slide1
Download
Skip this Video
Download Presentation
Основни принципи на управување

Loading in 2 Seconds...

play fullscreen
1 / 28

Основни принципи на управување - PowerPoint PPT Presentation


  • 227 Views
  • Uploaded on

Основни принципи на управување. Централизам, децентрализам, локална самоуправа. Поим на централизам. Управување со организацијата од еден центар.

loader
I am the owner, or an agent authorized to act on behalf of the owner, of the copyrighted work described.
capcha
Download Presentation

PowerPoint Slideshow about 'Основни принципи на управување' - chul


An Image/Link below is provided (as is) to download presentation

Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author.While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server.


- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - E N D - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
Presentation Transcript
slide1

Основни принципи на управување

Централизам, децентрализам, локална самоуправа

slide2
Поим на централизам

Управување со организацијата од еден центар.

Централизам во администрацијата значи вршење на сите административни дејности од страна на највисоките административни органи или во потполна зависност од нив и под нивна целосна контрола.

slide3
Основни карактеристики на централизмот:
  • Само државата има својство на правно лице;
  • Концентрација на сите буџетски средства во раце на државата;
  • Монопол на административните иницијативи;
  • Непостоење на органи на локална власт, туку претставници на централните органи;
  • Неучество на граѓаните при одлучување за работите од локален интерес;
  • Строго почитување на принципите на хиерархија и субординација;
slide4
Видови централизам:

1. Крут, строг или бирократски централизам – подрачните локални органи се јавуваат како прости извршители на налозите на централните органи кои во секое време можат да им пренесат или одземат овластувања (војска, полиција, големи корпорацоии и сл.)

slide5
Видови централизам:

2. Деконцентрација – ублажување на централизмот преку трајно пренесување на одредени работи и задачи врз организациони целини од пониско и средно ниво, со што центарот се ослободува од преголемиот број работи.

slide6
Предности на централизмот:
  • Се обезбедува единство на волјата во организацијата;
  • Се олеснува специјализацијата;
  • Побрзо се интервенира и се извршуваат задачите;
  • Се јакне одговорноста;
  • Поедноставна и поекономична организациона структура;
  • Се олеснува вршењето контрола
slide7
Хиерархија

Пирамидален систем во кој од поголем број пониски, потчинети органи се оди кон помал број на повисоки, претпоставени органи со завршување кај највисокиот орган.

slide8
Субординација

Должност на потчинетите да ги извршуваат службените наредби од своите претпоставени. Оваа должност е корелатив на правото на нивните претпоставени да им издаваат конкретни наредби.

slide9
Поим на децентрализам

Зakonsko prenesuvawe na ovlastuvawata, odnosno mo}ta na odlu~uvawe vo opredeleni domeni од централните врз lokalno izbrani посебни organi кои се вршат самостојно и со сопствени средства, при што само надзорот врз законитоста се врши од центарот.

slide10
Основни карактеристики на децентрализмот:
  • Издвојување на работите од локален интерес во посебна група;
  • Постоење законски основ за нивно ставање во надлежност на локалните заедници;
  • Локалните заедници имаат статус на правно лице;
  • Финансиска автономија на локалните заедници;
  • Избрани органи на локална власт;
  • Директно одлучување на граѓаните за работите од локален интерес.
slide11
Видови децентрализам

1.Teritorijalna дecentralizacija:

Сozdavawe na avtonomni административни strukturi {to se odgovorni pred naselenieto na lokalnata zaednica na koja и pripa|aat.

slide12
Видови децентрализам

2. Tehni~ka decentralizacija:

Издвојување на edna posebna sluжba od onie sluжbi {to gi vr{i drжavata i go dobiva svojstvoto na pravno lice.

Na toj na~in nastanuva ona {to во francuskata pravna doktrina се nareкuva javna ustanova.

slide13
Предности на децентрализмот:
  • Поеластичен систем на организирање;
  • Овозможува иницијатива на извршителите;
  • Прилагодување кон нови услови и потреби;
  • Спречува преголема концентрација на власт
slide14
Поим на локална самоуправа

Lokalnata samouprava i lokalnata uprava pretstavuvaat politi~ki pravni ramki na rakovodewe so edna relativno ograni~ena teritorija koja pretstavuva podredena, vo golema ili pomala mera, edinica na nacionalnata politi~ka organizacija.

slide15
Компаративни искуства
  • Велика Британија:

- тристепена л.с. во селските подрачја (парохија, селска околија и округ), двостепена л.с. во градските подрачја (градска околија и градски округ) и едностепена л.с. во окружните градови (округ сам за себе);

- репрезентативна л.с., локал. совет се избира директно, а градоначалникот (церемонијален функционер) го бираат членовите на советот; комитети на советот составени од стручњаци по одделни области кои не се членови на советот; градски/окружен секретар

slide16
Компаративни искуства
  • САД, федерална структура на власт:

- Едностепена лок. самоуправа (окрузи; големи градови; комуни и помали градови; околии)

- Градот е најзначајна е.л.с. – градоначалник (извршна власт) и совет (законодавна власт)

slide18
Компаративни искуства
  • Франција: двостепена л.с. (комуна и департман и Париска регија како специфична е.л.с.) со силни централистички елементи

- Комуна: совет (одлучува) и претседател и заменици (извршни органи). Советот го избира претседателот, но не може да го отповика, тој е претставник и на централната власт и на комуната

- Департман: префект (извршен орган поставен од централ. власт), генерален совет (орган на префектот кој се бира со општо право на глас, не заседава постојано, туку само 2 редовни сесии годишно) и комисија на департманот (постојан орган чии членови секоја год. Ги одредува ген. Совет)

slide19
Локална самоуправа во Република Македонија
  • Уставна и законска поставеност на локалната самоуправа во РМ со Уставот од 1991и амандмани 2001 и Законот за локална самоуправа 1996 i2005
  • Едностепена локална самоуправа – општини и градот Скопје како посебна е.л.с.
slide20
Надлежности на единиците на локална самоуправа во РМ
  • Изворни надлежности на е.л.с: предвидени со закон и не можат да им бидат одземени од централните органи. Контрола само врз законитоста. Се финансираат од сопствени извори на приходи.
slide21
Надлежности на единиците на локална самоуправа во РМ
  • Доверени (делегирани) надлежности на е.л.с: пренесени од органите на централна власт кои вршат целосна контрола и надзор (на законитоста и целисходноста) врз нивното извршување.Можна е авокација. Средствата се пренесени од републичкиот буџет.
slide22
Органи и акти на органите на локална самоуправа во РМ
  • Органи: совет и градоначалник (избрани на непосредни општи избори). Советот избира претседател од своите членови
  • Акти: Совет - статут, одлуки, препораки, решенија, заклучоци, планови и програми во согласност со закон. Градоначалник - решенија во управна постапка во прв степен
slide23
Однос органи на л.с. – централни органи
  • Однос на взаемна соработка
  • Однос на контрола и надзор:
  • Контрола и надзор врз изворни надлежности
  • Контрола и надзор врз пренесени надлежности
  • Финансиска контрола и ревизија
slide24
Контрола и надзор врз изворни надлежности
  • Надзор над работата на органите на е.л.с. – надзор над законитоста и контрола и ревизија врз материјалното и финансиското работење.
  • Субјекти: министерство за локална самоуправа; органите на државната администрација; Министерство за финансии; државен завод за ревизија.
slide25
Контрола и надзор врз изворни надлежности

Средства и постапка:

  • Надлежниот орган на државна администрација може со решение да го запре прописот на општината од извршување и во рок од 30 дена да поведе постапка за оцена на законитоста пред Уставен суд на РМ. Во спротивно, престанува да важи решението на државниот орган;
  • Извештаи за извршување на буџетот што се доставуваат до Државниот завод за ревизија. Извештајот на ДЗР се доставува до министерство за финансии, министерство за локална самоуправа и до органите на општината
  • Давање согласност на прописот во рок од 60 дена од доставување на барањето за согласност. По истекот на рокот се смета дека согласноста е дадена
slide26
Контрола и надзор врз делегирани надлежности
  • Органот на државна администрација во согласност со закон може да го делегира извршувањето на определени работи врз градоначалникот на општината
  • Во тој случај, за вршењето на делегираната надлежност се пренесуваат средства од буџетот на РМ
  • Органот на државна администрација има супсидијрна одговорност за вршењето на делегираните надлежности
slide27
Литература
  • Основна литература:
  • Гелевски, Гризо, Давитковски „Управно право“, Скопје, 1997, стр. 112-151
  • Закон за локална самоуправа од 2003 година
  • Дополнителна литература;

Лилиќ, „Управно право“, Београд, 1995, стр. 47-55

slide28
Прашања и теми за дискусија и есеи:
  • Централизам
  • Хиерархија и субординација
  • Деконцентрација
  • Децентрализам
  • Техничка децентрализација
  • Поим на локална самоуправа
  • Локална самоуправа во САД
  • Локална самоуправа во Англија
  • Локална самоуправа во Германија
  • Локална самоуправа во франција
  • Локална самоуправа во РМ
  • Однос на локални и централни органи
ad