slide1 n.
Download
Skip this Video
Loading SlideShow in 5 Seconds..
Акти на органите на администрација PowerPoint Presentation
Download Presentation
Акти на органите на администрација

Loading in 2 Seconds...

play fullscreen
1 / 41

Акти на органите на администрација - PowerPoint PPT Presentation


  • 130 Views
  • Uploaded on

Акти на органите на администрација. Поим, видови и карактерисики на административни акти, административни договори. Акти на администрацијата. Поим:

loader
I am the owner, or an agent authorized to act on behalf of the owner, of the copyrighted work described.
capcha
Download Presentation

PowerPoint Slideshow about 'Акти на органите на администрација' - neva


An Image/Link below is provided (as is) to download presentation

Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author.While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server.


- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - E N D - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
Presentation Transcript
slide1

Акти на органите на администрација

Поим, видови и карактерисики на административни акти, административни договори

slide2
Акти на администрацијата

Поим:

Акти на администрацијата се сите правни акти и материјални дејствија што администрацијата ги донесува или презема при вршењето на административните дејности.

slide3
Видови акти на администрацијата

1. Правни акти

  • Општи акти на администрацијата:

Административни (управни) прописи

  • Конкретни акти на администрацијата:

А) Административни (управни) акти

Б) Административни (управни) договори

2. Материјални акти

slide4
Општи правни акти – административни (управни) прописи

Административните прописи се општи правни акти кои како нормативни акти ги донесува администрацијата. Тие по својата содржина се акти – правила, со кои се пропишува некое општо и апстрактно правило за неопределен број случаи и лица (erga omnes дејство).

slide5
Општи правни акти – административни (управни) прописи
  • Нормативната дејност (донесување општи правни акти) по правило претставува надлежност на Собранието.
  • Нормативната дејност на органите на администрацијата се состои во донесување подзаконски општи правни акти, само кога со закон се овластени за тоа
  • Со административните (управни прописи) не може да се установуваат нови права и обврски за граѓаните, туку само се презицираат и доразработуваат законите
slide6
Видови општи правни акти – административни (управни) прописи во РМ
  • Правилник – најважен подзаконски акт на администрацијата, со кој се разработуваат одделни одредби од законот или друг општ пропис на Собранието и Владата. Пр: Правилник за организација и систематизација на работни места; Правилник за плати и надоместоци, Правилник за користење отсуства и сл.
  • Наредба – се наредува или забранува постапување во одредена ситуација која има општо значење. Пр: наредба за евакуација, за мобилизација, за вакцинација,за чистење снег и сл.
slide7
Видови општи правни акти – административни (управни) прописи во РМ
  • Управно упатство – задолжителни правила за начинот на работа и постапување во примената на законот на органите, установите, трговските друштва, јавните претпријатија и другите организации кога вршат повремени работи на државната управа заради успешно извршување на тие работи
  • Стручно упатство (инструкција) – правила за стручно усовршување на службата и за стручната работа на вработените. Немаат задолжителен карактер
slide8
Конкретни правни акти на администрацијата

Конкретни административни (управни) акти се акти со кои се пропишува некое поединечно и конкретно правило за одреден случај и одредено лице

slide9
Основни обележја на административните (управните) акти
  • Конкретност – актот се однесува на конкретна правна ситуација, која не е трајна и повторлива, туку еднократна и неповторлива.
  • Авторитативност – со актот може на некое лице да му се наметне одредено однесување кое лицето не би го избрало по слободна волја Одлуката содржана во актот има принуден/императивен карактер.
slide10
Основни обележја на административните (управните) акти
  • Правно дејство – актот произведува непосредни измени во правниот поредок. Една правна состојба се воспоставува, менува или укинува.
  • Заснованост на закон – начело на законитост. За донесување на актот мора да постои законски основ, да биде донесен во рамките на законските овластувања на доносителот и во постапка утврдена со закон.
  • Извршност – можност за принудно извршување на актот кога со него се создава обврска за странката.
slide11
Основни обележја на административните (управните) акти
  • Донесување во управни работи – се донесува по повод решавање на т.н. управни работи. Управна работа претставува правна ситуација во која врз основа на правни прописи се решава за права, обврски или правни интереси на некое лице во конкретен случај. Преку овој критериум се врши материјално разликување помеѓу управен и судски акт.
  • Доносител на актот – го донесува само овластен доносител. Тое се пред се државните органи, најчесто административните државни органи, но и други (на пр. Владата), понатаму, други државни субјекти, органите на единиците на локалната самоуправа, како и недржавни субјекти на кои врз основа на закон им е доверено вршење на јавни овластувања.
slide12
Видови конкретни административни акти
  • Позитивни и негативни
  • Конститутивни и декларативни
  • Врзани и дискрециони
  • Единствени и збирни
slide13
Позитивни административни акти
  • Позитивни административни акти се оние конкретни акти на администрацијата со кои се создава, менува или укинува одредена правна ситуација или однос. На пр. решение за доделување детски додаток, дозвола за носење оружје и сл.

Зборот позитивен е употребен во смисла на акција (дејство) со која се предизвикува промена во постечките односи без оглед на фактот дали со таа акција се создава, менува или укинува правна ситуација, односно правото.

slide14
Негативни администраивни акти
  • Негативните управни акти се такви акти на управата со кои не се вршат никаквипромени во постоечките управно-правни односи. Со нив, ниту се создаваат нови правни ситуации, ниту пак создадените правни ситуации или односи се менуваат или укинуваат. Со актот изрично или молејќи (без да се донесе решение) си останува постоечката правна ситуација или однос. На пр. Решение за одбивање на барањето за детски додаток, за носење оружје и сл.
slide15
Конститутивни административни акти
  • Конститутивни административниакти се оние акти на администрацијата кои сами создаваат, менуваат и укинуваат одредени (управно)-правни ситуации или административно (управно)-правни односи.

Конститутивните акти имаат правно дејство од моментот кога се донесени или соопштени. Тие немаат ретроактивно (наназад) дејство, односно пред актот да биде донесен.

slide16
Видови конститутивни акти
  • Наредби (наредувања)како конкретни конститутивни актим, се такви акти со кои органите на администрацијата издаваат конкретни заповеди(да се плати данок) или забрани (за одржување на јавен собир), односно им наредуваат на поединците или на определена група луше нешто да чинат или да се воздржат од чинење.
slide17
Видови конститутивни акти
  • Признавања на способности или својства

Со овие конститутивни акти се признава правна способност на правни лица или се признаваат извесни својства. На пример, својство,својство на правно лице на едно претпријатие по неговиот упис во централниот регистар, или прогласување на одредени природни убавини за национален парк, споменик на културатаи друго.

slide18
Видови конститутивни акти
  • Признавање на права и дозволи

Со овие конститутивни акти на поединци и на правни лица им се признаваат разни лични или стварни права или им се издаваат дозволи со кои се одобрува потрајно вршење на одредена дејност. На пример, право на патент, дозвола залов и риболов, право на пензија и друго.

slide19
Декларативни административни акти
  • Декларативни акти се, исто така, позитивни акти со кои се декларира дека настапиле одредени законски услови врз основа на кои по силата на законот се создава, менува или укинува одредена правна ситуација или однос. Декларативните акти не создаваат сами,не менуваат, ниту пак, укинуваат правни односи, туку само утврдуваат дека се исполнети законските услови тие важат од моментот кога е декларирано дека настапиле законските услови за промената на правната ситуација и на правниот однос (ретроактивно правно дејство).
slide20
Врзани со закон административни акти
  • Врзани со закон административни акти се оние акти за кои со закон е однапред предвидено нивното донесување, како и нивната содржина. Иницијативата за донесување и содржината на актот се однапред со закон определени.
slide21
Дискрециони административни акти
  • Дискрециони административни акти или акти донесени по слободна оцена се оние акти чиј доносител е овластен по слободна оцена да одреди дали во конкретниот случај воопшто ќе донесе акт и ако го донесе, каква ќе биде содржината на актот. Дискреционите акти содржат овластување за администрацијата да избира помеѓу две или повеќе правно еднакви алтернативи.
slide22
Ограничувања на дискреционите акти
  • Доносителот мора да има законско овластување за донесување таков акт;
  • Актот да е донесен во законски пропишана постапка;
  • Мора да се почитува формата на актот
  • Не смее да биде пречекорено овластувањето
  • Овластувањето не смее да биде употребено спротивно на целта заради која е дадено

Ако актот е донесен спротивно на првите четири ограничувања ќе биде незаконит.

Ако е донесен спротивно на целта заради која е дадено овластувањето (јавниот интерес), односно со погрешна слободна оцена, актот ќе биде нецелисходен.

slide23
Единствени и збирни административни акти
  • Едноставен административен акт е конкретен акт донесен од страна на еден овластен доносител
  • Збирен административен акт е конкретен акт во чие донесување учествувале два или повеќе овластени доносители.
slide24
Видови збирни административни акти
  • Решенија за кои решаваат два и повеќе органи. Секој од овие управни органи посебно ќе решава и ќе го реши управниот предмет, меѓутоа, тие меѓусебно ќе се договорат и ќе се спогодат само еден од нив да го издаде решението. Во решението што го издава еден од овие органи ќе мора да се наведе и актот на другиот орган кој учествувал во решавањето на предметот.
slide25
Видови збирни административни акти
  • Решенијата што ги донесува еден орган во согласност со друг орган
  • Согласноста што ја издава органот на административниот орган што го донесува решението може да виде претходна согланост или дополнителна согласност.

Претходна - сеизвестува органот што треба да ја даде претходната согласност дека постои намера за донесување такво решение. Во случај да ја добие согласноста надлежниот орган може да го донесе решението. На пример, решението за здобивање или за отпуст на државјанство на Република Македонија се донесува со претходна согласност на друг орган.

Дополнителна – органот што е надлежен да го донесе решението го составува и го испраќа на дополнителна согласност на надлежниот орган со сите потребни списи.Од моментот кога ќе ја добие дополнителната согласност – решението ќе се смета за полноважно.

slide26
Видови збирни административни акти
  • Решение со потврда или со одобрение на друг орган

Најчесто потврдата/одобрението се прибавува од повисокиот орган

slide27
Видови збирни административни акти
  • Решението по прибавено мислење на друг орган

Органот ќе мора пред да го решава предметот да побара мислење од другиот орган, во спротивно не ќе може да го донесе решението. Меѓутоа, прибавеното мислење не го врзува органот кој го донел решението, па тој може и поминаку да го реши предметот.

slide28
Административни договори

Административниот договор претставува двостран правен однос во чие создавање учествуваат јавната администрација и приватен субјект, од кој за двете страни произлегуваат права и обврски насочени кон истовремено остварување на јавен интерес и постигнување економски ефект, при што јавниот интерес е од доминантно значење.

slide29
КАРАКТЕРИСТИКИ:
  • Јавната администрација како договорна страна;
  • Присуство на дерогативни клаузули-елементи кои излегуваат од границите на општото договорно право;
  • Цел – јавен интерес;
  • Надлежност на административно судство во решавање на споровите
slide30
ДОНОСИТЕЛ -УПРАВА

ЕДНОСТРАНОСТ

АВТОРИТАВ-НОСТ

КОНКРЕТНОСТ

КОНТРАКТОР -УПРАВА

ДВОСТРАНОСТ

ДОБРОВОЛНОСТ

INTER PARTES + ERGA OMNES

Управен акт Управен договор
slide31
СОГЛАСНОСТ НА ВОЛЈИ

ДВОСТРАНОСТ

СЕКОЕ ФИЗИЧКО ИЛИ ПРАВНО ЛИЦЕ – ДОГОВОРНА СТРАНА

СЛОБОДА НА ИЗБОР НА СОДОГОВАРАЧ

ЕДНАКВОСТ НА СТРАНИТЕ

ЕКОНОМСКИ ЕФЕКТ

РЕДОВНО СУДСТВО

СОГЛАСНОСТ НА ВОЛЈИ

ДВОСТРАНОСТ

АДМИНИСТРАЦИЈА КАКО ДОГОВОРНА СТРАНА

СТРОГИ ПРАВИЛА ЗА ИЗБОР НА СОДОГОВАР.

ПРЕРОГАТИВИ И ОДГОВОРНОСТ ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА

ЈАВЕН ИНТЕРЕС

АДМИНИСТРАТИВ. СУДСТВО

Граѓански договор – административен договор
slide32
УПРАВНИТЕ ДОГОВОРИ И РЕФОРМАТА НА ЈАВНИОТ СЕКТОР ВО РМ
  • Функционална децентрализација
  • Ефикасност во вршењето јавни служби
  • Контрола над остварувањето на јавниот интерес
  • Установување управно судство
  • Судската практика – извор на управното право
slide33
Материјални акти на органите на администрација
  • Материјалните акти на администрацијата се материјални дејствија (операции) што ги преземаат административните органи. Тие, за разлика од правните акти, не предизвикуваат никакви правни последици, но мопжат да послужат како основа за остварување на одредени правни ситуации или за одредување на содржината на одделни правни односи.
slide34
Видови материјални акти
  • Материјални акти на документирање;
  • Материјални акти на известување;
  • Материјални акти на примање изјави;
  • Други материјални акти
slide35
Материјални акти на документирање
  • Во нив органите на јавната администрацијабележат разни појави, лични својства и други факти и даваат податоци за тие појави, својства и факти:

А) материјални акти на евиденција–се бележат појваите, својствата и фактите(регистри, картотеки, списоци, книги...)

Б) материјални акти на издавање уверенија – се даваат податоци за сите овие појави, својства и факти за кои се води евиденција

slide36
Уверение - решение
  • Уверенијата со својата форма претставуваат материјални административни акти кои сами по себе не произведуваат правен ефект, но служат како основа за донесување на решенија (конкретни административни акти) со кои се создаваат, менуваат и укинуваат одредени правни ситуации или правни односи
  • Својство на јавна исправа
  • Со решенијата се засноваат, менуваат или укинуваат административно-правни односи, асо уверенијата само декларативно се тврди постоење на одредена појава, својство или факти – кои можат да послужат како основа, или да бидат од влијание за донесување на решението.
slide37
Материјални акти на известување
  • Известување на заинтересирани лица за разновидни состојби, факти и појави, како и објавување на правни факти.
slide38
Материјални акти на примање изјави
  • Овие акти ја означуваат дејност на административните органи во врска со примањето на претставки и други поднесоци. На пример, сослушување на сведоци, вештаци, примање на заклетва, како и пријава во матичните органи во врска со раѓањањето на децата, венчавањето, смртта на одредени лица, примањето на даночнити пријави, поднесувањето на царински декларации и друго.
slide39
Други материјални акти
  • Во оваа група на материјални акти се вбројуваат сите останати материјални административниакти. На пример, разни стручни, технички, уметнички и други работи на разни органи и организации кои вршат јавни овластувања. На пример, прегледи на каси, на материјали, книги, елаборати, жигосувања на предмети, апарати и друго.
slide40
Литература:
  • Основна литература:
  • Гризо, Гелевски, Давитковски, Павловска Данева „Административно право“, 2007, стр. 333-358;
  • Закон за организација и работа на органите на државната управа од 2000 год
  • Давитковски, Павловска-Данева „Нов концепт во нашето право:управните договори потреба или нужност“, Правник, март/април, 2001
  • Дополнителна литература:

Лилиќ, „Управно право“, Београд, 1995, стр. 209-249

slide41
Прашања и теми за дискусија и есеи:
  • Поим на акт на администрацијата
  • Видови акти на администрацијата
  • Општи акти на администрацијата
  • Конкретни управни акти
  • Позитивни и негативни акти
  • Конститутивни и декларативни акти
  • Со закон врзани и дискрециони акти
  • Единствени и збирни акти
  • Материјални акти на администрацијата
  • Административни договори