1 / 31

Istorija

....

Download Presentation

Istorija

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. Надворешнополитичката ориентација на новоослободените земји и Неоколонијанизмот Ментор: Марица Шиндиловска Изработила: Елена Јакимовска IV6

  2. Надворешнатополитичката ориентација на новоослободените земји Новоослободените земји коишто стекнале независност по војната, поради притисокот од двата блока, не сакајќи да влезат во сферата на нивните интереси, започнуваат меѓусебно поврзување со помош на одржаните Конференции.

  3. Конференција во Рангун На одржаната конференција во Рангун, Бурма, од 5ти до 15ти јануари 1953 година, неразвиените земји преговараат за меѓусебна соработка, размена на искуство, одржување на мирот, заедничките проблеми и прифаќање на принципите на активна мирољубива коегзистенција. Во неа учествувале земјите: Бурма, Египед, Индиjа, Индонезиjа, Израел, Јапонија, Либан, Малаја и Пакистан. На крајот на конференцијата се усвоила резолуција за поддршка на демократијата и осуда на капитализмот, комунизмот и империјализмот.

  4. Говорот на Јосип Броз Тито на Универзитетот во Рангун, Бурма, 1955 година Појавата на нови неврзани држави кои се главно неразвиени, како и сè поголемата улога на малите држави воопшто во меѓународните односи, имаа значајно влијание на развојот и карактерот на меѓународните односи. Тие, пред сè, дејствуваат во правец на зацврстување на мирот во светот... Тие... Се длабоко свесни дека економската заостанатост можат да ја совладаат само со мир... Тие мораат нужно да се спротивставуваат на поларизацијата во меѓународните односи помеѓу двете големи сили, бидејќи е јасно дека таквата поларизација би им одзела секаква можност за самостојна улога во меѓународниот живот.

  5. Конференцијата во Бандунг, 1955 година Се одржала од 17ти до 24ти април 1955 година во Бандунг, Индонезија. На неа присуствувале 29 држави од Азија и Африка, вклучувајќи ја Кина и Јапонија. Целите на конференцијата биле да се промовира Африканско-азиската економска и културна соработка и да се спротивстават на колонијанизмот и неоколонијализмот на сите нации. Била изгласана Декларацијата за светскиот мир која ги афирмирала принципите на Декларацијата на ООН.

  6. Asian - African Conference In Bandung (1955)

  7. President Sukarno Opening Speech at, the Bandung Conference, 1955, Indonesia

  8. Земјите учеснички на Конференцијата

  9. Салата каде што се одржала Конференцијата во Бандунг

  10. Декларацијата од конференцијата во Бандунг Почитување на основните човекови права, целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации. Почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на сите земји. Признавање на еднаквост на сите раси и на еднаквост на сите народи, големи и мали. Воздржување од интервенција или мешање во внатрешните работи на друга земја. Почитување на правото на секоја нација да се брани, поединечно или колективно, во согласност со Повелбата на Обединетите нации . Воздржување од дејствија или закани за насилство или употреба на сила против територијалниот интегритет или политичката независност на која било земја. Решавање на сите меѓународни спорови со мирни средства, како што се преговарање, помирување, арбитража или судска спогодба, како и други мирољубиви средства на партиите, во согласност со Повелбата на Обединетите нации. Промоција на заеднички интереси и соработка. Почитување на правдата и меѓународните обврски.

  11. Движење на неврзаните Основачка конференција во Белград, од 1ви до 6ти септември 1961 година. Учествувале 25 држави, од кои повеќето биле од т.н. Третиот свет. Основна цел била да се спротивстават на блоковската поделба на светот и покрај нивната економска зависност од помошта на развиените земји. Да се обезбеди национална независност, суверенитет, територијален интегритет и безбедност на неврзаните земји. Ова не е движење насочено "против" другите големи сили, туку е движење кое се бори против студената војна, империјализмот, колонијализмот, неоколонијализмот, расизмот и сите форми на окупација , агресија и доминација која се вршела од страна на поголемите блокови и мешање на тие блокови во внатрешните работи на другите земји. Ова е појава која се јавивува од потребата да се заштитат меѓу себе помалку развиените земји, со заемна почит, меѓусебно ненапаѓање, рамноправност и мирен соживот.

  12. Движење на неврзаните, Белград, 1961

  13. Поистакнати водичи: Шри Џаваралхал Нехру (Индија), Сиримаво Бандеринајке (Гана), Џамал Абдер Насер (Египед), Ахмед Суркано (Индонезија), Јосип Броз Тито (Југославија).

  14. Проблемите на неразвиените земји Неразвиените земји (т.н. земјите на третиот свет) се соочиле со бројни проблеми и тешкотии, како што се сиромаштијата, нискиот животен стандард и недостаток на образовни кадри, како резултат на долгогодишното колонијално исцрпување. И покрај колонијалното ослободување, по неколку години повеќето африкански нации и покрај богатството од ресурси и продуктивноста на нивното население, не било развиено. Немале доволно финансии за изградба на инфраструктура, болници, училишта со што биле приморани да се задолжуваат. Со згаснување на правотои зголемената корупцијата се негирале основните човекови права. Населението го обзело страв, чувство на беспомошност и безнадежност за иднината.

  15. Kwame Nkrumah Политичар од Гана, кој го измислилтерминот „нео-колонијализмам“ во 1963 година. Како и насловот на неговата книга, „Неоколонијализмот, последната фаза на Империјализмот. Во неа се објаснува за експлоатарскиот однос помеѓу Големите сили и Африка и зголемувањето на разликите помеѓу богатите и сиромашните.

  16. Интересите на развиените сили во Неоколонијализмот Развиените сили не сакале сосема да им дадат независност на поранешните колонии и не сакале сосема да се откажат од нивното политичко и економско влијание врз истите. Така тие преку неоколонијализмот ги задржувале привилегиите во одделни земји за да го држат населението во потчинетост. Тоа е политика што ја водат поранешните колонијални земји према некогашните колонии, или стопански развиените земји према неразвиените и заостанатите, преку користење на капитализмот, глобализацијата, империјализмот и хегемонијата. Своите скриени намери ги прикриле преку хуманизмот, грижата за развиените краеви за помош, мултинационалните компании и слично.

  17. Глобализацијата во XIX и XX век Либерализацијата во 19тиот век се нарекува и „прва ера на глобализацијата“. Глобализација е поим кој се користи за да ги опише промените во општествата и светската економија како резултат на зголемената трговија и културна размена. Развиените земји презентираат нов начин на наметнување на своето влијание, т.н. Глобализација. Додека новонастантите независни држави стануваат сè посиромашни и сè по зависни од активнистите на Империјалистите (во главно од САД). Против глобализацијата биле и малите народи кои се чувствувале загрозени од големите сили. Но и покрај одржувањето на конференции против глобализацијата и избивањето на демонстрации, најчесто завршувале со смрт на некои од демонстрантите.

More Related