slide1
Download
Skip this Video
Download Presentation
Најчести прашања за ХИВ/СИДА

Loading in 2 Seconds...

play fullscreen
1 / 32

Најчести прашања за ХИВ/СИДА - PowerPoint PPT Presentation


  • 187 Views
  • Uploaded on

Најчести прашања за ХИВ/СИДА. Црвена панделка. Црвената панделка е симбол на борба против СИДА,кој ја носи кажува дека е информиран,знае да се заштити и има разбирање и поддршка за оние кои се болни За прв пат е употребена во 1991 год.од Visual Aids New York.

loader
I am the owner, or an agent authorized to act on behalf of the owner, of the copyrighted work described.
capcha
Download Presentation

PowerPoint Slideshow about 'Најчести прашања за ХИВ/СИДА' - nhung


An Image/Link below is provided (as is) to download presentation

Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author.While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server.


- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - E N D - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
Presentation Transcript
slide2
Црвена панделка
  • Црвената панделка е симбол на борба против СИДА,кој ја носи кажува дека е информиран,знае да се заштити и има разбирање и поддршка за оние кои се болни
  • За прв пат е употребена во 1991 год.од Visual Aids New York.
  • Таа е симбол на надеж дека епидемијата ке запре
slide3
Што е ХИВ?
  • Human Immunodeficiency virus
  • Хуман- Живее само во човековиот организам и сепренесува само од човек на човек
  • Имунодефициентен- состојба на слабост на имуниот систем каде истиот не функционира нормално, односно не е веќе во состојба да го одбрани човековиот организам
  • Вирус- микроорганизми кои го напаѓаат човековиот организам и предизвикуваат инфекции
  • ХИВ1 и ХИВ2 -според застапеност на вирусот во светот
  • Хив вирусот ги напаѓа главните клетки на човекот Т4 лимфоцити(бели крвни зрнца кои се наоѓаат на првата линија на одбрана на организмот од надворешни агенси.Хив вирусот се спојува со еден протеин од својата површина и со еден протеин на површината на Т4 лимфоцитот(ЦД4клетки)Се спојуваат нивните материјали и лимфоцитот почнув да произведува нови вируси.По одредено време првичниот заразен лимфоцит умира, се распаѓа во крвта при што во неа се испуштаат нови ХИВ вируси
slide4
Што е СИДА?
  • Синдром-збир на симптоми или болести кои во основа имаат заедничка причина
  • Стекната- не е наследна,стекната е во текот на животот,не претставува пореметување на човековиот наследен материјал т.е.гените
  • Имунолошки систем- во текот на болеста примарно е зафатен имуниот систем т.е. системот за одбрана на организмот од инфекции и болести
  • Дефициенција- слабост
  • СИДА е состојба на недостиг на имунитет во човековиот организам, која се карактеризира со постепено намалување на способноста на организмот да се бори против инфекциите кои се предизвикани од ХИВ вирусот
slide5
Од каде потекнува ХИВ вирусот?
  • Уште кон крајот на 70-те години во САД се пријавени случаи на луѓе кои умирале од некарактеристичен тип на воспаление на белите дробови, болест што најчесто се јавува кај лицата заболени од СИДА.
  • Во 1982 год.болеста е именувана како СИДА
  • Во 1984 год.вирусот кој што ја педизвикува е наречен ХИВ
slide6
Како се пренесува ХИВ?
  • Преку сексуален контакт:

-вагинален,анален или орален секс без употреба на кондом

  • Крв и крвни продукти:

-свежи рани,

-заедничка опрема за инјектирање(игли,шприцеви,кукери,вати...)

-повреда со контаминиран оштар предмет,

-трансфузија на инфицирана крв и /или трансплантација на инфицирани органи

-употреба на контаминирани инструменти и предмети со кои намерно или ненамерно може да се пробие кожната бариера

-прскање на инфицирана крв врз мукозните мембрани

  • Перинатален начин:

-мајка инфицирана со ХИВ може да го зарази своето дете за време на бременост,при породување и при доење

slide7
Како не се пренесува ХИВ?
  • Секојдневни социјални контакти
  • Носење заедничка облека
  • Допир
  • Пот
  • Солзи
  • Плунка
  • Бакнеж
  • Кивање
  • Кашлање
  • Ракување
  • Гушкање
  • Користење на исти прибор за јадење и пиење
  • Употреба на јавни тоалети,базени,сауни...
  • Убод од комарец и каснување од инсекти
  • Тетовирање
  • Депилација
  • Живеење и работа со ХИВ+ лица
slide8
Постои ли 100% сигурен начин за да се избегне инфекција од ХИВ по сексуален пат?
  • Единствен 100% сигурен начин да се избегне ХИВ инфицирање по сексуален пат е практикување сексуална апстиненција т.е.немање секс
slide9
Дали со користење на кондом се намалува ризикот од ХИВ инфекцијата?
  • Да (ја на малува можноста за доаѓање во контакт со телесни флуиди на друга личност),но кондомите не се 100% заштита од ХИВ
  • Причина поради која кондомите понекогаш не штитат лежи во нивната неправилна употреба,начин на чување,колку внимателно се отвара опаковката. Совет:Секогаш употребувајте кондоми изработени од латекс, затоа што овој материјал се покажал како најдобра заштита од ХИВ вирусот
slide10
Како се пренесува ХИВ преку инјектирање дроги?
  • При секое инјектирање мало количество на крв останува на приборот и сигурно ке влезе во крвотокот на следниот кој ке ја употреби опремата(игли,шприцеви,кукери,вати...)
  • Со секоја заедничка употреба на опрема за инјектирање со некој друг кој има ХИВ или неговиот ХИВ статус е непознат ризикуваш да бидеш инфициран
slide11
Како може лицата кои инјектираат дроги да го намалат ризикот од ХИВ инфекција?
  • Престани со земање дрога!(ризикот од ХИВ инфекција преку игли,шприцеви и друга опрема може комплетно да биде елиминиран со престанок на инјектирање на дрога)
  • Редуцирај го земањето дрога!(се намалува ризикот од потенцијално изложување со ХИВ)
  • Секогаш употребувај нова/стерилна опрема за инјектирање
slide12
Дали сексуален контакт со повеќе партнери ме става во поголем ризик од ХИВ?
  • Да
  • Се зголемува шансата да дојдеш во контакт со некој кој е инфициран
  • Се зголемува ризикот за добивање на други СПИ(херпес,гонореја,кламидија,сифилис...)
  • Што се однесува на ХИВ и неговата трансмисија преку различни сексуални контакти, ризикот изнесува 10-15% а се зголемува со зголемување на бројот на сексуалните партнери, присуство на други заболувања, и е во директна зависност од количината на вирусот во крвта.
slide13
Дали кај сите луѓе кои биле во опасност од изложување на ХИВ доаѓа до инфицирање?
  • Не
  • Може да бидеш инфициран и од само еден единствен контакт со ХИВ инфицирани телесни течности
  • Дали некој ке се инфицира по одреден допир со вирусот зависи од количината на вирусот во крвта и начинот на кој вирусот навлегува во телото
slide14
Можам ли да добијам ХИВ од контакт со лекар,забар или друг здравствен работник?
  • Многу е мала веројатноста
  • Заради своја и заради заштита на здравјето на своите пациенти,здравствените работници во сите земји и установи практикуваат и употребуваат универзална процедура која вклучува користење латекс ракавици,миење на рацете пред и по медицинска интервенција,инјекционен прибор за една употреба како и работење со стерилни инструменти
  • Совет:Пациентите треба да ги избегнуваат сите крвни интервенции без употреба на стерилни инструменти и без соодветна заштита на медицинското лице
slide15
Дали преку кожата може да се пренесе ХИВ вирусот?
  • Кожата како надворешна обвивка на телото претставува природна заштита од причинители на болести(бактерии, вируси, габички итн.)вклучувајки го и ХИВ вирусот.Поради тоа ризик од пренесување на ХИВ вирусот при директен контакт на потенцијално неинфицирана телесна течност(крв и крвни продукти, предсемена и семена течност, вагинален секрет итн.) со здрава, неоштетена кожа, не постои
  • Совет:Кога кожата е повредена секогаш треба да се избегнува незаштитен контакт со течности што потенцијално се носители на ХИВ вирусот.Сепак доколку на било кој начин дојде до ваков контакт, раната на кожата веднаш треба да се измие со вода и сапун
slide16
Дали се пренесува вирусот преку домашни миленици?
  • Луѓето се единствени носители на ХИВ вирусот
  • ФИВ вирус ка ј мачките
  • СИВ вирус кај мајмуните
slide17
Дали ХИВ вирусот може да се пренесе преку комарци и др.инсекти?
  • Научниците докажале дека ХИВ вирусот не се пренесува на овиј начин
  • ХИВ вирусот умира во стомакот на инсектите и комарците
  • ХИВ ВИРУСОТ ЖИВЕЕ САМО ВО ОРГАНИЗМОТ НА ЧОВЕКОТ
slide18
Дали ХИВ се пренесува преку бакнеж?
  • Бакнеж во образ или тн. социјален бакнеж во секојдневната комуникација не претставува никаков ризик од пренос на ХИВ вирусот
  • Бакнеж со отворена уста и со употреба на јазик т.н.француски или влажен бакнеж се верува дека претставува активност со многу низок праг за пренос на ХИВ вирусот
  • Можност за пренос на ХИВ вирусот постои единствено ако двата партнера имаат истовремено крварење од расипан заб, раничка во уста, крварење од непцата поради нивно воспаление итн.
  • Плунката во устата не претставува телесна течност преку која се пренесува ХИВ вирусот.Постојат ензими во устата што го уништуваат ХИВ вирусот.Кај влажниот бакнеж пренос на ХИВ вирусот не е можен преку плунката
slide19
Дали ХИВ се пренесува преку вештачко дишење уста на уста?
  • Постои ризик за пренос на ХИВ и затоа се препорачува вештачкото дичење уста на уста да се замени со механички апарати
  • Доколку се најдете во ситуација во која треба да дадете прва медицинска помош со вештачко дишење уста на уста, употребувајте газа(која обично се наоѓа во приборот за прва помош во возилата)што ке ја ставите преку устата на човекот кому му укажувате прва помош.Сепак, најдобро е доколку во вашето возило имате пумпичка за воздух која се нарекува Амбу пумпа
slide20
Дали ХИВ се пренесува преку спортски активности?
  • Не постои ризик за пренос на ХИВ вирусот преку спортски активности каде што нема повреди и крварење
  • Во секоја таква ситуација спортистот е должен да го напушти натпреварот, да го запре крварењето, да ја дезинфицира и соодветно заштити и покрие раната
  • ХИВ вирусот не може да се пренесе преку потта на спортистите
slide21
Дали ХИВ може да се пренесе преку трансфузија на крв?
  • Републичкиот завод за трансфузиологија изведува ХИВ тест на на секоја единица дарувана крв во РМ
  • Дали ХИВ може да се пренесе преку тетовирање, дупчење уши, акупунктура, бричење?
  • Теоретски, пренос на вирусот е можен во случај на присуство на заразена крв со ХИВ на инструментот со кој се работи и кој се употребува на повеќе луѓе
  • Ризикот се елиминира доколку се употребува еден инструмент за еден човек или ако предходно употребениот инструмент се измие и стелиризира
slide22
Како се пренесува вирусот од мајка на дете?
  • ХИВ како самостојна инфекција кај мајката, има можност да се пренесе од 3-35% на новороденчето
  • Вертикална трансмисија на ХИВ е можна во текот на бременост, породување или доење
  • Употреба на лекови против вирусот,здравствената состојба на мајката, породување со царски рез, значително го намалуваат процентот на заразени новороденчиња
slide23
Дали можам да се вакцинирам против ХИВ/СИДА?
  • Не
  • Засега таква вакцина не постои иако има обиди да се пронајде, но се уште е во фаза на истражување
slide24
Дали постои лек за ХИВ/СИДА?
  • Не
  • Таков лек сеуште не е пронајден но постојат медикаменти кои им помагаат на болните на живеат подолго и поквалитетно
  • Постојат лекови за лекување на опортунистички инфекции и болести кои се појавуваат во нејзин состав
  • Постојат и креми и масти за третман на кожни промени како и лекови за контрола на болката, проливи, за анмалување на хроничен замор, стимулација на апетит итн.
slide25
Колку долго може човек да живее со ХИВ/СИДА?
  • Лекарствата,кои во поново време се развиваат им ги продолжуваат животите на луѓето кои живеат со ХИВ/СИДА со години па дури и децении.
  • Медикаментите се третман а не лек и не делуваат еднакво ефикасно кај секого
  • Без третман некои луѓе живеат само неколку години по инфицирањето со ХИВ,додека други живеат многу подолго
slide26
Кога преминува ХИВ во СИДА?
  • Кога бројот на ЦД-4 клетките во крвта ке опадне под 200( во нормални услови бројот е до 500 и повеќе)
  • Кај одредени личности се појавуваат т.н.опортунистички инфекции
  • Ке се развие некоја од специфичните сериозни состојби кои уште се викаат и болести кои ја дефинираат сидата
slide27
Имаат ли симптоми луѓето инфицирани со ХИВ?
  • Луѓето инфицирани со ХИВ може да немаат симптоми десетина и повеќе години,може и воопшто да не се свесни дека се инфицирани
  • ХИВ тест е единствен начин да се знае дали некој е инфициран или не
slide28
Кои се симптомите на ХИВ инфекција?
  • Кратко време по инфицирање има симптоми слични на настинка(гадење,повраќање,главоболки,болки во мускули,чувство на замор,несоница,стомачни болки итн.)кои траат неколку дена и исчезнуваат-АКУТНА ХИВ ИНФЕКЦИЈА
  • Симптоми на влошена ХИВ инфекција и СИДА(отечени жлезди,треска и кожни осипи,губиток на моторна контрола,ментални пореметувања)
  • Во најдоцен стадиум на болеста се јавуваат опортунистички инфекции(туберкулоза, воспаление на белите дробови, габична инфекција во уста,херпес на генитални органи, воспаленија на мозок и во краен случај стадиум на малигни тумори кој завршува со смртен исход
  • Само ХИВ-тест со сигурност може да го даде ХИВ-статусот на одредена личност
slide29
Зошто е добро ХИВ позитивните да бидат под медицински надзор?
  • Да се следи секоја промена кај ХИВ позитивна личност според одреден протокол од страна на специјалист инфектолог
  • Следење на здравствена состојба
  • Вршење на редовни контроли
  • Лабораториски биохемиски анализи
slide30
Статистика за ХИВ/СИДА во РМ
  • Во Р.Македонија годинава се регистрирани 12 нови случаи на лица заболени од СИДА што претставува рекорден број од почетокот на епидемијата во 1987 со првиот регистриран ХИВ позитивен и 1989 со првиот регистриран заболен од СИДА.Вкупниот број регистрирани лица во Македонија со ХИВ/СИДА од почетокот на епидемијата досега изнесува 79, од кои 63 лица се заболени, а 16 ХИВ позитивни. Од заболените 50 лица веќе се починати. Најпогодена група е сексуално активното население од 20 - 39 години, а доминантниот начин на пренесување е хетеросексуалниот. Од вкупниот број заболени и ХИВ позитивни дури 70 проценти се мажи.Во Република Македонија просечниот период на преживување од откривање на ХИВ позитивноста е 592 дена, а од појавата на клиничките симптоми 218 дена. Максимално преживување од откривање на ХИВ инфекцијата регистрирана кај нас е 12 години 7 месеци и 4 дена.
slide31
Факти за ХИВ/СИДА
  • Во последните 20 години, откако бил идентификуван првиот случај на ХИВ/СИДА, повеќе од 20 милиони луѓе умреа како резултат на инфекцијата со ХИВ.СИДА-та во моментов е главна причина за смртност меѓу населението на возраст од 15 до 59 години во светот.Во моментов има околу 40 милиони луѓе кои живеат со ХИВ/СИДА.Една четвртина од нив се на возраст од 15 до 24 години.Секој ден со ХИВ се инфицираат нови 6000 млади луѓе на возраст од 15 до 24 години.62% од малдите луѓе кои живеат со ХИВ/СИДА се женски лица.
ad