1 / 49

МСС 7

Извештај за парични текови. МСС 7. Информациите им користат на корисниците на финансиските извештаи за да можат да ја проценат можноста на ентитетот да генерира пари и парични еквиваленти и потребите на ентитетот за пари.

babu
Download Presentation

МСС 7

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. Извештај за парични текови МСС7

  2. Информациите им користат на корисниците на финансиските извештаи за да можат да ја проценат можноста на ентитетот да генерира пари и парични еквиваленти и потребите на ентитетот за пари. Дава информации за промените во нето средствата на ентитетот, неговата финансиска структура (вклучувајќи ја ликвидноста и солвентноста) и неговата способност да влијае врз износите и навременоста на паричните текови со цел да се адаптира на промените на условите и можностите. Информациите за паричните текови се корисни при проценка на можностите на ентитетот да генерира пари и парични еквиваленти и да им овозможува на корисниците да изградуваат модели за проценка и споредба на сегашната вредност на идните парични текови на различни ентитети. Се олеснува споредливоста во известувањето за оперативното работење на различни ентитети бидејќи се елиминираат ефектите од користењето на различни сметководствени постапки за исти сметководствени трансакции и настани. Цел на паричниот тек

  3. Aгенда • Делокруг и дефиниции • Структура на извештајот за парични текови • Специфични барања и обелоденувања

  4. Делокруг • Сите ентитети, без оглед на дејноста мораат да презентираат извештај на парични текови како составен дел од неговите финансиски извештаи • Паричен тек треба да се презентира за секој период за кој се презентираат финансиските извештаи.

  5. Пари: • Пари во каса и депозити по видување • Парични еквиваленти: Краткорочни, високо ликвидни вложувања кои: • можат брзо да се конвертираат во познати износи на пари • подлежат на незначителен ризик од промена на вредноста • најважно од се, тие се чуваат со цел да се излезе во пресрет на краткорочните парични обврски наместо за вложување или за други цели • Парични текови: • Приливи и одливи на пари и парични еквиваленти Дефиниции

  6. Паричен тек наспроти профит • Паричните текови и профитот се различни економски феномени • Меѓутоа поврзани се преку механизмот на пресметковно сметководство! • Паричните текови се фактички податоци за приливите и одливите на пари, додека билансот на состојба извештај за финансиска состојба) и билансот на успех (извештај за сеопфатна добивка) произлегуваат од професионално расудување и не претставуваат директна проекција на објективни економски информации

  7. Ликвидност/солвентностипарични текови • Ликвидност • Се однесува на “блискоста до пари” на структурата на средствата • Утврдена е од капацитетот да се конвертираат тековните средства во пари • Солвентност • Се однесува на идната расположливост на пари со цел на времеда се подмират финансиските обврски • Утврдена е од временскиот распоред и неизвесноста на идните парични плаќања и парични примања • Показателите за ликвидностисолвентностсе утврдени врз основа на статички податоци за финансиска состојба, додекапаричните текови ги одразуваат промените во финансиската состојба

  8. Односи со извештајот за финансиска состојба и извештајот за сеопфатна добивка извештај за сеопфатна добивка Извештајот за перчен тек ги одразува како активностите кои се “поврзани со профит“ така и актовностите кои “не се поврзани со профитот“ (вложувачки и од финансирање) со влијание врз рапсоложливите пари во текот на периодот кој е покриен во извештајот за сеопфатна добивка Паричен тек Извештај за финансиска состојба на почеток на период Извештај за финансиска состојба на крај на период

  9. Поврзани прашања • Од кои извори компанијата генерираше пари во текот на минатата година? Како беа искористени тие пари? • Дали беше компанијата во можност да ја задоволи потребата за пари од оперативни активности? • Доколку не, дали недостатокот на пари е компензиран со нови заеми, емисија на акционерски капитал или со продажба на основни средства? • Дали вишокот на пари се користел за отплата на заеми, за вложување или за распределба на дивиденди? • Зошто е намалено нивото на пари, земајќи во предвид дека оперативните активности на компанијата се профитабилни?

  10. Агенда • Делокруг и дефиниции • Структура на извештајот за парични текови • Специфични барања и обелоденувања

  11. Извештај на парични текови Извештај на парични текови Главни активности кои му носат приходи на ентитетот и други активности кои не се вложувачки или финансиски Оперативни активности Стекнување и отуѓување на долгорочни средства и други вложувања кои не се вклучени во парични еквиваленти Вложувачки активности Активности кои резултираат со промени во големината и составот на главнината и позајмувањата на ентитетот Финансиски активности

  12. Форма на извештајот за парични текови

  13. Пари и парични еквиваленти • За да се квалификува како пари и паричен еквивалент: - вложувањето мора да може брзо да се конвертира во познат износ на пари - да биде подложено на незначителен ризик од промена на неговата вредност. • Едно вложување обично се квалификува како паричен еквивалент само кога има краткорочно доспевање (на пример, три или помалку месеци од датумот на стекнувањето) • Вложувањата во главнината се исклучуваат од парични еквиваленти, освен во случај кога тие се во суштина парични еквиваленти, како на пример, приоритетни акции стекнати во краток период до нивното доспевање и со специфичен датум на откупување

  14. Компанијата XYZ на 1 декември 2010 година орочила депозит со рок на доспевање на 15 февруари 2011 година. Како треба да биде класификуван депозитот во финансиските извештаи за годината која завршува на 31 декември 2010 година? (а) Пари и парични еквиваленти (б) Краткорочни вложувања Прашање

  15. Клучен показател за степенот до кој активностите на ентитетот генерирале доволно парични текови за отплата на заемите, одржување на оперативната способност на ентитетот, исплатата на дивиденди и вршење на нови вложувања без надворешни извори на финансирање. • Примарно произлегуваат од главните активности кои му носат приходи на ентитетот. • Генерално произлегуваат од трансакции и други настани кои се вклучени во генерирањето на добивката или загубата. Парични текови од оперативни активности 15

  16. Парични текови од оперативни активности • “Оперативните парични текови” се концептуално најблиску до “нето добивката” • Главни разлики: • Безготовинските расходи и безготовинските приходи (на пр. трошок за амортизација) • Не оперативни ставки (на пр. капитална добивка) • Временски разлики помеѓу нето добивка и паричниот тек кој произлегува од трансакцијата (на пр. промени во нивото на залихи, побарувања, обврски и сл.)

  17. Примери за парични текови од оперативни активности: • Приливи од продажба на производи и давање на услуги. • Приливи од тантиеми, надоместоци, провизии и други приходи. • Одливи на добавувачите на стоки и услуги. • Одливи на и во име на вработените. • Приливи и одливи на осигурителен ентитет за премии и наплатени штети, ануитети и други користи кои произлегуваат од полисите. • Одливи или рефундирање на данок на добивка, доколку тие можат посебно да бидат идентификувани како финансиски или вложувачки активности. • Приливи и одливи според договори кои се чуваат за целите на склучување на зделка или за тргување. Парични текови од оперативни активности (продолжeние) 17

  18. Примери за парични текови од оперативни активности: • Паричните текови за производство или стекнување на средства кои се чуваат за давање под наем на други или за нивна последователна продажба. • Приливите од наеми и последователни продажби на ваквите средства се исто така парични текови од оперативни активности. • Паричните текови кои произлегуваат од купување и продажба на хартии од вредност кои се чуваат заради за склучување на зделка или за тргување се класифицираат како оперативни активности. • Паричните аванси и заеми дадени од страна на финансиските институции обично се класифицираат како оперативни активности, бидејќи се однесуваат на главната активност која им носи приходи на тие ентитети. Парични текови од оперативни активности (продолжeние) 18

  19. Класифицирање на движењата во билансот на состојба како приливи или одливи на пари

  20. Известување за парични текови од оперативни активности Се бира помеѓу • Директен метод (препорачлив) • При што се обелоденуваат главните класи на бруто паричните примања и бруто паричните плаќања • Индиректен метод(најчесто употребуван) • Нето добивката и загубата се корегира за: • Ефектите од трансакции од непарична природа, • Било какво одложување или разграничување на минати или идни оперативни парични примања или плаќања, и • Ставки на приходи/расходи поврзани со вложувачки или финансиски парични текови

  21. Дава информации кои можат да се користат за оценка на идните парични текови. За главните класи на бруто приливите и бруто одливите можат да се добијат: Од сметководствената евиденција, или По пат на корегирање на приходите од продажба, трошоците на продажба (камати и слични приходи и расходи за камати и слични такси за некоја финансиска институција) и останатите ставки во добивката или загубата за: (i) Промените на залихите и оперативните побарувања и обврските. (ii) Други непарични ставки. (iii) Други ставки за кои паричните ефекти се вложувачки или финансиски парични текови. • Нето паричните текови се определуваат по пат на корегирање на нето добивката или загубата за ефектите од: • Промените во залихите и оперативните побарувања и обврски во текот на периодот. • Непарични ставки како што се амортизација, резервирања, одложени даноци, нереализирани курсни признаени добивки или признаени загуби, нераспределени добивки на придружени ентитети. • Сите други ставки за кои паричните ефекти се вложувачки или финансиски парични текови. • Алтернативно, нето паричните текови можат да се презентираат по пат на искажување на приходите и расходите обелоденети во добивката или загубата и промените во залихите, оперативните побарувања и обврски во текот на периодот. Оперативни активности директна Vs. индиректна метода Директна метода Индиректна метода 21

  22. Оперативни активности- индиректна метода

  23. Директна метода- пример

  24. Генерално , се обелоденуваат одделно од главните класи на бруто паричните примања и бруто паричните плаќања. • Посебното обелоденување е значајно, бидејќи паричните текови го претставуваат степенот на направените издатоци со цел стекнување на ресурси за генерирање идна добивка и парични текови. Парични текови од вложувачки активности

  25. Одливи заради стекнување на недвижности, постојки и опрема, нематеријални средства и други долгорочни средства. Овие плаќања ги вклучуваат плаќањата кои се однесуваат на трошоците за развој кои се капитализираат и изградбата во сопствена режија на недвижности, постојки и опрема. • Приливи од продажба на недвижности, постројки и опрема, нематеријални средства и други долгорочни средства. • Одливи за стекнување на сопственички или должнички инструменти на други ентитети и учество во заеднички вложувања, (освен примањата за оние инструменти кои се сметаат за парични еквиваленти и оние кои се чуваат за целите на склучување на зделка или за тргување). • Приливи од продажби на сопственички или должнички инструменти на други ентитети и учество во заеднички вложувања (освен примањата за оние инструменти кои се сметаат за парични еквиваленти и оние кои се чуваат за целите на склучување на зделка или за тргување). Парични текови од вложувачки активности - примери 25

  26. Парични аванси и заеми дадени на други странки (освен авансите и заемите кои ги дава финансиски институции). • Приливи од наплата на аванси и заеми дадени на други странки (освен авансите и заемите на финансиски институции). • Одливи за фјучерс договори, термински договори, договори за опции и своп договори, освен за оние договори кои се чуваат за целите на склучување на зделка или за тргување, или кога плаќањата се класифицирани како финансиски активности. • Приливи од фјучерс договори, термински договори, договори за опции и своп договори, освен за оние договори кои се чуваат за целите на склучување на зделка или за тргување, или кога примените наплати се класифицирани како финансиски активности. Парични текови од вложувачки активности – примери (продолжение) 26

  27. Се обелоденуваат одвоено поради тоа што е корисно во предвидувањето на потребите за идни парични текови од страна на оние кои обезбедуваат капитал на ентитетот. Примери: • Приливи од издавање на акции и други сопственички хартии од вредност. • Одливи на сопствениците за стекнување или за откупување на акциите на ентитетот. • Приливи од издавање на необезбедени обврзници, заеми, обврзници, хипотеки и други краткорочни или долгорочни позајмувања. • Одливи за исплата на позајмени износи. • Одливи од страна на наемателот за намалување на неподмирените обврски кои се однесуваат на финансиски наем. Парични текови од финансиски активности 27

  28. Известување за парични текови од вложувачки и финансиски активности • Ентитетот треба посебно да известува за главните класи на бруто парични примања и бруто парични плаќања кои настануваат од вложувачки и финансиски активности, освен за паричните текови за кои се известува на нето основа, како: • Приливите и одливите кои се прават за сметка на купувачи кога паричните текови повеќе се однесуваат на активностите на купувачот отколку на активностите на ентитетот. • Примери: • Прифаќање и исплата на депозити по видување од страна на банката. • Финансиски средства кои ентитетот кој се занимава со вложувања ги чува за своите клиенти. • Примени наемнини во име на, и исплатени на, сопствениците на недвижностите. 28

  29. Известување за парични текови од вложувачки и финансиски активности (продолжение) Паричните текови за кои се известува на нето основа (продолжение) • Приливите и одливите за ставки во кои • обртот на средства е брз, • износите се големи, • доспевањето е во краток рок. • Примери: • дадени аванси за и отплата на: • (a) Износот на главницата која се однесува на корисниците на кредитни картички. • (б) Купување и продажба на вложувања. • (в) Други краткорочни позајмувања, на пример, оние кои достасуваат во период од три месеци или пократко. 29

  30. Известување за парични текови од вложувачки и финансиски активности (продолжение) Парични текови за кои се известува на нето основа (продолжение) • Парични текови кај финансиските институции: • (a) Парични приливи и одливи за прифаќање и исплата на депозити со фиксен датум на доспевање. • (б) Положување на депозити и повлекување на депозити од други финансиски институции. • (в) Парични аванси и заеми дадени на купувачите и отплата на тие аванси и заеми. 30

  31. Изготвување на извештај за паричен тек • Утврди ги нето промените во парите и парични еквиваленти • Спореди го почетното и крајното салдо • Идентификувај ги сите трансакции во периодот кои доведуваат до промена во парите и паричните еквиваленти • Директна метода:анализирај ги движењата во сметките за пари (парични еквиваленти) трансакција по трансакција • Индиректна метода :објасни ја нето промената на парите со анализирање на останатите сметки, знаејќи дека секоја трансакција која има влијание на парите исто така влијае и на непаричните сметки • Искористи ја информацијата (од чекор 1 и 2) за конструирање на извештај за паричен тек според претходно наведените правила

  32. Примена на чекор 2 • Информациите за подготовка на оперативните парични текови примарно се извлекуваат од извештајот за финансиска состојба во извештајот за сеопфатна добивка, додека информациите за останатите две главни категории произлегуваат од извештајот за финансиска состојба (и деталните податоци од белешките на финансиските извештаи) • Движењата во сметките укажуваат на промена во финансиската состојба и потребно е понатамошно анализирање за да се утврди дали тие имаат влијание на паричните текови • Провери дали корекции кои се прават заради пресметковната природа на сметководството или останати “безготовински активности“ имаат влијание на салдата.

  33. Практичен пример

  34. Белешки (1) Не - тековни средства со н абавна вредност од 200,000 и со отпишана вредност од 60,000 беа продадени за 80,000 во текот на годината . задржана добивка се сост ои од следново (2) Зголемувањето на : Почетна состојба 500 Д обивка од работењето 1,090 намалено за : Платени трошоци од финансирање (120) –––––– Добивка пред оданочување 970 Расход за данок на добивка (300) Платени дивиденди (250) Задржана добивка за годината –––––– 420 –––––– Салдо на крај 920 –––––– Пример

  35. Решение

  36. Aгендa • Делокруг и дефиниции • Структура на извештајот за парични текови • Специфични барања и обелоденувања

  37. Треба да бидат евидентирани во известувачката валута на ентитетот, при што на износот во странска валута се применува девизниот курс помеѓу известувачката валута и странската валута на датумот на паричниот тек. • Паричните текови од странски подружници треба да се конвертираат по девизните курсеви помеѓу известувачката валута и странската валута на датумите на паричните текови. • МСС 21, Ефекти од промените на девизните курсеви дозволува користење на девизен курс кој е приближен на фактичкиот курс. - може да се користи пондериран просечен девизен курс - МСС 21 не дозволува користење на девизен курс на крајот на периодот на известување при конвертирањето на паричните текови на странската подружница. Парични текови во странска валута

  38. Нереализирани признати добивки и загуби кои произлегуваат од промена во девизните курсеви не претставуваат парични текови • Ефектот од промените во девизниот курс врз парите и паричните еквиваленти кои се чуваат или се должат во странска валута треба да се искажат во извештајот за парични текови за да се усогласат парите и паричните еквиваленти на почетокот и крајот на периодот Парични текови во странска валута

  39. Сите парични текови од примени и платени камати и дивиденди треба да бидат посебно обелоденети. • Треба да бидат класифицирани на конзистентен начин од период во период било како оперативни, вложувачки или финансиски активности. • Во финансиска институција се класифицираат како оперативни парични текови. • Кај други ентитети - не постои општо прифатен консензус за класификација. Камати идивиденди

  40. Можна класификација кај нефинансиски ентитети: Платените камати и примените камати и дивиденди: • оперативни парични текови бидејќи влегуваат во определувањето на добивката или загубата. • алтернативно, како финансиски парични текови и вложувачки парични текови респективно бидејќи претставуваат трошоци на добивање финансиски извори или поврат на вложувањата. Платените дивиденди • финансиски паричен тек бидејќи се трошок за добивање на финансиски извори. • алтернативно, како компонента на паричните текови од оперативни активности со цел да им се помогне на корисниците во утврдувањето на способноста на ентитетот да плаќа дивиденди од оперативните парични текови. Камати идивиденди

  41. Треба да се обелоденат посебно • Се обелоденуваат вкупните износи на платени даноци ако се алоцирани во повеќе од една категорија • Треба да се класифицираат како парични текови од оперативни активности освен доколку можат специфично да се идентификуваат како финансиски и вложувачки активности. • Даночните парични текови често пати не е изводливо да се идентификуваат и можат да произлезат во различен период од паричните текови на основната трансакција. • Поради тоа, платените даноци обично се класифицираат како парични текови од оперативни активности, освен ако е изводливо да се класифицира со поединечна трансакција која генерира парични текови што се класифицирани како вложувачки или финансиски активности. Даноци на добивка

  42. При примена на методата на главнина или методата на набавна вредност, вложувачот го ограничува неговото известување во извештајот за парични текови на парични текови помеѓу него и примателот на вложувањето, на пример, на дивиденди и аванси. • Заеднички контролиран ентитет: • Со примена на пропорционална консолидација, во консолидираниот извештај на парични текови се вклучува пропорционален дел во паричните текови на заеднички контролираниот ентитет. • Со примена на методата на главнина во извештајот за парични текови се вклучуваат и паричните текови во поглед на вложувањето во заеднички контролираниот ентитет, и распределбата и другите плаќања и примања помеѓу ентитетот кој известува и заеднички контролираниот ентитет. Вложувања во подружници, придружени ентитети и заеднички вложувања

  43. Збирните парични текови кои произлегуваат од стекнување или губење контрола над подружници и други деловни единици треба да се презентираат посебно • Се класифицираат како вложувачки активности. • Се обелоденува, во вкупен износ, и за стекнувањата и отуѓувањата во текот на периодот: • Вкупниот платен или примен надоместок • Делот од надоместокот што се состои од пари и парични еквиваленти • Износот на пари/паричните еквиваленти кои се стекнати или отуѓени • Износот на средства и обврски, освен парите и паричните еквиваленти, кои се стекнати или отуѓени Промени во сопственичкото учество во подружници и други деловни единици

  44. Како посебни линиски ставки се презентираат ефектите на паричните текови во стекнување и во губење на контрола во подружниците или другите деловни единици • Ефектите на паричниот тек од губењето контрола не се одземаат од оние за стекнување контрола. • Збирниот износ на платените или примените парични средства се искажува нето од паричните средства и паричните еквиваленти стекнати или отуѓени како дел од таквите трансакции, настани или промени во околностите. • Паричните текови што произлегуваат од промените во сопственичкото учество во подружница, а што не резултираат во губење на контрола треба да се класифицираат како парични текови од финансиски активности. Промени во сопственичкото учество во подружници и други деловни единици

  45. Вложувачките и финансиските трансакции кои не бараат користење на пари и парични еквиваленти треба да бидат исклучени од извештајот за парични текови. • Треба да бидат обелоденети на друго место во финансиските извештаи на начин кој ги обезбедува сите релевантни информации за овие вложувачки и финансиски активности. • Примери на непарични трансакции: • стекнување на средства, било со прифаќање на директно поврзаните обврски или со финансиски наем. • стекнување на ентитет со емисија на удели од главнината. • конверзија на долг во главнина. Непарични трансакции

  46. Треба да се обелоденат компонентите на пари и парични еквиваленти • Треба да се презентира усогласување помеѓу износите во извештајот за парични текови со еквивалентните ставки презентирани во извештајот за финансиската состојба. • Износот на значајните пари и парични еквиваленти кои не се расположливи за употреба (ограничени). • Треба да се обелодени усвоената политика за утврдување на составот на парите и паричните еквиваленти. • Ефектот на секоја промена во политиката за утврдување на компоненти на пари и парични еквиваленти, (промена во класификацијата на финансиските инструменти) - во согласност со МСС 8 Сметководствени политики, промена на сметководствени проценки и грешки. Компоненти на пари и парични еквиваленти

  47. Износот на значајните салда на пари и парични еквиваленти кои ги чува ентитетот и кои не се расположливи за користење од страна на групата. • Износот на неповлечени средства од заеми што може да бидат расположлив за идни оперативни активности, укажувајќи за било какво ограничување за употребата на овие средства. • Збирни износи на паричните текови од секоја оперативна, вложувачка и финансиска активност кои се однесуваат на учествата во заедничките вложувања за кои се известува според методата на пропорционална консолидација. • Збирниот износ на паричните текови кои претставуваат зголемување во оперативниот капацитет посебно од оние парични текови кои се потребни за да се одржува оперативниот капацитет. • Износот на парични текови што произлегува од оперативни, вложувачки и финансиски активности за секој известувачки сегмент (види МСФИ 8 Оперативни сегменти). Други обелоденувања

  48. Една компанија зема под наем магацин за складиштење, под финансиски наем. Во извештајот за финансиската состојба го признава изнајменото средство и обврската по финансиски наем. Како треба да биде првичното признавање на изнајменото средство и обврската за финансискиот наем во извештајот за парични текови прикажано? (а) Како вложувачка активност (б) Како финансиска активност (в) Како вложувачка и финансиска активност (г) Да не се обелоденува Прашање

  49. Како треба еден ентитет (освен финансиска институција) да ги обелодени примените дивиденди во извештајот за парични текови? (а) Оперативен паричен прилив (б) Или како оперативен паричен прилив или како вложувачки паричен прилив (в) Или како оперативен паричен прилив или како финансиски паричен прилив (г) Вложувачки паричен прилив Прашање

More Related