Download
1 / 39

A дминистративна постапка - PowerPoint PPT Presentation


  • 163 Views
  • Uploaded on

A дминистративна постапка. Поим, видови, принципи, решение, првостепена, второстепен постапка. Поим на административна постапка.

loader
I am the owner, or an agent authorized to act on behalf of the owner, of the copyrighted work described.
capcha
Download Presentation

PowerPoint Slideshow about 'A дминистративна постапка' - pearl


An Image/Link below is provided (as is) to download presentation

Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author.While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server.


- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - E N D - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
Presentation Transcript

Aдминистративна постапка

Поим, видови, принципи, решение, првостепена, второстепен постапка


Поим на административна постапка

Прописите за управна постапка содржат правила со кои се регулира надлежноста, формата и текот на дејствијата во постапката и обликот и содржината на актите кои се донесуваат како резултат на постапката од страна на државните органи, установите и организациите кои вршат јавни овластувања. Станува збор за формални правила на однесување кои се разликуваат од материјалниот закон


Видови административни постапки постапка

  • Општа управна постапка – правила кои се заеднички за постапувањето и работата на најголем број државни органи, установи и организации кои вршат јавни овластувања

  • Посебни управни постапки – правила со кои се регулираат надлежноста, формата на дејствијата и актите само за одредени органи и за одредени области

  • Lex specialis derogat lex generalis – супсидиерна примена на ЗОУП


Принципи (начела) на административната постапка

Сите општи начела кои се содржани во Законот за општа управна постапка (ЗОУП)

  • Законитост

  • Заштита на правата на странките и заштита на јавниот интерес

  • Еднаквост, непристрасност и објективност

  • Сервисна ориентација на граѓаните

  • Ефикасност

  • Материјална вистина

  • Сослушување на странките


Принципи (начела) на административната постапка

  • Одговорност

  • Слободна оценка на доказите

  • Самостојност во решавањето

  • Двостепеност

  • Правосилност

  • Економичност и итност на постапката

  • Помош на неука странка

  • Употреба на јазиците и писмата


Законитост административната постапка

Општа обврска за сите и за секого во донесувањето на правни акти и во преземањето на материјални дејствија да се придржуваат кон законите и прописите засновани на закон.


Законитост административната постапка

Според ЗОУП начелото на законитост се изразува низ три насоки:

  • Органите и организациите што постапуваат во управните работи се должни да решаваат врз основа на закон, меѓународни акти, дуги прописи на државни органи и општи акти на органи и организации донесени врз основа на јавни овластувања;


Законитост административната постапка

Според ЗОУП начелото на законитост се изразува низ три насоки:

б) Кога органот или организацијата решаваат врз основа на дискрециони овластувања, односно по слободна оцена, решението мора да биде донесено во границите на овластувањето дадено со закон и согласно со целта заради која е дадено такво (дискеционо)овластување;


Законитост административната постапка

Според ЗОУП начелото на законитост се изразува низ три насоки:

в) Сите одредби од ЗОУП важат и мора да бидат почитувани кога органот решава по слободна оценка односно донесува дискрециони акти.


Заштита на правата на странките и заштита на јавниот интерес

Органот што ја води постапката должен е да се грижи за заштита на правата на странката (значи да не ја отежнува нејзината положба), но истовремено да внимава на јавниот интерес (значи да не ја олеснува положбата на странката на штета на јавниот интересили на ѓтета на другите учесници во постапката).


Еднаквост, непристрасност и објективност

Ова е всушност одраз на начелото на забрана на дискриминација согласно Европската Конвенција за заштита на човековите права и основни слободи. Решавањето во управната постапка мора да се врши без никакви разлики и дискриминација по однос на пол, раса, боја на кожата, јазик, вера, политичко или друго мислење, национално или социјално потекло по раѓање или кој и да е друг статус.


Сервисна ориентација на граѓаните

Органите на управата и другите овластени органи за решавање во управна постапка кога создаваат управно-правни односи и донесуваат решенија ќе мораат тоа да го прават со сервисна ориентација согласно новата положба на човекот и граѓанинот во демократското граѓанско општество и да се ослободат од присутните управно-бирократски елементи.


Ефикасност граѓаните

Брзо, успешно и квалитетно решавање на управните работи. Истовремено треба да се внимава да се почитуваат и другите основни начела на управната постапка, т.е. Начелото на ефикасност да не се реализира на нивна штета.


Материјална вистина граѓаните

Утврдување на вистинската состојба на работите преку утврдување на фактичката состојба онаква каква што таа во стварноста постои. Токму при правно-релевантните факти доаѓаат до израз целата стручност и искуство на овластените службени лица, кои имаат активна и делотворна улога во доказната постапка.


Сослушување на странките граѓаните

Пред донесувањето на решението на странката мора да и се даде можност да се изјасни за сите релевантни факти и околности. Преку ова начело се обезбедува активна улога на странката во управната постапка.


Одговорност граѓаните

Со ова начело се обезбедува надомест на штета на странките предизвикана со преземање на незаконити дејствија, како и со одбивање на решавањево управни работи.


Слободна оценка на доказите граѓаните

Овластеното службено лице во управна постапка не е врзано со посебни правила за тоа кои факти да ги земе при утврдувањето на фактичката состојба, туку тоа го прави врз основа на свое лично сфаќање и убедување.


Самостојност во решавањето граѓаните

Уставно и управно-процесно начело. Органот што ја води постапката самостојно донесува решение во рамките на овластувањата утврдени со закон, истовремено органот самостојно ги утврдува фактите и околностите и врз основа на така утврдените факти и околности ги применува законите.


Двостепеност граѓаните

Право на жалба – уставно начело и принцип предвиден во ЗОУП. Во уставот на РМ е предвидено дека против сите првостепени акти на јавната администрација е дозволена жалба или друга правна заштита. Првостепениот орган решава, а второстепениот контролира.


Конечност граѓаните

Кога е искористен или прпопуштен редовниот правен лек во управната постпака решението станува конечно. Останува можноста постапката да се продолжи по повод вонреден правен лек или во управен спор.


Правосилност граѓаните

Правосилните управни акти не можат повеќе да се менуваат, укинуваат или поништуваат: формална и материјална правосилност.


Економичност и итност на постапката

Постапката се води економично и итно без одлагање со што помалку трошоци за странката и едноставно без губење време. Истовремено, органот што ја води постапката мора потполно да ја утврду фактичката постапка, а материјалниот пропис правилно и законитео да го примени.


Помош на неуката странка постапката

Органот на управата што ја води постпакта должен е да се грижи неукоста и незнањето на странката да не бидат на штета на правта што на странката ѝ припаѓаат, преку укажување на процесните права на странката, или пак укажувања во однос на материјално-правните прописи.


Употреба на јазиците и писмата постапката

Во управната постапка службен јазик е македонскиот јазик и кирилското писмо. Во средините во кои малцинствата зборуваат најмалку 20% од граѓаните во управната постапка ќе се користи и ќе биде во употреба и нивниот јазик и писмо. Странците кои не го зборуваат македонскиот јазик имаат право на преведувач.


Надлежност во административна постапка

Поим: Право и должност на органот да решава определена управна работа на определена територија:

Видови:

  • Стварна (според природата на управната работа)

  • Функционална (подвид на стварната надлежност, според функцијата на органот)

  • Месна (според територија)


Надлежност во административна постапка

  • Делегација – пренесување на надлежност од повисок на понизок орган

  • Супституција (авокација) - преземање на надлежност од понизок на повисок

  • Реквизиција – понизок орган ја води постапката, а решавањето го врши повисокиот орган

  • Судир на надлежности: позитивен и негативен. Решава непосредно повисок орган


Странка во административна постапка

Странка во управна постапка е лице по чие барање е поведена постапката (активна странка) или лице против кое се води постапката (пасивна странка), односно лице кое заради заштита на своите права или правни интереси има право да учествува во постапката (заинтересирано лице).


Способност да се биде странка во А.П.

  • Странечка способност (носител на права и обврски)

  • Процесна способност (самостојно преземање на процесни дејствија)

  • Странечка легитимација (право и интерес во конкретниот предмет)


Општење помеѓу административните органи и граѓаните

  • Поднесок – писмени и усни соопштувања со кои поединците им се обраќаат на административните органи

  • Записник – јавна исправа која служи за евидентирање на преземените процесни дејствија и дадените изјави во текот на постапката

  • Достава: непосредна; по пошта; со јавно објавување во дневен печат


Првостепена административна постапка

  • Поведување: начело на официјалност и по предлог на странка

  • Испитна постапка: скратена (кога не се преземаат сите процесни дејствија) и посебна (усна расправа, докажување, прибирање податоци и исправи...)


Докажување постапка

Доказни средства:

  • Изјава на странка

  • Исправи

  • Сведоци

  • Вештаци

  • Увид


Решение постапка

Поим: конкретен управен акт со кој се решава за права, обврски и правни интереси на правните субјекти донесен во административна постапка.

Елементи: вовед, диспозитив, образложение, правна поука (број, датум, потпис на службено лице, печат)

Видови: делумно, дополнително, привремено, писмено и усно


Редовни правни средства постапка

  • Жалба

    Поим: редовно правно средство за заштита на правата на граѓаните повредени со првостепениот акт на административниот орган

    Својства: деволутивност (по жалбата решава непосредно повисокиот орган); суспензивност (жалбата го одлага извршувањето на решението)

    Начела: reformatio in meius и reformatio in peius

    Општ рок: 15 дена


Државна комисија постапказаодлучувањевоуправнапостапкаипостапкаодработенодносвовторстепен

  • ЗОУП 2011

  • Самостоен орган со својство на правно лице

  • претседателишестчленакоифункцијатајаизвршуваатпрофесионално

  • ПретседателотичленовитенаКомисијатагиименувапопатнајавенконкурсигиразрешуваСобраниетонаРепубликаМакедонијанапредлогнаКомисијатазапрашањанаизборитеиименувањатанаСобраниетона РМ запериододпетгодинисоправонаповторенизбор

  • Условите за избор на претседател:државјанинна РМ, дипломиранправник со најмалкушестгодиниработноискуствонауправниработи,

  • член на Комисијата:условите се исти со исклучок на работното искуство, односно кандидат мора да има четиригодиниработноискуствонауправниработи


Државна комисија постапказаодлучувањевоуправнапостапкаипостапкаодработенодносвовторстепен

  • решавањепожалбипротиврешенијадонесенивоуправнапостапкавопрвстепенодстрананаминистерствата, другитеорганинадржавнатауправаиорганизациисо јавни овластувања.

  • одлучуваизапрашањаодобластанаработнитеодносивовторстепенкоинесевонадлежностнаАгенцијатазаадминистрација

  • одлучува запрашањатаодобластанаработнитеодносизадржавнитеслужбеницикои се вработени воАгенцијатазаадминистрација

  • Одлучува по жалби противрешенијатанаМинистерствотозавнатрешниработисокоисепоништенирешенијатазадоделувањенанагради


Вонредни правни средства постапка

  • Обнова на управна постапка

  • Менување и укинување на решение во врска со управен спор

  • Вонредно укинување на решение

  • Менување и укинување на решение со согласност или по барање на странка

  • Огласување на решение за ништовно

  • Поништување на решение по право на надзор

  • БЗЗ


Извршување постапка

Извршување на решение претставува усогласување на правната со фактичката состојба.

Видови: доброволно и принудно; административно и судско; извршување на парични побарувања и непарични обврски


Литература постапка

  • Основна литература:

  • Гризо, Гелевски, Давитковски, Павловска Данева „Административно право“, 2011, 505-586;

  • Закон за општа управна постапка од 2005.

  • Дополнителна литература:

    Лилиќ, „Управно право“, Београд, 1995, стр. 249-363


Прашања и теми за дискусија и есеи:

  • Поим

  • Видови општа и посебни постапки

  • Принципи (начела)

  • Надлежност во административна постапка

  • Странки

  • Општење помеѓу органите на администрација и странките

  • Првостепена административна постапка

  • Поведување на постапка

  • Докажување

  • Решение

  • Редовни правни средства (жалба)

  • Вонредни правни средства

  • Извршување


ad