170 likes | 283 Views
\u041b\u0435\u043a\u0446\u0438\u0458\u0430 \u0437\u0430 \u0432\u0438\u0434\u043e\u0432\u0438 \u043d\u0430 \u0441\u0438\u0441\u0442\u0435\u043c\u0438 \u0437\u0430 \u0440\u0435\u0433\u0443\u043b\u0430\u0446\u0438\u0458\u0430
E N D
ОТВОРЕНИ И ЗАТВОРЕНИ СИСТЕМИ НА РЕГУЛИРАЊЕ Вторник
При автоматското управување на процесите разликуваме управуван објект и управувачки систем Тие можат да бидат еднострано и двострано поврзани
Отворените системи се системи каде што нивните излезни големини не се поврзани со влезните големини односно не постои врска меѓу влезот и излезот на системот
Пример Полнење на резервоар со вода преку вентил Управувачки систем во овој случај е вентилот а управуван објект е базенот со вода Колку вода ќе влезе во базенот зависи од тоа колку е отворен вентилот а не од нивото на вода во базенот односно не постои врска меѓу влезот и излезот во системот Во овој пример меѓу управувачкиот систем и упарвуваниот објект постои само директна врска а тоа е каналот низ кој се доведува водата
Затворени системи се оние каде што постои врска меѓу влезот и излезот при што излезната големина е поврзана со влезната големина на системот Кај затворените системи постои директна и повратна врска меѓу влезот и излезот па затоа затворените системи уште се викаат и системи со повратна врска
Пример Полнење на базен резервоар со вода во кој има пливка Улогата на пливката е со нејзино подигнување и спуштање при полнење или празнење на базенот да се затвора или отвора вентилот Движењето на пливката се пренесува преку лост Колку ќе биде отворен вентилот зависи од нивото на вода во базенот односно од движењето на пливаката Во овој пример меѓу управувачкиот систем вентилот и управуваниот објект базенот постои покрај директна врска преку каналите и повратна врска која се овозможува со пливката и лостот Сл затворен систем за регулација Шематски приказ за
Успешно совладување нанаставната единица