1 / 69

Улогата на ИОРРМ и јавниот интерес како основа за значењето на професијата

Улогата на ИОРРМ и јавниот интерес како основа за значењето на професијата. Du{ko Apostolovski KPU Septemvri 2013. Користена литература:. Вовед во сметководство – Гофи Блек Др. Марко Петровиќ – Сметководствена ревизија како облик на слободна професија

carver
Download Presentation

Улогата на ИОРРМ и јавниот интерес како основа за значењето на професијата

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. Улогата на ИОРРМ и јавниот интерес како основа за значењето на професијата Du{ko Apostolovski KPU Septemvri 2013

  2. Користена литература: • Вовед во сметководство – Гофи Блек • Др. Марко Петровиќ – Сметководствена ревизија како облик на слободна професија • IFAK Pilicy position 5 june 2012- definition of the public interest • Милионер- Џенет Глисон • IFAC- Unearting the power of professional accountancy organizations • IAESB- International education standard 1 – efektiven od juli 2014 • Accountancy profession strategic forum 2013 • Др. Марко Петровиќ – Поврзаност на интересите и взаемност во сметководството помеѓу професионалните звања, професионалната регулатива и корисниците • Richard Martin – Regulacija na smetkovodstvenata profesija – iskustva na Velika Britanija • Bojko Kostov – Ramka za podgotovka i prezentacija na finansiskite izve{tai spored Zakonot za smetkovodstvo vo Republika Bugarija • Silvia Tsen – direktor vo IFAK, za kvalitet i odnosi pome|u ~lenovite – Strategija: Rakovodewe; Finansirawe; komunikacija i sproveduvawe. - Accountancy profession strategic forum 2013 • Стивен Ковеј – Осмата навика • Исак Адизес – Овладување со промените • Osma i ~etvrta direktiva na EU

  3. Зошто се определив за оваа тема: Парите секогаш претставувале проблем, дури ни љубовта од луѓето не направила толку будали. Со време, најочигледната, но и најуниверзалната дилема- дека парите никогаш ги нема доволно- ги збунувала сите од мудреците, свештениците до владите и нивните министри.(Гледстон) Секогаш се поставувало прашање каде се парите.

  4. Зошто се определив за оваа тема: Основна причина за појава на нашата професија е да дадеме соодветен одговор на ова прашање во форма на мислење за објективноста на информациите изнесени во финансиското информирање и врз основа на нашето мислење корисниците да носат соодветни одлуки.

  5. Зошто се определив за оваа тема: Бидејќи нашата професија е доследно и квалитетно формализиран и институционализиран информационен систем наменет општо земено на јазикот на бизнисот, таа неминовно е дел на институционализиран систем во функција на јавниот интерес.

  6. ВоведКои се Условите во опкружувањето: Современите пазарни услови се обележани со интензивни и постојани промени ова може да се синтетизира како динамика во движење. Заради ваквиот пристап оваа презентација го поставува прашањето за неопходноста на прилагодување на професијатаорганизирана во ИИОРМ кон актуелните промени во стопанисувањето на корпоративните претпријатија

  7. Кои се Условите во опкружувањето: Сметководственото известување и ревизијата на финансиското известување во сегашните форми претставуваат во основа, доследно и квалитетно формализиран и институционализиран информациони систем наменет општо земено на јазикот на бизнисот.

  8. Кои се Условите во опкружувањето: Во литературата се присутни бројни расправи за адекватноста и слабостите на на одредени принципи и концепти и самите системи на сметководство и ревизија. Но сепак и покрај познатите недоумици и слабости, недостатоците на финансиското известување и ревизија на ФИ, во светот до денес не е пронајдено подобро решение од системот на документирање, процедури, вреднување, известување, контрола и ревизија. Во оваа смисла се нагласува дека сметководствените извештаи воопшто, во бројки или не, многу зборуваат. Но сепак јазикот на бројките е подобар од самата квалитативна анализа.

  9. Кои се Условите во опкружувањето: Но оваа констатација ни во кој случај не значи дека системите на сметководство и ревизија и позицијата на професијата не треба да биде предмет на анализа и промени , подобрување, актуелизирање во сите сегменти. Conditio sine qua non e неопходноста за стратегиски и конкурентен пристап на професијата во услови на вклучување на нашата земја во европските и светските пазарни движења.

  10. Кои се Актуелни промени во деловното опкружување: • Глобализација • Глобална рецесија и финансиска криза • Присуство на високо производни технологии • Позитивни промени во информационите и комуникационите технологии • Присуство на се попребирлива и тешко предвидива побарувачка и тенденција на скратување на животниот циклус на производот. • Прилагодување на законодавството кон европското. • Зголемување на ризикот во работењето

  11. Кои се Актуелни промени во деловното опкружување: • Ако ова треба да се каже со една реченица можеби би звучела вака: • Заради глобализацијата опкружувањето е се посложено, а со самото тоа и поризично и изложено на влијанието на рецесијата, развојот и големината на просечниот економски ентитет (компанија, мрежа или слично) произведува барања за пософистицирана технологија, ова ја одредува потребата за капитал што пак детерминира настанување на заеднички сопствености во разни форми како и се поголемо и посложено користење на финансиски инструменти.

  12. Кои се Актуелни промени во деловното опкружување: • Сето ова покрај зголемениот ризик значи и потреба од поголема стручност во сите сегменти на работењето и посебно во финансиското информирање.

  13. Кои се Актуелни промени во деловното опкружување: • Покрај овие постојат и наши домашни ризици меѓу кои е сложената односно во некои сегменти невозможната заштита на правата на доверителите, дисконтинуитетот на законската регулатива која можеби се отсликува во тоа што едно нормално природно претприемништво се соочува со бирократскиот однос на државата, која наместо да го препознае оптималниот извор на приходи во успешното работење на економските субјекти истиот го препознава во лесна наплата на посредните давачки преку директна наплата и создава нееднаквост на доверителите.

  14. Што со Професионални стандарди • Што се однесува до ИОРРМ и непосредна имплементација на правилата на ИФАК може да се оцени дека ИОРРМ како придружен член на ИФАК и многу брзо полноправен член на ИФАК, ја има обврската да заедно со другите организации од овој тип (сметководители, проценители, вештаци) да обезбеди доследна примена на правилата на ИФАК, и уште повеќе има обврска за уште поактивен пристап кон имплементација на овие правила и создавање на неопходна превентивна клима при реализација на професионалните стандарди во нашата пракса.

  15. Што со Професионални стандарди На второ место е едукацијата на професијата согласно со Меѓународните стандарди за образование на професионалните сметководители во кои се пропишани условите за образование, КПУ, и развој на професионалните сметководители во склад со овие стандарди.

  16. Кои се Објективни и субјективни препреки за заинтересираноста за информациите од ФИ Додека логички беше разбирливо незаинтересираност на потенцијалните корисници на ФИ во услови на отсуство на приватна сопственост, постојат нејаснотии зошто недостасува таква заинтересираност денеска во Македонија. Причините не се едноставни, заради испреплетеноста на ограничувањата од субјективна и објективна природа.

  17. Кои се Објективни и субјективни препреки за заинтересираноста за информациите од ФИ Објективни ограничувања се: • долгиот период на дисконтинуитет на нормалната држава со нормално стопанство. • насобраните заблуди и предрасуди и према приватната сопственост и према сметководственото информирање.

  18. Кои се Објективни и субјективни препреки за заинтересираноста за информациите од ФИ • Во оваа смисла нејчесто поставувано прашање е причината за изготвување на ФИ. Во недоследност околу ова прашање невлезени се дури и многу припадници на професионалната сметковоствена елита, како и потенцијалните корисници на ФИ и припадниците на сите слоеви на општеството.

  19. Subјективни препреки за заинтересираноста за информациите од ФИ Според мое мислење најдолгорични последици произлегуваат од субјективните ограничувања и тоа : • Пропустите и недоследости во процесот на изучување на сметководството на сите нивоа – беше бесмислено да се споменува дека причините за постоење на сметководството се најтесно поврзани со примарната и основната причина за информирање на сопствениците на приватните економски субјекти заради донесување на поцелисходни управувачки одлуки.

  20. Subјективни препреки за заинтересираноста за информациите од ФИ • Постоење на заблудите (или можеби вистината) дека првиот милион се стекнува надвор од нормалното работење, а после тоа нованастанатите приватни сопственици за да би се заштитиле се вклучуваат во нормално работење, што во крајна линија води до користење на предностите на финансиското известување.

  21. Subјективни препреки за заинтересираноста за информациите од ФИ • Неорганизираноста на професијата во долг период преку ССФР, Комори, Разни здруженија (губење на придружно членство во ИФАК и слично) кои беа неактивни кои наместо саморегулација дозволуваше интервенции на државата според нејзино наоѓање во моменти кога беше под притисок од меѓународната заедница или при подготвување на системските закони од областа на финансиите.

  22. Subјективни препреки за заинтересираноста за информациите од ФИ • Залагањето за одржување на статус кво од страна на фирми во професијата кои значајно заработуваат со инструктивни и советодавни формални сметководствени услуги од една страна и формираната перцепција на клиентите на кои им е важно само формално да ги исполнат законските обврски наместо да вложат напори за образование.

  23. Subјективни препреки за заинтересираноста за информациите од ФИ • Направените слабости со сегашното законско регулирање на оваа материја во врска со статусот на професијата и прифаќање на состојбите од страна на дел од ревизорите и сметководителите заради краткорочни користи, на кои им одговара спроведување на профитабилни бизниси за сметка на државата одколку потешкиот начин на извршување на угледна слободна професија.

  24. Subјективни препреки за заинтересираноста за информациите од ФИ • Ограничен влез на кадри во професијата заради недоволна активност на професијата, и недоволна информираност и насоченост на потенцијалните членови на професијата. Сметам дека оваа ера е завршена или треба да заврши и доколку не сум во право повторно некој друг а не професијата ќе иницира и спроведе неопходни промени.

  25. ЈАВЕН ИНТЕРЕС ВОВЕД • Целта на IFAC во Policy position paper 5 е да ја прикаже практичната дефиниција, да го идентификува јавниот интерес и да овозможи да се определи кои активности, одлуки или политики се во согласност со јавниот интерес. • IFAC ја разви оваа дефиниција во контекст на својата мисија, и перцепцијата дека поседува релевантност во однос на сметководственета професија.

  26. ЈАВЕН ИНТЕРЕС Мисијата на IFACе : Да му служи на јавниот интерес со: • придонес во развојот, прилагодувањето и имплементација на високо квалитетни меѓународни стандарди и упатства, • придонес за развој на силни професионални сметководствени организации и фирми и висококвалитетни практики од страна на практичарите, • да ги промовира вредностите на професијата, • да потенцира дека професионалната сметководствена експертиза е релевантна за исполнување на барањата на јавниот интерес.

  27. ЈАВЕН ИНТЕРЕС • За да се оцени дали IFAC ги постигнува своите цели за извршување на мисијата важно е да се види што се мисли со терминот Јавен интерес. • Дефиницијата е презентирана низ објаснувањето што се мисли под поимот јавност и интерес.

  28. Дефиниција на Јавниот интерес на IFAC: IFAC го дефинира јавниот интерес како: • Нето придобивки за целото општество производени под процедурално строги правила во однос на секоја акција , одлука или политика. • Оваа дефиниција од една страна е насочена кон одредени групи од јавноста (како инвеститори, вработени, акционери, ) кои зависат од информациите на професијата. Но импликациите од работата на професијата зависно од нивото на јавната доверба може да се однесуваат на многу поголем дел од јавноста.

  29. Јавност IFAC смета дека јавноста го треба да се свати најшироко во однос на општеството. Ова би вклучувало: • Инвеститорите, акционерите и сопствениците на јавните и приватните институции • Потрошувачите и добавувачите • Даночните обврзници, гласачкото тело и граѓаните

  30. Интерес • Во најширока смисла, интерес, се сите работи кои се вреднувани од индивидуите и општеството. Ова вклучува права, пристап до владеењето, економски слободи, политичка сила. • Значи интерес се работите кои ние бараме да ги поседуваме или контролираме. • Интерес можат да бидат и идеали кон кои се стремиме, или заштита од работи кои не повредуваат или се непогодни за нас. Нашата професија помага за да се реализираат овие конкретни интереси на општеството, многу од нив се економски по природа и се поврзани со ефективно управување со ресурсите.

  31. Интерес Овие интереси вклучуваат: • Зголемување на економската сигурност на пазарот и во финансиската инфраструктура. (банкарство, осигурување, инвестициски фирми и сл. ) • Испитување, на финансиски и нефинансиски информации за акционерите, инвеститорите и за сите на пазарот. • Висока споредливост на финансиското и нефинансиското известување и ревизија во различни законодавства (јурисдикции) .

  32. Интерес • Испитување на транспарентноста на финансиските и нефинансиските инфромации и донесувањето на одлуките во владини тела и јавниот сектор и нивната конзистентност. • Испитување на корпоративното управување и раководење во приватниот и јавниот сектор. • Зголемување на ефикасноста и минимизирање на потрошувачката на ресурси при производство на добра и услуги, заради зголемување на благосостојбата на општеството со неговата расположивост и прифатливост.

  33. Одговорноста на професијата во однос на јавниот интерес Во реализација на јавниот интерес професијата игра централна улога заради што практичарите треба да: • Да даваат испитани финансискии нефинансиски информиорции на корисниците, производени од финансиско и нефинансиско информирање од сите организации, сектори, големини на субјекти вклучувајќи го и јавниот сектор, и • Да остваруваат доверлива и ефективна комуникација со корисниците директно или индиректно поврзана со процесите на корпоративно управување.

  34. Одговорноста на професијата во однос на јавниот интерес Како етаблирана професија нашата треба да : • Да бара од професионалците да ги применуваат високите стандарди за етичко однесување и професионално расудување. • Да работисо регулаторната заедноца (ИОРРМ, СУНР) и владата во развојот и примената на висококвалитетни професионални стандарди за финансиско известување, ревизија и уверување, етика, финансиско известување во јавниот сектор и едукација на професијата.

  35. Одговорноста на професијата во однос на јавниот интерес • Да промовира висококвалитетни меѓународни стандарди за да се обезбеди споредливост на финансиското известување и ревизија (без разлика на јурисдикцијата) • Да определи соодветни едукативни барања и квалификации за професијата • Да обезбеди конструктивен дијалог со владата, регулаторите, универзитетите и другите од финансиската индустрија (банки, проценители, осигурители, актуари и сл.) • Да овозможи нови форми на информирање како Интегрирано известување и нефинансиски форми на известување и

  36. Одговорноста на професијата во однос на јавниот интерес • Да осигура дисциплина во почитување на стандардите за работа и известување , етичките стандарди, законската регулатива и професионалните стандарди. Регулаторната заедница и професијата • Улогата на регулаторната заедница во работата на професијата е даjaинтегрира согласно со јавниот интерес. • Најголем дел од законодавствата имаат мешавина од саморегулација и надворешна – владина регулација. • Како резултат од ова професијата и регулативната заедница делуваат како јавноприватно партнерство.

  37. Проценка • Дефинирањето на јавниот интерес би било ограничено без проценка за тоа дали нешто е или не е во согласност со јавниот интерес. • За да се одреди дали некоја активност, одлука или политика е или не е во согласност со јавниот интерес зависи и од процесите и од резултатите (нето користите).

  38. Проценка IFAC во оваа смисла смета дека постојат две генерални проценки: • Проценка на трошоците и користите – се однесува на тоа дали општеството како целина има повеќе користи во однос на трошоците • Проценка на процесите – се однесува на тоа дали активностите, одлуките или политиките се превземаат со квалитет на транспарентност, независност, придржување на процесите и учество на широката јавност

  39. Проценка IFAC смета дека е потребна пропорционалност на двете оценки во согласност со подрачјата кои се разгледуваат и важноста на овие подрачја. во однос на тоа која проценка ќе се примени и ќе одговора на големината, рамката и потенцијалните реперкусии на подрачјето кое е предмет на проценка. Пропорционалноста треба да се гледа и во контекст организационата големина, видот и капацитетот на ентитетите. На пример кога институтот, регулаторите ги оценуваат ревизорските фирми, тие треба да го оценат јавниот интерес во однос на активностите, одлуките и политиките на на сите (мали, големи, глобални мережи). Треба да се земат предвид и типот на услугите кои ги даваат и организациите кои ги добиваат овие услуги.

  40. Проценка • Дополнително треба да се земат предвид разликите во културите, општествените вредности и етичките системи во однос на тоа дали нешто е или не е во согласност со јавниот интерес. Културите и етичките вредности варираат во различни општества. • На крај треба да се нагласи дека приватниот и јавниот интерес не мора да се во конфликт. Профитабилните субјекти можат да генерираат јавни придобивки. Како на пример нашата професија која овозможува квалитетни финансиски информации кои придонесуваа до подобро прибирање на даноци.

  41. Усогласеност на резултатите и процесите • Потребата за усогласеноста на двете проценки (придобивките и процесите) ги зголемуваат придобивките на целото општество заради што превземените процеси треба постојано да се развиваат. На пример Одборот за стандарди (IFAC) бара стандардите да бидат прифатени и имплементирани во цел свет. Тоа е така со стандардите но процесите постојано треба да се подобруваат.

  42. Проценка на трошоците и користите • Првата проценка на јавниот интерес е во однос на негативните или позитивните придобивки на општеството како целина. Оваа анализа (проценка на трошоците и користите) е формален процес на оценка на позитивните и негативните придобивки на краткорочна и долгорочна основа на одредена активност, одлука, или политика во однос на тоа дали позитивните придобивки се поголеми од негативните. Оваа анализа треба да се прави и на квантитативна и на квалитетивна основа.

  43. Проценка на трошоците и користите • Кога оваа анализа се прави од индивидуални организации тие бараат максимизирање на профитот, а јавниот интерес е нето придобивка за целото општество. Заради ова анализата мора да се прави во однос на општеството и посебно да се обрне внимание на дистрибуцијата на придобивките на различните делови на општеството. Посебно да се внимава кои групи добиваат позитивни а кои негативни придобивки, односно придобивки на една кои трошоци ги предизвикуваат на друга група и во однос на ова дали целото општество во целина добива.

  44. Проценка на трошоците и користите • Дополнително оваа анализа треба да биде континуирана и за да се оцени ефективноста на превземените активности, одлуки и политики и постојано да се прилагодуваат

  45. Оценка на процесите • Оваа оценка значи да се земе предвид дали одредена активност, одлука или политика е развиена и применета со квалитет на транспарентност, усогласеност со обврските кон корисниците, независност, посветеност на принципите на точност и конзистентност и со учество на поголем дел од општеството како целина.

  46. Инклузивно учество на поголем дел од општеството • Фер и балансирано учество при донесување на одлуките – доколку се сака да се задоволи јавниот интерес, треба да им се овозможи на индивидуите и групите балансирано учество. • Можност за консултации во јавноста – овој процес овозможува поголема инклузивност при дизајнирање на политките и поширока можност за опции и експертиза. Исто така овозможува транспарентност. Ова е важно заради довербата на јавноста во професијата како елемент за ефикасно функционирање на пазарот и и легитимитетот на регулаторните механизми.

  47. УЛОГАТА НА ИОРРМ • Преку едукација, сертифицирање и програма за КПУ да продуцира квалитетни професионалци кои ќе бидат подготвени да одговорат на предизвиците и барањата (потребите) на пазарот со потврдување и продуцирање на висококвалитетни финансиски информации. • Преку адаптација и имплементирање на меѓународните етички стандарди како најдобри практики, да претставува брана за однесувањето, и основа за извршување на најдобри практики од страна на членството со што ја зголемува довербата на јавноста во квалитетот на нивната работа.

  48. УЛОГАТА НА ИОРРМ • Преку системот на контрола на квалитет и дисциплински мерки да ја овозможува примената на професионалните и етичките стандарди во пракса. Функционирањето на овој систем не е само да дисциплинира и да го јакне однесувањето на членството, туку и да комуницира, едуцира, помага и да ги потенцира нејдобрите практики заради создавање на подобри професионалци кои продуцираат поквалитетни информации.

  49. УЛОГАТА НА ИОРРМ • Како центар на знаење и експертиза да и помага на владата, регулаторите и другите корисници на информациите кои ги обезбедуваат членовите и тоа на ниво на земјата и на ниво на регион. Ова да го обезбедува со чувство за јавниот интерес на информациите кои ги обезбедуваат членовите. • Ги потикнува странските инвестиции- бидејќи развојот на пазарот на капитал бара кредибилни и реални финансиски информации, за да се гради довербата на инвеститорите, и да ја зголеми атрактивноста на климата за инвестирање во земјата.

  50. УЛОГАТА НА ИОРРМ • Го промовира развојот на мали и средни претпријатија (МСП) бидејќи МСП го опфаќаат 60% од БДП и 70% од вработените во земјите со мал БДП. Ова затоа што бизнисот бара висококвалитетни финансиски информации, како подршка и основа на планирање на бизнисот, при кредитни барања и развој. • Овозможува преку висококвалитетни финансиски информации во реалниот и јавниот сектор да се носат соодветни одлуки за фискалната политика, монетарната политика и надворешното известување на владата до електоратот, даночните обврзници и инвеститорите.

More Related