1 / 89

ФИТОТЕРАПИЈА НА БОЛЕСТИ НА МЕТАБОЛИЗМОТ

ФИТОТЕРАПИЈА НА БОЛЕСТИ НА МЕТАБОЛИЗМОТ. Хиперлипидемии Дијабетес Zgoenost. Проф. д-р Светлана Кулеванова Институт за фармакогнозија Фармацевтски факултет, УКИМ, Скопје. Липиден метаболизам.

alexa
Download Presentation

ФИТОТЕРАПИЈА НА БОЛЕСТИ НА МЕТАБОЛИЗМОТ

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. ФИТОТЕРАПИЈА НА БОЛЕСТИ НА МЕТАБОЛИЗМОТ • Хиперлипидемии • Дијабетес • Zgoenost Проф. д-р Светлана Кулеванова Институт за фармакогнозија Фармацевтски факултет, УКИМ, Скопје

  2. Липиден метаболизам • Липидите (холестеролот и триглицеридите) се нерастворливи во плазмата поради што во циркулацијата опстојуваат во форма на липопротеини, сложени топчести структури од липидно јадро од триглицериди (TG) и естри на холестерол (холестерол поврзан со масни киселини)(CE), опколено со обвивка од фосфолипиди кои содржат протеини и холестерол. • Липопротеините се форма со која липидите како извор на енергија се траснспортираат до ткивата, се депонираат во масното ткиво, се користат во биосинтезата на стеродните хормони или се трошат во продукцијата на жолчните киселини.

  3. Липиден метаболизам • Липопротеините се хетерогена група на хемиски комплекси на липиди и протеини. Липорпротеините се разликуваат по димензиите, густината и содржината на липидните јадра. • Липопротеините со мало јадро кои содржат малку триглицериди се погусти од липопротеините со големи јадра изградени во најголем дел од триглицериди. • Во плазмата се разликуваат 4 основни липопротеински класи означени како: • Хиломикрони, • Липопртотеини со многу мала густина (VLDL липопротеини), IDL ! • Липопротеини со мала густина (LDL липоротеини), и • Липопротеини со голема густина (HDL липопротеини).

  4. Липиден метаболизам Хиломикрони – претставуваат масни капки емулгирани во плазмата, кои се создаваат во епителните клетки од цревата. Содржат до 90%триглицериди и околу 5-7% холестерол. Се разградуват уште во плазмата под дејство на липопротеинска липаза која дејствувава на ниво на капиларите, масното ткиво, миокардот и скелетната мускулатура. Под дејство на ензимот се ослободуваат масни киселини, а со нивната разградба наведените ткива се снабдуваат со потребното количество енергија. Основна функција им е транспотртот на триглицеридите, холестерол и фосфолипиди од цревата (од внесената храна) до разни ткива и до црниот дроб. Хиломикрон

  5. Липиден метаболизам Липорпотеини со многу мала густина VLDL (Very Low Density Lipoprotein) – имаат многу мала густина бидејќи две третини се изградени од триглицериди (до 60%). Се синтетизираат во црниот дроб. VLDL по губењето на триглицеридите (под дејство на хепатална липопротинска липаза) на ниво на хепарот, постепено преминува во IDL (Intermediate-density lipoprotein). Основна функција на VLDL е транспорт на триглицериди и холестерол што се синтетизирани во црниот дроб. IDL содржат околу 40 % триглицериди. При циркулирањето IDL одзема холестерол од други липопротеини, се враќа во црниот дроб и се конвертира во LDL.

  6. Липиден метаболизам Липорпотеини со ниска густина LDL (Low Density Lipoprotein) – богати се со холестерол (40-60%) и помалку со други липидни фракции (TGдо 11%). – LDL - ризик фактор за појава на атеросклероза и инфаркт, “лош холестерол”. Основна фукција на LDL е транспорт на холестерол до сите ткива. На површината на клетките кај екстрахепаталните ткива се наоѓаат специфични LDL рецептори за кои LDL се врзуваат и се внесуваат во клетката по пат на ендоцитоза, каде го ослободуваат холестеролот. Холестеролот учествува во градбата и функцијата на клеточната мембрана, во синтеза на стероидни хормони, жолчни киселини и холекалциферол (витамин Д). Со врзувањето на LDL за рецепторите во црниот дроб се регулира нивото на циркулирачки холестерол. Намалениот број на LDL рецептори (генетски дефект на рецепторите) води до редукција на внесот на холестерол во клетките и до зголемување на циркулирачкиот холестерол до ризични нивоа. Заситените масти можат да го блокираат врзувањето на LDL за рецепторите, а заситените или trans-масните киселини ја зголемуваат продукцијата на VLDLшто води до зголемување на LDL во крвта.

  7. Липиден метаболизам • Липопротеини со гоелма густина HDL (High Density Lipoprotein) • – протеинска фракција (до 55%), а до 19% холестерол и само 3% триглицериди. • – Се синтетизира во цревата и во црниот дроб, познат како “добар холестерол”. • Основна функција на HDL е регулација на транспортот и естерификацијата на холестеролот. • Во крвотокот HDL го собира холестеролот од изумрените клетки и го врзува холестеролот од артериските плаки спречувајќи ја неговата акумулација. • Липопротеински метаболизам ги опфаќа: • Процесите на внесување на липиди преку храната, • процесите на хепатична синтеза на липиди и • транспортот на липидите до целните места. • Поделен на две патишта: • егзоген (липиди внесени преку храната), и • ендоген (липиди синтетизирани во црниот дроб).

  8. Липиден метаболизам Егзоген транспорт на липиди остатоци

  9. Липиден метаболизам

  10. Хиперлипидемии • Хиперлипидемиите се пореметувања на метаболизмот што се карактеризираат со вишокот на липиди во циркулацијата, имено холестерол, триглицериди и липопротеини. • Според факторите што ги условуваат, хиперлипидемиите се делат на: • А. Примарнихиперлипидемиикоисеподеленина: • 1) хиперлипидемии што настануваат како резултат на генски дефект, и • 2) хиперлипидемии предизвикани од комбинација на генетски фактори и фактори од животната средина. • Специфичните недостатоци вклучуваат : • Недостатокна LDL рецептори (наследнафамилијарнахиперхолестеролемија) • Недастатокналипопротеинскалипаза (тип I хиперлипидемија) • Променивоклиренсотналипиднитечестички (тип II хиперлипидемија) • Б. Секундарните хиперлипидемии, се ониешто настануваат какорезултат на веќе постоечка метаболна болест како дијабетес, константен внес на алкохол, хипотиреоидизам или билијарна цироза, прекумерно внесување на диетарни липиди, згоеност и др.

  11. Хиперлипидемии Антихиперлипидемични хербални дроги

  12. Хиперлипидемии • Антихиперлипидемични дроги дејствуваат со различни механизми: • Гугулипид(Gu) • гозголемувапревземањетона LDL вохепарот, • инхибирасинтезанахолестеролвохепарот, • зголемувабилијарнаекскрецијанахолестероли • зголемуваплазматскинивоана HDL. • Лук(G) • инхибира синтеза на холестерол, • зголемува деградација на триглицериди (TG) преку зголемена активност на липазата во адипозните ткива и • зголемува плазматскинивоана HDL. • Артичока(А)инхибира синтеза на холестерол во хепарот. • Грчко семе (F) • зголемува билијарна екскреција на холестерол и • инхибира ре-апсорпција на холестерол од интестинумот. • Црвен ферментиран ориз (R)инхибира синтеза на холестерол.

  13. Хиперлипидемии Движењето на триглицеридите и холестеролот и места на дејство на природните антихиперлипидемици

  14. Cynara scolimus, Asteraceae – артичока • Listot od arti~oka ima bogat hemiski sostav: • fenol propanoidnite kiselini i alkoholi i nivni derivati. • Kafena kiselina okolu 1%, a nejzinite depsidi: • 5-kafeilhina kiselina (hlorogenska kiselina) i • 1,5-dikafeil­hina kiselina (cinarin). • gor~livi soedinenija: najzna~aen seskviterpenski lakton cinaropikrin. • flavonoidni komponenti: luteolin, glavno vo heterozidni formi. • organski kiselini, sluzi, enzimi, fitosteroli, tanini, inulin i drugo. Cinaropikrin

  15. Cynara scolimus, Asteraceae – артичока • Механизам на дејство • – механизмот на дејство на артичоката е испитуван во голем број експерименатални студии, каде крајниот резултат покажува дека хиполипидемичната активност се постигнува со повеќе од еден механизам на дејство. • Главното дејство на артичоката е: • инхибиција на оксидацијата на LDL, • инхибиција биосинтезата на холестеролот • блокада на инкорпорацијата на ацетатот со што се редуцира биосинтезата, • инхибиција на хидроксиметилглутарил CoA (HMGCoA) редуктаза, клучен ензим во биосинтезата на холестеролот. • Се сметало дека активна компонента на артичоката е цинарин. • Поновите студии покажуваат дека флавоноидот лутеолин има значајната улога во инхибиција на синтезата на холестеролот.

  16. Cynara scolimus, Asteraceae – артичока ферментирање • Ефекти на хербалните лекови врз синтезата на холестерол во црниот дроб • Гугулипид го редуцира вградувањето на ацетатот. • Лукот, артичоката и црвениот ориз го инхибираат ензимот HMGCoA.

  17. Cynara scolimus, Asteraceae – артичока • Клиничка ефикасност • – студии од последите 30 години покажуваат дека екстракт од артичока намалува ниво на холестерол и триглицериди во крвта. • Била извршена компаративна студија кај 73 пациенти со покачени триглицериди кои не реагирале на терапија со клофибрат. Од испитаниците: • 25 биле третирани со екстракти што содржеле 5 mg полифенолни киселини, • 28 со екстракти што содржеле 0,75 mg цинарин и • 20 испитаници со екстракти што содржеле 1,5 mg цинарин. • Екстрактите од артичока покажале значителна ефикасност во намалување на вкупните липиди, триглицеридите и фосфолипидите кај 56% од испитаниците. • Ефикасноста на третманот со 0,75 mg цинарин изнесувала 61%, додека ефикасноста на третманот со 1,5 mg цинарин изнесувала 40%.

  18. Cynara scolimus, Asteraceae – артичока Во 2009 година The Cochrane Collaboration го објави својот извештај (Cochrane review) за екстрактот од листовите на артичоката во третманот на хиперхолестеринемијата. Се наведува дека и покрај низа извршени клинички испитувања се уште нема доволно квалитетни докази кои би овозможиле јасна препорака за користење на екстракт од артичока во третманот на хиперхолестеринемијата. Лимитираните податоци за безбедност на артичока условуваат препорака за користење на дрогата во краткорочни третмани на средно изразена и привремена хиперхолестеринемија. Се наведува дека нема сомнение во ефектите на артичоката во намалувањето на нивото на липидите што се потврдени со експериментални испитувања. Се препорачува изведување на подобри клинички студии во кои ќе бидат вклучени поголем број на пациенти со средно до високо изразени ниовоа на холестерол, во подолг временски период, од каде би се извлекле јасни заклучоци за воспоставување на екстрактот од артичока како ефикасен и безбеден лек за третман на хиперхолестеринемијата. Wider B, Pittler MH, Thompson-Coon J, Ernst E. Artichoke leaf extract for treating hypercholesterolaemia. CochraneDatabase of Systematic Reviews 2013, Issue 3. Art. No.: CD003335. DOI: 10.1002/14651858.CD003335.pub3.Рециси ист заклучок како од 2009!!!

  19. Cynara scolimus, Asteraceae – артичока • Community herbal monograph (HMPC/EMA). • Комитетот за хербални лекови при Европската агенција за лекови во монографијата на дрогата лист од артичока, предвидува можност за употреба на дрогата во производство на традиционални хербални препарати, имено чаеви од сомелена дрога или цврсти и течни препарати за орална употреба во кои како активен конституент може да се користи иситнета и спрашена дрога или сув и густ екстракт. • Индикации за употреба се симптоматски третман на дигестивни нарушувања, со чувство на ситост, надуеност и гасови во стомакот. Во индикациите не е наведена можноста за употреба на артичока во третманот на хиперхолестеринемијата. • WHO (вол. 4, 2009): • врз база на клинички студии ја препорачува за третман на дигестивни проблеми и помошна терапија при слаба до средно изразена хиперхолестеринемија. • Германската комисија Е: • ја препорачува дрогата за третман на диспептични нарушувања.

  20. Cynara scolimus, Asteraceae – артичока Несакани дејства, контраинидкации – слабо изразени и ретки. – контактен дерматитс (сесквитерпенот цинаропикрин е потенцијално алергена компонента) со вкрстена сензитивност на други растенија од fam. Astetraceae(на пример ајдучка трева, невен). Контраиндикации: – блокада на жолчните патишта. Интеракција: – со кумарински атикоагуланси (постои можност). Препарати, дози – за редукција на холестерол е 4-9 g/денсуви листови, кои може да бидат подготвени во облик на течен екстракт (во однос 1:2, 3-8 ml). Вообичаени дози во клиничките студии се 640 mg на екстракт три пати дневно.

  21. Commiphora mukul Hook., Burseraceae – гугулипид Гуглипид е стандардизиран неутрален екстракт од гугул (guggul). Гугул е жолтеникава гуми-смола добиена од гугул растението, Commiphoramukul Hook., fam. Burseraceae. Растението е мало, ниско дрво кое нативно расте во Сауиди Арабија, Пакистан и северозападна Индија. Во текот на зимата се добиваат од 700-900 g смола. Дрогата има голема улога во Ајурведа мединицна,особено во третман на ревматоиден артритис, згоеност и нарушување на липидниот метаболизам.

  22. Commiphora mukul Hook., Burseraceae – гугулипид • Хемиски состав • Гугул смолата се обработува со етил ацетат, со што се добива растворлива и нерастворлива фракција. Нерастворливата фракција содржи јаглеводородни компоненти кои се токсични и се отфрлаат. Растворливиот дел дополнително се фракционира во кисела, базана и неутрална фракција. • Киселата фракција содржи антиинфламаторни компоненти (ферула киселина, феноли и други нефенолни ароматични киселини). • Неутралната фракција дополнително се дели на две подфракции: • кетонска и некетонска. • Се смета дека активните компоненти се наоѓаат во неутралната кентонската фракција која содржи С21 и С17 стероли, главно Z и Е-гугулстерони. Z и Е-гугулстерони Гугулипид е стандардизирана неутрална фракција на екстрактот од гугул смолата што содржиmin. 50 mg/g гугулстерони.

  23. Commiphora mukul Hook., Burseraceae – гугулипид Механизам на дејство Точниот механизам на хиполипидемичното и хипохиолестеринемичното дејство на гугулипидот се уште не е сосема разјаснет. Врз база на експериментални студии познато едека гугулипидот: 1) ги намалува серумските нивоа на триглицеридите и холестеролот преку интензивирање на навлегувањето на VLDL и LDL во црниот дроб, 2) ја инхибира хепаталната биосинтеза на холестерол преку намалување на инкорпорацијата на ацетатот, 3) ја зголемува билијарната екскреција на холестерол, и 4) го зголемува нивото на HDL во крвта што резултира со кардиопротективен ефект. 5) може да дејствува и преку стимулирање на тироидната функција.

  24. Commiphora mukul Hook., Burseraceae – гугулипд • Клиничка ефикасност • – систематски преглед на 5 рандомизирани клинички студии кои вклучувале пациенти со хиперхолестеролемија, хиперлипидемија, згоеност и коронарна артериска болест, покажал дека гуглипидот има голема ефикасност во намалување на серумските нивоа на холестерол. • Четири од студиите биле плацебо контролирани, а една била компаративна, поточно во таа студија била споредувана ефикасноста на гуглипид со ефикасноста на две референтни компоненти. Во оваа студија било забележано значително намалување на нивоата на холестерол и триглицериди. Во компаративна студија пациентите со хиперлипидемија биле третирани со 500 mg гуглипид три пати на ден и клофибрат. Кај сите 30 испитаници гугулипидот покажал подобри хиполипидемични ефекти од клофибратот. • Во една студија пациентите биле третирани со 500 mg гугулипид три пати дневно во тек на 6 недели, биле вклучени 22 пациенти со примарна хиперлипидемија. Серумските нивоа на холестерол биле намалени кај 59% од пациентите. Ефектот се постигнал после две неделна терапија, а максималниот ефект од 4 до 6 недела. Нивоата на холестерол биле намалени за 24,5%, а на триглицериди за 27%. Терапијата добро била поднесена од страна на пациентите. 6 недели после третманот нивоата на холестерол се вратиле на почетните вредности, кои биле одредени пред почетокот на студијата.

  25. Commiphora mukul Hook., Burseraceae – гугулипид Несакани дејства, контраинидкации – во дози кои се клинички ефикасни гуглипидот може да предизвика благ кожен осип, главоболка, чешање и гастроинтестинални нарушувања (дијареа). Во студии за безбедност дози од 400 mg гугулипид три пати дневно, кај 21 пациент не предизвикале оштетувања и промени во бубрежната и црнодробната функција, хематалошките параметри, нивоата на уреа во крвта и нивоата на шеќер во крвта кај дијабетични пациенти. Посебна претпазливост е потребна кај пациенти кои се на терпија со дилтиазем и пропранолол бидејќи ги намалува нивните плазма концентрации. Препарати, дози – во облик на таблети (таблета од 500 mg гугулипид што содржи 25 mg гуглстерони). Вообичаена ефикасна доза е 3 таб./ден што е еквивалентно на 75 mg гуглстерони.

  26. Allium sativum, Alliaceae – лук • Компонентите на лукот можат да се поделат во две групи: • соединенија што содржат сулфур (алиин, алицин) и • соединенија што не содржат сулфур (ензими, како што е алиназа). • Алицин е ензимски продукт на алиинот. Спонтано се деградира до разни други активни соединенија што содржат сулфур • Механизам на дејство • ја инхибира биосинтезата на холестеролот, • ја зголемува деградацијата на триглицеридите преку зголемување на активноста на липазата во масното ткиво, • го редуцира нивото на LDL и зголемува нивото на HDL.

  27. Allium sativum, Alliaceae – лук • Клиничка ефикасност • –Германската комисија Е - препаратите од лук се индицирани како “дополнителна диететска мерка кај пациенти со зголемени нивоа на липиди во крвта и васкуларни промени асоцирани со возраста”. • Контролирани клинички студии • изведени се повеќе од 40 рандомизирани клинички стидии! • Мета анализа (1): • препаратите од лук предизвикуваат благо (6-11%) намалување на нивоата на вкупниот холестерол, LDL холестеролот и триглицеридите, споредено со плацебо. • Мета анализа (2) на 13 рандомизирани клинички студии: • споредено со плацебо, лукот (4-6%) ги намалува покачените нивоа на холестерол. • споредба со конвенционалните лекови, дејството се смета за клинички незначајно. • За споредба, диететските мерки постигнале 3-5% намалување на нивоата на холестерол после 6 месеци, додека лековите (статините) го намалиле нивото на холестерол за 17-32%.

  28. Allium sativum, Alliaceae – лук Несакани дејства, контраиндикации –Германската комисија Е наведува дека несаканите ефекти од употребата на препарати на лук се “ретки гастроинтестинални проблеми, алергиски реакции и мирис на лук на здивот и на кожата”. Хипотензија се јавува кај помалку од 1% од корисниците. Најсериозен несакан ефект асоциран со орална употреба е неконтролирано крварење. Во литературата се набројани неколку случаи на спонтани, постоперативни, неконтролирани крварења кај пациенти кои земале препарати од лук. Лукот влегува во интеракција со антикоагулантните лекови, поточно го зголемува нивниот ефект. Оваа интеракција се должи на својството на лукот да ја инхибира тромбоцитната агрегација, поради што е контаиндициран кај пациенти кои се на терапија со антикоагуланси. Лукот ја намалува биорасположливоста на протеаза инхибиторите кои се користат во третман на HIV инфекции и на други лекови кои се супстрати на CYP3A4.

  29. Trigonella foenum-graecum, Fabaceae – грчко семе • Хемиски состав • неутрални слузи галакто-манани, влакна (фитин) (48%), • сапонини, агликони и нивни гликозидни форми (фенугрецин – трипептид на досгенин, тригофоенозиди, фенугрин), • кумарини (3,4,7-триметилкумарин, 4-метил кумарин и тригокумарин), • флавоноиди (изоориентин, изовитексин, нарингенин, лутеолин и други), • алкалоиди и аминокиселини (тригонелин, триптофан, тирозин), • јаглехидрати и • траги од етерични масла.

  30. Trigonella foenum-graecum, Fabaceae – грчко семе • Механизам на дејство • –зголемувањенаекскрецијатанажолчникиселинисоштосенамалуваатрезервитенахолестеролвоцрниотдроб, • –намалува апсорпција на холестерол: • сапонинитеформирааткомплекссохолестеролотвоцреватасоштосенамалуванеговатаресорпција, • диететските влакнајанамалувадифузијатанизцревниотѕидштоисто така се предизвикуванамулвањенаресорпцијатанахолестерол.

  31. Trigonella foenum-graecum, Fabaceae – грчко семе • Клиничка ефикасност • Експетриментални студии: • Етанолниот екстракт од грчкото семе, администриран кај глувци на соодветна диета, превенира покачување на серумски холестерол. • Стероидните сапонини изолирани од грчкото семе, админисрирани кај глувци во дози од 12,5 g на 300 g телесна тежина, предизвикале намалување на нивоата на холестерол и кај глувци со дијабетес и кај недијабетични глувци. Се претпоставува дека хипогликемичниот ефект на грчкото семе е поврзан со неговиот хипохолесторолемичнен ефект. • Етанолниот екстракт од деолеираното семе ги намалува плазма концентрациите на холестерол за 18-26% и покажува тенденција за намалување на концентрацијата на хепарниот холестерол кај стаорци кои со храната примале 30-50 г/кг, во период од 4 недели.

  32. Trigonella foenum-graecum, Fabaceae – грчко семе • Клинички студии: • Во литература се објавени неколку клинички испитувања што биле направени од групата на индиските научници предводена од Sharma од Националниот инстиут за исхрана на Индискиот совет за медицински истражувања. Според нивните наоди сомелено грчко семе: • умерено ги зголемува нивоата на HDL, а • кај дијабетичните пациенти го намалува вкупниот холестерол и значајно ги намалува вкупните триглицериди. • Според повеќето други автори потребни се дополнителни рандомизирани и плацебо-контролирани клинички испитувања за утврдување на ефикасноста на грчкото семе како антихиперхолестеринемик.

  33. Trigonella foenum-graecum, Fabaceae – грчко семе • Community herbal monograph (HMPC/EMA). • Комитетот за хербални лекови при Европската агенција за лекови во монографијата на дрогата семе од грчко семе, предвидува можност за употреба на дрогата во производство на традиционални хербални препарати, имено само чаеви од цела дрога или цврсти дозирани форми во кои се користи сув или густ екстракт од дрогата. Индикации за употреба се (1) привремено губење на апетитот, и (2) симптоматски третман на минорни инфламации на кожата. Комитетот не наведува употеба на дрогата во третманот на хиперхолестеринемија. • WHO монографија за дрогата (објавена е во волуменот 3, 2007): • менаџирање на хиперхолестеринемијата и хипергликемијата во случај на дијабетес, за што има клиничка потврда на ефикасноста. • Се наведува дека употребата врз база на фармакопеи и соодветни прифатени документи се однесува на: • екстерната употреба при локални инфламации на кожата, • третман на болка, слабост и едеми на нозете и • помош при привремено губење на апетитот.

  34. Trigonella foenum-graecum, Fabaceae – грчко семе Несакани дејства: – безбедна дрога што лесно се поднесува. Несаканите ефекти што се јавиле во текот на клиничките испитувања биле лесни форми на гастроинтестинални тегоби: подуеност, гадење, поретко дијареја. Има пријавени случаи на намалување на серумскиот калиум и алергиски реакции. Контраиндикации: бременост (дејствува абортивно). Интеракции: со хипогликемични лекови (грчкото семе го потенцира хипогликемичниот ефект). Препарати, дози – дневна доза на суво семе изнесува 6 g. Дрогата (цела или спрашена) може да се најде во облик на чаеви или комбинирани препарати. Во клиничките студии се користени водени екстракти и обезмастена спрашена дрога.

  35. Oriza sativa, Poaceae – црвен ферментиран ориз (ЦФО) Производот се добива со ферментација на сув, измиен или сварен ориз (Oryza sativa L. fam. Poaceae), со габата Monascuspurpureus(Ascomycota). Уште одамна производот бил користен во Азија како прехранбена боја и конзерванс, но бил познат и во терапевтски цели. Во кинеската традиционална медицина ферментираниот црвен ориз бил користен за намалување на нивоата на холестеролот, подобрување на циркулацијата и ослободување од дигестивни тегоби. Monascuspurpureus Natural statin crystals in red yeast rice

  36. Oriza sativa, Poaceae – црвен ферментиран ориз (ЦФО) Хемиски состав – посебна група соединенија монаколини, – стероли, изофлавони и масни киселини. Монаколините на ЦФО се супстанции слични на хиполипемичните лекови од групата статини, имано комерцијалниот производ и лек ловастатин всушност претставува изолиран монаколин К од ЦФО. Монаколин К се користи како појдовна модел супстанца во производство на синтетски статини. Ловастатин Монаколин К Симвастатин

  37. Oriza sativa, Poaceae – црвен ферментиран ориз (ЦФО) Механизам на дејство – експериментални студии покажале дека монаколин К ја инхибира HMGCoA редуктазата и синтезата на холестерол. Се претпоставува дека покрај монаколинот К и другите супстанции на ЦФО (вклучувајќи и други монаколиди) се одговорни за постигнување на хиполипемичниот ефект. Клиничка ефикасност – во литературата постојат докази за ефикасноста на ЦФО. Клинички се испитувани неколку препарати за кои е утврдено дека во дози од 1,2-3 г/ден го намалуват нивото на LDL и холестеролот, после 8-12 неделен третман. Супстанцата монаколин К се користи како лековита супстанца под името ловастатин. Во извештај од три рандомизирани клинички студии се наведува дека била постигната значителна редукција на нивоата на вкупниот и LDL холестеролот кај пациентите кои биле на третман со овој препарат. Во две од студиите било забележано зголемување на нивоата на HDL холестеролот.

  38. Oriza sativa, Poaceae – црвен ферментиран ориз (ЦФО) Несакани ефекти, контраидникации – во клиничките студии биле пријавени: болки во стомакот, гасови, вртоглавица, забрзана работа на срцето и миопатија. Било забележано и зголемување на активноста на хепаталните ензими. При употребата на монаколин К (ловастатин) се јавиле и мускулна болка и слабост. Дрогата треба внимателно да се користи, бидејќи носи со себе повеќе различни типови ризици. Своевиден проблем претставува ниското ниво на униформноста на препаратите на база на ферментиран црвен ориз, можности за контаминација на производите и можната појава на изразени несакани ефекти кај осетливи лица. И покрај демонстрираната ефикасност во клиничките студии како антихиперхолестеринемик, употребата на дрогата во рамките на различните производи од групата додатоци во исхраната (Dietary supplement, Food supplement) не се препорачува. Како посигурна терапија се препорачува употребата на стандардизирани екстракти од дрогата или изолиран монаколин К (ловастатин). Препарати, дози – препаратите од ЦФО се стандардизирани на мин. 0,4% монаколин К. Во клиничките студии се користени дози од ЦФО 1,2 – 2,4 g/ден. Вакви препарати се комерцијално достапни.

  39. Diabetes mellitus – шеќерна болест • Дијабетес - хронично заболување во метаболизмот на јаглехидратите, протеините и мастите поради апсолутен или релативен недостаток на секреција на инсулин со или без промени во степенот на инсулинска резистентност. • заболување каде што телото или синтетизира мало количество на инсулин и/или се прекинува неговата синтеза или пак станува отпорно на неговото дејство. • Денес преминува во епидемија, со зачестеност од 5% кај светската популација. • Се смета дека бројот на возрасни лица со дијабетес ќе порасне од 135 милиони во 1995 до фрапантна бројка од 300 милиони во 2025 година. • Најголем број на случаи во Индија, Кина и САД. • Намалената физичка активност, згоеност, стресот, како и промената во начинот на исхрана се фактори кои што ја зголемуваат зачестеноста на појава на оваа болест во последниве две декади.

  40. Diabetes mellitus – шеќерна болест Се вбројува во најчести ендокринолошки заболувања, Во Индија има повеќе од 30 милиони луѓе со дијабетес и овој број постепено се зголемува. Загрижувачки се податоците за бројката на дијабетични пациенти кај детската популација, каде според Американската асицијација за дијабетес, на секои 400 деца во светот има еден случај со дијабетес.

  41. Diabetes mellitus – шеќерна болест • Пациентите со дијабетес доживуваат значаен морбидитет и морталитет од микроваскуларни и макроваскуларни компликации. Пред се: • коронарно артериско заболување, води до миокардиален инфаркт или до ангина, • срцев напад (најчесто од исхемичен тип), • периферно васкуларно заболување, кое што придонесува за интермитентна клаудикација (болка во ногата) и за дијабетичното стапало.

  42. Diabetes mellitus – шеќерна болест ДИЈАБЕТЕС И ИНСУЛИН • Внесената хранасе разградува до прост шеќер гликоза кој што претставува главен извор на енергија за телото. • Инсулин претставува хормон секретиран од b-клетките на Лангерхансовите островца во панкреасот • го олеснува преминувањето на глукозата од крвотокот во клетките на мускулното и адипозното ткиво, но не и во мозокот. • инсулин поврзан со инсулински рецептор стимулира влез на глукозаво клетки. ИНСУЛИН ГЛИКОЗА

  43. Diabetes mellitus – шеќерна болест • Механизам на ослободување на инсулин во нормални бета-клетки • Создавањето на инсулинот е главно константно и не зависи од нивото на глукозата во крвта. • Инсулинот се депонира во везуикули и по потреба, со процесот на егзоцитозасе ослободуваво крвотокот. • Причина за негово ослободување е хипергликемија.

  44. Diabetes mellitus – шеќерна болест • Недоволна синтеза/активност на инсулин - гликозата не навлегува во клетките. • Глукозата останува во крвотокот, зголемено ниво на шеќер во крвта. • Телото го губи својот главен извор на енергија иако крвта содржи големо количество на гликоза. • Телото не ја искористува гликозата и се наоѓа под постојана импресија на глад поради што се јавува зголемен апетит (полифагија) и се јаде почесто. • Бубрезите го излачуваат вишокот глукоза со урина (глукузурија).

  45. Diabetes mellitus – шеќерна болест ДИЈАГНОСТИЧКА СЛИКА НА ДИЈАБЕТЕС • Количество на гликоза во крв на здрави луѓе изнесува 80-160 mg/dl. • Дијабетес се карактеризира со периодична или постојана хипергликемија и се дијагностицира кога: • плазматска гликоза се движи од 126 - 200 mg/dlили 7.0-11.1 mmol/l(два часа по перорално внесено количество на гликоза од 75 g во таканаречен гликоза толерантен тест). • Средната вредност на плазматската гликоза е поголема од 200 mg/dl или поголемо од 11.1 mmol/l.

  46. Diabetes mellitus – шеќерна болест • Класификација • Дијабетес тип 1повеќе се јавува кај помлади особи (под 30 години), главно во период на пубертет. Во основа на ова заболување се наоѓа автоимуниот процес кој ги уништува бета-клетките на панкрерасот, поради што настанува дефицит на инсулин во циркулацијата и хипергликемија. Присутен е кај 10 % од дијабетичните пациенти, а тие пак доживотно мора да примаат егзоген инсулин поради што овој тип се означува и како инсулин-зависен дијабетес. Често се означува и како јувенилен дијабетес. • Дијабетестип2којпорано се означувал како инсулин-независен дијабетес. Тој настанува како последица од различни абнормалности на ниво на периферните ткива. Се сретнува кај 85 % од дијабетичните пациенти. Популациска група кај која се јавува лица постари од 40 години. Најчесто се јавува помеѓу 65 и 75 година од животот, и кај згоени пациенти. Овој тип на дијабетес се карактеризира со тоа што на пациентите не им е неопходно потребен егзоген инсулин, и главно се наоѓаат на посебен диететски режим и примаат орална антидијабетична терапија. Во случаи кога инсулинската секреција се намалува, се јавува потреба од примање на инсулин и кај вакви пациенти.

  47. Diabetes mellitus – шеќерна болест • Терапија на дијабетес • Без оглед на типот на дијабетес, нивото на глукозата во крвта мора да се контролира и да се доведе во прифатливи концентрации, со инсулин, со лекови и/или со приспособување на програм за вежбање и режим на исхрана. • Инсулинска терапија со инјекција е неопходна кај пациенти со дијабетес тип 1, но исто така и кај пациенти со дијабетес тип 2 во случаи кога оралните хипогликемични лекови не успеваат да ја намалат плазматската глукоза. • Орална антидијабетична терапија кај пациентите со дијабетес тип 2, зависно од нивото на хипергликемијата задолжително се ставаат на посебен диететски режим и физичка активност, при што примарната цел е да се контролира телесната маса. • Дејствуваат по неколку утврдени механизми: • Стимулација на бета-клетките во панкреасот да прозиведуваат повеќе инсулин (сулфонилуреа и метоглиниди), • Намалување на глуконеогенезата од хепарот (бигваниди) • Зголемување на осетливоста на мускулите и другите ткива на инсулин (тиазолидиндиони (TZD)), • Одложување на апсорпцијата на јаглехидрати во ГИТ • (aлфа-глукозидаза инхибитори (AGI).

  48. Diabetes mellitus – шеќерна болест Mehanizam na dejstvoto na oralnite antijabetici 3 2 1 4

  49. Diabetes mellitus – шеќерна болест • Растенија што се користат во третман на дијабетес • Етнофармаколошки испитувања: > 1200 растенија се употребуваат како хипогликемични лекови во традиционалната медицина во различни делови од светот.Меѓу нив се изддвојуваат како позначајни видовите фамилиите: Leguminoseae (11 видови), Lamiaceae (7 sp.), Liliaceae (8 sp.), Cucurbitaceae (7 sp.), Asteraceae (6 sp.), Moraceae (6 sp.), Rosaceae (6 sp.), Euphorbiaceae (5 sp.) и Araliaceae (5 sp.). • Најголемиот број на растителни антидијабетични лекови дејствуваат преку следните механизми: • намалувањенапродукцијанаглукозатаво хепарот, • намалувањенаапсорпцијатанаглукозатаодинтестинумот, • зголемувањенасекрецијанаинсулин, и • зголемувањевоперифернотопревземањенаглукозата.

  50. Diabetes mellitus – шеќерна болест Растителни антидијабетични лекови дејствуваат преку следните механизми:

More Related