150 likes | 378 Views
Отворете ги прозорците за е-инклузија Лидија Крстевска Дојчиновска. Конвенција на ОН за правата на лицата со инвалидност. Член 9- Достапност
E N D
Отворете ги прозорците за е-инклузија Лидија Крстевска Дојчиновска
Конвенција на ОН за правата на лицата со инвалидност • Член 9- Достапност ... Државите членки ќе преземаат соодветни мерки за да им обезбедат на лицата со инвалидност пристап до просторната околина, транспорт, информации и комуникации, вклучувајќи и до информатичките и комуникациските технологии и системи.... • Член 21- Слобода на изразување и мислење и пристап до информации • Македонија ја ратификуваше Конвенцијата на 5 декември 2011 година
Е- инклузија во Македонија • Национална стратегија за е- инклузија 2011 -2014 • Подготовка на водич за имплементација на W3C стандарди за веб пристапност • Софтвер за синтеза на говор на македонски јазик! • Набавка и дистрибуција на асистивни уреди во училиштата • Опремено место за лица со инвалидност во Интернет клубовите • „Компјутер за секое дете“- проект на М. за образование и М. за информатичко општество. Но дали е за секое дете?
Бесплатни интернет клубови- вкупно 22, сместени во урбани и рурални места. • Е- содржини во формалниот образовен процес • Е- сервиси- во фаза на развој, но без генерална свест за потребата од пристапност за лицата со инвалидност
Кои се корисници на нашите сервиси?
Нашите успеси низ годините • OtW опреми 10 дневни центри и НВО-а со компјутери и асистивна технологија низ државата • Обучи повеќе од 80 дефектолози и други професионалци за користење на АТ и адаптирање на компјутерите • Овие пристапни центри им овозможија на повеќе од 200 лица со различен хендикеп да имаат пристап до ИТ • Промоции и презентации за подигнување на свеста за значењето на АТ за лицата со хендикеп • Повеќе од 100 деца/ ученици/ студенти со хендикеп ги користеле услугите на нашиот Центар
Воведување АТ во основните училишта • Проект „Еднаков пристап за еднакви можности“-USAID, 2010-2012/ 2014 • Целна група- ученици со посебни потреби од основни редовни училишта во Македонија • Дистрибуција на асистивни уреди (тастатура со големи копчиња, тракбол, џојстик, издвоен клик и едукативен софтвер) во 21 основно редовно школо • Обучени повеќе од 400 учесници- наставници, стручни соработници и родители
Придобивки... • За прв пат се воведува Асистивна технологија во образовниот систем во Македонија • Директна поддршка на Инклузивноста во училиштата • Учениците со посебни потреби имаат подобри образовни можности и личен напредок
Позитивна приказна • Вера, 11 години • Петто одделение во редовно училиште
Почетоците…. • Вера имаше 5 години кога за прв пат дојде во нашиот Центар • Во тоа време сакаше да игра игри, но не можеше да користи стандарден компјутер • Со користење на адаптиран џојстик и издвоен клик, Вера ги играше своите омилени игри, како и другите деца
После една година почна да користи нов уред- тракбол, бидејќи имаше подобри моторни и визуелни вештини • Во тоа време, ја подготвуваме Вера за во редовно школо • Нашата работа имаше за цел да се подобрат нејзините когнитивни и моторни вештини, како и развој на говорот • Нејзините родители набавија уреди и за домашниот компјутер
Прогрес... • Вера користи асистивни уреди и на училиште – тастатура со големи копчиња и издвоен клик • Тоа и овозможува самостојно да го користи компјутерот како и нејзините соученици. • Вера пишува домашни и школски работи на компјутерот • Таа е задоволна со својот напредок!