во извештајот за уверување • Преку општо разбирање (општи мерки, пр. време во часови или минути)

  15. Рамка - Елементи на ангажманот за уверување Докази • Професионален скептицизам – со соодветна доза на сомнеж • Достатност и соодветност – квантитет и квалитет • Материјалност – за определување на природата, временскиот распоред и обемот на постапките; се донесува со расудување • Ризикот на ангажманот – дека практичарот ќе изрази несоодветен заклучок; нивото на ризик повисоко кај ангажман со ограничено уверување отколку кај ангажман со разумно уверување • Ризик дека информациите на предметната материја се материјално погрешно прикажани – инхерентен и контролен ризик • Ризик од неоткривање материјално погрешно прикажување

  16. Рамка - Елементи на ангажманот за уверување Докази • Природа, временски распоред и обем на постапки за собирање докази – прилагодени на проектот со цел здобивање “разумно уверување“ • “Разумно уверување“ – концепт на акумулирање на докази неопходни за донесување заклучок преку: стекнување разбирање за предметната материја и другите околности на ангажманот, проценка на ризиците врз основа на стекнатото разбирање, одговарање на проценетите ризици, извршување на комбинација од постапки за обезбедување на докази и вреднување на достатноста и соодветноста на доказите • “Разумно уверување“ – помалку од апсолутно уверување заради: селективно тестирање, инхеренти ограничувања на интерната контрола, убедливи а не конклузивни докази, користење расудување при собирање и вреднување докази и некогаш карактеристиките на предметната материја • Квантитет и квалитет на расположливите докази – на нив влијаат: • Карактеристиките на предметната материја • Околностите на ангажманот

  17. Рамка - Елементи на ангажманот за уверување Писмен извештај за уверување • МСР, МСАП и МСАУ ги определуваат основните елементи на извештаите за уверување • Кај ангажман заснован на тврдење се дава уверување за тврдењето на одговорната страна изразено врз основа на одредени критериуми • Кај ангажман за директно известување се изразува уверување директно кон предметната материја и критериумите • Кај ангажман за разумно уверување заклучокот е изразен во позитивна форма • Кај ангажман со ограничено уверување заклучокот е изразен во негативна форма

  18. Рамка - Елементи на ангажманот за уверување Писмен извештај за уверување • Практичарот не изразува заклучок без резерва ако: • Постои ограничување во делокругот на работа (во некои случаи може да се размислува и за повлекување од ангажманот) • Се случаи каде: • заклучокот е за тврдење кое не е објективно прикажано • заклучокот е директно за предметна материја чии информации се материјално погрешно прикажани • По прифаќањето на ангажманот биде откриено дека критериумите се непогодни или предметната материја не е соодветна за ангажман на уверување и резултатите можат да доведат до погрешно наведување на корисниците (во некои случаи може да се размислува и за повлекување од ангажманот)

  19. Рамка - Несоодветна употреба на името на практичарот Практичарот е поврзан со предметната материја кога практичарот известува за информациите за таа предметна материја или се согласува да се користи името на практичарот во професионална поврзаност со таа предметна материја Ако практичарот не е поврзан на таков начин, трети страни не можат да претпостават одговорност на практичарот Ако практичарот дознае дека некоја страна несоодветно го користи името на практичарот во врска со предметната материја, практичарот бара страната да престане да го прави тоа Практичарот исто така разгледува и кои други чекори може да бидат потребни, како што е информирање на сите познати трети страни корисници за несоодветната употреба на името на практичарот или барање на правен совет

  20. МСАП - 2400 Цел – врз основа на извршените ограничени постапки (не комплетни како во ревизија) да му овозможи на практичарот да искаже дали верува дека финансиските извештаи не се изготвени, од сите материјални аспекти во согласност со идентификувана рамка за финансиско известување Општи принципи: • Независност • Интегритет • Објективност • Професионална компетентност и должно внимание • Доверливост • Професионално однесување • Технички стандарди

  21. МСАП - 2400 Делокруг на проверка – се однесува на постапките за проверка кои се сметаат за неопходни во околностите за да се постигне целта на проверката Умерено уверување – дека информациите на предметната материја се ослободени од материјални погрешни прикажувања и се дава негативно уверување Услови на ангажманот – практичарот и клиентот се договараат за условите и истите ги наведуваат во писмо за ангажирање или друга договорна форма, кое треба да вклучува: • Целта на услугата • Одговорноста на раководството за финансиските извештаи • Делокруг на проверка (посочување на овој МСАП) • Неограничен пристап до информации • Примерок од извештајот кој се очекува да биде даден • Дека од ангажманот не може да се очекува обелоденување на грешки, измами или какви и да се неправилности кои може постојат • Изјава дека не се врши ревизија и нема да се издаде ревизорско мислење

  22. МСАП - 2400 Планирање – практичарот треба да стекне или да го ажурира познавањето на деловното работење на ентитетот, вклучително: организацијата, сметководствените системи, оперативните карактеристики и природата на средствата, обврските, приходите и расходите; ова со цел за обликување соодветни постапки за проверка Работа извршена од други – ако користи работа од други практичарот да е задоволен дека таа е адекватна на целите на проверката Документација – треба да се документираат прашањата кои се важни при обезбедување на докази за поткрепа на извештајот, како и докази дека проверката била извршена во согласност со овој МСАП

  23. МСАП - 2400 Постапки и докази: • Расудување при определување на природата, временскиот распоред и обемот на постапките за проверка • Определување материјалност како и кај ревизијата • Постапките за проверка се главно аналитички (Додаток 2) • Да се распрашува за настани по датумот на финансиските извештаи кои може да бараат корекција или обелоденување • Доколку има причина за верување дека информациите може да бидат материјално погрешно прикажани, треба да се спроведат дополнителни или пообемни постапки за да се изрази негативно уверување или да се потврди дека е потребен модифициран извештај

  24. МСАП - 2400 Заклучоци и известување – извештајот да содржи (Додатоци 3 и 4): • Наслов • Примател • Почетен и воведен пасус: • Идентификување на финасиските извештаи • Изјава за одговорноста на раководството • Пасус за делокруг • Посочување на овој МСАП • Изјава дека проверката е ограничена примарно на распрашувања и аналитички постапки • Изјава дека не била извршена ревизија • Изјава за негативно уверување • Датум на извештајот – заклучно со датумот на завршување на проверката, но не порано од датумот на одобрување на финансиските извештаи од страна на раководството • Адреса на практичарот • Потпис на практичарот

  25. МСАП - 2410 Општи принципи: • Ревизорот да се усогласи со етичките барања релевантни за ревизијата на годишните финансиски извештаи на ентитетот • Ревизорот да имплементира постапки за контрола на квалитетот кои се применливи на индивидуалниот ангажман • Ревизорот да ја изврши проверката со став на професионален скептицизам, прифаќајќи дека постојат околности кои предизвикуваат меѓупериодичните финансиски информации да бараат материјални прилагодувања за да бидат подготвени, во сите материјални аспекти, во согласност со применетата рамка

  26. МСАП - 2410 Цели: • Да му овозможи на ревизорот да изрази негативен заклучок – врз основа на проверката дека не забележал ништо што причинува да верува дека меѓупериодичните финансиски информации не се подготвени во сите материјални аспекти во согласност со рамката за финансиско известување • Значајно се разликува од целта на ревизија според МСР која обезбедува основа за давање мислење • Спротивно на ревизијата не е дизајнирана да обезбеди разумно уверување дека меѓупериодичните финансиски информации се ослободени материјално погрешно прикажување

  27. МСАП - 2410 Договарање на условите: • Помеѓу ревизорот и клиентот во писмо за ангажман (Додаток 1) • За да се избегне недоразбирање во врска со ангажманот обично треба да се покриени следниве прашања: • Целта на проверката • Делокруг на проверка (посочување на овој МСАП) • Одговорност на раководството за меѓупериодичните финансиски информации • Одговорност на раководството за воспоставување и одржување на ефективни интерни контроли релевантни за подготовка на меѓупериодичните финансиски информации • Одговорност на раководството сите финансиски евиденции и поврзани информации да му бидат расположливи на ревизорот • Согласност на раководството за обезбедување на писмени изјави на ревизорот • Очекуваната форма и содржина на извештајот кој ќе биде издаден, вклучувајќи го и идентитетот на корисникот • Согласност на раководството да се вклучи во документацијата извештајот на ревизорот за сите меѓупериодиски финансиски информации кои биле ревидирани од ревизорот на ентитетот

  28. МСАП - 2410 Постапки за проверка: • Разбирање на ентитетот и неговото опкружување, вклучувајќи ги неговите интерни контроли • Ако веќе е ревизор на годишните финансиски извештаи како основа за надградба го користи знаењето и разбирањето стекнато во текот на планирање на ревизијата • Ако е нов ревизор кој сеуште неизвршил ревизија на годишните финансиски извештаи во согласност со МСР, треба да обезбеди разбирање како во планирањето на ревизијата • Распрашувања, аналитички и останати постапки за проверка (Додаток 2) • Примарно се распрашуваат лицата одговорни за сметководствени и прашања поврзани со известување • Аналитичките постапки се најчесто читање записници, проверка на конзистентност на сметководствени политики, споредби на податоци, барање на нетипични трансакции и слично

  29. МСАП - 2410 Оценка на погрешните прикажувања – индивидуално и збирно, дали некорегираните погрешни прикажувања кои предизвикале внимание кај ревизорот се материјални за меѓупериодичните финансиски информации Писмени изјави од раководството со кои (Додаток 3): • Ја потврдуваат одговорноста за интерните контроли • Меѓупериодичните финансиски информации се изготвени во согласност со рамката за финансиско известување • Ефектот на некорегираните погрешни прикажувања сублимирани од ревизорот е нематеријален • Обелоденети сите факти во врска со измами • Обелоденети резултатите од оценка на ризиците од измама на меѓупериодичните финансиски информации • Обелоденети сите познати неусогласености со законски барања • Обелоденети сите значајни последователни настани

  30. МСАП - 2410 Одговорност на ревизорот за дополнителните информации – треба да ги прочита информациите кои се дополнение на меѓупериодичните финансиски информации и да заклучи дали се конзистентни; секој материјално погрешно прикажан факт треба да се дискутира со раковдството Комуникација – треба што е практично побрзо да ги комуницира сите прашања кои му привлекле внимание и каде смета дека треба да се направат материјални прилагодувања; најпрво до раководството, ако смета дека тоа не одговорило во разумен период тогаш ги информира оние задолжени за управување, ако и тие не одговориле во разумен период треба да земе во предвид: • Можност за модификација на извештајот • Можност за повлекување од ангажманот • Можност од отстапување од назначување за ревизор на годишните финансиски извештаи

  31. МСАП - 2410 Известување – извештајот да содржи (Додаток 4): • Наслов • Корисник • Идентификување на меѓупериодичните финасиски информации • Ако се составени од комплетен сет на финансиски извештаи, извештај дека раководството е одговорно за нивно подготвување и објективно презентирање • Во останатите околности дека раководството е одговорно за подготвување и објективно презентирање на меѓупериодичните финансиски информации • Извештај дека ревизорот е одговорен за изразување заклучок • Извештај дека проверката е извршена во согласност со МСАП 2410 • Извештај дека проверката е суштински со помал делокруг од ревизија по МСР • Заклучок со негативен израз – или за комплетен сет на финансиски извештаи или за меѓупериодични финансиски информации • Датум на извештајот • Локација на земјата или законодавство каде што работи ревизорот • Потпис на ревизорот

  32. МСАУ - 3000 Цел – давање извештај од ангажман за уверување; треба да се чита во контекст на Рамката; напишан е за општа примена на ангажмани кои не се ревизии (по МСР) и проверки (по МСАП) на историски финансиски информации Етички барања – практичарот да ги почитува деловите А и Б од Кодексот за етика Контрола на квалитетот – да имплементира постапки кои се применливи за поединечниот ангажман (покрај МСКК 1 - Контрола на квалитет за фирми кои вршат ревизии и проверки на финансиски извештаи и други ангажмани за уверување и поврзани услуги)

  33. МСАУ - 3000 Прифаќање и продолжување на ангажманот – само доколку предметната материја е одговорност на страна која не е ни корисник за кој е наменет ни практичар; само доколку прелиминарно не забележал ништо што укажува дека Кодексот или МСАУ нема да бидат задоволени; само доколку лицата кои колективно ќе го извршуваат ги поседуваат потребните професионални компетентности Договарање на условите на ангажманот – помеѓу практичарот и страната која ангажира; да се дефинираат условите и типот на уверување и да не се мануваат без разумно оправдување

  34. МСАУ - 3000 Планирање и извршување на ангажманот: • Условите на ангажманот • Карактеристиките на предметната материја и идентификуваните критериуми • Процесот на ангажманот и можните извори на докази • Разбирање на практичарот за ентитетот и неговото опкружување, вклучувајќи ги и ризиците поврзани со предметната материја • Идентификување на корисниците и нивните потреби , како и разгледување на материјалноста и компонентите на ризик на ангажманот • Потребите од персонал и стручност, како и природата и обемот на инволвираност на експерти

  35. МСАУ - 3000 Прибавување на докази: • Достатни и соодветни за да заснова заклучок • Ангажманот ретко вклучува проверка на автентичноста на документацијата • Примена на вештини и техники за уверување и собирање докази како дел од повторлив, систематски процес • Доколку е соодветно добивање изјави од одговорната страна; не може да бидат замена за докази кои практичарот разумно може да очекува да бидат достапни

  36. МСАУ - 3000 Разгледување на последователни настани - практичарот да го разгледа ефектот на настаните врз информациите за предметната материја и извештајот за уверување, се до датумот на извештајот Документација – да се документираат прашањата кои се значајни при обезбедувањето докази кои го поткрепуваат извештајот за уверување и дека ангажманот бил извршен во согласност со МСАУ

  37. МСАУ - 3000 Извештај во писмена форма, да содржи: • Наслов – јасно да укажува дека е за независно уверување • Примател • Идентификување и опис на информациите за предметната материја и, кога е соодветно, предметната материја • Идентификување на критериумите • Кога е соодветно, опис за какви било значајни, инхерентни ограничувања поврзани со оценката или мерењето на предметната материја според критериумите • Кога критериумите користени за оценка или мерење се достапни само на одредени корисници, или се релевантни само за одредена цел, изјава за ограничување на користење на извештајот • Изјава за идентификација на одговорната страна и опишување на одговорностите на одговорната страна и практичарот • Изјава дека ангажманот бил извршен во согласност со МСАУ • Резиме за извршената работа • Заклучок • Датум на извештајот • Назив на фирмата или практичарот, како и конкретна местоположба

  38. МСАУ - 3000 Заклучок со резерва, неповолен или воздржување од заклучок – ако ефектот од ограничување во делокругот на работата е материјален, ако тврдењата на одговорната страна не се објективно искажани од сите материјални аспекти, ако критериумите се непогодни или предметната материја не е соодветна за ангажман за уверување Други одговорности за известување – практичарот да ги разгледа и другите одговорности за известување, вклучувајќи ја и соодветноста на комуницирањето со оние кои се задолжени за управувањето на релевантните прашања од интерес на управувањето коишто произлегуваат од ангажманот за уверување

  39. МСАУ - 3400 Цел – упатство за ангажмани за испитување и известување за перспективни финансиски информации; не се применува на испитување на перспективни финансиски информации изразени во општи или описни термини, како оние кои се наоѓаат во дискусиите и анализата на раководството во годишниот извештај на ентитетот Дефиниции: • “Перспективни финансиски информации“ – финансиски информации засновани на претпоставки за настани кои може да се случат во иднина и можни дејствија од страна на ентитетот; се субјективни по природа • “Прогноза“ – перспективни финансиски информации подготвени врз основа на претпоставки за идни настани кои раководството очекува да се случат и дејствија кои очекува да ги превземе • “Проекција“ – перспективни финансиски информации подготвени врз основа на хипотетички претпоставки за идни настани и дејствија или комбинација на претпоставки за најдобра проценка и хипотетички претпоставки

  40. МСАУ - 3400 Ревизорот да обезбеди достатни соодветни докази дали: • Претпоставките на кои се засновани перспективните финансиски информации не се неразумни, и во случај на хипотетички претпоставки дали се конзистентни со целта на информациите • Перспективните финансиски информации се правилно подготвени врз основа на претпоставките • Перспективните финансиски информации се правилно презентирани и сите материјални претпоставки се адекватно обелоденети, вклучувајќи и јасно укажување дали претпоставките се за најдобра проценка или хипотетички • Перспективните финансиски информации се подготвени на конзистентна основа со историските финансиски извештаи, користејќи соодветни сметководствени принципи

  41. МСАУ - 3400 Уверување на ревизорот во однос на перспективни финансиски информации – не може да се даде мислење за информации ориентирани кон иднината туку само умерено ниво на уверување Прифаќање на ангажман – да се разгледа: употребата на информациите, дали се за општа или ограничена дистрибуција, природата на претпоставките (најдобра проценка или хипотетички), елементи кои треба да бидат вклучени во информациите и периодот покриен со информациите Познавање на деловното работење – ревизорот да добие достатно ниво на познавање за да биде во состојба да оцени дали се идентификувани сите значајни претпоставки потребни за подготвување на перспективните финансиски информации; до кој степен има потпирање на историските финансиски информации и дали е оправдано

  42. МСАУ - 3400 Покриен период – колкав е временскиот период покриен со перспективните финансиски информации (што подолг период информациите стануваат пошпекулативни) Постапки за испитување – треба да вклучат: • Веројатноста на материјално погрешно прикажување • Познавањето добиено во текот на кои било претходни ангажмани • Компетентноста на раководството во однос на подготвувањето на перспективни финансиски информации • Степенот до кој расудувањето на раководството влијае врз перспективните финансиски информации • Адекватноста и веродостојноста на основните податоци • Ревизорот да добие пишани изјави од менаџментот во врска со намената и употребата на перспективните финансиски информации, комплетноста на значајните претпоставки на раководството и прифаќањето на раководството на неговата одговорност за перспективните финансиски информации

  43. МСАУ - 3400 Презентирање и обелоденување: • Презентирањето на перспективните финансиски информации е информативно и не наведува на погрешни заклучоци • Сметководствените политики се јасно обелоденети • Претпоставките се адекватно обелоденети • Датумот заклучно со кој биле подготвени перспективните финансиски информации е обелоденет • Основата за воспоставување на точките во даден опсег е јасно наведена, а опсегот не е избран на пристрасен начин кој наведува на погрешни заклучоци • Секоја промена на сметководствена политика од последните историски финансиски извештаи е обелоденета, како и причината за промена и ефектот врз перспективните финансиски информации

  44. МСАУ - 3400 Извештај за испитување на перспективни финансиски информации: • Наслов • Примател • Идентификување на перспективните финансиски информации • Посочување на МСАУ • Изјава дека раководството е одговорно за перспективните финансиски информации, вклучувајќи ги и претпоставките на кои се засновани • Кога е применливо, посочување на целта и/или ограничената дистрибуција • Изјава за негативно уверување за тоа дали претпоставките обезбедуваат разумна основа за перспективните финансиски информации • Мислење за тоа дали перспективните финансиски информации се правилно подготвени врз основа на претпоставките и се презентирани во согласност со релевантната рамка за финансиско известување • Соодветно предупредувачко објаснување во врска со можноста за постигнување на резултатите на кои укажуваат перспективните финансиски информации • Датум – датумот кога се завршени постапките • Адреса на ревизорот • Потпис

  45. МСПУ - 4400 Цел – ревизорот да спроведе договорени постапки од ревизорска природа за кои ревизорот и ентитетот и кои било соодветни трети страни се договориле и да извести за фактичките наоди Општи принципи на ангажман за договорени постапки: • Интегритет • Објективност • Професионална компетентност и должно внимание • Доверливост • Професионално однесување • Технички стандарди

  46. МСПУ - 4400 Дефинирање на условите – прашања кои треба да се договорат вклучуваат (Додаток 1): • Природа на ангажманот, вклучувајќи го и фактот дека извршените постапки не претставуваат ревизија или проверка и дека, според тоа, нема да се изрази уверување • Целта на ангажманот • Идентификување на финансиските информации на кои ќе се применат постапките • Природата, временскиот распоред и обемот на конкретните постапки • Предвидената форма на извештајот за фактичките наоди • Ограничувањата во однос на дистрибуцијата на извештајот

  47. МСПУ - 4400 Планирање – за да изврши ефективен ангажман Документација – да ги документира прашањата кои се важни при обезбедување на докази за извештајот, како и доказ дека ангажманот е извршен во согласност со овој МСПУ Постапки и докази – може да ги вклучат следниве (Додаток 2): • Распрашување и анализа • Повторно пресметување, споредување и други административни проверки на точноста • Набљудување • Инспекција • Добивање конфирмации

  48. МСПУ - 4400 Извештај – содржи (Додаток 2): • Наслов • Примател • Идентификување на конкретните финансиски или нефинансиски информации • Изјава дека извршените постапки се оние кои биле договорени • Изјава дека ангажманот бил извршен во согласност со овој МСПУ • Кога е релевантно, изјава дека ревизорот не бил независен од ентитетот • Идентификување на целта • Листа на конкретните постапки кои биле извршени • Опис на фактичките наоди, вклучувајќи и доволно детали за пронајдени грешки и отстапувања • Изјава дека извршените постапки не се ревизија ниту проверка, и дека не се изразува уверување • Изјава дека доколку се извршени дополнителни постапки, ревизија или проверка, би можеле да се откријат и други прашања за кои не е известено • Изјава дека извештајот е ограничен на оние страни кои се согласиле на постапките • Кога е применливо, изјава дека се однесува само на одредени информации, а не на финансиските извештаи на ентитетот како целина • Датум • Адреса на ревизорот • Потпис на ревизорот

  49. МСПУ - 4410 Цел – да воспостави стандарди и обезбеди упатство за професионалните одговорности на сметководителот кога е превземен ангажман за компилирање на финансиски информации и за формата и содржината на извештајот кој го издава сметководителот Цел на ангажманот – сметководителот да ја користи сметководствената, наспроти ревизорската стручност, за да собере, класифицира и сумира финансиски информации Општи принципи на ангажман за компилација: • Интегритет • Објективност • Професионална компетентност и должно внимание • Доверливост • Професионално однесување • Технички стандарди

  50. МСПУ - 4410 Дефинирање на условите – прашања кои треба да се договорат вклучуваат (Додаток 1): • Природа на ангажманот, вклучувајќи го и фактот дека нема да биде спроведена ниту ревизија, ниту проверка и дека, според тоа, нема да се изрази никакво уверување • Фактот дека ангажманот не може да обелодени грешки, незаконски дејствија или други неправилности (пр. измама или проневера кои може да постојат) • Природата на информациите кои треба да ги достави клиентот • Фактот дека раководството е одговорно за точноста и комплетноста на информациите доставени на сметководителот • Сметководствената основа на која треба да бидат компилирани финансиските информации и фактот дека таа, како и какви било познати отстапувања од истата, ќе бидат обелоденети • Наменетата употреба и дистирбуција на информациите, откако ќе бидат компилирани • Формата на извештајот кој треба да биде предаден во врска со компилираните финансиски информации

More Related