180 likes | 336 Views
Четврта годишна ревизија на референтни цени на лекови. Декември 2013 година. СОДРЖИНА НА ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА. Вовед Постапка за утврдување на РЦЛ Ефекти од новите РЦЛ Резултати - сумарно Заклучоци Обврски на лекарите и фармацевтите Идни цели и проекти на Фондот. ВОВЕД.
E N D
Четврта годишна ревизија на референтни цени на лекови Декември 2013 година
СОДРЖИНА НА ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА • Вовед • Постапка за утврдување на РЦЛ • Ефекти од новите РЦЛ • Резултати - сумарно • Заклучоци • Обврски на лекарите и фармацевтите • Идни цели и проекти на Фондот
ВОВЕД • Системот на РЦ на лекови e воведен 2008 година • Референтна цена е максимален износ кој Фондот го надоместува за лек од позитивната листа (ЗЗО) • РЦ се утврдува за лековите по генерика со фармацевтска форма и јачина, од примарна и болничка позитивна листа • Споредбена методологија на ФЗОМ од 2009/2010 година • Споредба на цени на лекови од Р.Македонија со референтните земји: Р.Србија, Р.Бугарија, Р.Хрватска и Р.Словенија • Транспарентен, динамичен и континуиран процес со јасни и едноставни правила • Најмалку еднаш годишно - целосна ревизија на РЦЛ
Постапка за утврдување на референтни цени на лекови (РЦЛ) • Пресметки на референтни цени на лекови врз база на цени од референтните земји и единствените одобрени цени на лекови во РМ, согласно методологијата • Одлука на Управниот одбор по предлог за утврдување на предлог референтни цени на лекови која се објавува на веб страната на Фондот • Рок од 15 дена од објавата на Одлуката за предлог РЦЛ за носителите на решенија за лекови кои можат да достават евентуални забелешки • Разгледување на забелешките и преговори со фармацевтски куќи (оваа година рекордни 42 средби) соцелзголемување на бројот на лековите без доплата од осигурениците и намалување на доплатата
Одлука за РЦЛ Одлуката за утврдување на РЦЛ на Управниот одбор на Фондот се објавува во Службениот весник на РМ по добивање на согласност од министерот за здравство • Новата Одлука за РЦЛ е објавена во Службен весник на РМ бр. 172/2013 • РЦЛ се објавуваат и на веб страната на Фондот • Новите РЦЛ ќе се применуваат од 19.12.2013
Ефекти од четвртата годишна ревизија на РЦЛ по генерика Сите лекови од болничката ПЛЛ по генерика се без доплата
ПЗЗ: Ефекти од четвртата годишна ревизија на РЦЛ по генерикадек. 2013 година • 76,5 % - највисок достигнат процент на лекови без доплата (за 3,5% повеќе од досегашниот) • Вкупно 15 лекови (9%) по генерика повеќе со РЦ • Од 2009 - 2013 година има околу 4 пати повеќе лекови без доплата • Постои тенденција и понатаму да се намалува бројот на лекови со доплата
Нови лекови по генерикабез доплата
Примарна Здравствена Заштита: Споредба за лекови по заштитено име - без и со доплата2009 - 2013 година • 85% лекови се без доплата или со минимална доплата до 100 денари • Три пати повеќе лекови по заштитено име без доплата (2009-2013) • За 60 % лекови кои се со намалена РЦ се намалува и партиципацијата • За 32% од лековите со намалена РЦ има намалување на вкупниот износ кој го плаќаат осигурениците (доплата + партиципација)
Тенденција за идни намалувања на разлики во цени на лекови Лекови од предлогот кои имаат доплата над 500 денари
Примери на лекови каде е намалена партиципацијата
РЕЗУЛТАТИ - сумарно • 391 лек по генерика за ПЗЗ (15 лекови повеќе) со РЦ - 76,5% лекови по генерика се без доплата (за 3,5 % повеќе од претходно) • Од 77 лекови во 2009 година, сега се 299 лекови без доплата по генерика или четири пати повеќе • Од 166 лекови во 2009 година сега се околу три пати повеќе, т.е. 441 лек без доплата по заштитено име од вкупно 1035 лекови (43% лекови без доплата за ПЗЗ по заштитено име) • континуирано намалување на доплати за лекови • повеќе лекови за осигурениците
ЗАКЛУЧОЦИ • транспарентна постапка, • избалансирани референтни цени на лекови, • зголемена конкуренција помеѓу фармацевтските компании, • следење на трендот на намалување на цените на лековите во регионот, • намалување на единствени одобрени цени на лекови, • континуирано градење на партнерски однос помеѓу Фондот и фармацевтските куќи за доброто на осигурениците, • ефикасно и наменско користење на средствата од Фондот, • заштеди на средства за граѓаните.
ОБВРСКИ НА ЛЕКАРИТЕ И ФАРМАЦЕВТИТЕ • ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА ГИ ИНФОРМИРААТ ОСИГУРЕНИЦИТЕ ЗА ЛЕКОВИТЕ КОИ ФОНДОТ ГИ ОБЕЗБЕДУВА БЕЗ ДОПЛАТА ЗА ТИЕ ДА МОЖАТ ДА НАПРАВАТ ИЗБОР ПОМЕЃУ ЛЕК СО ИЛИ БЕЗ ДОПЛАТА • ДА ГО ИСТАКНАТ ВО А3-ФОРМАТ СПИСОКОТ НА ЛЕКОВИ ПО ЗАШТИТЕНО ИМЕ КОИ СЕ БЕЗ ДОПЛАТА • ДА ГИ ДАВААТ СИТЕ ПОТРЕБНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЛЕКОВИТЕ И НИВНОТО ПРАВИЛНО И БЕЗБЕДНО КОРИСТЕЊЕ И ЧУВАЊЕ • ДА ГИ СЛЕДАТ НОВИНИТЕ ЗА ЛЕКОВИТЕ
ИДНИ ЦЕЛИ И ПРОЕКТИ НА ФОНДОТ ЗА ЛЕКОВИТЕ • Лек без доплата за секоја генерика од примарната позитивна листа • Повеќе лекови за осигурениците со максимално избалансирани цени согласно прописите, актуелните состојби и можностите. • Поквалитетна фармацевтска услуга и грижа за осигурениците во аптеките • Достапност на сите неопходни информации за лековите • Рационално користење на лекови во интерес на здравјето на населението и идните генерации