1 / 10

Прием на ААД

Прием на ААД. С. Димишковска , Ј . Шорко , М. Лазевска , Ж . Митрев Специјална болница по хируршки болести “Филип Втори” - Скопје, Македонија. октомври , 2010. Акутна аортна дисекција.

quincy
Download Presentation

Прием на ААД

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. Прием на ААД С. Димишковска,Ј. Шорко,М.Лазевска,Ж. Митрев Специјална болница по хируршки болести “Филип Втори” - Скопје, Македонија октомври, 2010 Cardiosurgery - Skopje

  2. Акутна аортна дисекција • Акутната аортнадисекција (ААД) e животно загрозувачка состојба која ја карактеризира висок морталитет во светски рамки (7- 8%). • ААД претставува состојба на расцепување на зидот на аортата, со формирање на два лумена –еден прав лумен низ кој се движи крвта и еден лажен лумен кој се исполнува со крв, која подоцна се коагулира.

  3. Причини за појава на ААД: Хипертензија, аневризма нааорта, Марфановсиндром, артериосклероза,атеросклерозно променета аорта, траума, медицински интервенции • Најчести компликации кои се причина засмрт:хиповолемичен шок, тампонада на срце, АИМ.

  4. Класификација: Според локацијата : • Stanford • *Тип А- го зафаќа асцедентниот дел (70%)- итно хируршко лекување • *Тип Б- почнува дистално од лева а.субкалвија- медикаментозен третман. • De Bakey • *Тип 1 – може да ја зафати целата должина на аортата • *Тип 2 - ја зафаќа само асцедентната аорта • *Тип 3 – ја зафаќа десцедентната аорта По однос на времетраењето (времето од почетокот на симптомите до медицинската евалуација)ги делиме на: • Акутни-< 2недели од појава на симптомите • Хронични-> 2 недели од појавата на симптомите

  5. Симптоми: • Нагла интензивна болка во градитекоја се шири кон грбот. Болката може да ирадира во вратот, рацете,стомакот или кон колковите. • Променлив крвен притисок – Хипотензија, асиметричен пулс и притисок во екстремитетите • Невролошки испади или отсутен пулс-зафатеност на субклавија. • Бледило, несвестица, слабост или потполна одземеност и студенило на долните екстремитети . • Акутно попуштање на бубрежната функција ако се зафатени бубрежните артерии • Симптоми од страна на стомакот при зафаќање на мезентеријалните артерии • Ослабени срцеви тонови, набрекнатост на вратните артерии, парадоксен пулс укажуваат на тампонада на срцето, предизвикана од руптура. • Знаци за АИМ во случај кога се зафатени коронарните артерии. Раното препознавање на симптомите и соодветното реагирање на медицинскиот тим е клучно за outcome на пациентот.

  6. Цели: • Згрижување на пациентот • Медицинска евалуација • Стабилизирање на пациентот до одлука за типот на операција • Класификација на ААД и локализирање на расцепот на аортата со imaging прегледи (ЕХО, ТЕЕ, ЦТ-најсензитивна метода), • Алармирање на оперативниот тим во најкраток временски рок, • Рано препознавање и адекватно реагирање при дестабилизација на пациентот. • Собирање на сите медицински податоци кои се релевантни за хирургот за да донесе одлука за типот на операција.

  7. Материјал и методи: Стандардна постапка за приеми дијагностицирање: • ЕКГ, НБП на лева и десна рака, оксигенација, • Поставување на две венски линии,одржување на волумен, • Лабораторија, • Ехокардиографија, • Сместување во дневна болница за мониторинг на ЕКГ, ТА, следење на диуреза преку уринарен катетер, • Лесна аналгоседација, одржување на СФ околу60-80/мин, одржување на ТА од 100-120 ммХг

  8. Материјал и методи: • По индикација 64 МСКТ или ТЕЕ. • Интензивно следење на клиничката слика на пациентот • Во случај на хемодинамско дестабилизирање на пациентот, неопходна е интубација. • По поставување на дијагнозата, се транспортира пациентот во единица за интензивна нега за предоперативна подготовка.

  9. Резултати: • Од 2000-2009 година третирани се 131 пациент со ААД, на просечна возраст од 40-60 години, доминира машката популација. Процентот на морталитет кај оваа група во нашата болница изнесува 3,2%.

  10. Заклучок: • Ако се постави сомнение за дисекција на аорта, треба да се изврши итен транспорт на болниот во центар кој има можност за интервентни процедури и хируршки интервенции. • Со висок степен на едукација на персоналот, софистицирана болничка инфраструктура и стандардизирање на постапките ние постигнавме низок процент на смртност во третман на оваа високо ризична група на пациенти во однос на светските рамки.

More Related