slide1 n.
Download
Skip this Video
Loading SlideShow in 5 Seconds..
Облици на контрола и надзор PowerPoint Presentation
Download Presentation
Облици на контрола и надзор

Loading in 2 Seconds...

play fullscreen
1 / 34

Облици на контрола и надзор - PowerPoint PPT Presentation


  • 108 Views
  • Uploaded on

Облици на контрола и надзор. Поим на надзор,овластувања на државните органи, видови надзор. Поим на контрола и надзор.

loader
I am the owner, or an agent authorized to act on behalf of the owner, of the copyrighted work described.
capcha
Download Presentation

PowerPoint Slideshow about 'Облици на контрола и надзор' - britanni-lowe


An Image/Link below is provided (as is) to download presentation

Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author.While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server.


- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - E N D - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
Presentation Transcript
slide1

Облици на контрола и надзор

Поим на надзор,овластувања на државните органи, видови надзор

slide2
Поим на контрола и надзор

Термините контрола и надзор може да се сметаат за синоними и означуваат следење, проверка и оценка на дејност, акти и однесување со цел да се обезеди нивна целосна материјална и формална законитост.

slide3
Субјекти на надзор
  • Активен – субјектот кој го врши и спроведува надзорот, најчесто од позиција на власт.
  • Пасивен – субјектот врз кој се врши оценка на законитоста на работата, актите и дејствувањето.
slide4
Принцип на законитост

Оp{ta obvrska za site i za sekogo vo donesuvaweto na pravni akti i vo prezemaweto na materijalni dejstvija da se pridr`uvaat kon zakonite i propisite zasnovani na zakon.

slide5
Принцип на законитост

Нa~eloto na zakonitost se izrazuva niz tri nasoki:

  • organite i organizaciite {to postapuvaat vo upravni raboti se dol`ni da re{avaat vrz osnova na zakon, me|unarodni akti, drugi propisi na dr`avni organi i op{ti akti na organi i organizacii doneseni vrz osnova na javni ovlastuvawa;
slide6
Принцип на законитост

Spored ZOUP na~eloto na zakonitost se izrazuva niz tri nasoki:

  • koga organot ili organizacijata re{avaat vrz osnova na diskrecioni ovlastuvawa, odnosno po slobodna ocena, re{enieto mora da bide doneseno vo granicite na ovlastuvaweto dadeno so zakon i soglasno so celta zaradi koja e dadeno takvo (diskreciono) ovlastuvawe;
slide7
Принцип на законитост

Spored ZOUP na~eloto na zakonitost se izrazuva niz tri nasoki:

  • site odredbi od ZOUP va`at i mora da bidat po~ituvani i vo slu~aite koga organot re{ava po slobodna ocenka, odnosno donesuva diskrecioni akti.
slide8
Овластувања (средства) за вршење надзор
  • Правни средства: суспензија на акт; укинување и поништување на акт; (не)издавање согласност; изрекување управно-правни мерки; изрекување прекршочни казни
  • Вонправни мерки: укажувања; насоки; стручни мислења; обуки
slide9
Видови надзор
  • Надзор врз административните органи во кој јавната администрација се јавува како пасивен субјект
  • Надзор на административните органи, во кој јавната администрација се јавува како активен субјект
slide10
Надзор над административните органи
  • Надзорот над органите на државната администрација опфаќа контрола над законитоста и ефикасноста на нивната работа.
  • Активен субјект – повисокиот орган на државна администрација од оној врз кој се врши контролата:
  • Над министерство – Влада на РМ
  • Над орган во состав – министерство во чиј состав се наоѓа
  • Над управна организација – надлежно ресорно министерство
  • Над органи на л.с. – министерство за локална самоуправа
slide11
Надзор на административните органи
  • Надзор над законитоста на општи акти – превентивен, дополнителен
  • Надзор над законитоста на конкретни акти - инстанционен
  • Надзор над законитоста на работењето – инспекциски
  • Надзор (ревизија) врз законитоста на материјалното и финансиско работење – финансиски
slide12
Дополнителен надзор

Предмет. Контрола врз законитоста на општите акти на државните органи, установите, трговските друштва и други правни лица.

Субјект: Надзорот го врши ресорното министерство кое е надлежно за работата на установата, трговското друштво или др. правно лице.

Средства: запирање/суспензија на извршување на актот и поведување постапка за оценка на уставноста и законитоста на актот пред Уставниот суд

slide13
Дополнителен надзор

Постапка за вршење на надзорот:

  • Ако актот е во спротивност со Устав или закон надлежниот министер издава решение за запирање на актот од извршување
  • Министерот е должен да го извести доносителот на актот и да му укаже во рок од 30 дена да ги отстрани незаконитостите
  • Ако во определениот рок незаконитостите не бидат отстранети, во рок од осум дена од истекот на претходниот рок, министерот поведува постапка за оценка на уставноста и законитоста пред Уставниот суд на РМ
  • Ако постапката не биде поведена, решението за запирање на извршувањето на актот престанува да важи и запрениот акт станува извршен
slide14
Превентивен надзор
  • Предмет: законитоста и целисходноста на општите акти кои содржат одредби од јавен интерес (целиот акт или само одредбите кои содржат јавен интерес) донесени од органи, организации и установи кои вршат јавни служби
  • Субјект: Надзорот го вршат основачите (Влада, Собрание, министер, совет, сенат...) или од нив пределени органи на соодветната установа или организација од јавен интерес
  • Седства: согласност или претходна согласност/одобрение
slide15
Превентивен надзор

Постапка:

  • Согласност на актот се дава по неговото донесување и има ретроактивно дејство (ex tunc).
  • Претходната согласност/одобрението се дава на предлог – акти и има дејство од донесувањето на актот за во иднина (ex nunc).
slide16
Инстанционен надзор
  • Предмет: материјална и формална законитост на конкретен првостепен управен акт
  • Субјект: непосредно повисок државен орган и Владина второсепена комисија или второстепени комисии формирани со посебен закон
  • Средства: поништување и укинување на незаконитиот акт
slide17
Инстанционен надзор

Постапка:

  • Незадоволната странка од првостепениот управен акт во рок од 8 или 15 дена има право на жалба до непосредно повисокиот орган (второстепена комисија)
  • Надзорниот орган може да
  • го укине или поништи актот и да го врати на првостепениот орган на повторно решавање или
  • да го поништи актот и самиот мериторно да го реши предметот со донесување на нов акт против кој странката има право на тужба за управен спор
slide18
Инспекциски (репресивен) надзор

Предмет: контрола на законитоста на работењето (дејноста) на државните органи, установите, трговските друштва и други правни и физички лица .

Субјект: посебни државни органи – инспекторати (санитарен, пазарен, трудов, ветеринарен, рударски, сообраќаен, за животна средина...)

Средства:

  • Управно-правни мерки (опомена, укор, забрана за вршење дејност, затворање раб. простории, ставање на стока во/вон промет...)
  • Покренување на соодветна постапка (прекршочна или кривична)
  • Изрекување на прекршочни казни (глоба)
slide19
Инспекциски (репресивен) надзор

Постапка:

1. Се покренува ex officio или по иницијатива на физичко или правно лице

2. По извршениот увид и контрола се составува записник за утврдените недостатоци и:

  • се донесува решение за отстранување на утврдените неправилности или
  • се поднесува предлог до овластен државен орган за изрекување соодветна мерка или
  • се поднесува пријава за покренување на кривична или прекршочна постапка или
  • самиот инспекциски орган изрекува прекршочна казна – глоба

3. Против решението на инспекцискиот орган, незадоволната странка има право на жалба до надлежното министерство

slide20
Финансиски надзор

Предмет: контрола (ревизија) над материјално-финансиското работење на сите физички и правни лица

Субјекти: министерство за финансии (Управа за јавни приходи) и Државен завод за ревизија

Средства: записник за спроведена контрола; решение за: а) отстранување на недостатоци, б) преземање на финансиски обврски, в) привремено одземање на предмети и документи, г)привремена забрана за вршење дејност д) изрекување на мандатна казна; покренување на соодветна постапка

slide21
Финансиски надзор

Видови: екстерен, интерен и превентивен

  • Екстерниот надзор се врши преку доставување податоци во УЈП од страна на учесниците во платниот промет
  • Интерниот надзор се врши преку инспекциски надзор спроведен во просториите на учесниците во платниот промет
  • Превентивен надзор се врши кога превентивно се укажува на новините во материјално-финансиското работење и на новините во правните прописи со цел да им се помогне на учесниците во платниот промет да работат согласно законот
slide22
Финансов надзор – Управа за јавни приходи
  • Активен субјект: Министерство за финансии – Управа за јавни приходи
  • Пасивни субјекти: сите физични и правни лица – даночни обврзници
  • Средства (мерки): спроведување постапки во согласност со законите што ги уредуваат даночните постапки и законот што ги уредува одделните видови даноци; привремено одземање на предмети и документи кои можат во кривична/прекршочна постапка да послужат како доказ; привремена забрана за вршење дејност со запечатување на објект, опрема или просторија; изрекување мандатна казна; ставање пломба или други даночни обележја
slide23
Финансиски надзор – државна ревизија
  • Активен субјект: Државен завод за ревизија
  • Пасивни субјекти: Буџетот на РМ, буџетите на е.л.с., на буџетите на фондовите, корисниците на средства од овие буџети, јавни претпријатија, Народна банка, правни лица во кои државата е доминантен акционер, политички партии финансирани од буџетит на државата, агенции и други институции основани со закон и корисници на средства од ЕУ и др. меѓународни институции
slide24
Финансиски надзор – државна ревизија
  • Начини на вршење:
  • Испитување на документи, исправи и извештаи од интерна контрола, сметководствени и финансиски постапки и други евиденции за утврдување дали вистинито и објективно ја искажуваат финансиската положба и резултатот од финансиските активности во согласност со сметководствените начела и стандарди и Меѓународните ревизорски стандарди INTOSAI.
  • Испитување на финансиски трансакции кои претставуваат државни расходи во смисла на законито и наменско користење на средства
  • Давање оценка за користење на средствата од аспект на економичност, ефикасност и ефекстивност.
slide25
Финансиски надзор – државна ревизија
  • Постапка:
  • Овластен државен ревизор врши увид во целокупната документација и има слободен пристап во службените простории и имотот
  • По извршената ревизија составува претходен извештај
  • Се доставува до субјектот на кој е вршена ревизија, и има право да даде забелешки во рок од 15 дена
  • Врз основа на забелешките, овластениот државен ревизор составува и подготвува конечен извештај
  • Против конечниот извештај, субјектот има право на приговор во рок од 30 дена
  • По приговорот одлучува главниот државен ревизор во рок од 30 дена од приемот
slide26
Финансиски надзор - државна ревизија
  • Мерки (средства):
  • Доставување на конечниот извештај до органот надлежен за надзор врз работата на субјектот
  • Надзорниот орган е должен во рок од 90 дена да го извести ДЗР за преземените мерки во врска со наодите од извештајот
  • Доставување на секој ревизорски извештај до Министерство за финансии ако се констатирани наоди од областа на финансиите
  • Известување за поведување прекршочна или кривична постапка
slide27
Стручен надзор

Поим: се врши заради унапредување и подобрување на квалитетот на стручната работа во областите на образование и здравство.

Видови: во областа на образованието и во областа на здравството

slide28
Стручен надзор во образование
  • Активен субјект: Биро за развој на образование
  • Пасивни субјекти: основни и средни училишта
slide29
Надлежности на Бирото за развој на образованието
  • Подготовка на наставни планови и програми;
  • Екстерна проверка и оценка на учениците;
  • Остварување на стручно и педагошко усовршување на директорите, учителите, наставниците и воспитувачите;
  • Учествува со свој претставник во комисијата за оценување на наставниците, учителите и воспитувачите;
  • Покренување иницијатива за оценување на способноста на наставниците, учителите и воспитувачите за реализација на нивните работни обврски;
  • Предлага концепција за учебник;
  • Изработува програма за издавање учебници;
  • Изработува методологија за стручно вреднување на учебници;
  • Дава мислење за именување директор
slide30
Стручен надзор во здравство
  • Активен субјект: Министерство за здравство: Комисија од редот на истакнати здравствени, научни и стручни работници, или соодветна здравствена организација (на пр. Клинички центар, Медицински факултет и сл.)
  • Пасивни субјекти: здравствени и други организации кои спроведуваат здравствена заштита и самостојни ординации
  • Видови: интерен (самите здравствени организации) и екстерен (Министерство за здравство преку наведените субјекти)
slide31
Стручен надзор во здравство
  • Постапка:
  • Се спроведува најмалку еднаш годично
  • За спроведениот надзор се составува извештај
  • Извештајот се поднесува до министерството за здравство (МЗЗ)
  • Ако е при вршењето на надзорот е констатирана непосредна опасност по здравјето и животот на луѓето, МЗЗ се информира во рок од 24 часа и му се предлагаат мерки за отстранување на недостатоците
  • МЗЗ ќе донесе решение за забрана на вршење на дејност врз основа на извештајот, ако констатира дека недостатоците може да предизвикаат штетни последици по животот и здравјето на граѓаните
  • За донесеното решение МЗЗ ќе ја извести Владата на РМ
slide32
Литература
  • Основна литература:
  • Гелевски, Гризо, Давитковски „Управно право“, Скопје, 1997, стр. 337-367
  • Закон за организација и работа на органите на државната управа од 2000 год
slide33
Литература:
  • Дополнителна литература:
  • Лилиќ, „Управно право“, Београд, 1995, стр. 413-422
  • Закон за основно образование
  • Закон за средно образование
  • Закон за здравствена заштита
  • Закон за управа за јавни приходи
  • Закон за државна ревизија
  • Закон за финансиска полиција
slide34
Прашања и теми за дискусија и есеи:
  • Поим на контрола и надзор
  • Субјекти
  • Принцип на законитост
  • Овластувања (средства) за вршење надзор
  • Надзор врз административните органи
  • Надзор што го спроведуваат административните органи
  • Дополнителен
  • Превентивен
  • Инстанционен
  • Инспекциски (репресивен)
  • Финансиски
  • Стручен надзор во образованието и здравството