1 / 26

Кодекс за етика на професионалните сметководители

Кодекс за етика на професионалните сметководители. Преглед и клучни прашања. Поддржано од:. Кирил Нејков Раководител на проект за корпоративно управување. Преглед на презентацијата.

wallis
Download Presentation

Кодекс за етика на професионалните сметководители

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. Кодекс за етика на професионалните сметководители Преглед и клучни прашања Поддржано од: Кирил Нејков Раководител на проект за корпоративно управување

  2. Преглед на презентацијата Кодекс за етика на професионалните сметководители на ИФАЦ (во понатамошниот текст „Кодексот за етика“ или „Кодексот“) • Споредба на одредбите на Кодексот со Законот за ревизија и Статутот на Институтот на овластени ревизори • Пристап на Кодексот за етика • ДЕЛ А - Општа примена на кодексот • Основни принципи • Концепциска рамка • Закани за придржување кон основните принципи • Заштитни мерки • Разрешување на етички конфликти • ДЕЛ Б - Професионални сметководители во јавна практика • Конфликт на интереси • Објективност • Независност во ангажмани на ревизија и проверка / во други ангажмани на уверување • ДЕЛ В – Професионални сметководители во деловно работење • Преодни одредби

  3. Закон за ревизија и Кодексот на Етика - Општо • Член 12 – Надлежности на Институтот на овластени ревизори • Ја следи примената на Кодексот кај друштвата за ревизија и овластените ревизори-трговци поединци • Го спроведува Кодексот • Го преведува Кодексот • Покренува дисциплинска постапка и изрекува мерки поради повреда на Кодексот • Член 13 – Овластување за спроведување на контрола од страна на Институтот на овластени ревизори • Контрола врз примената на Кодексот • Врз основа на: годишна програма или по барање на заинтересирани субјекти • Постапката ја пропишува Институтот • Член 14 – Овластување за изрекување на мерки • За повреда на Кодексот и тоа: • Опомена • Времено исклучување од членство во Институтот • Трајно исклучување од членство во Институтот • Член 15 – Известување за можни повреди • Обврска на вработен во Институтот да извести министер за финансии кога има сомневање за можна повреда на Кодексот

  4. Закон за ревизија и Кодексот – Принципи - 1 • Член 24- Конфликт на интереси • Овластениот ревизор е независен и самостоен во вршењето на работата на ревизијата во рамките на овластувањата со овој закон, а во согласнот со МСР на ИФАЦ објавени од министерот за финансии и Кодексот за етика. • Ревизија не може да биде вршена во следни случаи на поврзаност: • Акционер, вложувач на средства или основач (субјект кај кој се врши ревизија /друштво за ревизија / во исто време основач на двете / овластен ревизор) • Овластен ревизор – законски застапник, член на управен/надзорен одбор / водење на деловни книги / изготвување на финансиски и даночни извештаи • Брачна врска / директно сродство / индиректно сродство до второ колено / посвојување / старателство / туторство (физички лица – овластен застапник / член на управен / надзорен одбор на субјект кај кој се врши ревизија • Овластен ревизор не смее во исто време на ист субјект да дава услуги на ревизија и: • Книговодствена и други услуги поврани со сметководствена евиденција, годишни сметки, годишни консолидирани сметки • Изготвување и имплементација на финансиски информациски системи • Внатрешна ревизија (како надворешен изведувач) • Учество во економски интерес • Други активности кои Институтот ќе ги пропише со свои акти

  5. Закон за ревизија и Кодексот – Принципи - 2 • Член 25 – Доверливост • Овластен ревизор: • треба да ја почитува доверливоста на информациите добиени во професионални и деловни односи • не треба да разоткрива која било од тие информации на трети лица без: • Соодветно и посебно одобрение, освен • Ако има законско или професионално право или обврска да ги обелодени • Исклучок – кога се заменува овластен ревизор • На овластениот ревизор што се заменува се применува правилото а не исклучокот

  6. Статут на Институт и Кодекс на етика • Член 9 – Обврски на членството • Сите членови на Инстиутот мораат да се придржуваат на Кодексот за етика • Член 11 – Дисциплински мерки • Опомена, времено исклучување, трајно исклучување • Поради • Непридржување кон Кодексот за етика • Несоработување во етичката постапка водена од Институтот • Член 13 – Собранието • Ги донесува Правилниците што се во надлежност на Комисијата за етика • Одобрува трајно исклучување од членство и обнова на истото • Член 14 – Управен одбор • Организира превод на Кодексот за етика • Покренува дисциплинска постапка и донесува одлуки за дисциплински мерки: опомена и времено исклучување • Го штити јавниот интерес со тоа што осигурува дека членовите се придржуваат кон стандардите за етичко однесување поставени од МФС • Член 26 – Комисија за етика • Подготвува официјален превод на Кодексот и го толкува Кодексот • Покренува и води постапки за жалби (поплаки) во врска со етички прашања • Препораки за санкции

  7. Пристап на Кодексот за етика • Базиран на принципи • без исцрпни листи, • со илустративни примери • Обврска на поединецот во секоја ситуација да го насочи своето однесување • Правилата се почитуваат, исклучоците се докажуваат (од страна на оној што се повикува на нив) • Кодексот постои за да се почитува, многу тешко се докажува основа за негова непримена (ако воопшто може да се докаже) • Клучни столбови • Лична проценка • Барање за совет • документирање • Критериуми • Субјективни и • Објективни

  8. Структура на Кодексот • Дел А – Општа примена на Кодексот • Основни принципи • Дел Б – Професионални сметководители во јавната практика • Професионално назначување • Конфликт на интереси • Второ мислење • Надоместоци и други видови на награди • Рекламирање на професионалните услуги • Подароци и гостопримство • Старателство на средствата на клиентот • Објективност – сите услуги • Независност – ангажмани за ревизија и проверка • Независност – други ангажмани на уверување • Дел В – Професионални сметководители во деловното работење • Потенцијални конфликти • Подготвување и известување на информации • Дејствување со достатна експертиза • Финансиски учества • Поткуп

  9. Основни принципи - 1 • Интегритет • Да се биде искрен и чесен во сите професионални и деловни односи • Објективност • Да не се дозволи пристрасност, конфликт на интереси или несоодветни влијанија од други за да ги надвладеат професионалните или деловните расудувања. • Професионална компетентност и должно внимание • Да се одржува професионалното знаење и вештини на нивото потребно да се осигура дека клиентот или работодавачот ќе добијат компетентни професионални услуги засновани на најнови случувања во практиката, законодавството и техниките и ќе дејствува вредно (посветено) и во согланост со применливите стручни и професионални стандарди

  10. Основни принципи - 2 • Доверливост • Да се почитува доверливоста на информациите стекнати како резултат на професионален или деловен однос и според тоа, да не се обелоденуваат таквите информации на трети страни без соодветно и конкретно овластување, освен доколку не постои законско или професионално право или должност за обелоденување, ниту да се користат информациите за лична корист на професионалниот сметководител или трета страна • Професионално однесување • Да се придржува кон релевантните закони и прописи и да избегнува какви било дејствувања кои што ја дискредитираат професијата.

  11. Пристап на концепциска рамка Цел:закани да се остранатили да се намалат на прифатливо нив. Ако заканата не може да биде остранета – услугата треба да биде одбиена/ прекината (запрена). • Кодексот воспоставува концепциска рамка која бара професионалниот сметководител да ги идентификува, оцени и разгледа (постапи во врска со) заканите. • Невозможно да се дефинира секоја ситуација • Околноститево кои работат професионалните сметководители може да креираат конкретни закани • Професионалниот сметководител треба да ги оцени сите закани кога тој знае, или може разумно да се очекува дека знае за околности или односи кои може да го компромитираат придржувањето кон основните принципи. • Проценка на квалитативни и квантитативни фактори • Потреба за консултација - кога невообичаени околности, од кои резултатот може да биде непропорционален или не во јавен интерес.

  12. Закани за придржување кон основните принципи • Закана од личен интерес • Закана дека финансиско или друго учество несоодветно ќе влијаат на расудување или однесување на професионалниот сметководител • Закана од самопроверка • Закана дека професионалниот сметководител нема соодветно да ги оцени резултатите од претходно направеното расудување или дадена услуга • Закана од застапништво • Закана дека професионалниот сметководител ќе ја промовира позицијата на клиентот или работодавачот до точка кога е компромитирана објективноста • Закана од фамилијарност • Закана кај која што поради долготраен или близок однос со клиентот или работодавачот, професионалниот сметководител ќе стане премногу сочувствителен кон нивните интереси или премногу попустлив за нивната работа • Закана од заплашување • Закана дека професионалниот сметководител ќе биде спречен да дејствува објективно заради фактички или воочени притисоци (кои се чинат како притисок), вклучувајќи обиди за вршење на несоодветно влијание.

  13. Заштитни мерки Со цел за отстранување на заканите или нивно намалување на прифатливо ниво. • Заштитни мерки креирани од страна на професијата, законот, регулативата • Образование, обука, искуство за прием во професијата • Континуиран професионален развој • Регулатива за корпоративно управување • Професионални стандарди • Постапки за набљудување и дисциплински постапки кај професионални / регулаторни тела • Надворешна проверка • Заштитни мерки во работната средина • Заштитни мерки кои може да ја зголемат веројатноста за идентификување или спречување на неетичко однесување • Ефективен добро публикуван систем на поплаки • Експлицитно наведна должност да се пријават прекршувања на етички барања

  14. Разрешување на етички конфликти • Фактори релевантни за официјален или неофицијален (формален или неформален) процес за разрешување на конфликт • Релеватни фактори (факти) • Вклучени етички прашања • Основни принципи поврзани со прашањата • Воспоставување на внатрешни постапки (процедури) • Алтернативни текови на дејствување • Се земаат во предвид сите фактори – и се разгледуваат сите можни начини на дејствување – со сите последици од истите. Ако и тогаш не се најде решение – треба да се консултира со соодветни лица. • Конфликт со / во организација – може да изискува советување со оние кои ја управуваат организацијата (Одборот на директори / Надзорниот одбор / Комитетот за ревизија) • Документирање на суштината на прашањето – може да биде во најдобар интерес на професионалниот сметководител • Советување со професионално тело или правни советници – кога значаен конфликт, и без повреда на доверливост • Одбивање да се остане поврзан со прашањето кое го создало конфликтот – кога сите други начини исцрпени

  15. Дел Б – Професионални сметководители во јавната практика • Професионално назначување • Конфликт на интереси • Второ мислење • Надоместоци и други видови на награди • Рекламирање на професионалните услуги • Подароци и гостопримство • Старателство на средствата на клиентот • Објективност – сите услуги • Независност – ангажмани за ревизија и проверка • Независност – други ангажмани на уверување

  16. Конфликт на интереси • Идентификување на околности - Обврска на професионален сметководител да преземе чекори за да идентификува околности кои би можеле да доведат до конфликт на интереси • Проценка на значајност на закани - да ја оцени значајноста на сите закани и кога е потребно да примени заштитни мерки • Вообичаени заштитни мерки • Известување на клиент за деловно учество /активности на фирмата и да се добие согласност од клиентот во такви околности • Известување на сите познати релевантни страни дека професионалниот сметководител дејствува за две или повеќе страни во однос на прашања каде што нивните интереси се во конфликт и да добие нивна согласност • Да се извести клиентот дека професионалниот сметководител не дејствува исклучително за некој клиент (на пример во одреден сектор или за конкретна услуга) • Други заштитни мерки • Одделни тимови • Спречување на пристап до информации • Јасни упатства за безбедност и доверливост • Договори за доверливост • Редовна проверка на примена на заштитни мерки

  17. Објективност – сите услуги При обезбедување на било каква професионална услуга – да се утврди дали постојат закани за објективноста. • При услуга на уверување – потребна е • Умствена (суштинска) независност • Независност во однесување (појавност) • Заканите ќе зависат од: • Конкретни околности • Природа на работата • Примери за заштитни мерки • Повлекување на тимот на ангажманот • Постапки за надзор • Престанок на финансиски или деловни односи од кои произлегува заканата • Дискутирање на прашања со повисоко ниво на раководство на фирмата • Дискутирање на прашања со оние кои се одговорни за управување со клиентот • Доколку заканата не може да се отстрани / да се намали на прифатливо ниво • Ангажманот треба да се одбие • Ангажманот треба да се прекине (запре)

  18. Независност – ангажмани за ревизија и проверка - 1 • Независност • Умствена – субјективен критериум • Состојба на умот која дозволува изразување на заклучок без влијанија кои го компромитираат професионалното расудување, дозволувајќи му на поединецот да: • дејствува со интегритет • користи објективност и професионален скептицизам • Во однесување (во појавност)– објективен критериум • Одбегнување на факти и околности кои се толку значајни што разумна и информирана трета страна, земајќи ги во предвид сите конкретни факти и околности, веројатно ќе заклучи дека интегритетот, објективноста или професионалниот скептицизам на фирмата или на член на тимот се компромитирани • Примена на пристап на концепциска рамка за • Идентификување на заканите по независноста • Оценување на значајноста на идентификуваните закани • Примена на заштитни мерки

  19. Независност – ангажмани за ревизија и проверка - 2 Други клучни поими во овој оддел • Фирма – вклучува мрежа, освен ако не е поинаку наведено • Ентитети од јавен интерес – дефинира ниво на јавен интерес • Документација – докази за почитување на независноста, претставуваат суштина на било кои дискусии кои ги поддржуваат истите • Финансиски интереси – материјалност, директно / индиректно учество • Заеми и гаранции – отсуство на закана кога се применети редовни постапки, со примери: станбени хипотеки, банкарски пречекорувања, заеми за автомобили, салда на кредитни картички • Деловни односи – комерцијален однос или заедничко финансиско учество • Семејни и лични односи – отстранливи и неотстраниливи закани • Вработување кај клиент – фактори од кои зависи постоење и значајност на заканата • Времено назначување на персонал • Неодамнешни услуги кај клиент на ангажман на ревизија • Работење како директор или службеник (офицер) кај клиент • Долгорочна поврзаност на повисокиот персонал (вклучувајќи и ротирање на партнери) со клиент

  20. Независност – ангажмани за ревизија и проверка - 3 • Обезбедување на услуги на ангажман без уверување на клиенти на ангажман за ревизија • Одговорност на раководството (одговорности на менаџирање) • Подготвување на сметководствена евиденција и финансиски извештаи • Услуги на вреднување • Обезбедување на даночни услуги • Услуги на внатрешна ревизија • Услуги за ИТ системи • Услуги на поддршка при судски спор • Правни услуги • Услуги за регрутирање • Услуги за корпоративни финансии

  21. Независност – ангажмани за ревизија и проверка - 4 • Надоместоци • Политики за наградување и оценување (евалуација) • Фактички или заканет судски спор • Извештаи кои вклучуваат ограничување на употребата и дистрибуирањето

  22. Независност – во други ангажмани на уверување - 1 • Ангажмани на уверување • Независност во однос на клиентот на ангажманот на уверување (одговорната страна за информациите за предметната материја, и која што може да биде одговорна и за предметната материја) • Кога клиентот на ангажманот на уверувањето не е одговорен за предметната материја (а е одговорен за информациите) треба да се оцени значајноста на сите закани за кои фирмата има причина да верува дека се креирани од страна на учества (интереси) и односи помеѓу членот на тимот на ангажманот и одговорната страна за предметната материја • Ангажмани за уверување за директно известување • Независност во однос на клиентот на ангажманот за уверување (одговорната страна за предметната материја)

  23. Независност – во други ангажмани на уверување - 2 • Повеќе одговорни страни • Фирмата може да земе во предвид дали учеството или односот со конкретна одговорна страна би креирале закана. Треба да се земат во предвид следните фактори: • Материјалност на информациите за предметната материја (или на предметната материја)за кои е одговорна конкретна одговорна страна • Степен на јавен интерес што е поврзан со ангажманот

  24. Дел В – Професионални сметководители во деловното работење • Потенцијални конфликти • Подготвување и известување на информации • Дејствување со достатна експертиза • Финансиски учества • Поткуп

  25. Датум на стапување во сила • 1 јануари 2011 • Преодни одредби • Ентитети од јавен интерес • Ротирање на партнери • Услуги на ангажман без уверување • Надоместоци – релативна големина • Политики за надоместување и оценување

  26. Благодарам на вниманието Кирил Нејков Knejkov@ifc.org

More Related