1 / 29

Хемиски симболи и формули

Хемиски симболи и формули. 1. Хемиски знаци (симболи). Def: Хемиските знаци се куси, меѓународно договорени ознаки за хемиските елементи или за атомите на елементите. Пишување на симболи. Читање на хемиските симболи. Квалитативно и квантитативно значење на симболите на елементите

Download Presentation

Хемиски симболи и формули

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. Хемиски симболи и формули

  2. 1. Хемиски знаци (симболи) Def: Хемиските знаци се куси, меѓународно договорени ознаки за хемиските елементи или за атомите на елементите. • Пишување на симболи

  3. Читање на хемиските симболи

  4. Квалитативно и квантитативно значење на симболите на елементите 5Ca – означува 5 атоми на калциум 5 – коефициент,го дава квантита- тивното значење Ca – симбол за елементот калциум, го дава квалитативното значење

  5. 2. Хемиски формули Def: Групацијата симболи што го покажува името и составот на супстанцата се вика хемиска формула. Таа е меѓународно договорена ознака.

  6. 3H2O– квалитативен и квантитативен состав на „молекулата“ на водата 3 – коефициент,го означува бројот на молекули 2 – индекс, го означува бројот на атоми на водород во молекулата на вода (1 како индекс не се пишува но се чита еден атом на кислород во молекулата на вода) Формулата се чита: ТРИ–ХА-ДВА-О

  7. Формулна единка • Претставува групација од атоми или јони • Може да се совпаѓа со единката наречена МОЛЕКУЛА, но не секогаш означува молекула Пример: SO2, MgCl2, CaCO3, NaClи многу други • Формули се употребуваат и при означување на групации од еднакви атоми Гасовите – водород, кислород, азот, хлор,... се образувани од двоатомски молекули, па нивните формули се H2, O2, N2, Cl2,… Сулфурот во цврста агрегатна состојба има осуматомска молекула - S8

  8. Емпириска и вистинска или молекулска формула a) емпириска формула Def: Ако формулата го искажува односот меѓу бројот на атомите на различни хемиски елементи што влегуваат во состав на молекулата во најмали бројни односи, тогаш таквата формула се вика емпириска формула Пр: CH – бензен или етен

  9. б) Молекулска или вистинска формула Def: Ако со формулата на соединението се искажува вистинскиот број на атоми од секој елемент во молекулата, тогаш таа се нарекува вистинска или молекулска формула. Пр: C6H6 – бензен C2H2 – етин

  10. формула • Означува единка • Означува супстанца • Хемиските симболи означуваат атоми • Индексите (целобројни) го означуваат бројот на атоми од даден вид во единката • Индексот 1 НЕ СЕ ПИШУВА • Кога во составот на единката влегуваат групи атоми кои се повторуваат , тие се запишуваат во загради, а со индексот после заградата се означува бројот на ваквите групи (бројот се однесува на сета содржина во заградите). При одредување на бројот на атомите од даден вид, индексот надвор од заградите се множи со индексите кои стојат покрај симболите на елементите • Хемиските симболи означуваат елементи • Индексите (не мора да се целобројни) ги даваат односите на количествата супстанца од елементите или групите од кои е образувана супстанцата • Се одбира најмалиот можен однос на индексите (ако нема поинакви причини) • Индексот 1 НЕ СЕ ПИШУВА • Кога во состав на единките од кои е образувана с-цата има атоми или атомски групи кои се повторуваат, истите се запишуваат во загради, а со индекс зад заградата се означува бројот на групи (индексот се однесува на се она што е во заградата). За наоѓање однос на количествата од елементите, со индексот надвор од заградата се множи секој од индексите на елементите во заградата.

  11. Валентност иСтруктурни формули

  12. 1. Валентност Поимот е воведен во XIX век Def: Способноста на атомот на некој елемент да се сврзува со точно определен број атоми од друг елемент се вика неговавалентност.

  13. а) Во однос на водородот Def: Валентноста на атомот на некој хемиски елемент е број кој покажува со колку атоми на водород се сврзува еден атом на тој елемент или колку атоми на водород може да замени еден атом од тој елемент. Пр: IIIIIIIV HCl, H2O, NH3, CH4

  14. I NaHClNaCl II CaHClCaCl2 III AlHClAlCl3 IV SnHCl SnCl4

  15. ПРОБЛЕМ: * Сите елементи не се сврзуваат со водородот или не можат да го заменат во неговите соединенија * Кислородот образува многу повеќе соединенија од водородот (пр.оксиди) б) Во однос на кислородот Поимот за валентност претрпува мали измени, па наместо спрема водородот, валентноста се определувала во однос на кислородот

  16. Пример: II IV VI CaO MnO2 SO3

  17. Проблем: * Органските соединенија и четиривалентноста на С-атомот во нив Пр: CH4 четиривалентен C4H102.5 валентен C2H2 едновалентен Во однос на водородот ЈАГЛЕРОДОТ би бил ???

  18. DEF: ПОД ВАЛЕНТНОСТ СЕ ПОДРАЗБИРА БРОЈОТ НА ХЕМИСКИ ВРСКИ ШТО ГИ ОБРАЗУВА ЕДЕН АТОМ.

  19. 2.Валентност на атомски групации Поимот за валентност може да се прошири и на атомските групации Пример: SO4 – групација (од сулфурната киселина) е двовалентна – сврзана е со два водородни атоми NO3 – едновалентна групација – сврзана со еден водороден атом CH3 – едновалентен радикал – има еден H-атом помалку од CH4

  20. 3.Постојана и променлива валентност а) Постојана валентност - една вредност на валентноста Пример:II IIII CaO, MgO, Al2O3 б) Променлива валентност - Различни вредности на валентноста Пример: IV VI I II III IV V SO2, SO3, N2O, NO, N2O3, NO2, N2O5

  21. 4. Валентност и составување на формули а) Определување на валентност од формула Производот од валентноста и бројот на атомите на елементот чија вредност е позната, се дели со бројот на атомите на елементот чија валентност се бара. Количникот е валентност на бараниот атом. валентност на хлорот валентност на кислородот x y Cl2O7 број на атоми на хлорот број на атоми на кислородот

  22. Cl2O7 Познато: y – валентностa на кислородот (II) x = ? 2 · x = 7 · y сега: 2 · x = 7 · 2 2 · x = 14 x = 14 : 2 x = 7 Значи: Валентноста на хлорот во соединението Cl2O7е VII

  23. б) Составување на формули Ако некое соединение еобразувано од два атоми (А и B) и ако нивните валентности се познати (valAи valB), определувањето на индексите x и y ке се врши на следниов начин: - се бара НЗС за valAи valB - се наоѓа колку пати valA се содржи во заедничкиот содржател - најдената вредност е вредноста на индексот x - се наоѓа колку пати valВ се содржи во заедничкиот содржател - најдената вредност е вредноста на индексот y - се врши проверка x· valA = y · valB

  24. Пример: Да се одредат индексите x и y, ако станува збор за AlxOy Познато: - Валентноста на Al којае III, и на O која е II - НЗС за 2 и 3 е 6 - 3 во 6 се содржи 2 пати,значи x=2 - 2 во 6 се содржи 3 пати,значи y=3 Проверка: 3 · 2 = 2 · 3

  25. Истите правила можат да се применат и на атомски групации Пример: Ca3(SbO3)2 Познато: - Валентноста на Ca која е II, но онаа на SbO3 е valB - x = 3 и y = 2 Сега: 3 ·valА = 2 · valB 3 ·2 = 2 · valB valB = 6 : 2 valB = 3 Значи: Валентноста на групацијата SbO3е III

  26. Вежба: Да се одреди валентноста на сулфурот во H2SO4 Познато: x = 2 и z = 4 valH = 1иvalO = 2 сега: valS = 4 · valO - 2 · valH valS =4 · 2 - 2 · 1 valS = 8 - 2 valS = 6 Значи : Валентноста на сулфурот во H2SO4 е VI

  27. 5. Структурни формули Def: Структурните формули го даваат не само бројот на одделните атоми во дадената честичка (молекула, јон), туку и начинот на кој атомите се сврзани како и меѓусебниот распоред што го имаат. Кај нив со една цртичка помеѓу два атоми се означува една валенција, односно единечна врска, со две двојна врска, со три тројна врска

  28. за дома • да се научи новата наставна единица • да се определи валентноста на атомите на азот, сулфур, фосфор, и алуминиум во NH3, H2SO3, P2O5, CaSO4, AlCl3 соодветно • определете ја формула на ClxOy • напишете ги структурните формули на Cl2, CCl4, CO3, H2S

More Related