1 / 56

Република M акедонија Министерство за финансии Царинска управа

Република M акедонија Министерство за финансии Царинска управа. Годишен Извештај за работата на Царинската управа. Скопје, 15 .04 . 2014. Наташа Радеска Крстевска natasa.radeska@customs.gov.mk. Регулаторна рамка. Царинска регулатива. Закон за измена и дополнување на Царинскиот закон

jolie
Download Presentation

Република M акедонија Министерство за финансии Царинска управа

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. Република Mакедонија Министерство за финансии Царинска управа Годишен Извештај за работата на Царинската управа Скопје, 15.04.2014 Наташа Радеска Крстевска natasa.radeska@customs.gov.mk

  2. Регулаторна рамка Царинска регулатива • Закон за измена и дополнување на Царинскиот закон • Одложување на примената на одредбите од законот кои се однесуваат на поднесување и обработка на влезна и излезна збирна декларација, • Вовeдена e можност за ослободување од плаќање на увозни давачки за опрема наменета за научно-истражувачка дејност, и за стоки наменети за реализација напроекти кои се финансирани во рамки на инструментот за претпристапна помош (ИПА), • Tрошоците за анализа и преглед на мостри, ги сноси царинскиот орган, доколку истите се земени по иницијатива на царинскиот орган, • Царинската управа има обврска да доставува листа на царински должници со доспеани и неплатени давачи и даноци, а неподмирени во рокови подолги од 90 дена, заради објава на веб страницата на Управата за јавни приходи.

  3. Регулаторна рамка Царинска регулатива • Измени и дополнувања на Уредбата за спроведување на царинскиот закон • Одложена примената на одредбите за задолжително поднесување на електронска транзитна декларација и спроведување на транзитните формалности со употреба на техника на електронска обработка на податоци (рокот за примена на Новиот комјутеризиран транзитен систем НКТС е одложен до 01.03.2014 година); • Задолжително поднесување на извештаите за раздолжување на постапката на увоз за облагородување со употреба на техника за електронска обработка на податоци (поднесување на извештаи преку • Е-Lohn системот); • Ослободување на грантот од обврска за плаќање на долг настанат во транзитна постапка доколку во рок од 9 месеци и во рок од 3 години не добил известување од царинскиот орган.

  4. Регулаторна рамка Царинска регулатива Одлука за утврдување на Листата на стоки и технологии со двојна употреба, донесена одВладата на РМ во март 2013година Одлука за изменување и дополнување на Oдлуката за распоредување на стоките на форми на извоз и увоз Измени и дополнувања на Правилникот за начинот на пополнување на царинската декларација и кодексот на шифри кои се употребуваат

  5. Регулаторнарамка Царинска тарифа Измени и дополнувања на Законот за царинска тарифа • Во насока на поддршка на индустриското производство укинати се стапките за 106 тарифни ознаки, кои се однесуваат на разни видови алатни машини; • Се укинуваат царинските стапки од 15% на репроматеријали за резервни автомобилски делови; • Се укинува царинската стапка од 6% на примарни форми на полиетилен терафталат и фолии од полиетилен терафталат, кои масовно се користат за амбалажа на прехрамбени продукти, во графичката индустрија како и во електронската индустрија; • Во насока на поддршка на спортот и физичката култура на почетокот на 2013 година укинати се царинските стапки за некои спортски реквизити и производи, како и опрема за гимнастика; • Се укинуваат царинските стапки од 4% на железнички товарни вагони; • Царинските стапки за автобуси, кои изнесуваа 10% за нови и 15% за употребувани, се намалуваат на 5%; • Укината е царинската стапка од 7% за одделени необработени метали.

  6. Регулаторнарамка Царинска тарифа Одлука за усогласување и менување на Царинската тарифа за 2014 година • Уредба за дополнување на Уредбата за применување на регулативите на Комисијата на Европските заедници за распоредување на одредени стоки во Комбинираната номенклатура • усвоени 38 нови регулативи на ЕУ

  7. Регулаторнарамка Акцизи Измени и дополнувања на Законот за акцизи • изменет начинот на пресметка и износот на акцизите за цигари, алкохолни пијалоци и пиво • засилени мерки за контрола на трговијата со нафтени деривати • Измени и дополнувања на Правилникот за спроведување на Законот за акцизи • Со Правилникот поблиску се пропишува примената на Законот за акцизи, односно примената на гаранција за обезбедување на акцизен долг за контролни марки и акцизните ослободувања на патнички автомобили и минерални масла за реализирање на проекти финансирани од странски донатори.

  8. Регулаторнарамка Интелектуална сопственост • Измени идополнувања на Законот за царински мерки за заштита на права од интелектуална сопственост • воведена можност за бесплатно отстапување на фалсификувана стока за социјално загрозени семејства • Измена на Правилникот за спроведување на Законот за царински мерки за заштита на права од интелектуална сопственост • прецизирање на податоците за оригиналната стока, со цел за полесно препознавање на фалсификуваната од оригиналната стока

  9. ЕУ интеграција Имплементација на NCTS Екипирана е организационата единица за гранични и транзитни постапки Назначени се национален, регионални и локални координатори за транзит Усогласени се законските и подзаконските акти Извршени се обуки на царинските службеници и воспоставени се пилот испостави NCTS апликацијата од 1 март2014 година, е ставена во оперативна функција на национално ниво

  10. ЕУ интеграција Интегриранa тарифнa околина на ЕУ - ИТО Извршени се првични тестирања на системот, кои резултираа со позитивна оценка Извршени се измени во законската и подзаконската регулатива Направена е реорганизација на Одделението за царинска тарифа, лабораторија, вредност, потекло и ТАРИК Набавена е хардверска опрема и спроведени се обуки за користење на системот Спроведена Оценска мисија од страна на Европската Комисија 2013, за утврдување на напредокот во спроведувањето на проектните активности

  11. ЕУ интеграција На почетокот на 2013 година Царинската управа го презеде претседавањето со Поткомитетот за царина и правила за потекло во рамки на CEFTA Одржана регионална работилница за Овластен економски оператор На крајот на април 2013 година во Скопје одржан прв регионален состанок на Работна група за управување со ризик во царинското работење Одржан 6-ти состанок на Поткомитетот за царина и потекло на стоките, во јуни 2013 година во Скопје Втор регионален состанок на Работната група за управување со ризик во царинското работење Работилница помеѓу ЦЕФТА, царинските органи и Санитарните и фитосанитарните агенции

  12. Човечки ресурси Вработеност Над 50% од врaботените се со високо образование

  13. Човечки ресурси Реализирани обуки и стручно оспособување Број на реализирани активности во 2013 година - 360 Вкупен број на учесници - 3.861 Просечен број на часови по вработен – 23,66

  14. Човечки ресурси Интегритет Нов Кодекс на однесување на царинските службеници Нови Правила за ред и дисциплина во Царинската управа Спроведени 124 внатрешни истраги Спроведени се и 76 внатрешни инспекции

  15. Олеснување и забрзување на трговијата Царински и акцизни постапки Забрзувањето и олеснувањето на царинските постапки, приспособени на потребите на бизнис заедницата, беше причина за анализа и усовршување на интерните акти. • Како резултат на тоа, во текот на 2013 година извршеное: • ревидирање на постоечките интерни акти (согласно барањата на стандардот за квалитет ISO 9001:2008), и • воведување на нови упатства за спроведување на царинските постапки.

  16. Олеснување и забрзување на трговијата Царински формалности Овозможено е извозно и увозно царинење на најмалку еден граничен премин кон секоја од соседните држави Стоковото царинење на граничните премини се одвива значително поевтино и побрзо во споредба со царинењето во внатрешните царински испостави. Со терминалите на граничните премини управува Царинска управа и не наплатува за престој на возилата кои се во царинска постапка. Работното време на испоставите на граничните премини е многу подолго од работното време на внатрешните царински испостави. На граничните премини увозното и извозното царинење се спроведува најмалку 12 часа секој ден во годината, а на некои гранични премини и 24/7.

  17. Олеснување и забрзување на трговијата Царински формалности Воведено увозно и извозно царинење на неризични стоки на ГП Ќафасан Обезбедени подобри услови за работа на ЦИ Богородица, како услови за директна отворена комуникација со економските оператори

  18. Олеснување и забрзување на трговијата E_Царина Воведени се електронски пред-декларации (најава) за корисниците на ТИР карнети Се имплементираа и тестираа дел од испорачаните модули во рамките на новиот електронски Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД)

  19. E_Царина Електронски систем за издавање увозни и извозни дозволи - EXIM Статистички податоци за работата на EXIM

  20. Олеснување и забрзување на трговијата E_Царина Електронски систем за управување со царински постапки со економски ефект – E-Lohn

  21. Олеснување и забрзување на трговијата E_Царина Портал за електронска комуникација (ПЕК) Предности за надворешните корисници Регистрирани надворешни корисници – 395 Број на поднесени барања – 27.404 Број на одобрени барања – 9.195

  22. Олеснување и забрзување на трговијата E_Царина Издадени царински и акцизни одобренијаи лиценци

  23. Олеснување и забрзување на трговијата E_Царина Број на обработени декларации според вид на транспорт (во илјади)

  24. Контрола на примена на законите Физичка царинска контрола • Во 32 акции откриени се 933 кг марихуана • Во 5 случаи откриени се 14 кг хероин Во 2013 година, во 38 акции самостојно или со МВР запленети се околу 950 кг дрога

  25. Физичка царинска контрола 126 кг марихуана запленета на 27.01.2013 година на ГП Табановце на излез. Сокриена во покривот на автобус кој патувал на релација Струга-Виена. 5,5 кг хероин запленета на 08.10.2013 годинана излез на ГПТабановце, сокриена во просторот на сигурноснотоперниче.

  26. Физичка царинска контрола 342 кг високо квалитетна марихуана запленета на 07.01.2013 година на излез на ГП Меџитлија, во координација на Царинска управа и МВР. Дрогата беше сокриена во душеци натоварени во ТМВ. 16 кг марихуана запленета на 01.11.2013 година на излез на ГП Табановце сокриена под ладицата и во левото и десното предно подкрило.

  27. Физичка царинска контрола Во 2013 година во 15 акции откриени се околу 15 илјади парчиња оружје и муниција 661 парче ловечка муниција запленета во август 2013 година на граничен премин Богородица – влез, кај грчки државјанин. Муницијата беше сокриена во просторот под седиштата. 8 автоматски пушки, 4.696 куршуми, 20 рачни бомби ,,кашикари“, 1 пиштол и една рамка за пиштол и 20 иницирачки каписли за активирање на експлозивни направи запленети на 13.10.2013 година на излез на ГП Деве Баир.

  28. Физичка царинска контрола Во текот на 2013 година во 3 случаи запленети 74 парчиња кои претставуваат културно наследство 48 стари нумизматички монети кој датираат од од 2 век п.н.е до 4 век од н.е., како и монети од поново време (од 17 век од н.е.), запленети во април 2013 на ГП Делчево. 26 предмети од историска и културна важност откриени во март 2013 година на ГП Богородица.

  29. Физичка царинска контрола Во3 акции во 2013 година Царинската управа заплени 245 живи животни 3 ловечки кучиња раса „Посавски гонич“ откриени од царинските службеници и полицијата во ноември 2013 година при обид за нелегално преминување на границата надвор од ГП Дојран. 240 живи бумбари за опрашување на растенија откриени во јануари 2013 година на царинската испостава Гевгелија-влез.

  30. Физичка царинска контрола Во 2013 година се откриени 82 обиди за нелегално пренесување преку граница на готови пари и хартии од вредност во противвредност од околу 1,467 милион евра 90 илјади евра запленети во ноември 2013 година на влез на ГП Богородица. 33 чекови во вкупна вредност од 99.099 евра запленети во април 2013 година на ГП Богородица. 90 илјади евра и 28.300 дански круни запленети во јуни 2013 година на влез на ГП Табановце.

  31. Физичка царинска контрола Во 2013 година во 54 случаи откриени се 258 имиграни 31 илегалци откриени во март 2013 година на железничката станица Гевгелија. 4 илегалци, државјани на Сирија откриенипри илегален обид за влез во РМ на железничката станица Гевгелија.

  32. Физичка царинска контрола Во текот на 2013 година во 18 акции запленети се 110.664 парчиња лекови 6.349 пакетчиња лекови откриени во ноември 2013 година при контрола на товарно возило комбе кое транзитирало од ГП Богородица до ГП Блаце. 50 леќи за диоптерски очила, марка HAWK HANA OPTIKAL запленети во март 2013 година на влез во ГП Богородица.

  33. Физичка царинска контрола Во 2013 година во 35 акции запленети се 7.936 кг, 434 литри и 177 парчиња прехрамбени производи 22 кг пршута запленети во мај 2013 година на ГП Блаце. 24 кг свеж крапзапленети во август 2013 година на влез во РМ на ГП Стење. 334 кг раноградинарски производи запленети во март 2013 година на граничен премин Ново Село-Струмица.

  34. Физичка царинска контрола Во 2013 година во 91 акции се запленети 804 илјади парчиња и 45,5 кг цигари и други тутунски производи 748 штеки цигари пронајдени во септември 2013 година на ЦИ Аеродром. 44 штеки цигари CLASSIC-RED, YORK-RED, MONTE CARLO-BLUE и BRAND BLUE со македонски акцизни маркички, откриени во јули 2013 година на ГП Дојран.

  35. Физичка царинска контрола Во 2013 година, во 116 акции, привремено се задржани околу 93.325 парчиња облека, околу 1. 366 кг текстилни материјали и модни додатоци, 11 ролни со ткаенина и околу 15.672 метри репроматеријали Во 2013 година, во 50 случаи запленети се околу 21.171 парчиња (од кои 7.137 парчиња сребрен и златен накит) на бижутерија, галантерија и други предмети, и накит од благородни метали.

  36. Физичка царинска контрола Во 2013 година во 47 акции се запленети 54.848 парчиња на козметички производи, парфеми и средства за хигиена 452 парчињасредства за лична хигиена и детергенти запленети во август 2013 година при влез на ГП Богородица. 36 парфеми со лого на заштитена трговска марка, запленети во март 2013 година на ГП Табановце-влез.

  37. Контрола на примена на законите Преземени мерки • Решенија за дополнителна наплата на увозни и други давачки • Донесено 901 решение за наплата на увозни давачки, ДДВ, акцизи и надоместоци во износ од околу 575 милиони денари • Поднесени кривични пријави • Поднесени се 94 кривични пријави, против 123 физички лица и 25 правни лица • Поднесенибарања за поведување прекршочна постапка • Поднесени се 995 прекршочни барања против 752 физички лица и 243 правни лица • Донесени се 1.731 решенија за сторен прекршок, при што се изречени глоби во вкупен износ од околу 100милиони денари

  38. Контрола на примена на законите Заштита на IPR До крајот на 2013 година во Царинската управа беа регистрирани 334 барања за царински мерки за заштита на права од интелектуална сопственост. Поради основано сомневање дека повредуваат право од интелектуална сопственост, во 2013 година Царинската управа задржа 333.799парчиња стока. Во текот на 2013 година, под царински надзор беа уништени 109.503 парчиња и 252 кг фалсификувана стока.

  39. Контрола на примена на законите Заштита на IPR • Донација на фалсификувана стока • Во 2013 год. донирани 3.070 пара спортски обувки и 1.096 парчиња текстилни производи кои повредуваат право од интелектуална сопственост на Министерството за труд и социјална политика, наменети за социјално ранливи категории на граѓани

  40. Контрола на примена на законите Заштита на IPR • Соработка помеѓу Царинска управа и Фени индустри АД, Кавадарци под мото “Уништуваме фалсификати-подаруваме оригинали” • во 2013 година во „Фени индустри“ АД уништени се околу 17.000 фалсификувани производи • дел од средствата наменети за уништување на фалсификувани производи се донирани во хуманитарни цели – за набавка на нови детски еко креветчиња за градинките во Неготино

  41. Контрола на примена на законите Наплатени приходипо основ на царина, ДДВ, акциза и надоместоци (во милиони денари) Наплата на приходи

  42. Транспарентност Царинска соработка Соработка со бизнис заедницата • Советодавно тело • Во соработка со Советодавното тело одржани се 9 работилници, презентации и советувања на кои присуствуваа претставници на повеќе од компании • На крајот на 2013 година презентирани се поволностите од употреба на новите електронски системи E-Lohn и Системот за електронско следење на трговија со минерални масла кои содржат материја за обележување

  43. Царинска соработка Соработка со бизнис заедницата • Кампања за промоција на олеснувањата и поедноставувањата во царинските постапки во соработка со АМЕРИТ-СИЗ Македонија Сообраќај • Кампања ,,Новини при вршење инспекциски надзор поврзан со царински постапки”, во соработка помеѓу Советодавното тело, инспекторатите и Царинската управа Издадено првото уверение за овластен економски оператор на ОЕО-Ф на Џонсон Контролс Македонија

  44. Транспарентност Царинска соработка Склучени Меморандуми • Меморандум за меѓусебна соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп • Меморандум за соработка со нафтената компанија ЛУКОИЛ • Меморандум за соработка со АД Македонски Железници - Транспорт, ЈП Македонски Железници инфраструктура • Меморандум за меѓусебно разбирање и соработка со А.Д. МЕПСО • Меморандум за меѓусебна соработка помеѓу директорот на Царинска управа и директорот на KGH Border Services AB од Шведска

  45. Транспарентност Меѓународна соработка Соработка царина - царина • Потпишана е Спогодба за соработка и взаемна помош по царински прашања помеѓу Царинската управа на Република Македонија и Царинската управа на Црна Гора • Учество на Годишниот состанок на директорите на царинските служби од европскиот регион на Светската царинска организација (СЦО), одржан во Осло, Норвешка • Учество наСедмиот Светски конгрес за борба против фалсификувањето и пиратеријата , одржан во Истанбул • Учество на 121-та/122-та Седница на Советот за царинска соработка во организација на Светската царинска организација (СЦО), која се одржа во Брисел, Белгија

  46. Транспарентност Царинската управа –домаќин на меѓународни настани Во ноември, 2013 год Царинската управа беше домаќин на Меѓународен Состанок на раководителите на службите за разузнавање и истраги на царинските управи на земјите од европскиот регион на СЦО Царинската управа на Република Македонија во соработка со Државниот царински комитет на Република Азербејџан во ноември 2013 год беа организатори и на Регионална конференција за улогата на Царината во заштитата на културното наследство

  47. Транспарентност На крајот на 2013 година Царинска управа на Република Македонија ги исполни високите стандарди и се здоби со ISO 9001:2008 сертификат за управување со квалитет

  48. Транспарентност Меѓуинституционална соработка Воспоставен е систем за размена на информации помеѓу Царинската управа и Управата за јавни приходи,со цел поедноставување на административните постапки за поврат на ДДВ Министерот за Информатичко општество и администрација на Царинската управа како прва државна институција во Македонија и врачи сертификат за функционалност на царинскиот информациски систем МАКЦИС (наменет за обработка на царински декларации) Програмата на Амбасадата на САД за контрола на извозот и гранична безбедност (EXBS)донираше опрема за Граничната Полиција при Министерството за внатрешни работи и Царинската управа

  49. Транспарентност Пуштен е во употреба и реконструираниот и модернизиран граничен премин „Блаце“ за патници, лесни возила и автобуси. Со него, ќе се овозможи побрз проток на сообраќај и размена на стоки и услуги помеѓу Македонија и северните држави долж Јадранската магистрала.

  50. Транспарентност На 9ти август потпишан е договор помеѓу Делегацијата на европска унија и Царинската управа на Република Македонија, за финансирање на реконструкцијата на главната управна зграда и придружните објекти на граничниот премин „Богородица“. Проектот е финансиран од ИПА фондовите за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција, а има и финансиско учество на македонската Влада. • Реконструкцијата започна во февруари 2014 година • Преку реализацијата на проектот треба да се олесни движењето долж Коридорот 10 и да се подобрат условите за работа и престој на вработените и патниците кои го поминуваат граничниот премин

More Related