1 / 16

Д аноч но планирање Скопје, 20 Мај 2009

Д аноч но планирање Скопје, 20 Мај 2009 . Крсто Несторов. √. Даночно планирање кај одделните видови даноци.

rivka
Download Presentation

Д аноч но планирање Скопје, 20 Мај 2009

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. Даночно планирање Скопје, 20 Мај 2009 Крсто Несторов √

  2. Даночно планирање кај одделните видови даноци Кога се зборува за даночно планирање вообичаено се мисли на оптимализација на данокот од добивка и задржувачките даноци. Ваквото размислување е општо прифатено бидејќи данокот од добивка е пред се резултанта која зависи од нивото на приходите и трошоците – и двете категории кои може активно да се контролираат. Кај дирекните даноци како што се акцизата и ДДВ со самиот факт дека вообичаено станува збор за даноци за кои обврзниците се само трансферна ставка – се прибираат од оној кој активно го сноси трошокот а се плаќаат на буџетот оптимализацијата не може да биде како онаа кај данокот од добивка и таа се сведува на оптимализација на паричните приливи и одливи во рамките на определен даночен период. √

  3. Даночно планирање кај дирекните даноци Или раководење со паричните приливи и одливи од ДДВ/акцизи Кај големите акцизни обврзници каде во игра се огромни парични средства барем во светската пракса познато е постоење на оддели кои раководат со пласмани на средствата прибрани од акцизата на кратки периоди неделни, петнаестодневни или месечни. Пример Друштво обврзник на акциза има приливи од продажба на акцизни производи во првите 6 дена од месецот ПРВ во износ од .... Милиони МКД. Буџетот или Народната Банка издава краткорочни државни записи со рок на доспеаност на 12-от ден од месецот ВТОР. Акцизата за месецот ПРВ доспева за плаќање на 15-от ден од мессецот ВТОР. Класичен безризичен пласман – КУПУВАМЕ. √

  4. Даночно планирање кај дирекните даноци Како примери на даночно планирање кај дирекните даноци иако нетипични може да се наведат и таквите кои во фелата на финасиерите се познати како модел на пресметан или модел на разумно прифатлив ризик. Има примена во услови на ликвидносни кризи кога раководството може да реши да ја употреби готовината од прибраните даноци за плаќање на определена обврска а да доцни со плаќањето на даночната обврска. Притоа раководството го прифаќа фактот дека за задоцнетото плаќање ќе плати камата за доцнењето и може да биде изложено на парични казни. Мотивот за прифаќање на ваквиот ризик е дека неплаќањето на другата обврска носи многу поголема камата или износи на пенали. Карактеристично е дека во ваквите случаи задолжително се доставуваат даночните пријави со целосно точно пополнети износи и со точно утврдена обврска а изостанува само навременото плаќање. √

  5. Даночно планирање кај дирекните даноци Или раководење со паричните приливи и одливи од ДДВ/акцизи Пример Друштво има определени регуларни шпицеви во генерирањето на приходите и соодветно во генерирањето на готовината од фактурираниот ДДВ. Во отсуство на можност за инвестирање во безризични пласмани се решава своите капитални набавки да ги изврши пред крајот на даночниот период во кој готовината од фактурираниот ДДВ е генерирана. √

  6. Даночно планирање кај данокот од добивка Кај данокот од добивка даночното планирање е далеку позастапено и во суштина тука станува збор за вистинска оптимализација на трошокот за данок од добивка. Ова е и разбирливо затоа што и двете компоненти кои ја определуваат даночната основа приходите и трошоците се категории кои може да се планираат и контролираат. И во самата легислатива за данокот од добивка вообичаено постојат определби кои го овозможуваат даночното планирање. И конечно и кај данокот од добивка иако нетипично оптимализацијат на данокот од добивка има свое влијание и врз оптимализацијата на приливите и одливите на готовината. √

  7. Даночно планирање кај данокот од добивка Примери Друштвото зацртало петгодишна стратегија дека ќе освојува нови производни асортимани и за сметка на тоа во тие пет години ќе има воздржана политика на дивиденда. Дозволената амортизација за опремата за новите производни линии не е во согласност со вистинскиот корисен век на употреба. Друштвото се одлучува за тие средства да примени функционална метода на амортизација особено затоа што дозволеното зголемување од 10% од пропишаната стапка за даночни цели се поклопува со потребното зголемување на стапката на амортизација за да се изедначи реалниот со даночно дозволениот век на употреба на средствата. √

  8. Даночно планирање кај данокот од добивка √

  9. Даночно планирање кај данокот од добивка Примери Друштвото има “доволна добивка“ пред крајот на фискалната година. Определени сигурни месечни испораки во износ од МКД 60 милиона не се итни за купувачите. Кредитниот период на друштвото е 30 дена. Раководството одлучува испораката да биде на почетокот на следната година. Профитната маржа на испораките е околу 18%. Ефекти на оптимализацијата: Приход од трансакцијата: МКД 60,00 милиони Трошоци: МКД 49,20 милиони Влијание врз добивката: МКД 10,80 милиони Влијание врз данокот од добивка: МКД 1,08 милиони √

  10. Даночно планирање кај данокот од добивка Примери Обратно друштвато нема “доволна добивка“ пред крајот на фискалната година. Определени месечни испораки во износ од МКД 60 милиона планирани за наредната фискална година може да се поместат во тековната година. ... Примерот не рефлектира оптимализација на данокот туку трка по “задоволителна добивка“ чија цена е зголемување на издатокот за данок од добивка за истиот износ како од предходниот пример. √

  11. Даночно планирање кај данокот од добивка И овде ќе застанеме со примерите со оглед на тоа дека во оваа година баш и нема потреба од планирање освен ако се разбира водиме политика на стабилна исплата на дивиденда или како партнерски друштва целокупната или скоро целокупната добивка ја исплаќаме спрема партнерите. √

  12. Даночно планирање кај задржувачките даноци Првичен и најзастапен вид на планирање кај задржувачките даноци во земјите кои имаат подолга традиција на нивната примена е познат како “Treaty shopping” или “Трка по договор“. Во суштина станува збор за комбинација на чекори кои прво подразбираат проучување на мрежата на нашите добавувачи за услуги кои подлежат на задржувачки даноци во земјите со кои имаме ефективен договор за избегнување на двојно оданочување, а потоа избор на вршител на услугата од земјата со најповолни услови. √

  13. Даночно планирање кај задржувачките даноци Најочебијни примери на трка по договор се јавија кај нас на почетокот на примената на задржувачките даноци кога осигурителните компании за задолжителното реосигурување и буквално имаа ваква трка. Ваква трка е возможно да се случила и кај одредени друштва со странски капитал каде заради задржувачкиот данок на дивидендите акционерите се преселија од една земја во друга. Преселбата кога е тоа потребно се изведува така што акциите што се поседуваат во Македонска компанија се вложуваат во основање на друштво во земја со која и Македонија и матичната земја на првичниот акционер имаат договор за избегнување на двојно оданочување. √

  14. Севкупно даночно планирање Опфаќа кај меѓународните и мултинационалните компании збир на мерки и планирање за оптимализација на дирекните даночни давачки Пример Специјализираните друштва чија дејност е развој и унапредување на недвижности кои по определено време ги продаваат на друштва кои ги оперираат недвижностите. Изборот како тоа да се направи зависи од околностите што ги нуди даночната легислатива. Притоа последните мерки дека ќе се оданочува само исплатената дивиденда за ваквите претрпијатија е небитна бидејќи нивната цел е токму дивидендата. Ова посебно во ограничени пазари како што е Македонија. √

  15. Севкупно даночно планирање Случај: Изградба на деловен објект со планирана вредност при конечната продажба од 50 милиона евра. Како да се планираат даноците уште пред да се отпочне со деловниот потфат? Од која земја да се инвестира односно дали е потребно инвестицијата во Македонското друштво да биде од земја со која имаме договор за избегнување на двојно оданочување? Избор што ќе се продава на крајот на развојот / унапредувањето на недвижноста? Опции за продажба: Имот или акции/удел во друштвото √

  16. Севкупно даночно планирање Случај: Друштво има акумулирана добивка од 200 милиона евра како резултат на десетгодишно работење. Акционер еден и тоа од земја со која немаме договор за избегнување на двојно оданочување. Во земјата на акционерот и во Република Македонија на “Трката по договор“даночните авторитети гледаат со отпор и не ја одобруваат. Прашањето е како да се направи оптимализација на задржувачките даноци без да се оди во “трка по договор“. Идеи за можно решение? √

More Related