230 likes | 452 Views
Е М О Ц И И. ПРИРОДА НА ЕМОЦИИТЕ. Емоцијата е секогаш реакција на индивидуата на некаков настан. Емоциите се јавуваат во ситуација во која индивидуата проценува дека настанале значајни промени во односот помеѓу неа и светот.
E N D
ПРИРОДА НА ЕМОЦИИТЕ Емоцијата е секогаш реакција на индивидуата на некаков настан. Емоциите се јавуваат во ситуација во која индивидуата проценува дека настанале значајни промени во односот помеѓу неа и светот. Емоциите се реакции на индивидуата на некој стимулус кој го оценила како важен, а која висцерално, моторно, мотивационо и ментално ја припрема за адаптивна активност.
ПРИНЦИПИ НА ЕМОЦИИТЕ • Емоцијата е информација; • Емоцијата може да се игнорира, но неуспешно; • Емоцијата може да се крие, но не секогаш тоа е успешно; • Одлуките мора да инкорпорираат емоција за да бидат успешни; • Емоциите следат логични шеми; • Постојат универзалности кај емоциите, но и специфичности.
ЕМОЦИИТЕ ВО ЖИВОТОТ Кои емоции најчесто се јавуваат кај луѓето? Емоции кои се најзначајни за животот на човекот: • желба; • оптимизмам; • емпатија; • почит; и • доверба.
ПРИРОДА НА ЕМОЦИОНАЛНАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА Карактеристиките на емоционалната интелигенција: • Самосвесност; • Функционална поврзаност со мисловниот процес; и • Контрола на импулсите.
ПРИРОДА НА ЕМОЦИОНАЛНАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА Емоционалната интелигенција е способност точно да се перцепира или изрази емоцијата, да се асимилира емоцијата во мислата, да се разбере и резонира со присуство на емоцијата и да се регулира емоцијата кај себе си и другите.
ПРИРОДА НА ЕМОЦИОНАЛНАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА Емоционалната интелигенција е способност на следење на своите и туѓите емоции и употреба на тие информации во размислувањето и однесувањето. Перцепција Препознавање Процена Разликување Именување Разбирање Истражување Регулација
ЕМОЦИОНАЛНИ ВЕШТИНИ Идентификување емоции. Емоциите содржат информација. Тие сигнализираат за важните настани кои се случуваат во светот, без разлика дали е тоа внатрешен свет, социјален свет или природната околина. Потребно е точно да се идентификуваат емоциите кај другите и прецизно да се изразат личните емоции за да може да се комуницира ефективно.
ЕМОЦИОНАЛНИ ВЕШТИНИ Користење на емоции. Начинот на кој се чувствуваме влијае на начинот на кој размислуваме. Емоциите го насочуваат вниманието на битните настани, припремаат за одредена акција и го поддржуваат мисловениот процес додека решаваме некој проблем.
ЕМОЦИОНАЛНИ ВЕШТИНИ Разбирање на емоции Емоциите не се случајни настани. Тие имаат свои причини, се менуваат според одредени правила и поради тоа можат да бидат разбрани. Знаењето за емоциите се рефлектира преку емоционалниот вокабулар и способноста да се прават што-ако емоционалните анализи.
ЕМОЦИОНАЛНИ ВЕШТИНИ Управување со емоции Емоциите треба интелигентно да се инкорпорираат во резонирањето, решавањето проблеми, просудувањето и однесувањето. За да се успее во овој процес треба да се биде отворен за емоциите без разлика дали се пријатни или не и да се изберат стратегии кои ќе вклучат мудрост во чувствата.
НАРУШУВАЊЕ НА ЕМОЦИИТЕ 1. Квантитативни нарушувања а) Депресија б) Хипоманија и манија в) Апатија – се манифетсира со незаинтересираност, често е последица на траума г) Продолжен афект – најчесто се однесува на анксиозност и агресивност д) Лабилен афект ѓ) Патолошка раздразливост – намален праг на толеранција е) Патолошки афект ж) Афективна ригидност з) Кумулација на афект
НАРУШУВАЊЕ НА ЕМОЦИИТЕ 2. Квалитативни нарушувања а)Дефект во афективниот однос (ладен афект) – недостаток на адеквате афективен полнеж кој ја следи мисловната содржина, нема заразност во доживување на емоцијата б) Паратимија – спротивно доживување од она што го наметнува конкретната ситуација в) Парамимија – спротивна лицева експресија (мимика) од внатрешното доживување на личноста
Линкови: • http://en.wikipedia.org/wiki/Emotion • http://www.selfimprovementsguide.com/emotional/what-is-emotional-intelligence-ppt.php • http://eqi.org/ • http://www.eiconsortium.org/ • http://www.emotionaliq.com/ • http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC1294483/pdf/jrsocmed00097-0030.pdf • http://socrates.berkeley.edu/~akring/Kring%20%26%20Bachorowski.pdf • http://yalepeplab.com/wpsite/