1 / 51

Кадри во администрацијата

Кадри во администрацијата. Поим, принципи на вработување, политичка селекција и неутралност, напредување, наградување, службенички систем во РМ. Поим на државен службеник. Функционална дефиниција: секое лице кое врши јавна функција (дејност) претставува државен службеник

wirt
Download Presentation

Кадри во администрацијата

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. Кадри во администрацијата Поим, принципи на вработување, политичка селекција и неутралност, напредување, наградување, службенички систем во РМ

  2. Поим на државен службеник • Функционална дефиниција: секое лице кое врши јавна функција (дејност) претставува државен службеник • Организациона дефиниција: секое лице вработено во органи на администрацијата и административни организации • Мешовита дефиниција: сите лица чиј статус потпаѓа под режимот на јавното право

  3. Принципи на вработување во јавниот сектор • Забрана на верска, расна, политичка и др. дискриминација и политичко убедување • Еднаква достапност на јавните служби (уште од 1789 г., чл.6 од Декларацијата за правата на човекот и граѓанинот)

  4. Општи услови за вработување во јавна служба • Државјанство; • Полнолетство; • Здравствена состојба; • Соодветно образование • Да не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење професија, дејност или должност

  5. Политичка селекција • Четири системи на политичка селекција: • Споилс систем (систем на плен) – политички критериум • Меритократија (систем на заслуги) – професионални вредности • Мешовит (комбинација на првите два система) • Систем на избор по пат на непосредно гласање (САД во некои федерални единки и на локално ниво)

  6. Политичка неутралност • Вработување на службеник кој ги исполнува директивите и насоките на политичката власт, независно од неговата политичка ориентација (Германска управа за време на III Рајх) • Негативност: нереален и неизводлив систем особено за највисоките административни функционери

  7. Политизација на кадровите во администрацијата • Нов модел на високи административни службеници кој дозволува спојување на администрацијата со политиката, односно дозволува можност, а понекогаш има и потреба највисоките административни службеници да бидат политички ангажирани. • Пример: Франција – мирување на службенички статус; Англија – задолжителна оставка; САД – казнување на административните службеници политички ангажирани

  8. Систем на образование • Во начело, потребно е општо или техничко образование • Пример: Англија – класично образование; Германија – правно образование; САД – специјализација на кадрите; Франција – факултетско образование со дополнителна специјализација во ЕНА

  9. Напредување • Поим: процес преку кој заслужните административни службеници стигнуваат на повисоки положаи во административната хиерархија • Видови: Отворен систем - врз основа на оценка на поединец или тело. Негативност: субјективизам. Автоматски – школска подготовка и време поминато на служба. Негативност: немотивираност, ограниченост. Мешовит – времетраење и евалуација

  10. Наградување Наградувањето се состои од два дела: паричен износ (плата и други парични додатоци) и други материјални погодности

  11. Службенички систем во РМ Во Република Македонија службеничкиот систем повторно е воведен во 2000 година со Законот за државни службеници. За прв пат статусот на вработените во јавниот сектор се регулира со посебен закон (јавно право) за разлика од останатите вработени чиј статус се уредува со Законот за работни односи (приватно право). Во 2010 година донесене Законот за јавните службеници со што се утврдува рамка за вработените во јавниот сектор кои вршат јавни дејности

  12. Поим на државен службеник • Материјална (функционална) дефиниција: лица кои вршат работи поврзани со остварувањето на функциите на државата • (стручни, нормативно-правни, извршни, управни, управно-надзорни, плански, материјално-финансиски, сметководствени, информатички и други работи ... во согласност со Уставот и со закон)

  13. Поим на државен службеник • Формална (организациона) дефиниција: лица вработени во органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно со Уставот и со закон. • (Министерства, општинската администрација и администрацијата на град Скопје и стручните служби на: Собрание на РМ, Претседателот на РМ, Влада на РМ, Уставен суд на РМ, Врховен суд на РМ, судовите, Судскиот совет на РМ, народниот правобранител, јавното обвинителство, Државна изборна комисија, Државна комисија за спречување на корупција, Дирекција за зштита на лични податоци, Комисија за заштита на конкуренција, Агенција за администрација, Државен завод за ревизија и лица вработени во установите на кои им се доверени јавни овластувања и на установите кои вршат дејност од јавен интерес)

  14. Државни службеници Раководни државни службеници Стручни државни службеници Стручно- административни државни службеници Генерален/ секретар Советник Самостоен референт Државен советник Виш соработник Виш референт Раководител На сектор Соработник Референт Помошник Раководител На сектор Помлад соработник Помлад референт Раководител На одделение Видови државни службеници во РМ

  15. Групи на звања Раководни звања (300 кредити согласно ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование: Државен секретар , генерален секретар, секретар на Град Скопје и секретар на општина. Државен советник (6 год. искуство во струка, најмалку 2 год. во служба) Раководител на сектор (5 год. искуство во струка, најмалку 2 год. во служба) Помошник раководител на сектор (4 год. искуство во струка, најмалку 1 год. во служба) Раководител на одделение (4 год. искуство во струка, најмалку 1 год. во служба)

  16. Групи на звања Стручни звања (240/180 кредити согласно ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование) Советник (240 ЕКТС и 3 год. искуство во струка) Виш соработник (180 ЕКТС и 2 год. искуство во струка) Соработник (180 ЕКТС и 1 год. искуство во струка) Помлад соработник (180 ЕКТС без искуство)

  17. Групи на звања Стручно административни звања (завршено вишо или средно) Самостоен референт (3 год. искуство во струка) Виш референт (2 год. искуство во струка) Референт (1 год. искуство во струка) Помлад референт (без искуство)

  18. Вработени во јавна администрација во РМ • Лица чиј статус е утврден со Законот за јавни службеници • Лица кои вршат помошни и технички работи (Закон за работни односи, приватно право) • Униформирани лица во АРМ, полиција, казнено-поправни установи, шумска, полиција, судска полиција, финансова полиција, царина, лица со посебни овластувања во АРМ, полиција, цивилна и воздушна пловидба, Управа за јавни приходи, Државен завод за ревизија, Царинска управа (посебни закониlexspecialis, јавно право) • Вработени во јавни служби и други управни организации – образование, здравство, наука, култура... (Закон за јавни службеници и посебни закониlexspecialis, јавно право)

  19. Агенција за администрација Дефиниција: Самостоен државен орган со својство на правно лице надлежен за вршење стручни, управни и други работи што се однесуваат на статусот, правата, должностите и одговорностите на државните службеници

  20. Агенција за администрација Карактеристики: • Самостоен државен орган • Својство на правно лице • Одговара пред Собранието на РМ • Раководи директор (и заменик) со мандат од 6 год., избран од Собранието на РМ

  21. Министерство за информатичко општество и администрација • Основано 2010 год. ЗОРОДУ • Води Регистар за државните и јавните службеници во РМ • подготвува стратешки документи за ефикасното и ефективното работење, обуката и стручното усовршување на државните и јавните службеници, за организирање и спроведување на обуката, за развојот и координацијата на политиките во врска со управувањето со човечките ресурси

  22. Права и должности на државните лужбеници • Право на стручно оспособување и усовршување • Право на заштита во случај на закани, напади и сл. во врска со вршењето на службени задачи • Право на основање синдикати • Право на штрајк • Право на одмор и отсуства

  23. Права и должности на државните службеници • Државниот службеник е должен работите да ги врши совесно, стручно, ефикасно, уредно и навремено во согласност со Уставот и законот. • Државниот службеник е должен да ја врши својата работа непристрасно и без влијание на политички партии, да не се раководи од своите политички уверувања, од лични финансиски интереси, да не ги злоупотребува овластувањата и статусот и да го штити угледот на органот • Државниот службеник е должен да работи согласно Етичкиот кодекс на државни службеници

  24. Етички кодекс на државни службеници Акт на МИОАсо кој се уредува начинот на однесување и работење на државните службеници, со цел да се обезбеди почитување на принципите на законитост, професионален интегритет, ефикасност и лојалност при вршењето на нивните службени должности.

  25. Вработување Општи услови: • Македонско државјанство • Полнолетство (18 години) • Општа здравствена способност • Да не е изречена казна забрана за вршење професија или должност

  26. Вработување • Посебни услови: • Степен на образование • Работно искуство во струката и • Други услови утврдени во актот за систематизација на работните места

  27. Вработување Посебни услови: Секој орган посебно ги утврдува овие услови со Акт (Правилник) за организација и систематизација на работните места. Пример: познавања на светски јазик(ици), компјутери, години на старост, специфична специјализација, посетена обука (тренинг) и други.

  28. Вработување • Слободноработноместоводржавнатаслужбасепополнувапрекуследнивепостапки: - објавувањенајавеногласзавработувањеводржавнатаслужба, - објавувањенаинтереногласзавработувањенадржавенслужбеник, - преземањенадржавенслужбеникодеденводругорганнаработноместовоистозвање и - распоредувањенадржавенслужбениквоистиоторганнадругоработноместовоистозвање.

  29. Постапка за вработување • Барање за потреба на нови вработувања кое се доставува до АА • АА објавува јавен оглас на Веб страна и најмалку во два дневни весника (македонски и на јазик зборуван од најмалку 20% граѓани кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот) • Пријавување на кандидатите (Рокот за пријавување на кандидати не може да биде пократок од 5 дена од денот на објавување)

  30. Постапка за вработување • Агенцијата формира Комисија за селекција на државен службеник (претседател и член од органот кој бара вработување и еден член од АА) • Постапката за селекција се состои од 5 дела: административна селекција, испит за државен службеник, психолошки тест, тест за интегритет и интервју • Административната селекција се состои од проверка внесени податоци во пријавата – 5 дена по завршувањето на јавниот оглас • Испитот се состои од општ и практичен дел (помлад соработник и помлад референт само општ) – 10 до 15 по завршувањето на административната селекција • Тестотзаинтегритетсокојсепроверуваатетичкитеиморалнитевредностинакандидатотсесостоиод писмен тест и устен испит • Психолошкиоттестсокојсепроверуваатсоцијалнитеспособностинакандидатитезаизвршувањенаработитеиработнитезадачиводржавнатаслужбасесостоиодмеѓународнопризнатипсихолошкитестови

  31. Постапка за вработување • АA издава потврда за положен општ дел, со важност 2 години • Начинот на селекција и вработување го пропишува директорот на АДС • По завршувањето на испитот Комисијата за селекција спроведува интервју со петте најуспешни кандидати кои го положиле испитот • Врз основа на резултатите од образованието, испитот за државен службеник и интервјуто во рок од 3 дена од завршувањето на интервјуто Комисијата за селекција доставува ранг листа од 3 најуспешни кандидати до органот (надлежниот функционер/секретарот) • Надлежниот функционер/секретарот врши избор на државен службеник најдоцна 3 дена од добивањето на ранг – листата

  32. Постапка за вработување • Доколку надлежниот функционер не изврши избор, за истото звање на државен службеник не може да се распише избор пред истек на рок од 6 месеци • Незадоволните кандидати имаат право на жалба против одлуката на функционерот до АА – во рок од 8 дена од објавувањето на одлуката на Веб и огласна табла на АА • АА одлучува во рок од 8 дена од приемот на жалбата (жалбата го одложува извршувањето на одлуката за вработување)

  33. Постапка за вработување • Против одлуката за избор на кандидат, незадоволниот каднидат има право на тужба пред надлежниот суд (15 дена од приемот на конечното решение) • Со завршувањето на постапката, надлежниот функционер/секретарот донесува решение за вработување на пробна работа

  34. Мобилност во државната служба • Органот кој има потреба од пополнување на слободно работно место, може да објави интерес оглас за вработување на државен службеник • (за сите звања освен: помлад соработник и помлад референт)

  35. Мобилност во државната служба • Интерниот оглас се објавува на Веб страната на АА • Рок за пријавување најмалку 5 дена • Заинтересирани државни службеници доставуваат пријави до АА. • Право на пријава имаат сите службеници кои исполнуваат посебните услови за работа и • Оценка „се истакнува“ или „задоволува“ последната година пред огласот • Да поминал 1 година во непосредно пониско звање • Да не му е изречена дисциплинска мерка 12 месеци пред интерниот оглас

  36. Мобилност во државната служба • Постапката за селекција ја спроведува Комисијата за селекција и избор на државен службеник • Постапката се состои од 2 дела административна селекција и интервју: • адм. сел. 5 дена по завршувањето на огласот • Интервјуто се состои од прашања од делокругот на работата на организациониот облик на органот и описот на работното место. 5 дена по адм. сел.

  37. Мобилност во државната служба • Врз основа на резултатите од интервјуто, Комисијата за селекција во рок од три дена од денот по спроведувањето на интервјуто, доставува ранг-листа од тројца најуспешни државни службеници до надлежниот функционер на органот • Функционерот во рок од 3 дена од добивањето на ранг листата, врши избор на државен службеник • Избраниот Д.С. 3 дена од изборот доставува докази за исполнувањето на посебните услови

  38. Мобилност во државната служба • Доколку функционерот не изврши избор на кандидат по пат на интерен оглас, слободното работно место се пополнува по пат на јавен оглас. • Незадоволните д.с. Имаат право на жалба до АА преку органот во рок од 8 дена од извршен избор • Органот во рок од 3 дена ја доставува жалбата и одговор на жалбата до АА • АА одлучува во рок од 8 дена од приемот на жалбата. Жалбата го одлага извршувањето на одлуката • По завршувањето на постапката, функционерот донесува решение за вработување на пробна работа.

  39. Мобилност во државната служба • Државен службеник кој ги исполнува посебните услови по потреба на органот и со негова согласност: • може да биде преземен од еден во друг орган по претходна согласност на МИОА • може да се распореди во истиот орган на друго работно место во исто звање согласно со актот за систематизација за работни места

  40. Мобилност во државната служба • Државенслужбеник на работно место од групатастручно-административнизвања, којгиисполнувапосебнитеуслови со стекнатинајмалку 180 ЕКТС или завршен VII/1 степен може да се распореди на работно место во звањепомладсоработник, доколкутоа е утврдено во актот за систематизација на работните места и не е пополнето. • Вработенвоорганнадржавнауправа, другдржавенорганилиинституција, којнемастатуснадржавенслужбеникикојгиисполнувапосебните, попотребаилипонеговобарање, попретходноположениспитзадржавенслужбеник, можедабидераспореденидасестекнесостатуснадржавенслужбениквоистиоторган, водругорганнадржавнауправаилидругдржавенорган, наработноместовосоодветнозвање.

  41. Напредување на државните службеници во РМ • Систем на работни места: за секое работно место се распишува јавен конкурс без да постои скала на задолжително движење на државниот службеник (во РМ) • Систем на кариера: точно определена хиерархиска скала на звања по која мора да се движат јавните службеници при нивното напредување (во Франција)

  42. Оценување • Државнитеслужбеници, освенсекретарот, врзоснованаконтинуираноследењенанивнатаработа, сеоценуваатсекоишестмесеци. • Оценувањетонадржавнитеслужбеникзавршуванајдоцнаеденмесецпоистекотнашестемесецизакоисевршиоценувањето.

  43. Оценување • Државнитеслужбеницикоивотекотнашестемесецизакоисевршиоценувањето, билеотсутниодработаподолгоодтримесеци (боледување, неплатеноотсуствоислично), какоидржавнитеслужбеницикоизапрвпатсевработиле, вопериодотвокојсевршиоценувањетоиработелепократкоодтримесецинемадабидатоценувани.

  44. Видови оценки • Се истакнува • Задоволува • Делумно задоволува • Незадоволува Незадоволниот службеник од оценувањето има право на приговор во рок од 8 дена до внатршна Комисија за преиспитување на оцената формирана од функционерот на органот. Комисијата донесува одлука во рок од 30 дена, против која службеникот има право на жалба во рок од 15 дена до АЗА.

  45. Престанок на вработување • Со спогодба: се склучува писмена спогодба помеѓу службеникот и функционерот/секретарот за престанок на вработувањето

  46. Престанок на вработување • По барање на службеникот: писмено барање од службеникот со отказен рок од 30 дена

  47. Престанок на вработување • По сила на закон: ако службеникот ја загуби работната способност; му престане државјанството на РМ; казна забрана за вршење професија, дејност или должност;осуденост за кривично дело што го прави недостоен за државен службеник; поради издржување казна затвор во траење подолго од 6 месеци; исполнување услови за пензија

  48. Престанок на вработување • Во други случаи утврдени со Законот за државни службеници: неоправдано отсуство најмалку три дена во еден месец; оценка „незадоволува“ најмалку два пати последователно или во последните пет години најмалку три пати; при вработувањето премолчал или дал невистинити податоци за општите или посебните услови; во рок од 15 дена не се врати на работа по завршувањето на стручното оспособување; органот на инспекторатот за труд утврди во рок од една година дека е вработен спротивно на Законот

  49. Престанок на вработување • Против решението за престанок на вработувањето, службеникот има право на жалба во рок од 8 дена до АА.

  50. Литература • Основна литература: • Гризо, Гелевски, Давитковски, Павловска Данева „Административно право“, 2011, стр.268-326. • Закон за државни службеници од 2011година – консолидиран текст • Закон за измена и дополнување на државните службеници (сл. Весник на РМ бр. 114/09) • Дополнителна литература; • Лилиќ, „Управно право“, Београд, 1995, стр. 33-37 • Давитковски, Павловска-Данева, „Конституирање на службенички систем во РМ“, Зборник на трудови во чест на С. Габер, Правен факултет, 2001

More Related