90 likes | 230 Views
Донаторска тркалезна маса: Приоритети во СОО - Заклучоци. 26.01.2011 година Стопанска Комора на РМ. Група 1 – Институционален развој и развој на човечките ресурси на Центарот, основа за беспрекорност во работењето. Водители на групата: Билјана Апостоловска , Роза Арсовска и Ридван Зеќири
E N D
Донаторска тркалезна маса: Приоритети во СОО- Заклучоци 26.01.2011 година Стопанска Комора на РМ
Група 1 – Институционален развој и развој на човечките ресурси на Центарот, основа за беспрекорност во работењето • Водители на групата: Билјана Апостоловска, Роза Арсовска и Ридван Зеќири • ЦСОО, со поддршка на стручни лица од Сојузот на стопански комори ќе изврши анализа на потребите од техничка опрема и проценка на потребни средства за нивна набавка до септември • Светско учење ќе се заложи да обезбеди мебел при проектното расходување по завршувањето на проектот- мај
Група 1 – Институционален развој (прод.) • УСАИД ќе продолжи да го поддржува Центарот преку имплементација на активности зацртани во пакетот интервенции после спроведената анализа во 2009 и согласно Стратегијата за развој на Центарот • ЦИРА ќе лобира кај потенцијални донатори за поддршка на Центарот за обезбедување средства за техничка помош и обуки на персоналот • БРО ќе ја разгледа можноста за помош на ЦСОО преку својот возен парк
Група 2 – Градење на систем за следење на потребите на пазарот на трудот – стандарди на занимања и стручни квалификации • Водители на групата: Ласте Спасовски, Лидушка Василевска и Бранко Алексовски • Се поддржува потребата од воспоставување на систем за следење на потребите на пазарот на трудот. • Министерството за труд и социјална политика ќе соработува со ЦСОО при менување на Методологијата за истражување на пазарот на трудот. • Агенцијата за вработување на РМ при реализација на потребите на пазарот на трудот ќе вклучува и претставници од Центарот за стручно образование и обука. • Агенцијата за вработување на РМ постојано ќе доставува информации за истражувањето на пазарот на трудот до Центарот за стручно образование и обука.
Група 2 – пазар на труд (прод.) • Социјалните партнери ја поддржуваат активноста за формирање на совети за струки со активно учество во нив. • ССО ќе даде силна поддршка при формирањето на 14 Совети за струки. • ССО се обврзува да ја преиспита можноста Коморите и Здруженијата на работодавачите, врз основа на посебни обрасци, најмалку два пати годишно од своите членки да обезбедуваат информации за промените во светот на трудот и занимањата. • ЗЕЛС ја превзема одговорноста да ги прибира информациите од ЕЛС поврзани со потребите на локалниот пазар на труд
Група 2 – пазар на труд (прод.) • Министерството за образование и наука ќе ја преиспита можноста за верификација на Советите за струки. • Министерството за труд и социјална политика ќе преземе одговорност за донесување на Стандардите на занимања. • Британски совет ќе ја подржи изработката на 14 Стандарди на занимања; • УСАИД преку посебен петгодишен проект ќе го поддржи стекнувањето на меки вештини на младите, најпрвин во стручните училишта во 6 града, а потоа и во дополнителни 4 града.
Група 3. Развој на наставни планови и програми во сите нивоа на стручното образование и обуки на наставен кадар • Водители на групата: Лепа Трпческа, Чедомир Димовски и Зоран Јовчевски • Цел1: Редефинирање на струки и дефинирање на образовни профили по струки на сите нивоа (вклучително и пост средно). • Цел2: Дефинирање на образовни профили по струки на сите нивоа на стручно образование • Цел 3: Рапишување на конкурс • Цел 4: Изработка на стандарди на струки,анекси на постојните стандарди на струки, образовни профили и наставни планови по струки • Цел 5: Обука на наставниците за примена на новите наставни програми
Група3. Развојна наставни планови и програми (прод.) • Потребни се различни извори на финансирање • Потребни се средства за да се спроведат реформите, мора да се пристапи кон изработка на стандарди на струки и профили во согласност со потребите на пазарот на трудот. • Создавање на предуслови за имплементација на нови наставни програми (опрема, обучени наставници, литература) • Забрзување на процедурата за донесување на образовни програми • Измени во законската регулатива која го регулира стручното образование.
Група3. Развојна наставни планови и програми (прод.) • Да се продолжи процесот за формирање на совети на струки • Има донатори кои би ги подржале овие активности кои се директно поврзани со целите на проектите кои ги имплементираат. • Изработката на нови наставни програми и практичната настава во угостителско -туристичката струка ќе ги финансира Cultur kontakt, Австрија • Да се задолжи Министерството за образование и наука да ја поддржи Стопанската Комора во барањето за даночни олеснувања за практиканти