220 likes | 438 Views
“ Република Македонија во процесот на приближување кон ЕУ и нејзино вклучување во програмите на заедницата и другите фондови наменети за Млади ”. М-р Бошко Нелкоски . Основно запознавање со темелите на Европската Унија Регионална политика на Европската Унија
E N D
“Република Македонија во процесот на приближување кон ЕУ и нејзино вклучување во програмите на заедницата и другите фондови наменети за Млади” М-р Бошко Нелкоски
Основно запознавање со темелите на Европската Унија Регионална политика на Европската Унија “...Потребно е секој да биде проникнат од уверувањето дека ние имаме потреба едни од други, без разлика на положбата и моќта што ја поседуваме. Нашите сопствени можности повеќе не се на ниво на нашите потреби. Тоа е горчлива вистина, но ние немаме право да ја криеме. Не не никакво понижување да се признае таквата промена на состојбите. Нашето одбивање да се помириме со тоа ќе биде знак на крајно неумесна надменост. Изолацијата не стана само причина за слабост, туку и причина за пропаст.” Роберт Шуман Шуман, Роберт “Политички ракописи за Европа”, 2003, Скопје Правна регулатива на Европската Унија • Договорите на ЕУ се примарна регулатива - Европски договори (Париз, Рим, Мастрихт, Амстердам, Ница и Лисабон ) • Секундарно законодавство :Уредби, Директиви , Одлуки , Препораки и мислења Целокупната правна регулатива на ЕУ опфаќа околу 100 000 страни текст во Службениот весник. Најдобар алат за доаѓање и снаоѓање низ правната регулатива е службената и јавна база на податоци:
Фондови на Европската Унија Подшка на заедничките политики на земјите членки на Европската Унија е главна цел на фондовите на Европската Унија. Сретствата наменети за државите кандидати за членство може да бидат: • Претпристапни фондови • Структурни и кохезиони фондови • Иницијативи на заедницата • Програми на заедницата Европските фондови и Република Македонија • Програмата ФАРЕ • Програмата КАРДС • IDHR – Европска иницијатива за демократија и човекови права • ИПА - Нов инструмент за предпристапна помош од 2007 натаму • Компонента I – Помош за транзицијата и градење на институциите • Компонентаt II – Прекугранична соработка • Компонента III – Регионален развој • Компонента IV – Развој на човечки ресурси • Компонента V – Рурален развој
Програми на заедницата(Community Programmes) означува интегриран сет на активности усвоен од ЕУ со цел промовирање насоработката помеѓу земјите членки во различни области поврзани со политиките на Унијата, во периодод неколку години Управувањето со Програмите е одговорност на генералните директорати • Се отвараат контакт канцеларии во земјите учеснички • Се отвараат агенции во земјите учеснички Програмите на Заедницата (постојат скоро во сите области) во област образование и наука • Седма рамковна програма за истражување и технолошки развој – ФП7 • Млади во акција (2007-2013) • Програма Европа за граѓаните • Програма Доживотно Учење • Култура Република Македонија, со цел да може активно да се вкллучи во програмите на заедницата, има усвоено посебен лек специалис т “Закон за ратификација на протоколот кон спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија од една страна и Европските заедници и нивните земји членки, од друга страна за рамковната спогодба меѓу Република Македонија и Европската заедница за генералните принципи за учество на Република Македонија во програмите на заедницата”. Сл.Весник на Р.Македонија бр.46 2005
Главни цели на образовната политика • Правењето на доживотното учење и мобилноста да биде реалност. • Подигање на квалитетот и ефективноста на образованието и обуката • Промоција на еднаквоста, социалната кохезија и активното граѓанство • Подршка на креативноста и иновативноста, вклучувајќи го предприемништвотот на сите нивоа на образованието и обуката Базирано на овие 4 стратешки цели, неколку приоритетни области се означени за follow-up активности и за нив постојат и конкретни Одредници на ЕУ до 2010 година и до 2020 Легална основа за европските иницијативи во областа на образованието е Договорот од Мастрихт за создавање на Европската заедница во 1992 година. Со договорот се вели: ".. заедница ќе придонесе за развој на квалитет на образование со поттикнување на соработката меѓу земјите-членки и, ако е потребно, преку поддржување и дополнување на нивната акција, но целосно почитување ја одговорноста на земјите-членки за содржината на настава и организацијата на образовни системи и нивната културна и лингвистичка разновидност. “ Договорот од Лисабон,кој што стапи на сила од 1 декември 2009 година, не ги менува одредбите на улогата на ЕУ во образование и обука.
Историја на европската соработка во образованието 1976 година –од страна на министрите за образование во рамките на првиот заеднички акционен план за образование. Ова необврзувачка резолуција за приоритетите идентифику шест акции - едукација на децата на печалбари, поблиски односи меѓу образовните системи во Европа, компилацијата на документација и статистиката на високото образование, наставата за странски јазици и еднакви можности. Првиот степен на Образование исто така беше земен предвид. 1980-те беа лансирани голем број на големи проекти (т.н.Large scale projects) - Comett беше прв, по што следи Еразмо, ПЕТРА, "Младите за Европа", Лингва, Евротехнет и СИЛА 1995 година посебен Генералниот директорат на Европската комисија беше формирана за образование и култура 1995 до 1999 година, шест програми беа споени во две - Сократ за образование и Леонардо да Винчи за стручна обука 2007-2013 Програма Доживотно учење , како интегриран сет на иницијативи
Приближување на Република Македонија кон Европската Унија Прашалник Кандидатски статус Процес на пристапување кон ЕУ • Фази на преговорите • Институционална платформа • Скрининг - Аналитичко испитување на усогласеноста со правото на ЕУ • Отворање и преговарање по поглавја НПАА Спогодба за стабилизација и асоцијација (9 април 2001 година во Луксембург и по нејзината ратификација од сите потписници, стапи во сила на 1 април 2004 година) Поткомитети на КСА – Постојат 7 поткомитети кои опфаќаат подрачја од ССА • Подкомитетот за иновации, информатичко општество и социјална политика
Пристапувањето на Република Македонија во програмите на Заедницата Комитет за стабилизација и асоцијација • членот 91 е споменато дека страните че соработуваат со цел да се подигне општото ниво на образование и професионални квалификации во Република Македонија Поткомитет за иновации, информатичко општество и социјална политика • Работна група 3.26 Образование и култура 2004 година одговор на прашалник • Прво споменување на вклучувањето на РМ во програмите на заедницата Стратешки приоритети НППА, НДП и др. • Од 2006 година вклучување на програмите на заедницата во приоритетите Одлука на влада за вклучување на РМ во програмите на заедницата • 27 декември 2006 година за прв пат од страна на Владата на Република Македонија се донесува документ со кој се дефинираат стртешките приоритети за вклучување на република Македонија во програмите на заедницата Работна група за изготовка на закон за основање на НА • Согласно правилата за вклучување на РМ потребно е да постои агенција која ќе биде одговорна за децентализирано управување со програмите на заедницата
Легална база за основањето на програмите на заедницата т.е.поточно програмата Доживотно учење, се наоѓа во: • Член 149 Ќе се допринесува во развојот на квалитетно образование преку поттикнување на соработка помеѓу земјите членки и, ако е неопходно, преку подржка и надополнување на нивните акции. • Член 50 Ќе имплементира политика во областа на стручното образование и обука, која ќе ги подржи и надополни акциите на земјите членки. Имајќи ја предвид легалната основа , Европската комисија преку основањето на програмите на заедницата во областа на образованието , работи на остварување и на другите свои цели. Една од нај важните стратешки цели се тие на Лисабонската стратегија. • “Европската Унија мора да стане нај компетативната и нај динамичната економија базирана на знаење во целиот свет.” Лисабон,Март 2000 Како и ре-објавувањето на целите во 2005: • “Европската Унија да стане напредно општество базирано на знаењето кое што има одржлив развој , повеќе и подобри работни места и поголема социална кохезија.” Основачки документ за Програмата доживотно учење е: • Одлука 1720/2006/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот , Од 15 ноември 2006создавање акциона програма од областа на доживотното учење
Програма Доживотно Учење и нејзините можности во РМ Буџет на програмата “Доживотно учење” е во висина од6.970 милиони евра (за сите земји, за период од 7 години). Буџетот на програмата е распределен по секторски програми на следниот начин: КомениусEразмус Леонардо да Грундвиг ≥ 13% ≥ 40% Винчи ≥ 25% ≥ 4%
Легална основа за Учество на Република Македонија Управувањето со децентрализираните акции мора да се врши од страна на Национална Агенција Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност надлежна за менаџирање на Програмата „Доживотно учење“ (Одлука бр.1720/2006/Совет на Европа) и Програмата „Млади во акција“ (Одлука бр.1719/2006/Совет на Европа) на Национално ниво ЗАКОН ЗА ОСНОВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ, Сл. Весник на Р. Македонија бр.113/07 од 20.09.2007
Законската регулатива и интерните акти што се неопходни за вклучување на Република Македонија : • Одлука за основање на програмата Доживотно учење No 1720/2006/EC • Одлука на правата и одговорностите • Работна програма – Договор (Декларација за сигурност) • Гајд за НА • Повик за проекти: • Стратешки и национални приоритети • Административни и финансиски провизии • Гајд за апликанти • Национален повик (приоритети, правила, спецификација) Со цел успешно вклучување на Република Македонија, потребно е и : • Одделување на Националната Агенција вон рамките на Министерството т.е. создавање на независна јавна институција • Добра соработка и системи за контрола (контент, менаџмент и ревизија) • Организација на НА и нејзините ресурси (сегрегација на одговорности) • Национални приоритети • Јасна национална визија и одредници • Добра соработка со Министерствотот за Образование и наука како национален авторитет • Добра соработка со членовите на ЛЛП комитетот • Добра интеграција во националниот систем • Добра соработка со ЕК (одделениата за координација и оперативни активности) • Добра соработка со другите Национални агенции • Добра соработка со други организации
Основни законски и подзаконски акти врз кои се темели вклучувањето и учеството на Република Македонија во програмите на заедницата: • Закон за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност • Рамковна спогодба меѓу Владата на република Македонија и Комисијата на Европските заедници • Закон за јавни набавки • Закон за извршување на буџетот на Р. Македонија • Закон за сметководство на буџетите и буџетските корисници • Закон за Буџет на Р. Македонија • Закон за спречување судир на интереси • Статут на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност • Правилник за систематизација на работните места на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност • Правилник за опис и попис на работни места на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност • Правилник за организација на работата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност • Правилник за работа на комисијата за селекција на проекти „Млади во акција„ • Правилник за имплементирање на програмата Млади во акција • Правилник – Секторска програма Леонардо Да Винчи • Правилник - Трансверзална програма • Правилник – Секторска програма Грундвиг • Правилник – Секторска програма Комениус • Водич за јавни набавки финансирани со средства од Европската Комисија (Practical Guide to Contract procedures for EC external actions)
Национални агенции - Европски Примери • Словенија CMEPIUS - Centre of the Republic of Slovenia for Mobility and European Educational and Training Programmes • Хрватска Agencija za mobilnost i programe EU (Agency for Mobility and EU Programmes) • Во Германија постојат 3 Национални агенции Nationale Agentur für EU HochschulzusammenarbeitDeutscher Akademischer Austauschdienst e. V. (ERASMUS) Nationale Agentur für EU-Bildungsprogramme in Schulbereich, Pädagogischer Austauschdienst der KMK (Comenius, Study visits) Nationale Agentur Bildung für Europa (Leonardo da Vinci, Grundtvig) Белгискиот пример е единствен каде што функционираат 3 национални агенции но нивната поделба не е според програми кои ги координираат него тоа е типична поделба на Национални Агенции по региони во кои тие функционираат и тоа Фламанска, Валонска и Германска заедница.
Национална Агенција во Република Македонија • Националната Агенција за европски образовани програми и мобилност ги исполнува основните критериуми за децентрализирано управување бидејќи истата претставува независно тело кое е надвор од Министерството за образование и наука • Донесување на статут и систематизација во координација со ЕК Работни програми и подготвителни мерки Работните програми за програмата Доживотно учење се изработуваат од страна на Националната Агенција а во координација со Националниот авторитет т.е.Министерствотот за образование и Наука. • Општи цели • Посебни цели • Надоградување на структурата која е потребна за имплементација на ЛЛП • Промоција на програмата и на НА
МОН - координација Европска Комисија Комитет доживотно учење Комитет млади во акција Советодавен комитет Еразмус Советодавен комитет Леонардо да Винчи Советодавен комитет Комениус Советодавен комитет Грундтвиг Советодавен комитет Млади во акција Надворешна евалуација Национална агенција Директор на НА Национален Авторитет и улогата на националниот авторитет Односите меѓу Националната агенција и Министерството за образование и наука
Соработката помеѓу Националниот авторитет – Европската Комисија – Национална Агенција
Контрола на фондовите од програмата Доживотно Учење • Од страна на Европската Унија • Одделение за внатрешна контрола од ЕК • Европскиот суд на ревизори • ОЛАФ – Европска канцеларија за борба против измами • Национални • Внатрешната ревизија • Министерство за образование и наука • Министерството за Финансии • Државен завод за ревизија Контролата на фондовите на ЕК е многу важен аспект од целокупниот процес на децентрализирано управување
Административни капацитети за индиректно централизирано управување со ЕУ фондовите во Република Македонија Апсорпциониот капацитет се дефинира како степен до кој една држава (членка и не-членка на ЕУ) е способна да ги потроши алоцираните финансиски сретства во потполност и на ефективен и ефикасен начин • Макроекономски апсорпционен капацитет (способност на земјата) • Финансиски апсорпционен капацитет (кофинансирање, планирање, гарантирање на фондови) • Административен / институционален капацитет ()генерирање проекти и управување на ефективен и ефикасен начин Административниот капацитет на државата, всушност, го сочинуваат две компоненти: • На страната на побарувачката, административниот капацитет е определен од способноста на потенцијалните поднесувачи на проекти да генерираат проекти • На страната на понудата, тој капацитет е определен од способноста на државата да управува со сретствата од ЕУ на ефикасен и ефективен начин. Мерењето на административните капацитети на страната на понудата започнува со анализа на три дизајнирачки варијабли • јасното делегирање на одговорностите и задачите на институцијата • потребниот број и квалификации на кадарот • остапноста на различни видови работни помагала, вклучувајќи инструменти, методи, упатства, прирачници, системи, постапки и слични работи кои можат да ја подобрат ефективноста на системот
Административниот /институционалниот апсорпционен капацитет • Управување • Програмирање • Имплементација • Евалуација и мониторинг • Финансиско управување и контрола.
Влијанието на програмата “Доживотно учење” врз развојот на образованието и општеството во Република Македонија • Направеното истражување на крајни корисници на програмата Доживотно учење покажува определено задоволство од почетокот на користење на овие фондови но се повеќе од 90 проценти од испитаниците сметаат дека може да се направи многу повеќе во сите насоки на подигање на капацитетите. Влијанието во подготвителната фаза • Влијание на подготвителната фаза Министерствотот за Образование и Наука • Соработка со државен завод за ревизија и посебното одделение за ревизија на ЕУ фондови • Влијание на подготвителната фаза врз Министерството за финансии • Влијание на подготвителната фаза врз националната агенција • Влијание на подготвителната фаза врз крајните корисници Програмата доживотно учење во Република Македонија допринесува за развој како на образованието така и на општеството во целост. Развојот на образованието е евидентен со се поголемото вклучување во ЕУ програмите и се поголемата мобилност на наставниот кадар и на учениците. Се поголемото намалување на разликите во образованието на ниво на европа и се поголемиот број на пан-европски иницијативи, доведува до потреба од наше се поголемо вклучување во истите.