1 / 26

Односите на Република M акедонија со меѓународните финансиски институции

Односите на Република M акедонија со меѓународните финансиски институции. Вицегувернер м-р Анита Ангеловска-Бежоска. април 2014 година. Содржина. Основни факти за Светската банка и ММФ како клучни меѓународни финансиски институции за РМ;

eloise
Download Presentation

Односите на Република M акедонија со меѓународните финансиски институции

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. Односите на Република Mакедонија со меѓународните финансиски институции Вицегувернер м-р Анита Ангеловска-Бежоска април 2014 година

  2. Содржина • Основни факти за Светската банка и ММФ како клучни меѓународни финансиски институции за РМ; • Улогата на Светската банка за македонската економија; • Улогата на ММФ за македонската економија; • Постапка на задолжување и статистика на надворешниот долг; • Заклучок

  3. Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) • Мандатот е заеднички со четири други тесно поврзани институции. Основана во 1944 г. како дел од бретoнвудскиот систем; МИСИЈА: помагање во поствоената обнова и развој, намалување на сиромаштијатаи подобрување на животниот стандард во земјите во развој; КАКО: преку поттикнување одржлив развој преку заеми, гаранции и аналитички услуги; Денес, 188 земји се земји-членки; Се финансира на меѓународните пазари;

  4. Светската банка ја сочинуваат и следниве институции:

  5. Меѓународен монетарен фонд (ММФ) ММФ денес брои 188 земји-членки и заедно со Светската банка придонесува за воспоставување стабилен систем на меѓународни односи. Основан во 1944 година МИСИЈА:промовира меѓународна монетарнасоработка, стабилност на девизните курсеви, балансиран раст на светската трговија и обезбедува привремена финансиска поддршка на земјите-членки со цел да го олесни приспособувањето на платниот биланс и намалување на сиромаштијата.

  6. Историјата на ММФ накратко.... • Научена лекција по Големата депресија: не треба да се дозволат трговски и девизни бариери и девалвации, бидејќи тие доведоа до нестабилност на глобалниот монетарен системи и соработка, пад на светската трговија и раст на невработеноста; • ММФ како механизам за стабилен монетарен систем и меѓународна соработка; • Стабилноста требаше да се обезбеди преку бретонвудскиот систем: сите членки на ММФ се обврзаа на стабилен паритет на нивните валути кон доларот, којшто пак имаше стабилен паритет кон златото - промена на паритетот само со претходна согласност на ММФ; • Во случај на притисоци на девизните курсеви, ММФ обезбедува девизни средства; • Распад на бретонвудскиот систем на почетокот на 70-те и на членките им беше дозволено да изберат девизен режим.

  7. Меѓународен монетарен фонд (ММФ) Главен извор на финансирање – квотите на земјите-членки; Големината на квотата е зависна од БДП, отвореноста, економската варијабилност и девизните резерви; Од големината на квотата зависат бројот на гласови на земјата и максималниот износ на финансиски средства што може да ги добие по одделни видови аранжмани.

  8. Меѓународен монетарен фонд (ММФ)

  9. Глобалната криза – ефекти врз меѓународните финансиски институции ММФ – редизајнирање на поставеностазаради поголема поддршка на земјите-членки Зголемување на финансиската поддршка (рекордно ниво од 250 милијарди во 2010 година) Пофлексибилна поддршка - приспособена кон потребите на земјите-корисници заради справување со кризата и избегнување нова криза; Модернизација на операциите - нови инструменти; Зголемен обем на техничка помош, совети и анализи за земјите-членки; Зголемување на соработката со регионални институции за покоординиран пристап во решавањето на проблемите; Реформа на начинот на одлучување со давање поголема тежина на брзорастечките економии на сметка на развиените. Охрабрување за земјите да се обратат до ММФ во предвидувањето проблеми, а не кога проблемите ќе настанат.

  10. ММФ – поважни конкретни промени

  11. Македонија и меѓународните финансиски институции • Во изминатите 20 години има постојано унапредување и зацврстување на соработката со меѓународните финансиски институции; • Финансиска поддршка - извор на високи капитални приливи и поддршка за платнобиланснатапозиција на земјата • со особено значење во услови на ограничен и отежнат пристап на меѓународните финансиски пазари; • Насочена претежнокон јавниот сектор; • Во последните години, зголемено е и финансирањето проекти од приватниот сектор

  12. Македонија и меѓународните финансиски институции • Најголемо учество на ММФ и Светската банка во финансирањето на јавниот сектор; • Особено значајно во периодот од осамостојувањето до 2004 година • при ограничен пристап до меѓународните финансиски пазари; • Засилување на финансиската поддршка од ММФ и Светската банка по финансиската криза • во период на отежнат пристап до меѓународните финансиски пазари.

  13. Македонија и меѓународните финансиски институции • Претежното учество на меѓународните финансиски институции во финансирањето на јавниот сектор услови и релативно ниска просечна каматна стапка на задолжување.

  14. Македонија и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Република Македонија се приклучи кон ММФ во декември 1992 година; Долг временски период на аранжмани со ММФ; Аранжманите со ММФ имаа клучна улога за воспоставување макроекономска стабилност во првите години од транзицијата и за натамошно одржување; Алатка за дисциплинирање на носителите на политиките; Соработката со ММФ е услов за финансиската поддршка од други институции - Светската банка, мултилатерални развојни банки и финансирањето од донаторите; Во периодот на кризата се користеше новиот инструмент (ПЦЛ) на ММФ наменет за земјите со здрави фундаменти.

  15. Македонија и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Повеќе причини за користење на аранжманите на ММФ

  16. Исто така, во 2009 година беа повлечени 65,6 милиони СДРврз основа на нето збирна распределба на квотата во ММФ. Историја на аранжманите со ММФ

  17. Македонија и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Тековно Република Македонија е во т.н. постпрограмскинадзорна ММФ, односно... ...по повлекувањето средства од ММФ во 2011година над одреден лимит, носителите на политиките и ММФ работат заедно и утврдуваат дали макроекономски политики се усогласени со надворешната одржливост на земјата и нејзината способност за враќање на долгот.

  18. Македонија и Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) Република Македонија се приклучи кон Светската банка во 1993 година, а до 2003 година ги исполнуваше условите за ИДА-финансирање Вкупната финансиска поддршка досегае околу 1,2 милијарди САД-долари – заеми и грантови; Финансиската и нефинансиската помош придонесе за спроведување низа структурни реформи: поддршка на транзицијата кон пазарна економија и градење на ефикасни институции; подобрување на амбиентот за водење бизнис; подобрување на образованието и социјалната заштита; градење и обновување на транспортната и енергетската инфраструктура; заштита на природното и културното наследство.

  19. Македонија и Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка)

  20. Македонија и Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка)

  21. Македонија и Светската банка * Капитални проекти – проекти за поддршка на енергетскиот сектор, изградба на патишта, подобрување на водоснабдување и слично ДПЛ/ПДПЛ -ProgrammaticDevelopment Policy Lending ФЕСАЛ - Financial and Enterprise Sector Adjustment Loan ФЕСАЦ- Financial and Enterprise Sector Adjustment Credit ПБГ- Policy Based Guarantee

  22. Македонија и Светската банка Исклучително значајна поддршка на Македонија во првите годининатранзицијата(за стабилизирање на економијата и поддршка на структурните реформи) во отсуство на алтернативни извори на финансирање (оневозможен пристап до приватни меѓународни кредитори и неразвиен домашен пазар на финансирање на државата); Особено корисен инструмент е ИДА-финансирањето: во периодот 1994-2004 година, 323 милиони ЕВРА поддршка под концесионални услови (без каматни заеми, период на отплата 35 години, 10 години период на почек); Од 2003 година РМ нема пристап до ИДА-финансирање, што упатува на повисоки и варијабилни трошоци за задолжување, пократка рочност и поголема изложеност кон приватни кредитори;

  23. Македонија и Светска банка Во 2004 година - прв кредитен рејтинг, во 2005 година -прва емисија на еврообврзница, како и развој на домашниот пазар на ДХВ; Во периодот на кризата РМ користеше новиот инструмент на СБ (Policy Based Guarantee) за задолжување на меѓународните пазари, наменет за земјите со здрави фундаменти.

  24. Постапка на надворешно задолжување во РМ Управување со јавниот долг- надлежност на Министерството за финансии (МФ); Иницијатива за преговори за задолжување:надлежните институции (министерства и други органи) до МФ; Преговори за задолжување: по претходна согласност од МФ и со вклученост на МФ; Владата доставува предлог-закон за задолжување до Собранието; По усвојување на законот за задолжување, министерот за финансии склучува договор за задолжување.

  25. Статистика на надворешен долг Надлежност на НБРМ; Сите субјекти се должни да поднесат кредитни пријави за евидентирање на надворешниот долг во НБРМ; НБРМ, на квартална основа, објавува статистика за надворешниотдолг на јавниот и на приватниот сектор во РМ.

  26. Заклучок Меѓународните финансиски институции имаа значителен придонес за македонската економија од аспект на: • одржување на макроекономскатастабилност (особено во првите години на транзиција); • спроведување на структурните реформи, предуслов за долгорочен одржливраст на економијата; Преку: • обезбедување кредити, во голема мера под концесионални услови, • катализатор за друга финансиска поддршка; • дисциплинирање на носителите на политиките, • обезбедување техничка помош за градење на институционалниот капацитет.

More Related