1 / 15

ВЛИЈАНИЕ НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА ВРЗ ПРОЦЕСОТ НА СМЕТКОВОДСТВЕНА ХАРМОНИЗАЦИЈА

ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ ПРВА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА БИЗНИС, ЕКОНОМИЈА И ФИНАНСИИ “ ОД ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА ДО ГЛОБАЛИЗАЦИЈА ” - предизвици во светот што се менува 1 3 -1 5 септември 2012 – Штип. ВЛИЈАНИЕ НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА ВРЗ ПРОЦЕСОТ НА СМЕТКОВОДСТВЕНА ХАРМОНИЗАЦИЈА

Download Presentation

ВЛИЈАНИЕ НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА ВРЗ ПРОЦЕСОТ НА СМЕТКОВОДСТВЕНА ХАРМОНИЗАЦИЈА

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТПРВА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА БИЗНИС, ЕКОНОМИЈА И ФИНАНСИИ“ОД ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА ДО ГЛОБАЛИЗАЦИЈА” -предизвици во светот што се менува13-15септември 2012 – Штип ВЛИЈАНИЕ НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА ВРЗ ПРОЦЕСОТ НА СМЕТКОВОДСТВЕНА ХАРМОНИЗАЦИЈА IMPACT OF GLOBALIZATION ON TNE ACCOUNTING HARMONIZATION PROCESS Aвтори:Доц.д-р Оливера Ѓоргиева-Трајковска М-р Благица Јованова Универзитет “Гоце Делчев” – Штип, Р.Македонија

  2. Вовед • Глобализацијата претставува историски процес, дизајниран од потребата за зголемување на ефикасноста во алокација на ресурсите и развој на глобален светски пазар. Глобализацијата постанува нова димензија на светот • Главна цел на ова истражување е анализа на консеквенциите кои глобализацијата, преку нејзиниот развој и манифестации, ги предизвикува на полето на сметководството

  3. Несомнено е дека сметководствениот систем има витална улога во целокупниот информативен процес во општеството и затоа се нарекува “заеднички јазик на бизнисот” • Еден од главните меѓународни процеси кои се случуваат како резултат на на глобализацијата, меѓу останатото е, хармонизацијата на националните сметководствени практики • Процесот на хармонизација на сметководствениот систем е под влијание на различни фактори: економски, културни, политички, социолошки и сл.

  4. Напорите на авторите во трудот се фокусирани кон презентација на еволуцијата на процесот на сметководствената хармонизација и на предностите и слабостите кои овој процес ги генерира • Посебен придонес во овој процес има улогата на една од најзначајните сметководствени организации : IASB – International Accounting Standard Board, чиишто напори се насочени кон остварување на еден широк процес на конвергенција на сметководствените практики и во исто време, понуда на финансискиот свет на единствен, унифициран сметководствен модел

  5. Како што глобализацијата на светските текови станува се поизразена, во континуитет се наметнуваат нови професионални и лични предизвици кон сметководителите, креирајќи можности за усовршување на нивната кариера • Анализата на процесот на хармонизација на сметководствената практика треба да даде одговор на неколку прашања: зошто националните сметководствени стандарди стануваат се побиски до меѓународните стандарди за финансиско известување; зошто компаниите на процесот на усогласеност со МСФИ гледаат како на нов начин на зајакнување на нивните финансиски перформанси во глобалната економија и што треба да прават сметководителите за да успеат во професијата, која станува се поглобализирана

  6. Потреба и предности од сметководствена хармонизација • Се поставува прашањето – дали потребата од единствен, унифициран сметководствен јазик е последица или предуслов на процесот на глобализација? • Од една страна, вистина е дека глобализацијата на пазарот на капитал ќе ги приближи меѓународните сметководствени практики-ќе ги направи многу слични, но вистина е и тоа дека стандардниот сметководствен јазик го потпомага процесот на глобализација • Двете тврдења се точни-не постои сомневање дека глобализацијата ќе произведе компатибилна сметководствена рамка, но исто така постоењето на хармонизиран сметководствен систем ја прави таа глобализација полесна и побрза

  7. Најзначајните предности на процесот на сметководствена хармонизација се следните: • Хармонизацијата обезбедува многу поефикасно искористување на глобалните ресурси, т.е ја олеснува глобалната дистрибуција на средствата на приватниот сектор. Споредливоста на информациите е круцијална за инвеститорите од целиот свет. Потребата од презентирање на финансиските извештаи на начин разбирлив и прифатлив за потенцијалните инвеститори, врши постојан притисок врз нашата, како и останатите економии во развој да станат дел од овој процес на глобална сметководствена хармонизација;

  8. Мултинационалните компании имаат корист од процесот на хармонизација на сметководството, од следните причини: полесната консолидација на странските подружници; полесен и побрз развој на сметководствените системи кои ќе одговорат на барањата на светските берзи; конзистентноста на интерното сметководство на менаџментот; полесна комуникација внатре во групата; мобилност на сметководствените кадри и намалување на трошоците за ревизија

  9. Постигнување на многу поефикасна финансиска контрола над МНК од страна на владите на земјите во развој, поради минимизирање на разликите помеѓу домашната и странската сметководствена практика • Хармонизацијата им помага на националните даночни власти во полесно утврдување на вкупниот приход на одделните ентитети • Поедноставување на работата и намалување на трошоците на меѓународните сметководствени фирми, посебно трошоците за селење на кадрите и нивна обука • Зголемена разбирливост и корисност на информациите од страна на трговските асоцијации, меѓународните кредитни агенции, регионалните сметководствени групации и сл.

  10. Покрај предностите, постојат и одредени фактори кои се против процесот на сметководствена хармонизација: • Одбивање на прифаќањето на сметководствени принципи од другите земји; • Различните барања за информации од страна на различните групи на корисници, кои имаат различни влијанија во различни земји (инвеститори, даночни власти, влада, вработени); • Разликите помеѓу законските барања во земјата и меѓународните стандарди и барања; • Различната историја во развојот на сметководството, која резултира во различна стартна позиција на земјата; • Различните идеи за процесот на сметководствена хармонизација од страна на јавните и приватни сметководствени организации

  11. Влијание на глобализацијата врз сметководствените системи • Структурата на сметководствената торија и политика е една работа, но реалноста со која економските ентитети, посебно МНК се соочуваат, е сосема различна работа • Во продолжение следи елоквентен пример за разликите кои може да се јават во искажувањето на финансиските резултати на еден ист економски ентитет, доколку проценката се прави врз основа на некомпатибилни сметководствени политики и барања (Се работи за германската компанија Daimler Benz, која во 1993 год. била првата германска компанија на листата на Њујоршката берза)

  12. Табела 1 – Финансиски резултати од финансиските извештаи на DAIMLER BENZ COMPANY (во мил.ДЕМ) Извор:Daimler Benz, Form 20-F 1995, “Foreign Stock exchange listing” Она што може да се види од табелата е многу поголемата претпазливост во проценката на финансискиот резултат согласно американските принципи, во однос на националните германски стандарди

  13. Како глобализацијата влијае врз сметководствените професионалци? • Со секој изминат ден, светот на бизнисот станува се помал. Ова значи дека станува се потешко за сметководителите, независно од каде се, да останат изолирани од случувањата надвор од границите на нивните земји • Сметководителите кои навреме ги осознаваат и препознаваат можностите за усовршување и се подготвени за прифаќање на предностите на новите регулативи и барања, не треба да се плашат од глобализацијата • Наспроти нив, сметководителите кои ги негираат неизбежните ефекти на процесот на глобализација, се соочуваат со сосема различна и неизвесна иднина

  14. ЗАКЛУЧОК • Во економската сфера, на глобално ниво, постои итна потреба од креирање на споредливи информации • Финансиско-сметководствените информации треба да задоволат еден квалитет повеќе (освен релевантноста, веродостојноста, споредливоста) а тое е глобалноста, која може да се дефинира како “референтна рамка на различните сметководствени приоди” • Истражувањето во трудот ја потврди уште еднаш важноста на процесот на сметководствена хармонизација, во комплексниот механизам на промени и движења, кои ги носи современата глобализација • Затоа што, креирањето на глобален свет, со хармонизирани информативни системи, не бара само минорни промени во веќе етаблираните системи на земјите, туку неопходен процес на комплетно реструктуирање и транзиција

  15. Ви благодарам на вниманието!

More Related