1 / 40

Конференција: Децентрали зацијата во Македонија, забавена или заборавена

Конференција: Децентрали зацијата во Македонија, забавена или заборавена Тема: Процесот на фискална и финансиска децентрализација забавен предизвик, случајот на Општина Гостивар Автор: Руфи Османи, градоначалник на Општина Гостивар.

Download Presentation

Конференција: Децентрали зацијата во Македонија, забавена или заборавена

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. Конференција: Децентрализацијата во Македонија, забавена или заборавена Тема:Процесот на фискална и финансиска децентрализација забавен предизвик, случајот на Општина Гостивар Автор: Руфи Османи, градоначалник на Општина Гостивар

  2. Структура на темата:-Фискалната децентрализација пред и по Охридскиот Договор,- Фискалната децентрализација во Македонија во споредба со земјите на ЕУ,-Јавната потрошувачка на централно и локално ниво во Македонија-Структура на финансирањето од автономни општински извори,-Финансирањето од блок дотациите ,-Делегирање на ДДВ со недоволна динамика ,-Капиталните инвестиции - сеуште неразрешено прашање, -Наследените долгови на општините и ЈП претставува навистина итен проблем,-Буџетско финансирање на Општина Гостивар

  3. Кое е нивото на фискалната децентрализација во РМ пред и по Охридскиот Договор Охридскиот Договор на квалитетен начин ја зголеми политичката и финансиската автономија на општините во Македонија , Без оглед на напредокот на политичката и финансиската автономија , Македонија и понатаму останува држава со најцентрализирано јавно финансирање и јавна потрошувачка во Европа,

  4. Кое е актуелното ниво на фискалната децентрализација во РМ споредена со земјите на ЕУ Споредбата на нивото на фискалната и финансиската децентрализација на земјите од ЕУ и Западен Балкан ја рефлектира следната состојба.

  5. Да констатираме: Македонија и после фискалната децентрализација според ОД е најцентрализирана земја во Европа со локална потрошувачка од само 1,7% во однос на БДП, односно со 6,1% во однос на буџетската потрошувачка.

  6. Структура на јавната потрошувачка во Република Македонија

  7. Структура на општинските приходи според законот за финансирање на општините

  8. Структура на општинските приходи според законот за финансирање на општините

  9. Каков е соодносот на фискалните општински приходи ? • Изворните приходи учествуваат со 25-30% , • Делегираните приходи како ДДВ и персоналниот данок учествуваат со 10-12% , • Приходите како што се блок дотациите учествуваат со 55-60% во консолидираните буџети на општините • Констатираме дека во консолидираните буџети на општините парите добиени од централната власт учествуваат со 70% , факт кој го аргументира високото ниво на централизација на финансиите во рамките на јавните локални пари ,

  10. Кои се проблемите во прибирањето на изворните локални приходи ? • Не постои коректна соработка со министерството за финансии, централниот регистар, минситерството за внатрешни работи – секторот за матична евиденција и комерцијалните банки во ажурирање на личните податоци и на жиро сметките на физичките и правните лица како главен предуслов за прибирањето на данокот на имот и на комуналните такси,

  11. Какви се проблемите во прибирањето на локалните изворни приходи ? Препорака: • Потребна е промена на легислативата и координација и поквалитетна соработка со горенаведените централни институции, • Потребна е промена на методологијата за пресметка на пазарната вредност на недвижнините и данокот на недвижнини во правец на рационализација на процедурата за пресметка,

  12. Преглед на трансфери од ДДВ од Централниот Буџет кон ЕЛС • Дотации од ДДВ од Буџетот на РМ за општините се следните: • Во 2009 се1.159.849.000,00денари, • Во 2010 се 1.228.000.000,00денари, • За 2010 година се зголемени за 5,8 %, односно за 68.151.000,00 денари, • Владата го зголеми процентот на ДДВ кој им припаѓа на општините од 3% на 3,4% или за 13,30% • Како резултат на зголемувањето на фиксниот дел следи намалување на трансферот на ДДВ-то за урбаните општини на годишно ниво дури и до 20% .

  13. Финансирање од ДДВОпштина Гостивар • Во текот на 2009 година се трансферирани 40.036.298,00 денари. • За 2010 година, за месец јануари се трансферирани 3.135.442,00денари, а на годишно ниво се очекува тие трансфери да достигнат 37.625.304,00 денари, а трансферот на ДДВ треба да биде 45.374.000,00 денари. • Законот го предвидува растот на учеството на ДДВ од 3% на3,4% за 2010 година, притоа имајќи го предвид и растот на фиксниот дел, • Во 2010 година на Општина Гостивар вкупно и се намалуваат 7.748.696,00 денари • (45.374.000,00 -37.625.304,00=7.748.696,00) • Како резултат на растот на фиксниот дел кој го намалува трансферот на ДДВ-то за урбаните општини на годишно ниво дури до 20% .

  14. Финансирањето од ДДВ се намалува како последица на промена на формулата за пресметка на дотацијата Оваа дисторзија во алокацијата на ДДВ е резултат на порастот на фиксниот дел од 2.000.000,00денари на 3.000.000,00 денариили пак за 50% со што расте и учеството за руралните општини, а од друга страна кај урбаните општини има пад на средствата добиени од ДДВ, Препорака : -Нормата на ДДВ која што треба да им се пренесе на општините да се зголеми веќе во 2011 година, и тоа најмалку 5% , а во идниот пет годишен период 15% , -Да се врати правилникот за ДДВ пред порастот на фиксниот дел, а на руралните општини да им се помогне со други средства од централниот буџет.

  15. Финансирање од Централно ниво • Приходи од Фондот за патишта Приходите од Фондот за патишта за Општина Гостивар кои се пренесени за 2009 година се 7.378.934,00 денари и истата сума е планирана и за 2010 година, но овие средства се наменети само за тековно одржување , • Препорака: Инвестиционите фондови за локални патишта да се пренесат во целост за менаџирање од страна на општините, затоа што нема никаква логика со овие фондови да управува Владата преку Фондот за патишта,

  16. Финансирање од Централно ниво - Образование • Блок дотации/наменски дотации

  17. Финансирање од централно ниво блок дотации , • За 2010 година има намалување на средствата на блок дотации за основно образование во споредба со 2009 година. • Од друга страна има зголемување на платите за 18.000.000,00 денари во основното образование, а за платите во средното образование има зголемување за 3.500.000,00 денари, • Не се зголемени блок дотациите за 2010 година во споредба со 2009 година што го доведува во потешкотии вкупниот наставен процес како резултат на зголемените трошоци и на оние фиксни, со зголемувањето во месец март (спогодба постигната меѓу Синдикатот и Министерството за образование), • За тековните трошоци не преостануваат средства, треба да бидат превземени мерки за да со Ребалансот на Буџетот на Р. М. да бидат покачени блок дотациите за општините, во спротивно ќе се соочиме со неплаќање на платите и на минималните тековни трошоци.

  18. ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ • Блок дотации за 2010 година – основно образовани: 301.649.000,00 денари – тоа се вкупните бруто плати во текот на годината(284.487.755,00 денари)=17.161.245,00денари остануваат за тековните трошоци, • Што значи дека 94% од вкупниот буџет за блок дотации се троши само за платите на вработените во образованието додека за тековните трошоци остануваат само 6% • Оваа сума во целина е недоволна , • Само за превоз на учениците во основното образование за една чколска година се потребни 17.494.992,00 денари + останати неизбежни трошоци како што се: нафта за затоплување, струја, телефон, хигиенски средства, училишни материали и друго. Коснтатација: Споредувајќи со 2009 година во однос на тековните трошоци реализирани во 2010 година, основните училишта во Гостивар ќе имаат недостаток од 42.000.000,00 денари за основното образование.

  19. ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕобврски од 2009 година Обврски од 2009 година во основното образование се вкупно 4.053.373,00 денари Обврски за транспорт на учениците за декември 2009 година Вкупно обврски за 2009 год. за основно образование Обврски за нафта за греење

  20. Средно образование • Блок дотации за 2010 година во средното образование изнесуваат: • 202.232.000,00 ден. – бруто плати за цела година, • (161.724.821,00 ден)=40.507.179,00денари остануваат за тековни трошоци, • Ова значи дека 80% од вкупниот буџет од блок дотации е за плати на вработените, додека за тековните трошоци средствата коишто преостануваат се недоволни, • За транспорт за учениците во средно образование за една училишна година се потребни 27.582.660,00денари за новата генерација во средното задолжително образование што ќе влијае на поратот на овие трошоци, не земајќи го предвид покачувањето на платите од септември 2010 година, а секако тука се и останатите трошоци како што се нафта за греење, струја, хигиенски средства и друго. Констатација: • Споредено со тековните трошоци реализирани во 2009 година, во 2010 година ќе имаме недостаток на финансиски средства во висина од 32.045.890,00 денари.

  21. Задолжително средно образование од 2009 година Обврските од 2009 година за средното образование вкупно се   4.571.146,00денари. Обврски за транспорт на учениците за декември 2009 година Вкупно обврски за 2009 год. за средно образование Обврски за нафта за греење

  22. Препорака за образованието • Да бидат зголемени блок дотациите во основното образование за најмалку 15%, • Да бидат зголемени блок дотациите восредното образование за 20%,

  23. Финансирање од изворните приходи, основен буџет 2010/2009 година, Општина Гостивар

  24. Финансирање од фаночни приходи основен буџет 2009/2010, Општина Гостивар

  25. Изворни приходи на општината • Во функција на надминувањето на недостатокот на финансиски средства сме предвиделе зголемувањет на сопствениот буџет од 30% , во рамките на кое има знашајно зголемување на буџетските позиции како: кај данокот на промет зголемувањето е 85% и кај компензацијата за уредување на градежното земјиште каде што зголемувањето е 87%,

  26. Консолидирани долгови

  27. Долгови на Општината • Долговите од јавниот сектор ја надминуваат сумата од 10 милиона евра и тиа перманентно се зголемуваат од поранешни спорови кои се во судска постапка , • Овие долгови се три пати повисоки од основниот буџет на Општината ,

  28. Учество во структурата на консолидираните долгови

  29. Долгови на Јавните Претпријатија

  30. Долгови на ЈП во структура

  31. Долгови на ЈП во структура

  32. Блокирање на жиро сметките на ЈП од страна на ФПИО и ФЗ • Основниот проблем на ЈП се поврзува со ФПИО и ФЗ , • Препорака:Собранието на РМ да изгласа закон со кој обврските кон ФПИО и ФЗ ќе бидат регулирани слично како со законот за наплата на даноците кон државата ,

  33. Диво изградените објекти и изгласување на закон за нивна легализација, голем неискористен финансиски потенциал -Како последица на нерешавањето на овој голем проблем се губат пари за -Комуналии за градежното земјиште, -Данок на промет , и-Данок на имот ,-Врз основа на првичните оценкиe, Општина Гостивар губи неколку милиони еврафинансиски средства од не решавањето на овој проблем од страна на централната власт, Препорака: Донесување на закон за клегализација на дивоизградените објекти кои можат да се инкорпорираат во ГУП и ДУП без ограничување на височината на објектите

  34. Проблеми со наследените долгови во Општина Гостивар • КОНСОЛИДИРАН ДОЛГ НА ОПШТИНАТА на 13.04.2009 година изнесува: 205.421.879 ДЕНАРИ (3.351.091 ЕВРА) • Долгови исплатени до 31.03.2010 година: 108.514.179,00 ДЕНАРИ (1.770.215 ЕВРА ) • ПРЕПОРАКА: Да се санкционира законската одговорност на носителите на функции во локалната и централната власт за лошо финансиско менаџирање преку промена на законите кои се на сила ,

  35. Долгови на Општината Наследен долг на13.04.2009 година е93% кој треба даго покрие општината Директен заем од буџетот на РМ покрива само 7% од обврските

  36. Реформски мерки за финансиска консолидација на Општина Гостивар , Намалување на долговите е реализирање со превземање на следни реформски активности : • Структурно и организационо реформирање на јавните претпријатија и драстично намалување на сивата економија, на финансискта евазија и на корупцијата, • Драстично намалување на трошоците , • Прогласување на технолошки вишок со нова реорганизација на работните места и намалување на бројот на раководни места , • Зголемување на инкасирањето на даночните приходи (данок на недвижнини и на комуналните такси), • Ажурирање на актуелната база на податоци на даночните обврзници , • Формирање на сектор за повторна проценка на недвижниот имот според пазарната цена , • Склучување на вон судски спогодби, за долговите доспеани за наплата, во рати на сите наследени обврски, • Краткорочни заеми од Владата на РМ , • Заеми од комерцијални банки за финансирање на капитални проекти ,

  37. ЗАКЛУЧОК - Фискалната и финансиската децентрализација е забавена и заборавена во голема мерка, па дури можеби и блокирана, потребни се додатни импулси за надминување на создадената ситуација Ви благодарам!

More Related