1 / 112

Инструмент за претпристапна помош (IPA) 15 . 01 .200 9 Бети Костадиновска Секретаријат за европски прашања

Инструмент за претпристапна помош (IPA) 15 . 01 .200 9 Бети Костадиновска Секретаријат за европски прашања. ИПА: Инструмент за претпристапна помош. ИПА 2007-2013 кандидатки за членство: Хрватска, Турција и Република Македонија потенцијални земји кандидатки за членство:

rachel
Download Presentation

Инструмент за претпристапна помош (IPA) 15 . 01 .200 9 Бети Костадиновска Секретаријат за европски прашања

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. Инструмент за претпристапна помош (IPA)15.01.2009Бети КостадиновскаСекретаријат за европски прашања

  2. ИПА:Инструмент за претпристапна помош ИПА 2007-2013кандидатки за членство: Хрватска, Турцијаи Република Македонија потенцијални земји кандидатки за членство: Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Косово Правна основа Регулатива (ЕК) бр. 1085/2006 (IPA Reg.) Регулатива (ЕК) бр. 718/2007 (IPA Implem. Reg.)

  3. Хрватска, Турцијаи Република Македонија кандидатки за членство: потенцијални кандидатки за членство: Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Косово

  4. ИПА -5 компоненти II. Прекугранична соработка I. Помош во транзицијата и градењето на институциите III. Регионален развој V. Рурален развој IV. Развој на човечки ресурси

  5. ИПА Е ЗАМЕНА ЗА: • PHARE; • PAHRE програма за преку-гранична соработка; • ISPA; • SAPARD; • претпристапна финансиска помош за Турција; • КАРДС.

  6. Компоненти на ИПА: 1. Компонента за транзициска помош и за институционална надградба (Transition Assistance and Institution Building); 2. Компонента за прекугранична соработка (Cross-borderCooperation); 3. Компонента за регионален развој (RegionalDevelopment); 4. Компонента за развој на човечки ресурси (HumanResourceDevelopment); 5. Компонента за рурален развој (RuralDevelopment).

  7. Финансиски алокации за ИПА: • Комисијата (на годишна основа) ги изнесува пред Европскиот парламент и Советот своите намери за финансиските алокации што ќе ги предлага за претстојните три години, во форма на Повеќегодишна индикативна финансиска рамка (MIFF), земајќи ја предвид финансиската рамка, како и Европските партнерства, Партнерствата за пристапување, извештаите и за стратегискиот документ. • MIFF е составен дел од годишниот пакет за проширување на Комисијата, одржувајќи го притоа тригодишното планирање.

  8. Финансиски алокации за ИПА: • Повеќегодишна индикативна финансиска рамка се елаборира врз основа на група објективни и транспарентни критериуми, вклучувајќи ги и анализата на потребите, апсорпциониот капацитет, почитувањето на условите и капацитетот за управување.

  9. Планирање на ЕУ помошта за Република Македонија Планирање на помош: Помошта се обезбедува врз основа на Повеќегодишните индикативни планирачки документи(MIPD) за секоја земја, изготвени во блиски консултации со националните власти, за тие да можат да ги поддржуваат националните стратегии и да ја гарантираат вклученоста и ангажираноста на дадената земја.

  10. MIPD-и укажуваат на индикативните алокации за главните приоритети во рамките на секоја од компонентите, водејќи сметка за индикативната анализа по земја и по компонента, онака како што е предложено во MIFF. • MIPD-и ги утврдуваат на соодветен начин сите средства обезбедени за програми за повеќе земји кориснички и за хоризонталните иницијативи. • MIPD-и се утврдуваат врз основа на тригодишна перспектива, а се ревидираат на годишна основа.

  11. Принцип на повеќегодишно планирање треба да гарантира конзистентност, комплементарност и концетрираност на помошта. • Комисијата и земјите – кориснички треба да потпишат Рамковни спогодби (РС/FА)со цел да ги утврдат принципите на нивната соработка според оваа Регулатива. • РМ и ЕК потпишаа РС/FA, којашто е ратификувана од Собранието на РМ на 30.01.2008 година, а стапена во сила на 04.03.2008 година – за првите 4 компоненти. • За 5-тата компонента потпишана 2008 Секторската спогодба.

  12. Главна политика и рамка за програмирање: ПАКЕТ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ, вклучувајќи ја Повеќегодишна индикативна финансиска рамкапо земја и по компонента ↓ MIPDпо земја за сите релевантни компоненти ↓ Компонента 1 - Национална и хоризонтална програма Компонента 2 – Програми за прекугранична соработка Компонента 3 - Оперативна програма за регионален развој Компонента 4 – Оперативна програма за развој на човечки ресурси Компонента 5 – Програма за рурален развој

  13. ИПА компонента 1: Транзициска помош и институционална надградба

  14. Помош од ЕУ преку ИПА компонента 1: • Помош во градење на капацитетите на институциите; • Поддршка за исполнување на политичките, економските и критериумите поврзани со ЕУ Acquis-то; • Фонд со кој ќе се покриваат мерки од компонентите III, IV, V; • Поддршка во учество во Програмите и Агенциите на Заедницата.

  15. Главни области на интервенција: • Финансиската помош ќе ги поддржува следните главни области на интервенција: • Добро раководење и владеење на правото; • Економски развој и социјална кохезија; • Способност за преземање на обврските за членство во ЕУ; • Поддршка за подготвување програми и учество во Програмите на Заедницата.

  16. Главни приоритети и цели • Добро раководење и владеење на правото • 1. Поддршка на реформите во јавната администрација • Продолжување на поддршката за реформите во јавната администрација • Поддршка на процесот на децентрализација • Преземање на заложбите од ССА • Еднаква застапеност согласно ОРД

  17. 2. Поддршка на реформите во полицијата • Целосна поддршка на Националната стратегија за рефоми во полицијата и Акцискиот план • Борба против дрога • Борба против корупција • Континуирано управување во областа миграција, азил и визен режим • Целосна имплементација на Стратегијата и Акцискиот план за Интегрирано погранично управување

  18. 3. Поддршка на реформите во судството • Имплементирање на Националната стратегија и Акциски план за реформите во судството • Креирање на ефикасни судови • Поддршка на Академијата за обука на судии и јавни обвинители • Поддршка на Административните судови • Поддршка на Основните судови кои работат со предмети поврзани со организиран и тежок криминал

  19. 4. Финансиско управување и финансиска контрола 5. Понатамошна поддршка на релевантните власти во поглед на децентрализираното управување со ЕУ фондовите 6. Создавање на вистинско партнерство меѓу управата и граѓанското општество

  20. Главни приоритети и цели Економски развој и социјална кохезија 1. Заокружување на реформите за регистрација на земјиште и недвижнини; 2. Зајакнување на катастарот; 3. Контрола и супервизија на финансиските пазари; 4. Подобрени административни капацитети во областа на фискалната политика (на локално и централно ниво);

  21. 5.Информатичко мрежно поврзување со даночните системи во ЕУ; 6. Креирање на сеопфатна трговска политика на РМ; 7. Подобрување на регулаторната рамка за трговија (приоритети поставени со СТО, ССА, БТД); 8. Градење на капацитетите во областа на регионалната политика за имплементација на националните и регионални развојни планови

  22. Главни приоритети и цели • Учество во Програмите и Агенциите на Заедницата • Учество во програмите за култура, животна средина, образование и млади • Учество во Агенции по избор на Владата на Република Македонија • Искористување на инструментите TAIEX и TWINNING

  23. Клучни елементи за програмирање/спроведување/следење и евалуација на ИПА компонента 1 • Координатор на ИПА компонента 1 е Националниот ИПА координатор (НИПАК) Ивица Боцевски и СЕП; • Формиран е Оперативен тим во којшто учествуваат претставници на сите релевантни министерства и којшто е одговорен за оперативното програмирање; • Оперативната програма за оваа компонента се подготвува на едногодишна основа; • По одобрувањето на Оперативната програма се потпишува Финансиска спогодба по што започнува имплементацијата на сите проекти/програми;

  24. Спроведувањето на проектите/програмите од оваа компонента се одвива со директна поддршка од ДИС системот а согласно финансиските правилата и прописите на ЕК (во моментов во РМ е актуелен централизираниот систем за спроведување) • Потребно е да се обезбедат средства од националниот буџет за кофинансирање на сите проекти/програми (и тоа 10% кофинансирање за проекти за институционална надградба и 25% за инвестициски проекти);

  25. Проектите/програмите можат да се реализираат преку договори за услуги, градежни работи, набавка на опрема и грантови шеми. • Во оваа компонента постои можност за користење на програми за јакнење на регионалната соработка, инструментите на TWINNING и TAIEX и учество во Програмите и Агенциите на Заедницата; • СЕП е национална контакт точка за инструментите TAIEXи TWINNING; • За потребите на следењето на оваа компонента ќе се формира посебен Комитет за следење за ИПА компонента 1. • За потребите на евалуацијата на оваа компонента ќе се користат надворешни евалуациски компании.

  26. ИПА Компонента 1 за 2007 год.: 1.Реформи на полиција 2.Јавна Администрација 3.Реформи во судство 4.Управување со фондови на ЕУ – ДИС и ИПА 5.Локална инфраструктура 6.Регулаторни тела 7.Даночни реформи 8.Статистика 9.Царинска Управа 10.Програми на заедницата 11.Национална агенција за младински програми и мобилност 12. Механизам за подготвување на проекти (PPF)

  27. ИПА компонента 2: Прекугранична соработка

  28. Основна цел: • да ја негува стабилноста, безбедноста и просперитетот што е заеднички интерес за засегнатите земји; • да го охрабри прекуграничен хармоничен, избалансиран и одржлив развој. • Цели на ИПА компонента 2: • Промоција на одржлив економски и социјален развој во граничните области. • Заедничко работење за адресирање на заедничките предизвици во областите: животна средина, природно и културно наследство, јавно здравство како и превенција и борба против организираниот криминал. • Обезбедување на ефикасни и безбедни граници. • Промоција на заеднички помали акции кои ги вклучуваат локалните актери од прекуграничните региони.

  29. Географска покриеност на ИПА Преку-гранична соработка: • РМ ќе продолжи со преку-граничната соработка со земјите членки на ЕУ – Република Бугарија и Република Грција, која се одвиваше во рамките на КАРДС инструментот. • За прв пат РМ ќе оствари преку-гранична соработка во рамките на ЕУ инструментите и со Република Албанија, а од моментот кога ќе созреат целосно условите и преку-гранична соработка на нејзината северна граница. • РМ ќе учествува и во Транснационалната Програма за Југоисточна Европа, продолжение на КАДСЕС програмата.

  30. Спроведување на ИПА компонента 2 за прекугранична соработка ќе го следи досегашниот принцип на: • Јавни и отворени повици за проектни предлози, заеднички за двете страни од границите; • Изготвување на детални Упатства за апликанти и организирање на информативни денови; • Задолжителен партнер од друга земја со кого заеднички е изготвена проектната апликација; • Независни евалуации согласно ПРАГ правилата на ЕУ, преку билатерални Заеднички евалуативни комитети; • Одобрување на корисниците на грантови од страна на билатерални Заеднички Комитети за следење на Програмите; • Доделување грантови за успешните апликанти

  31. Досегашно искуство со КАРДС ПС и КАДСЕС • РМ и РБ остваруваат преку-гранична соработка КАРДС 2004-2006. Вредноста на програмата е 3 МЕУР за периодот 2004-2006. • Двете земји имаат целосно реализирано 4 повика за проектни предлози, во рамките на кои РМ додели 18 гранта во износ од околу 2 мил евра. • Република Македонија остварува преку-гранична соработка КАРДС 2004-2006 и со РГ. Вредност: 3.6 милиони преку CARDS регионалната програма 2004-2006 • ЕК за периодот 2004-2006 додели вкупно 4,8 милиони евра за развој и имплементација на проекти од Интеррег III Б КАДСЕС во РМ, РА, РХ, Србија и Црна Гора.

  32. The Programme management …. Тело за управување Заеднички технички секретаријат Тело за утврдување: Ревизорско тело Заеднички комитет за следење: Претставници од земјите учеснички

  33. Прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија • РМ и РБ изготвија Оперативна програма со приоритети за соработка меѓу двете земји за периодот 2007-2013. • Специфични цели на програмата се: забрзување на одржливиот економски развој во преку-граничниот регион, промоција на социјалната кохезија и преку-гранична соработка, и развивање на привлечноста и квалитетот на живот во преку-граничната област. • Заедничкиот технички секретаријат е лоциран во Ќустендил, а подрачната канцеларија е во Струмица. • Во пограничниот регион учествуваат Југо-источен, Северо-источен и Источен регион на македонска страна и округот на Благоевград и Ќустендил на бугарска страна.

  34. Приоритетни оски и области на интервенција: • Приоритетна оска 1: Економски развој и социјална кохезија • Сфери на интервенција во рамките на приоритетната оска 1: • Економски развој • Социјална кохезија • Подготовка на проекти • Приоритетна оска 2: Подобрување на квалитетот на живеење • Сфери на интервенција во рамките на приоритетната оска 2: • Користење на еко-ресурсите • Користење на културните ресурси • Приоритетна оска 3:Техничка помош • Сфери на интервенција во рамките на приоритетната оска 3: • Целосна администрација и евалуација на програмата • Публицитет и комуникација

  35. Индикативни корисници на ИПА грантовите ќе бидат: • локални и регионални власти; • државни и регионални агенции (одговорни на централно, регионално и општинско ниво); • регионални агенции за вработување; • истражувачки институти, училишта, тренинг центри, ВЕТ, универзитети • НВО и НПО, како организации за деловна поддршка, локални претприемачки агенции, развојни агенции, стопански комори, туристички агенции, агенции за развој на ИКТ, образовни институции, институции за обука и истражување и развој, здруженија на производители, синдикати. • НАПОМЕНА: Овој список не е исцрпен и конечен, истиот ќе биде дефиниран во секој поединечен повик за проектни предлози

  36. Преку-гранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција • РМ и РГ изготвија Оперативна програма која ги постави приоритетите за соработка меѓу двете земји за периодот на програмирање 2007-2013 • Специфични цели на програмата се: економски развој на пограничните региони; унапредување на инфраструктурата за туризам и транспорт, како и подобрувања на животната средина; активности од луѓето за луѓето, ширење на информации/техничка помош. • Заедничкиот технички секретаријат е лоциран во Солун, а подрачна канцеларија има во Битола. • Во пограничниот регион се вклучени Пелагонискиот, Вардарскиот, Југо-источниот и Југо-западниот регион на македонска страна и регионите на Лерин, Пела, Серес и Солун на грчка страна.

  37. Приоритетни оски и области на интервенција: • Приоритетна оска 1:Подобрување на преку-граничниот економски развој • Промоција на претпријатија; • Зајакнување на човечки ресурси; • Развој на оддржлив туризам; • Заштита на јавно здравство преку преку-гранични активности; • Приоритетна оска 2: Јакнење на природните ресурси и заштита на културното наследство во пограничната област • Користење на еко-ресурсите • Користење на културните ресурси • Промоција на заеднички акции за заштита на природната и културната средина и мобилизација на природните и културни ресурси. • Приоритетна оска 3:Техничка помош за да се обезбеди ефективно управување со Програмата и протек на информации обезбедени се финансиски средства за техничката помош.

  38. Преку-гранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија • РМ и РА изготвија Оперативна програма која ги постави приоритетите за соработка меѓу двете земји за периодот на програмирање 2007-2013. • Специфични цели на програмата се: заштита, промоција и управување со животната средина; унапредување на пограничната инфраструктура (финализација на пограничните премини); акција луѓе за луѓе; техничка помош/размена на информации; • Заедничкиот технички секретаријат е лоциран во Струга а подрачната канцеларија е во Елбасан. • Во пограничниот регион се вклучени Пелагонискиот, Југо-западниот и Полошкиот регион на македонска страна и регионите на Дибер, Корча и Елбасан со на албанска страна.

  39. Приоритетни оски и области на интервенција: Приоритетна оска 1: Поттикнување на прекуграничен економски, еколошки и социјален развој Мерка 1 Економски развој со акцент на унапредувањето на туризмот Мерка 2 Одржлив развој на животната средина со акцент на заштитата, унапредувањето и управувањето на природните богатства и екосистемите Мерка 3 Социјална кохезија и културна размена преку дејства од луѓе за луѓе и од институции за институции Приоритетна оска 2: Техничка помош Мерка 1 Управување и спроведување на програмата Мерка 2 Информирање, рекламирање и оценување

  40. Северна Граница Средствата за преку-гранична соработка со северната граница за 2007 година се пре-алоцирани во програмата со Албанија Средствата за 2008 се додадени кон компонента 1 – фишето за интегрирано гранично управување Веднаш по целосното созревање на условите за програмирање на Оперативна Програма за северната граница, Република Македонија ќе пристапи кон програмирање на ОП, со цел целата територија на РМ да е вклучена во ИПА преку-гранична соработка

  41. Транснационална Програма за Југоисточна Европа • Изготвена е и одобрена Оперативната програма за транснационална соработка на Југо-Источна Европа 2007-2013. Програмата е дирекно продолжение на INTERREG III B CADSES. • Транснационалната програма главно се фокусира на следните подрачја: • Иновации; • Животна средина; • Пристапност; • Одржлив урбан развој.

  42. Програмата опфаќа 16 земји од Југоисточна Европа со вкупно 200 милиони население. • Во рамките на глобалната цел на Програмата ќе се развиваат транснационални партнерства за работи од стратешка важност заради подобрувањето на процесот на територијалната, економската и социјалната интеграција, и да се придонесе за кохезија, стабилност и конкурентност. • Проектните партнерства треба да се состојат од партнери од најмалку три земји учеснички, од кои најмалку една треба да биде земја – членка.

  43. Финансиски алокации за прекугранична соработка

  44. Клучни елементи за програмирање/спроведување/следење и евалуација • Координатор на ИПА компонента 2 е Министерот за локална самоуправа; • Формиран е Оперативен тим во којшто учествуваат преставници на сите релевантни министерства и којшто е одговорен за оперативното програмирање; • Дефинирани се преку-граничните региони коишто ќе бидат корисници на ИПА компонента 2 за преку-гранична соработка (НУТС 3 региони); • Подготвени се Програми за преку-гранична соработка за секоја поединечна граница (со исклучок на Србија и Косово) за периодот 2007-2013;

  45. По одобрувањето на ОП се потпишуваат Финансиски спогодби по што започнува имплементацијата на сите проекти/програми; ОП со Албанија е одобрена на 10.12.2007, а Финансиската Спогодба е потпишана на 28.03.2008 година. ОП со Бугарија е одобрена на 14.12.2007 година,финансиска спогодба потпишана на 13. 10.2008 додека ОП со Грција е одобрена од ЕК во септември 2008. • Преку-граничната соработка се реализира преку грантови шеми; • Потребно е да се обезбедат средства од националниот буџет за кофинансирање на сите проекти/програми (во прво време МЛС а по акредитација НАО – 15% од вкупната сума доделена од ЕК). Крајниот корисник на грантот во секој случај мора да обезбеди барем 10% од вредноста на грантот;

More Related