1 / 44

Континуитет

Континуитет. Меѓународен Стандард за Ревизија 570. Цел на овој МСР.

nasya
Download Presentation

Континуитет

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. Континуитет Меѓународен Стандард за Ревизија 570

  2. Цел на овој МСР • Да обезбеди насоки за одговорноста на ревизорот во ревизијата на финансиските извештаи во врска со претпоставката за континуитет која се користи за подготовка на финансиските извештаи, вклучувајќи го и разгледувањето на проценката на раководството за способноста на ентитетот да продолжи да работи во континуитет.

  3. Претпоставка за континуитет • Ентитетот да може да продолжи со деловното работење во догледна иднина. Средствата и обврските да бидат евидентирани на основа дека ентитетот ќе биде способен да ги реализира своите средства и да ги подмири своите обврски во нормалниот тек на деловното работење. • Финансиските извештаи за општа намена се подготвени врз основа на претпоставката за континуитет, освен ако раководството има намера или да го ликвидира ентитетот или да го прекине работењето, или нема реалистична алтернатива освен да постапи така. • Финансиските извештаи за посебна намена може да бидат или да не бидат подготвени во согласност со рамка за финансиско известување за којашто основата за континуитет е релевантна (на пример, основата за континуитет не е релевантна за некои финансиски извештаи подготвени на даночна основа во особени законодавства).

  4. Одговорност на раководството • Претпоставката за континуитет е од фундаментално значење во изготвувањето на финансиските извештаи. • Меѓународниот сметководствени стандард (МСС) 1 бара раководството да направи проценка на способноста на ентитетот да продолжи врз основа на претпоставката за континуитет. • Дури и рамката за финансиско известување да не содржи експлицитно барање за раководството да направи специфична проценка на способноста на ентитетот да продолжи врз основа на претпоставката за континуитет, претпоставката за континуитет е фундаментален принцип во подготовката на финансиските извештаи, и подготовката на финансиските извештаи бара раководството да ја процени способноста на ентитетот да продолжи врз основа на претпоставката за континуитет.

  5. Проценката на раководството Проценката на раководството за способноста на ентитетот да продолжи врз основа на претпоставката за континуитет вклучува носење одлука, во одредена временска точка, за инхерентно неизвесните идни исходи на настани или услови. релевантни фактори за таа одлука: • Исходот од некој настан или услов значајно – неизвесноста се зголемува колку подалеку во иднината се појавува настанот или условот. - повеќето рамки за финансиско известување го специфицираат периодот за кој од раководството се бара да ги земе предвид сите расположливи информации • Големината и сложеноста на ентитетот, природата и состојбата на неговото деловно работење и степенот до кој истото е под влијание на екстерни фактори. • Расположливост на информации во времето кога е донесена одлуката.

  6. Природата на настаните или условите • Настани или услови кои можат да доведат до значително сомневање во врска со претпоставката за континуитет • Финансиски • Оперативни • Останати

  7. Примери за финансиски настани • Позицијата на нето обврски или нето тековни обврски. • Позајмици со фиксен рок коишто се приближуваат до доспевањето без реалистични изгледи за обновување или отплаќање; или прекумерно потпирање на краткорочни позајмици за финансирање на долгорочни средства. • Индикации за повлекување на финансиската поддршка од страна на доверителите. • Негативни оперативни парични текови укажани со историски или перспективни финансиски извештаи. • Неповолни клучни финансиски коефициенти. • Суштински оперативни загуби или значајно влошување на вредноста на средствата кои се користат за генерирање на парични текови. • Доцнење или престанок на дивидендите. • Неспособност да им се плати на доверителите на датумите на доспевање. • Неспособност да се почитуваат условите од договорите за заем. • Промена од трансакции со одложено плаќање на трансакции со плаќање при испорака со добавувачите. • Неспособност да се добијат финансиски средства за развој на суштински нов производ или други суштински вложувања.

  8. Примери за оперативни настани • Намери на раководството за ликвидација на ентитетот или за прекин на работењето. • Губење на клучното раководството без замена. • Губење на главен пазар, клучен потрошувач(и) франшиза, дозвола или главен добавувач(и). • Тешкотии со работната сила. • Кусоци на важни набавки. • Појава на високо успешен конкурент

  9. Примери за останати настани • Непочитување на капиталните или други законски барања. • Претстојни правни или регулативни постапки против ентитетот коишто можат, доколку се успешни, да резултираат во тужбени барања коишто веројатно нема да бидат задоволени. • Промени во закон или пропис или политиката на владата за кои се очекува неповолно да влијаат врз ентитетот. • Неосигурани или недоволно осигурани катастрофи кога истите ќе настанат.

  10. Одговорност на ревизорот • Да обезбеди достатни и соодветни ревизорски докази во врска со соодветната примена на претпоставката за континуитет од страна на раководството во подготовката и презентацијата на финансиските извештаи . • Да заклучи дали постои материјална неизвесност во врска со способноста на ентитетот да продолжи врз основа на претпоставката за континуитет. Оваа одговорност постои дури и ако рамката за финансиско известување не вклучува експлицитно барање за раководството да направи специфична проценка на способноста на ентитетот да продолжи врз основа на претпоставката за континуитет.

  11. Одговорност на ревизорот • Потенцијалните ефекти на инхерентните ограничувања на способноста на ревизорот да открие материјални погрешни прикажувања се поголеми за идни настани или услови. • Ревизорот не може да предвиди такви идни настани или услови. Соодветно, отсуството на некакво повикување на неизвесност за континуитетот во ревизорски извештај не може да се смета за гаранција за способноста на ентитетот да продолжи врз основа на претпоставката за континуитет.

  12. Планирање на ревизијата • Ревизорот треба да разгледа дали постојат настани или услови кои може да наметнат значајно сомневање во способната на ентитетот да продолжи врз основа на претпоставката за континуитет. При тоа: • Ако е извршена проценка од страна на раководството, ревизорот треба да утврди дали раководството идентификувало настани или услови кои, поединечно или заедно, може да наметнат значајно сомневање во способноста на ентитетот да продолжи врз основа на претпоставката за континуитет и, ако е така, плановите на раководството за справување со истите. • Ако сеуште не е извршена таква проценка, ревизорот треба да разговара со раководството за основата на планираната примена на претпоставката за континуитет, и да го распраша раководството дали постојат настани или услови кои, поединечно или заедно, може да наметнат значајно сомневање во способноста на ентитетот да продолжи врз основа на претпоставката за континуитет.

  13. Оценка на проценката на раководството • Ревизорот треба да ја оцени проценката на раководството за способноста на ентитетот да продолжи врз основа на претпоставката за континуитет. • Ревизорот треба да го покрие истиот период како оној кој е користен од страна на раководството, за да ја изврши својата проценка како што се бара со применливата рамка за финансиско известување, или со закон или пропис ако истиот специфицира подолг период. • Ако проценката на раководството за способноста на ентитетот да продолжи врз основа на претпоставката за континуитет покрива помалку од 12 месеци од датумот на финансиските извештаи како што е дефинирано во МСР 560, ревизорот треба да побара раководството да го прошири периодот на својата проценка на барем 12 месеци од тој датум.

  14. Период по проценката на раководството • Ревизорот треба да го распраша раководството за неговото познавање во однос на настани или услови по периодот на проценката на раководството кои може да наметнат значајно сомневање во способноста на ентитетот да продолжи врз основа на претпоставката за континуитет. • Доколку се идентификуваат такви настани или услови, ревизорот може да треба да побара раководството да ја оцени потенцијалната значајност на настанот или условот за неговата проценка на способноста на ентитетот да продолжи врз основа на претпоставката за континуитет.

  15. Дополнителни ревизорски постапки кога се идентификувани настани или услови • Доколку се идентификувани настаниревизорот треба да: • Разгледа плановите на раководството за идни дејствија во врска со неговата проценка на континуитетот, дали е веројатно дека исходот од овие планови ќе ја подобри состојбата и дали плановите на раководството се остварливи во околностите • Ја оцени веродостојноста на основните податоци генерирани за да се подготви предвидувањето. • Утврди дали постои адекватна поткрепа за претпоставките кои се во основата на предвидувањето. • Разгледа дали некои дополнителни факти или информации станале расположливи од датумот на кој раководството ја извршило својата проценка. • Бара писмени изјави од раководството и, кога е соодветно, оние кои се задолжени за управувањето, во однос на нивните планови за идно дејствување и остварливоста на тие планови.

  16. Релевантни ревизорски постапки • Анализа на паричниот тек, добивката или други релевантни позиции. • Анализа на меѓупериодски финансиски извештаи. • Проверка на условите договорите за заем и определување дали некој бил прекршен. • Записници од состаноците на акционерите и други релевантни тела. • Распрашување на адвокатот врска со постоењето на судски спорови и тужбени барања и разумноста на проценката на раководството на нивниот исход и проценката на нивните финансиски импликации. • Конфирмирање финансиска поддршка од поврзани и трети страни и проценка на финансиската способност на ваквите страни да обезбедат дополнителни финансиски средства. • Оценка на плановите на ентитетот за справување со неисполнетите нарачки од купувачите. • Проверка на последователните настани, и др.

  17. Значајност на паричните текови Во случај кога анализата на паричниот тек претставува значаен фактор, ревизорите треба да разгледаат • Веродостојноста на системот на ентитетот за генерирање на информации за паричните текови; и • Дали постои адекватна поткрепа за претпоставките на кои е заснована прогнозата • Колку се разликуваленеодамнешните прогнози од фактичките резултати Во дополнение ревизорот може да изврши споредба на: • Перспективните финансиски информации за скорешните претходни периоди со минатите резултати. • Перспективните финансиски информации за тековниот период со резултатите постигнати до датумот

  18. Ревизорски заклучоци и известување • Врз основа на добиените ревизорски докази, ревизорот треба да заклучи дали, постои материјална неизвесност во врска со настани или услови кои, поединечно или заедно, може да наметнат значајно сомневање во способноста на ентитетот да продолжи врз основа на претпоставката за континуитет. Материјална неизвесност постои кога големината на нејзиното влијание и веројатност за појавување е таква што, според ревизорското расудување, соодветно обелоденување на природата и импликациите од неизвесноста се неопходни за: • Во случај на рамка за финансиско известување со вистинито презентирање, вистинитото презентирање на финансиските извештаи. • Во случај на рамка за усогласеност, финансиските извештаи да не бидат лажни.

  19. Претпоставката за континуитет е соодветна но постои материјална неизвесност Ревизорот треба да утврди дали финансиските извештаи : • адекватно ги опишуваат главните настани или услови кои може да наметнат значајно сомневање во способноста на ентитетот да продолжи врз основа на претпоставката за континуитет и плановите на раководството да се справи со овие настани или услови. • јасно обелоденуваат дека постои материјална неизвесност поврзана со настани или услови кои може да наметнат значајно сомневање во способноста на ентитетот да продолжи врз основа на претпоставката за континуитет и, поради тоа, истиот може да не е способен да ги реализира своите средства и да ги подмири своите обврски во нормалниот тек на деловното работење.

  20. Извештај на ревизорот Доколку е направено адекватно обелоденување во финансиските извештаи, ревизорот треба да изрази мислење без резерва и да вклучи пасус за нагласување на прашање во ревизорскиот извештај за да: • Го нагласи постоењето на материјална неизвесност во врска со настанот или условот кој може да наметне значајно сомневање во способноста на ентитетот да продолжи врз основа на претпоставката за континуитет • Посочи внимание на белешката кон финансиските извештаи којашто ја обелоденува материјалната неизвесност.

  21. Извештај на ревизорот – пасус за нагласување на прашање ,,Без да изразиме резерва во нашето мислење, посочуваме внимание на Белешка 3 во финансиските извештаи. Претпријатието направило нето загуба од 5,000 во текот на годината којашто завршува на 31 декември 2010 година и, заклучно со тој датум, тековните обврски на Претпријатието ги надминуваат неговите вкупни средства за 2,000. Овие услови, заедно со другите прашања изложени во Белешката 3, укажуваат на постоење на материјална неизвесност којашто може да наметне значајно сомневање за способноста на Претпријатието да продолжи како континуитет.‘‘

  22. Не е направено адекватнообелоденување • Ако во финансиските извештаи не е направено адекватно обелоденување, ревизорот треба да изрази мислење со резерва или неповолно мислење, како што е соодветно, во согласност со МСР 705. • Ревизорот треба да наведе во ревизорскиот извештај дека постои материјална неизвесност којашто може да наметне значајно сомневање во способноста на ентитетот да продолжи врз основа на претпоставката за континуитет

  23. Раководството не е подготвено да направи или да ја прошири проценката • Ревизорот може да верува дека е потребно да побара раководството да направи или да ја прошири проценката. • Ако раководството не е подготвено да направи проценкаили да ја прошири својата проценка кога ревизорот ќе побара да го стори тоа, ревизорот треба да ги разгледа импликациите врз ревизорскиот извештај: - мислење со резерва - може да е невозможно за ревизорот да обезбеди достатни и соодветни ревизорски докази во однос на примената на претпоставката за континуитет (докази во однос на постоење планови кои раководството ги вовело или постоењето на други фактори за ублажување).

  24. Примената на претпоставката за континуитет е несоодветна • Ако финансиските извештаи се подготвени на основа на континуитет, меѓутоа според ревизорското расудување, примената на претпоставката за континуитет од страна на раководството во финансиските извештаи е несоодветна, ревизорот треба да изрази негативно мислење.

  25. Извештај на ревизорот - мислење со резерва ,,Финансиските аранжмани на претпријатието“аква комерц“се истечени и неподмирените износи достасуваат за плаќање на 19 март 2010 година. Претпријатието не беше во состојба да ги преуреди аранжаните или да добие друго финансирање. Оваа ситуација укажува на постоењето на материјална неизвесност којашто може да наметне значајно сомневање во способноста на Претпријатието да продолжи како континуитет и затоа тоа може да не биде во состојба да ги реализира своите средства и да ги подмири своите обврски во нормалниот тек на деловното работење. Финансиските извештаи (и белешките кон истите) не го обелоденуваат овој факт.

  26. Извештај на ревизорот - мислење со резерва (продолжение) Пасус за мислење со резерва “Според нашето мислење, освен за испуштањето на информациите вклучени во претходниот пасус, финансиските извештаи даваат вистинска и објективна слика на (ја презентираат објективно, од сите материјални аспекти) финансиската состојба на Претпријатието на 31 декември 20Х0 година и резултатите од неговото работење и неговите парични текови за годината којашто завршува тогаш во согласност со ...‘‘

  27. Извештај на ревизорот - мислење со резерва (продолжение) Пасус за неповолно мислење “Според нашето мислење, освен за испуштањето на информациите вклучени во претходниот пасус, финансиските извештаи даваат вистинска и објективна слика на (ја презентираат објективно, од сите материјални аспекти) финансиската состојба на Претпријатието на 31 декември 20Х0 година и резултатите од неговото работење и неговите парични текови за годината којашто завршува тогаш во согласност со ...‘‘

  28. Донесување на одлука за мислењето на ревизорот Претпоставката за континуитет е соодветна (не постои материјална неизвесност) Кога финансиските извештаи укажуваат на загуби и/или негативна ликвидност и/или несолвентна состојба Да се разгледа дали е соодветно обелоденета состојбата во финансиските извештаи и дали тоа резултира во објективна презентација (не е заведувачко) Соодветно обелоденување Несоодветно обелоденување Немодификувано мислење без нагласување на прашање Модификувано мислење (МСР 705.7 а) или неповолно мислење (МСР 705.8)

  29. Донесување на одлука за мислењето на ревизорот Претпоставката за континуитет е соодветна но постои материјална неизвесност Финансиските извештаи адекватно ги опишуваат главните настани и услови и јасно наведуваат дека постои материјална неизвесност Ревизорот е во можност да обезбеди достатни и соодветни докази Ревизорот не е во можност да обезбеди достатни и соодветни докази Немодификувано мислење со нагласување на прашање Модификувано мислење (МСР 705.7 б) или воздржување од мислење

  30. Донесување на одлука за мислењето на ревизорот Претпоставката за континуитет е соодветна но постои материјална неизвесност Финансиските извештаи не ги опишуваат адекватно главните настани и услови и не наведуваат јасно дека постои материјална неизвесност Материјално Материјално и распространето Модификувано мислење Неповолно мислење

  31. Донесување на одлука за мислењето на ревизорот Претпоставката за континуитет не е соодветна Според расудувањето на ревизорот претпоставката за континуитет не е соодветна и финансиските извештаи се подготвени врз основа на претпоставката за континуитет (МСР 570.35) Раководството заклучило дека претпоставката за континуитет не е соодветна и финансиските извештаи се подготвени врз алтернативна авторитативна основа (МСР 570.36) Неповолно мислење Немодификувано мислење без нагласување на прашање

  32. Комуникација со оние кои се задолжени за управувањето • Ревизорот треба да комуницира со оние кои се задолжени за управувањето со идентификувани настани или услови кои може да наметнат значајно сомневање во способноста на ентитетот да продолжи врз основа на претпоставката за континуитет (освен доколку сите кои се задолжени за управувањето не се вклучени во управување со ентитетот). Комуникацијата треба да вклучи: • Дали настаните или условите сочинуваат материјална неизвесност. • Дали примената на претпоставката за континуитет е соодветна при подготовката и презентацијата на финансиските извештаи. • Адекватноста на поврзаните обелоденувања во финансиските извештаи.

  33. Значајно одложување на одобрувањето на финансиските извештаи • Ревизорот треба да се распраша за причините за одложувањето. • Ако одложувањето е поврзано со настани или услови поврзани со проценката на континуитетот, ревизорот треба да ги спроведе дополнителни ревизорски постапки и да го разгледа ефектот врз ревизорскиот заклучок во однос на постоењето материјална неизвесност.

  34. Континуитет - пример “Транспорт мак“ - патен транспорт и услуги на складиштење, и поправка на комерцијални возила

  35. Континуитет - пример Падот на приходот се должи на: • Во јули, загуба на долгогодишен потрошувач, и • Опаѓање на работата во делот на поправките на комерцијални возила. • Како резултат на опаѓање на работата во делот на поправките, претпријатието одлучило да ја затвори работилницата и да ја продаде опремата и залихите на резервни делови. Како резултат на оваа одлука нема никакво книжење прикажано во нацрт сметките. • Во текот на годината, претпријатието заменило неколку возила обезбедувајќи финансиски средства за истите преку комбинација од лизинг и зголемено дозволено пречекорување. Пречекорувањето треба да биде проверено во јануари 20X6 кога ќе бидат на располагање ревидираните сметки.

  36. Континуитет - пример

  37. Континуитет - пример

  38. Континуитет - пример

  39. Помали ентитети • Раководството на помалите ентитети наместо проценка за способноста на ентитетот да продолжи врз основа на претпоставката за континуитет може да се потпре на длабинското познавање на деловното работење и предвидените идни очекувања. • Во согласност со барањата на МСР 570, ревизорот треба да ја оцени проценката на раководството за способноста на ентитетот да продолжи врз основа на претпоставката за континуитет.

  40. Помали ентитети • Може да е соодветно да се разговара со раководството за среднорочното и долгорочното финансирање на ентитетот. • Тврдењата на раководството може да не биде можно да бидат потврдени со достатни документирани докази и да не се неконзистентни со ревизорското разбирање за ентитетот. • Ревизорот може да ја потврди проценката на раководството со: • разговор, • испрашување • проверка на поткрепувачката документација Пример: примени нарачки за идни испораки, да се оценат во однос на нивната остварливост или да се докажат поинаку.

  41. Помали ентитети • Честопати од големо значење е непрекинатата поддршка од страна на сопствениците- менаџери за способноста на помалите ентитети да продолжат врз основа на претпоставката за континуитет. • Кога мал ентитет во најголем дел е финансиран со заем од сопственикот- менаџер, може да биде важно овие средства да не бидат повлечени. • Рокот на траење на финансиските потешкотии на мал ентитет може да зависи од субординирањето на заем од страна на сопственикот во корист на банки или други доверители, или преку обезбедување гаранција со неговите или нејзините лични средства како залог.

  42. Помали ентитети • Ревизорот може да обезбеди соодветни документирани докази за субординирањето на заемот на сопственик - менаџерот или за гаранцијата. • Кога ентитетот зависи од дополнителна поддршка од сопственик, ревизорот може да ја оцени способноста на сопственикот да ја исполни обврската во договорот за поддршка. • Ревизорот може да бара писмена конфирмација за условите и околностите кои се припишуваат на таквата поддршка и на намерата и разбирањето на сопственикот • Писмо за поддршка - Ова писмо наведува дека намерата на сопственикот е да продолжи да ја поддржува подружницата, што ја прави да претставува континуитет. Писмото за поддршка претставува достатен, соодветен ревизорски доказ во врска со ова прашање.

  43. Писмо за поддршка - пример Околности: Друштвото АБВ Дооел е подружница на АБВ Холдинг од Германија кој е лидер во индустријата за производство на производи за хигиена. Друштвото АБВ Дооел произведува пасти за заби, од брендот АБВ, кои се наменети за европскиот пазар. Од вкупниот обем на произведени пасти приближно 95% се извезуваат на компанија од групацијата на АБВ Холдинг. Останатиот дел се продава во земјата. Суровините за изработка во главно (70%) се увезуваат од 2 компани од групацијата на АБВ Холдинг кои ги проиведуваат најглавните суровини за изработка на паста.

  44. Писмо за поддршка - пример Почитувани ревизори „ Ова писмо го доставуваме во врска со вашата ревизија на финансиските извештаи на АБВ Дооел (Друштвото) за годината која завршена на 31 декември 2010 година. Ние потврдуваме дека во слендите 12 месеци: - Немаме во план да го прекинеме оперативното работење на АБВ Дооел - Немаме во план да прекинеме со откуп на производите кои ги произведува АБВ Дооел, ниту да го намалиме значително годишниот обем на купени производи. • Немаме во план да прекинеме со снабдување со суровини кои му се потребни на АБВ Дооел за производство на пастите, ниту да го намалиме значително годишниот обем на суровини. • Потврдуваме дека ќе продолжиме со финансиска поддршка на АБВ Дооел, за потребите на тековно работење.

More Related