1 / 8

Биологија Бактерии

Биологија Бактерии. Ментор: Марија Насковска Изработка: Давид Бојковски. Датум на изработка: 08.12.2011.

lilah
Download Presentation

Биологија Бактерии

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. БиологијаБактерии Ментор: Марија Насковска Изработка: Давид Бојковски Датум на изработка: 08.12.2011

  2. Бактериите(прокариотите) заедно со модро-зелените алги спаѓаат во царството на протисти. Најголем број од бактериите се едноклеточни организми. Тоа се микроорганизми од кои најмалите видови имаат дијаметар помал од 1 микрометар, кои не се гледаат со голо око. Бактериите се многу ситни организми составени само од една клетка, која е поедноставна и значително поинаква од растителните и животинските клетки. Вовед Escherichia coli

  3. Каде се присутни бактериите Бактериите живеат и се размножуваат таму каде што можат да најдат извор на енергија за живот. Некои живеат во или на друго живо суштество, било да се штетни (предизвикуваат болести) или корисни, на пример, заштитуваат од некои штетни бактерии. Повеќето од бактериите, меѓутоа, живеат во или на угинати растенија илиживотни и нивнито дејство предизвикува распаѓање (гниење).

  4. Градба на бактериите Кај бактериите отсуствуваат пластиди и митохондрии. Кај нив е присутен дифузно распределенјадрен материјал нуклеоид. Цитоплазмата е ограничена со клеточен ѕид, кој, во поглед набиохемискиот состав, се разликува од клеточниот ѕид на другите растенија. Тој се состои одамино киселини, липиди, протеини и трансформиран шеќер. Според ова, може да се каже дека претставува жива творба, за разлика од целулозниот ѕид кај клетките на другите растенија. Во состав на бактерискиот клеточен ѕид влегува и муреинот, хемиско соединение со доста сложен состав кое содржи мукопептиди. Под клеточниот ѕид се наоѓа клеточната мембрана. Некои бактерии имаат однадвор еден лигав слој, наречен капсула, кој има заштитна улога. Исто така, одредени видови поседуваат флагелуми (камшичиња), кои служат за движење.

  5. Форма на бактериите Според формата на клетката, бактериите се делат на: Топчести (коки) Стапчести (бацили) Спирални (спирили и спирохети). Освен овие форми, има и многу други т.н. преодни форми. Такви се на пример: Кокобацили Вибриони Стрептококи Стафилококи итн.

  6. Исхрана на бактериите Во поглед на исхраната, имаме автотрофни и хетеротрофни бактерии. Дел од автотрофните содржат бактериохлорофил и можат да вршат фотосинтеза (фотосинтетски бактерии), а дел кои не содржат фотосинтетски пигменти, ја користат хемиската енергија за синтеза на органски соединенија, во процесот хемосинтеза (хемосинтетски бактерии). Хетеротрофните бактерии се исхрануваат сапрофитски или паразитски. Сапрофитите се хранат со органски материи од изумрени организми, при што ги разложуваат до неоргански материи, потребни за процесот фотосинтеза кај растенијата. Сапрофитските бактерии (уште наречени и редуценти) се главните алки во синџирот на кружење на материите во природата. Паразитските бактерии паразитираат на растенијата, животните и човекот, предизвикувајќи притоа најразлични заболувања. Наречени се уште и патогени бактерии (како на пример хеликобактер). Некои бактерии (како Ешерихија коли) се составен дел од организмот на човекот, животните и растенијата, без кои тој не може да функционира.

  7. Размножување на бактериите Бактериите се размножуваат бесполово (со проста делба, а некои со спори) и полово. Спорите служат и за заштита на бактериите при неповолни животни услови, а при поволни се развиваат во нови единки, и тоа за многу брзо време (за само 20 минути, односно за само од 24 часа од една единка се создава популација од 636 милиони бактерии). Меѓутоа, сончевата светлина, температурата и некои други фактори (како ограничена количина на храна) влијаат за намалување на нивната бројност. Половото размножување кај бактериите се одвива само во многу поволни услови, по пат на конјугација.

  8. Заклучок Бактериите се распространети насекаде околу нас и на/во нас.Тие се најстарите жители на нашата планета и такви успеале да се задржат со до денес, иако се најпросто градени организми.Тоа е можеби поради тоа што многу брзо се размножуваат и огромен број нивни единки ја населуваат целата Земја. Живеат во водена средина, во почва, во воздух, во телото на различни организми како и на сите предмети.

More Related