90 likes | 262 Views
Развои во меѓународното право. Обврска на адвокатите да пријавуваат сомневања за перење пари. ЕСП, C-305/05 „адвокатската комора и други против Советот на министри“ („ ordre des barreaux e.a .“) 2ра Директива против перењето пари
E N D
Обврска на адвокатите да пријавуваат сомневања за перење пари ЕСП, C-305/05 „адвокатската комора и други против Советот на министри“(„ordre des barreaux e.a.“) • 2ра Директива против перењето пари • Обврските за информирање и соработка за сузбивање на перењето пари не го прекршуваат правото на правично судење • Директивата 91/308 го ослободува адвокатот од обврската за пријавување во случај на помагање во судски постапки или нивно избегнување • Процена само во контекст на член 6 од ЕСЧП ЕСЧП, 12323/11 „Michaud против Франција“ • Нема прекршување на чл. 8 (тужителот беше адвокат) • Сузбивањето на перењето пари се смета за спроведување на законската цел за спречување безредие и криминал
Конфискација ЕСЧП, 68443/01, „Baklanov против Русија“ Конфискацијата на шверцувани пари претставува прекршување на чл. 1 од прот. 1, доколку не е предвидено со закон Оттука, можно е само да се конфискуваат стоки со незаконско или криминално потекло, ако постои јасна одредба во домашните закони.
Опсег на законодавството за сузбивање на перењето пари ЕСП, C-212/11, “Jyske Bank Gibraltar Ltd.” • Обврската на банките да пријават сомнителни трансакции може да се прошири и на банките кои само нудат услуги во други земји-членки без се основани таму. • Мерката е соодветна за постигнување на целта за спречување перење пари и финансирање терористи
Финансирање тероризам I ОСЕУ, T-315/01, “Kadi I” • Предност на законите на ОН пред законите на ЕУ • Само индиректно испитување на резолуциите на Советот за безбедност • Надлежност на ОСЕУ само во однос на iuscogens ЕСП, C-402/05 P e.a., “Kadi I” • Надлежност во однос на регулативата (EЗ) 881/2002 “во принцип целосен преглед” • Прекршени основните права на Кади • Поништување на регулативата (EЗ) 881/2002 во тогашната применлива верзија
Финансирање тероризам II ОСЕУ, T-85/09, “Kadi II” • ОСЕУ го следи ЕСП во случајот Кади I • „сè додека постапката за повторно испитување на која работи Комисијата за санкции јасно не успее да понуди гаранции за ефективна судска заштита“ • Прекршени основните права на Кади ЕСП, 584/10 P e.a., “Kadi II” • ЕСП ги отфрла жалбите, но идентификува грешки во законот на ОСЕУ
Перењето пари и индустријата на игри на среќа ЕСП, C-347/09, “Dickinger и Ömer” • Монополите во игрите на среќа се легитимен начин за сузбивање на криминалот, ако постои доказ дека кривични дела и измама поврзани со игрите на среќа и зависноста од коцкање се проблем во таа земја-членка • Оттука следува дека земја-членка може да донесат мерки за строга контрола на секторот за игри за среќа, како и за сузбивање на перењето пари ЕСП, C-212/08, “Zeturf” • Монополите на игрите за среќа имаат легитимно право да воведат строга контрола во секторот, ако монополот е соодветен за да се осигури дека постои високото ниво на заштита кои властите го бараат • Тужителот во овој предмет тврдеше дека монополот всушност се користи за перење пари преку продажба на ливчиња за обложување на анонимни обложувачи и затоа беше дел од проблемот, наместо да биде решение
Борба против перењето пари и слободно движење на капитал I ЕСП, C-358/93 e.a., “Bordessa” • Шпанското законодавство наметнало обврска за пријавување на извозот на готовина или – во зависност од висината на износот – за барање авторизација за извоз • Целта на националното правило беше сузбивање на перењето пари, трговија со дрога, затајување даноци и тероризам • Пријавувањето може да биде законска мерка за постигнување на целта • Но, авторизацијата го нарушува слободното движење на капиталот ЕСП, C-163/94 e.a., “SanzdeLera” • Исто како и погоре, но се однесува на извоз на готовина во земји кои не се членки на ЕУ • За сузбивање на перењето пари доволен е систем на претходно пријавување • Барањето за авторизација е претерано • (“Konle” не е во согласност со оваа пресуда, но има сосема различна позадина и законодавна цел)
Борба против перењето пари и слободно движење на капитал II ЕСП, C-54/99, “Scientologie” • ЕСП ја прифаќа идејата дека авторизацијата на увозот на странски капитал можеби е неопходно за спречување закана по јавната безбедност • Ако инвестицијата влегле во земјата, самата обврска за пријавување можеби нема да е доволна бидејќи парите веќе влегле во финансискиот систем • Француското законодавство, меѓутоа, не беше доволно конкретно, затоа слободата на движење на капиталот беше нарушена • ЕСП претпазливо се оддалечува од “Bordessa” и “SanzdeLera” • Пресудата најверојатно се применува и во борбата против перењето пари,бидејќи перењето пари претставува закана по јавната безбедност