1 / 22

Ревизорска документација МСР 230

Ревизорска документација МСР 230. ИОРРМ Континуирано Професионално усовршување Струмица, 18 септември 201 3 година. Презентер: Габриела Милошевска. Цел на модулот. Разбирање на потребата од изготвување соодветна ревизорска документација Предлог за содржина на ревизорско досие

jeroen
Download Presentation

Ревизорска документација МСР 230

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. Ревизорска документација МСР 230 ИОРРМ Континуирано Професионално усовршување Струмица, 18 септември 2013 година Презентер: Габриела Милошевска

  2. Цел на модулот Разбирање на потребата од изготвување соодветна ревизорска документација Предлог за содржина на ревизорско досие Пример документи за евидентирање на заклучоци и наоди од ревизија

  3. Содржина на модулот: Преглед на МСР230 Вовед Главни карактеристики настандардот • Дефиниции • Барања • Навремена подготовка на ревизорската документација • Документирање на извршени ревизорски постапки и добиени ревизорски докази • Составување на конечно ревизорско досие • Примена и примери

  4. Вовед Основи на МСР 230: Ревизорот да изготви достатна и соодветна евиденција како поткрепа за издадениот извештај на ревизорот Доказ дека ревизијата е извршена во согласност со МСР и применливите регулаторни барања и прописи Важи за ревизии на финансиски извештаи за периоди кои почнуваат на или од 15 декември 2009 година 4

  5. Дефиниции Ревизорска документација • Евиденција за извршените ревизорски постапки, добиени релевантни докази и постигнати заклучоци од постапките Ревизорско досие • Папки или друг медиум за складирање во физичка и електронска форма на ревизорската документација за конкретен ангажман • Може да биде тековно и перманентно Ревизорско искуство • Лице (внатрешно или надворешно) кое има практично искуство и соодветно разбирање на: • Процеси во ревизија • МСР и други применливи регулаторни барања • Деловно опкружување во кое ентитетот ги остварува своите активности • Прашања од областа на ревизија и финансиско известување релевантни за индустријата во која работи ентитетот

  6. Барања Навремена подготовка на ревизорската документација • За подобар квалитет на ревизијата и полесна ефективна проверка и оценување на ревизорските докази и донесени заклучоци пред завршување на извештајот Документирање на извршени ревизорски постапки и добиени ревизорски докази • Форма, содржина и обем на ревизорската документација • Нема пропишана форма, но треба да е дизајнирана и подготвена да му овозможи на друг искусен ревизор кој не бил вклучен во ангажманот да ја разбере извршената работа и донесените заклучоци и ревизорско мислење преку разбирање на расудувањата направени за донесување на тие заклучоци

  7. Барања • Да е документирана природата, временскиот распоред, обемот на извршени постапки и лицата кои ја извршиле работата и оние кои ја провериле • Да се документираат разговорите водени со раководството за значајни прашања, т.е. природата на прашањето и со кои лица на кои позиции од раковдството е разговарано • Да се документира секоја идентификувана неконзистентност со конечниот ревизорски заклучок и начинот на кој е одговорено на неконзистентноста • Отстапување од релевантно барање • Доколку се процени дека е неопходно да се отстапи од одредени барања во ревизијата, тоа мора да се документира (пр. не може да се примени МСР 610 доколку ентитетот нема интерна ревизија) • Прашања кои настанале по датумот на извештајот на ревизија • Доколку настанат вакви (во исклучителни случаи) треба да се документира природата на настанот, изменетите или ново извршените ревизорски постапки и донесените заклучоци од истите, нивниот ефект на извештајот на ревизорот и кој и кога ги направил овие промени во ревизорското досие

  8. Барања Составување на конечно ревизорско досие • Навремено да ја собере целокупната ревизорска документација и да го заврши својот административен процес за затварање на досието по издавање на извештајот – според МСР 230, не подоцна од 60 дена по издавање на извештајот на ревизија (издавањето е датумот кој е наведен на извештајот на ревизија) • Откако е конечно затворено ревизорското досие треба сета останата работна документација да се уништи • Доколку мора да се модифицира веќе затворено и конечно ревизорско досие поради значајни последователни настани тогаш мора да се документираат причините за тоа и од кого и кога е направена измената на конечното досие

  9. Примена и примери Основна дефиниција за ревизија: • Дедуктивен процес на донесување заклучок врз основа на анализи на докази Основна цел на ревизорско досие: • Документирање на дедуктивниот процес • Едноставен приказ на извршените постапки како поврзана целина • Историски доказ за соодветно извршена ревизија За секој клиент: тековно и перманентно досие За ангажман на ревизија на консолидирани финансиски извештаи за секој ентитет посебно досие, во досието на ентитетот кој консолидира дополнително документација за поткрепа на постапките за проверка на консолидацијата

  10. Примена и примери Пример содржина на перманентно ревизорско досие:

  11. Примена и примери Основни процеси: • Фирми: набавки, производство и продажби • Банки: управување со депозити, кредитирање, управување со денарска и девизна ликвидност • Осигурителни: продажба на осигурување Дополнителни процеси: • Фирми: човечки ресурси, управување со основни средства, финансии и сметководство, управување со парични средства • Банки: човечки ресурси, управување со основни средства, сметководство • Осигурителни: човечки ресурси, управување со основни средства, сметководство

  12. Примена и примери И за двата типа процеси се документира: • Шема на процес по активности • Опис на процес по активности и тип на документ кој се произведува како резултат од активноста • Контролни точки во процесот по активности • Опис на контролите воспоставени на сите контролни точки • Walkthrough тест Процесите се документираат во перманентно досие бидејќи не се менуваат секоја година и помагаат во намалување на работата кај повеќегодишни ангажмани

  13. Примена и примери Пример содржина на тековно ревизорско досие:

  14. Примена и примери Прифаќање на ангажман: • Опис/општи информации за клиентот и ангажманот • Анализа на интегритетот на менаџментот • Анализа на корисникот на производот од услугата • Анализа на потенцијални ситуации на ограничување на делокругот на работа по однос на ангажманот • Анализа на системот на финансиско известување • Анализа на независноста • Анализа на останати специфични ризици • Анализа на исплатливост на ангажманот Се оценува како ниско, средно или високо ризичен и се потврдува дали е прифатен или не; ако е прифатен високо ризичен ангажман партнерот мора да документира објаснување/заклучок

  15. Примена и примери Документ за планирање на ревизијата • Вообичаено го изготвува поискусен член на тимот за ревизија (менаџер или дури и партнер) • Содржи опис на севкупната стратегија и планот за работа, како и документирање на сите направени измени во планот и стратегијата во текот на работењето • Жив документ кој се ажурира во текот на ревизијата и се финализира на крајот на ревизијата • Се базира на разбирање на работењето и неговото окружување и спознавање на ризиците во работењето, и нивното влијание на ревизијата • Претставува основен документ од кој произлегуваат сите останати програми за документирање ревизорски постапки

  16. Примена и примери Опис на целокупната стратегија: • Детални податоци за ангажманот • Детални податоци за фирмата • Детално запознавање со бизнисот: • Анализа на окружувањето – PEST анализа и Портерови 5 сили • Главни чинители/интересенти за фирмата – сопственици, вработени, држава, банки, купувачи, добавувачи и др. • Применлива законска рамка • Применливи сметководствени правила и принципи • Анализа на главни економски показатели • Останати значителни фактори – интерна ревизија, потреба од експерти, значајни неправилности од минати години, наследување друг ревизор, поврзани субјекти, користење услуги од надворешни субјекти со право на одлучување и сл.

  17. Примена и примери • Дефинирање и опис на ризици • Стратешки деловни ризици • Ризици на ниво на трансакција • Нивно поврзување со финансиските извештаи и останатите програми за извршување ревизорски постапки План за работа: • Временски распоред • Дефинирање на материјалност и ревизорски постапки • Буџет за извршување на ангажманот со членови на тимот, по часови и во денари, со споредба на реално остварени часови • Комуникација со клиентот за одредени неправилности – Писмо со препораки до раководството • Издадени извештаи Значајни промени во извршување на ангажманот – област, опис и причина

  18. Примена и примери Програма за проценка на деловни ризици: • Усогласеност со законска регулатива • Поврзани субјекти и трансакции со поврзани субјекти • Даноци • Потенцијални обврски • Последователни настани • Континуитет Кон оваа програма одат и програмите за: • ИТ • Користење надворешни услуги • Потпирање на работа на интерна ревизија • Консолидација на финансиски извештаи

  19. Примена и примери Програма за проценка на ризик од измама – МСР 240: • Разгледување на ниво на тврдења • Погрешно прикажување како резултат на измамничко финансиско известување • Погрешно прикажување поради неовластено присвојување на средства

  20. Примена и примери Пример форма на стандардна програма со ревизорски постапки:

  21. Примена и примери Сите изготвени работни документи да се проверени од минимум поискусен член на тимот на ревизија, освен каде е неприменливо Документи кои се поврзани со процедури за проверка на ризик од измама да се проверени од партнерот на ревизија Заклучок од извршените постапки може да се донесе/напише само на програмата со ревизорски постапки откако сите ќе се спроведат; на секоја работна белешка се наведуваат наоди од извршените анализи Партнерот или најниско менаџерот на ревизија да ги наведат заклучоците на програмите Сите документи јасно да се реферирани меѓу себе за да се прати текот на работата

  22. Благодарам за вниманието

More Related