1 / 20

Проектна активност по географија

Gimnazija “ Josip Broz Tito ”. Проектна активност по географија. OSNOVNI KARAKTERISTIKI. Mars e Crvenata planeta.

shawna
Download Presentation

Проектна активност по географија

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. Gimnazija “Josip Broz Tito” Проектна активност по географија

  2. OSNOVNI KARAKTERISTIKI

  3. Mars e Crvenata planeta Да, за голото око, ѕвездениот Марс навистина може да биде црвен. Исто така, може да биде и розев, портокалов, златен, или пак жолт. Користејќи ја фантазијата, одберете било која од топлите бои и најверојатно ќе најдете луѓе кои Марс го гледаат во таа боја . Боите се реални, барем психолошки. Промените во бојата на Марс биле следени уште од времето на Римјаните. Едно старо име, кои Римјаните го користеле за Марс, е „Градивус“ (од „grandio“, да стане голем, да расте). Но, Римјаните го користеле Марс и за да ги претстават различните аспекти од нивното општество: најпрво фармерите, а потоа и крвавите освојувачи. Оваа привидна промена на бојата на Марс, во еден дел, е последица на неговата орбита. Планетата е за 50 пати поголема кога е најблиску до Земјата, отколку кога е најдалеку. Едно објаснување вели дека, кога објект како Марс станува сé посветол на ноќното небо, тој станува и сé побел. За време на доближувањето во 2001 година, во едно набљудување на Марс забележано е дека како што тој полека се доближувал кон Земјата и го зголемувал сјајот, Марс ја менувал и бојата: од румено црвена, преку портокалова, за на крај да стане златен. no samo ponekoga{

  4. Прашина на Марс На Марс се наоѓаат тони од прашина, и тоа црвена, во бури кои траат со недели. Тоа и не е толку чудно. Со толку малку влага во почвата, песокот и прашината преовладуваат на Марс. На секои две-три години, глобални песочни бури го затскриваат Сонцето на неколку недели, додека прашината не се наталожи. Чудно е што овие песочни бури не се појавуваат секоја година. На Марс не постојат океани кои би ги промениле условите од година во година. Сепак, некои имаат глобални песочни бури, а некои не.

  5. Сателитите на Марс Марс има два сателита - Фобос (страв) и Дејмос (ужас). И двата за нас, земјаните, имаат чуден облик за една месечина. Тие имаат неправилен облик (налик на компир или чуден камен) и во однос на нашата Месечина се многу малечки. Фобос е поголем и има пречник од 23 km, додека Дејмос има само 15 km. поголемиот сателит на Марс - Фобос затемнување на Сонцето од Фобос затемнување на Сонцето од Дејмос

  6. Долината Нанеди Долината Нанеди е долга околу 800 km и се протега во насока југозапад-североисток. Во делот кој е сликан на оваа фотографија се гледаат корита со ширина од 0,8 па до 5 километри, и со максимална длабочина до 500 метри. Особено интересно за оваа долина е тоа што нејзините корита многу потсетуваат на речните корита на Земјата, и тоа не само по својот облик и форма, туку и по начинот на кој се влеваат едно во друго и формираат мрежа.

  7. Марс со Млечниот Пат Широкоаголна фотографија на Марс, заедно со Млечниот Пат. Фотографија на Скопското астрономско друштво

  8. Реалниот изглед на Марс, сликан од Хабл. На фотографијата компјутерски е додадено и леталото Марс Експрес

  9. Аполинарис Патера (Apollinaris Patera) е стар вулкан на Марс, висок околу 5 километри. Се наоѓа северозападно од кратерот Гусев, каде во моментов е роверот Спирит. Има димензии од 180 х 280 km. Неговиот кратер (или т.н. калдера) е со дијаметар од околу 80 km и длабочина до 1 km. Токму тој дел од вулканот е прикажан на оваа фотографија. Западниот регион на вулканот (на фотографијата) се карактеризира со посветол материјал, кој како да е распореден во неколку слоеви. Се претпоставува дека тоа е резултат на долготрајна седиментација на материјалот. Дел од регионот на оваа фотографија е препокриен со тенок слој на дифузни облаци со бледо бела боја. Помалите кратери, кои се гледаат во и околу вулканот, се создадени при удар на други тела. ВУЛКАНОТ АПОЛИНАРИС

  10. Областа Арам Каос на Марс Како што сугерира самото име („chaos“ е термин кој планетарните астрономи го користат за да означат регион кој има карактеристичен изглед на распукана кора), овој терен е составен од големи масиви, т.е. големи отсечени карпи, кои во минатото биле дел од цел планински масив. Се претпоставува дека овој карактеристичен изглед на регионот е добиен како резултат на удар на надворешно тело. Како што се гледа на фотографијата во боја, овие масивни остатоци се со големина од неколку, па сè до 10 километри во должина и имаат просечна височина од 1 000 метри. Западниот регион од фотографијата во боја секарактеризира со посветол материјал, кој изгледа дека е наталожен, и може да е резултат на седиментни наслаги. Различни наталожувања на материјал, што даваат еден изглед на тераса, може да се видат и источно од светлиот дел, како и во релативно рамниот регион на северозапад на фотографијата во боја.

  11. Метеорити на Марс

  12. Момент замрзнат во времето • На 19 мај 2005 година, роверот на НАСА, Спирит, успеал да го фати овој извонреден поглед на Сонцето како заоѓа зад хоризонтот на Марс. Овој прекрасен пејсаж е снимен во 18:07, на 489-от сол (сол е всушност име за денот на Марс).

  13. Тектонски канали на Марс

  14. Нови предлози за мисии кон Марс • ARES (Aerial Regional-scale Environmental Survey) - Оваа мисија се состои од лесен авион со распон на крилата од 6,5 метри, кој би прелетал ниско над површината на Марс. Моторите на авионот ќе се вклучат кога тој ќе се спушти на околу 1,5 km до површината на планетата. Летот ќе трае 2 часа, а за тоа време инструментите на авионот ќе го мерат магнетното поле на делови од кората на Марс и ќе бараат извори на метан и други органски гасови. Авионот е дизајниран од компанијата „Локхид Мартин“ (Lockheed Martin) и Истражувачкиот центар Ленгли на НАСА (Langley Research Center). • SCIM (Sample Collection for Investigation of Mars) - Основна цел на оваа мисија е да се донесат примероци од воздухот и честичките прав од горните слоеви на атмосферата на Марс. Зад проектот стои истиот тим што донесе примероци од кометата Вилд 2 преку вселенското летало Стардаст (Stardust).

  15. Интензивирање на потрагата по живот на Марс! Роверот Opportunity

  16. Вода на Марс                               Пред милијарда години на Марс имало големи поплави поради што се формирале низини и реки, изјави експертот за истражување на Црвената планета, Мајкл Мејер.Според него, од внатрешноста на Марс, која е „многу студена и сува планета“, истекува вода.- Набљудувањата ни потврдија дека водата досега пристигнува до површината на Марс. Последен пат таа појава е регистрирана во септември 2005 година, а пред тоа во 2004 година. Но, мистерија за научниците претставува начинот на кој водата на Марс останува во течна состојба, истакна Мејер. Тој посочи дека е можно водата која се наоѓа на површината на Марс и да испари за неколку часа или во краен случај за 24 часа. На снимките претставени на прес-конференција во седиштето на Американската агенција за вселенски истражувања (НАСА) во Њујорк, во блиско минато водата течела по површината на Марс на две места наречени Тера Сиренум и регионот Центаури Монтес, на јужниот дел на Црвената планета. Пред милијарда години

  17. Вода сè уште тече на Марс? Ист регион на Марс, фотографиран од леталото MGS во временски интервал од 7 години. На поновата фотографија (десно) се забележуваат и нови седиментни талози, во форма на каналчиња, најверојатно создадени од течна вода.

  18. Изработиле: Мартина Петковска Михаил Попов Симона Велкоска Елена Стерјовска I-5

More Related