1 / 9

СОУ„Крсте П. Мисирков“ Демир Хисар

СОУ„Крсте П. Мисирков“ Демир Хисар. Предмет : Урбана Тема:Ренесанса Ментор : Роберт Демир Хисар, 2010 г. РЕНЕСАНСА.

mari-west
Download Presentation

СОУ„Крсте П. Мисирков“ Демир Хисар

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. СОУ„Крсте П. Мисирков“ Демир Хисар • Предмет:Урбана • Тема:Ренесанса • Ментор: Роберт • Демир Хисар, 2010 г

  2. РЕНЕСАНСА • Ренесанса (француски збор за „преродба“; италијански: Rinascimento, од re- „повторно“ и nascere „се раѓа“) е културно движење кое, во главно, го опфаќа периодот од XIV до XVII век, започнувајќи во Фиренца во доцниот среден век, а подоцна распространувајќи се низ цела Европа. Поимот многу поретко се користи и за историската ера, но бидејќи промените на ренесансата не биле применети низ Европа, ова е општа употреба на поимот. Како културно движење, придружено е од преродбата на учењето основано врз класични извори, развојот на линеарната перспектива во сликањето и постепена, но распространета образовна реформа. Најчесто, поради оваа интелектуална преобразба ренесансата се смета за мост помеѓу средниот век и новиот век. Иако ренесансата видела многу револуции во многу интелектуални занимања, како и општествени и политички пресврти, најверојатно е најдобро позната по сиот развој во уметноста и по придонесите на учените луѓе како Леонардо да Винчи и Микеланџело.

  3. Постои општ, но не и неоспорен, консензус дека ренесансата започнала во Фиренца, Тоскана во XIV век.Различни теории се предложени за да одговараат на нејзиното потекло и нејзините карактеристики, фокусирајќи се на мноштво фактори вклучувајќи ги социјалните и граѓанските проблеми во Фиренца во тоа време; нејзината политичка структура; покровителството на нејзиното најдоминантно семејство, Медич; и миграцијата на грчки школари и текстови во Италија проследувајќи го Падот на Константинопол од рацете на Османлиите. • Ренесансата има долга и сложена историографија, а има и многу дебатирање помеѓу историчарите околу користеноста на Ренесанса како поим и како историско претставување.Некои се прашуваат дали ренесансата била воопшто културен „напредок“ од средниот век, и ја гледаат како период на песимизам и носталгија за антиката,додека други се фокусираат на наизменичното менување помеѓу двете ери.Навистина, некои бараат крај на употребата на поимот, кои тие го гледаат како производ на презентизмот – употребата на историјата за да се полноважат и глорификуваат модерни идеали.Зборот Ренесанса е користен и за опишување други историски и културни движења, како каролиншката ренесанса и ренесанста наXII век.

  4. Ренесансата била културно движење кое длабоко влијаело на европскиот интелектуален живот вораниот нов век. Започнувајќи во Италија, а проширувајќи се и низ цела Европа до XVI век, таа влијаела на книжевноста, филозофијата, уметноста, политиката, науката, религијата, и на други аспекти на интелектуалноста. Ренесансните школари употребувале хуманистички метод во учењето и барале реалистичност и емотивност во уметноста.Ренесансните мислители во европските монашки библиотеки и кај разурнатата Византиска империја барале литературни, историски и говорнички антички текстови, обично напишани на латински или старогрчки, многу од кои се изгубени. Всушност, овој нов фокус на ренесансните школари е тоа што ги разликува од средновековните школари на ренесансата на XII век кои се фокусирале на изучување грчки и арапски дела за природните науки, филозофијата и математиката, наместо да изучуваат текстови од културно значење. Ренесансните хуманисти не го одбивале Христијанството; сосем спротивно, многу од најдобрите ренесансни дела се посветени на христијанството, а црквата има заштитено многу од ренесансната уметност. Сепак, дошло до суптилен пресврт поради начинот на кој интелектуалците и приоѓале на религијата што се рефлектирало во многу културни полиња.Поради тоа, многу грчко христијански дела, вклучувајќи го грчкиот Нов завет, биле донесени назад од Византија во Западна Европа, што ги ангажирало западните школари за првпат од доцната антика. Оваа нова ангажираност со грчко христијанските дела, и особено враќањето на оригиналниот грчки од Новиот завет поткрепено од хуманистите Лоренцо Вала и Еразмо Ротердамски, ќе помогне за проширување на патот за Реформацијата.

  5. Виртувијанскиот човек на Леонардо да Винчи,јасно го покажува ефектот кој го имале античките писатели врз ренесансните мислители.

  6. Хуманизам • На некој начин хуманизмот не бил филозофија, туку метод на учење. Како контраст на средновековната схоластика, која се фокусира на решавање противречности помеѓу авторите, хуманистите проучуваат антички текстови во оригинална форма и ги оценуваат низ комбинација од образложување и емпириски доказ. Хуманистичкото образование било базирано на програма од 'Studia Humanitatis', учење за петте хуманистички полиња: поезија, граматика, историја, етика и ретотика. Иако повеќе историчари повеќепати се обиделе да го дефинираат хуманизмот попрецизно, повеќето се имаат одлучено со една „нецелосна дефиниција... движењето за повраќање, интерпретирање и асимилирање на јазикот, книжевноста, учењето и вредностите на античка Грција и Рим“.Над се, хуманистите го нарекуваат „генијалноста на човекот ... единствената и исклучителна способност на човечкиот ум.“ • Хуманистичките школари го обликувале интелектуалниот пејзаж низ раниот модерен период. Политички филозофи како Николо Микијавели Томас Мор(1478 – 1535) ги оживиле идеите на грчките и римските мислители и ги примениле во критики за современата влада. Придонесот на Макијавели, во погледот на Исаија Берлин, е всушност судбоносен пробив во западната политичка мисла доделувајќи единствено образложување на политиката и вербата што веројатно го прави татко на општествените науки.

  7. Критички Осврти • Бидејќи терминот за прв пат се создал во XIX век, историчарите имаат неколку интерпретации на ренесансата. Денес повеќето историчари ја гледаат ренесансата повеќе како интелектуална и идеолошка промена, отколку како нешто самостојно. На пример: марксистичките историчари ја гледаат ренесансата како лажна револуција бидејќи промените во уметноста, литературата и филозофијата влијаеле на многу мал дел од богатите и моќните, додека животот на поголемиот дел од Европската популација останал непроменет уште од Средниот век. Поради тоа се негира дека ова е период од големо значење. • Историчарите сега укажуваат дека повеќето од негативните социјални фактори популарно поврзани со средновековниот период - сиромаштијата, незнаењето, религиозните и политички прогонувања итн. се влошуваат во овој период на Макијавели Религиозните Војни, корумпираните Боргиа папи, и интензивираните ловења на вештерки во 16 век. Многу од обичните луѓе кои живееле во текот на „ренесансата“, биле многу позагрижени за развитокот на ерата, отколку да ја гледаат како „златно доба“ замислено од некои автори од XIX век. Можеби најважниот фактор на ренесансата е тоа дека тие што биле вмешани во културалните движења - уметниците, писателите и нивните патрони верувале дека живеат во нова ера, одделена од Средниот век, дури иако остатокот од популацијата изгледа го гледале период како интензификација на социјалните безредија. Јохан Хуизинга (1872–1945) го признавал постоењето на ренесансата, но се прашувал дали тоа била позитивна промена. Тврдел дека ренесансата е период на негирање на високиот Среден век, кој уништил се што било важно. Латинскиот јазик, на пример, премногу еволвирале од класичниот период и се уште латинскиот јазик се користел во црквите и од другите како жив јазик. Меѓутоа, опседнатоста на ренесансата со класична чистост го гледале латинското навраќање до неговата класична форма и неговата природна еволуција како сопрено.Роберт С. Лопез гледал на овој период како на период на длабоко економско опаѓање.Во меѓувреме, Џорџ Сартони Лин Торндајк двајцата го критизирале тоа како ренесансата влијаела врз науката, тврдејќи дека напредокот бил побавен.. • Историчарите започнаа да го сметаат зборот „ренесанса“ како непотребно подуен збор кој имплицира позитивна „преродба“ од наводно попримитивниот Среден Век. Многу историчари сега преферираат да го користат терминот „ранонововековен“ за овој период, неутрален термин, кој истакнува дека ово период бил период на транзиција кон модерниот свет, но нема никаква позитивна или негативна конотација.

  8. Почетоците на ренесансата • Нема одредено почетен период или место за ренесансата. Започнала во неколку различни места во различно време и нема дефинирани дати или места за тоа кога Средниот Век завршил. Почетното место за ренесансата е речиси универзално припишано на централна Италија, посебно градот Фиренца. Една рана ренесансна личност е поетот Данте Алигиери (1265–1321), првиот писател кој му дал тело на духот на ренесансата. • Франческо Петрарка (1304–1374) е друга рана ренесансна личност. Како дел од хуманистичкото движење тој заклучил дека човечките достигнувања од најголема висина се случиле во Римската Империја и годините потоа биле период на општествено гниење кој тој го нарекол Темното Доба. Петрарка гледал на историјата како социјално, уметничко и литературно напредување, а не како серија на наместени религиски настани. Преродбата значела повторно откривање на античкото римско и грчко наследство низ антички ракописи и хуманистички метод на учење. Овие нови идеи од минатото (наречени „новото учење“ во тоа време го започнале напредувањата на полето на уметноста, науката и други области. • Друга можна почетна точка е падот на Константинопол под турска власт во [1453]. Тоа била пресвртница во војните бидејќи топовите и барутот станале централни елементи. Додатно, Византиско - Грчките учители отишле западно од Рим носејќи обновена енергија и интерес за грчкото и римско наследство и тоа можеби го означило крајот на старите религиски сфаќања во Европа.

  9. Изработиле: • Маја Спасеска • Дарко Станкоски

More Related