Download
1 / 9

д-р Милка Ристова - PowerPoint PPT Presentation


  • 141 Views
  • Uploaded on

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ОСИГУРУВАЊЕ/ПРИНУДНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД АВТО ОДГОВОРНОСТ НИЗ МАКЕДОНСКАТА ЈУРИСПРУДЕНЦИЈА ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТИТЕ. д-р Милка Ристова.

loader
I am the owner, or an agent authorized to act on behalf of the owner, of the copyrighted work described.
capcha
Download Presentation

PowerPoint Slideshow about ' д-р Милка Ристова' - leia


An Image/Link below is provided (as is) to download presentation

Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author.While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server.


- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - E N D - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
Presentation Transcript

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ОСИГУРУВАЊЕ/ПРИНУДНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД АВТО ОДГОВОРНОСТ НИЗ МАКЕДОНСКАТА ЈУРИСПРУДЕНЦИЈА ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТИТЕ

д-р Милка Ристова


Вовед ОСИГУРУВАЊЕ/ПРИНУДНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД АВТО ОДГОВОРНОСТ НИЗ МАКЕДОНСКАТА ЈУРИСПРУДЕНЦИЈА ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТИТЕ:Осигурувањето по сила на закон е осигурување кое настанува независно од волјата на осигуреникот (задолжително осигурување), кое е познато во сите современи земји. Без ова осигурување не е можна регистрација на возилото.Задолжителното осигурување е востановен правен стандард во европската осигурителна пракса.Во Законот за осигурувањето во член 57 (“Службен весник на РМ” бр.35/2001), таксативно се наброени случаите за задолжително осигурување на сопственикот односно корисникот на моторното возило регистрирано за патници во јавниот сообраќај. Осигурувањето го вршат сопствениците, односно корисниците на моторни возила од одговорноста за штети предизвикани на трето лице.

д-р Милка Ристова


Осигурена опасност – покриен ризик

  • Одговорност за штета (материјална или нематеријална) во случај на несреќа предизвикана со моторно возило во движење (сообраќајна незгода).

  • Осигурувањето од автомобилска одговорност поради штета која сопственикот или корисникот на моторно возило ќе ја причини на трето лице, во судската пракса се јавува како материјална штета и тоа делумно или целосно уништување на возилото, како смрт, телесна повреда, нарушување на здравјето и уништување на други предмети во возилото.

  •  Овој вид на одговорност за причинети штети од моторни возила во движење, нашиот Закон за облигациони односи ги смета за посебен вид на одговорност за штета од опасен предмет.  

  • Одговорноста за овој вид на штета се протега не само на возилата кои се судриле, туку и на штети нанесени на трето лице кое е оштетено во таков случај.


Цели на задолжителното осигурување од авто одговорност

  • Развојот на овој вид осигурување, обезбедува сигурност и на штетникот и на оштетениот, индивидуалната одговорност од штетниот настан – сообраќајната незгода се социјализира и ризикот поминува во колективна одговорност на сите осигурени лица;

  • На овој начин се создаваат услови да не се создаваат социјални проблеми кај учесниците во сообраќајната незгода;

  • Со овој пристап на осигурувањето од автомобилска одговорност “се влијае врз развојот” и на надоместот на нематеријалната штета и се создава сигуреност на оштетените;

  • Развојот на осигурувањето и сигурноста која што тоа ја пружа, има свој одраз и врз бројот на судските спорови по однос надомест на нематеријална и материјална штета. Во смисла на праксата и одговорноста на штетникот, настанатата штета свесно или несвесно се објективизира или релативизира, кога се знае дека зад неа стои осигурителот и се создава “привид” на поделена одговорност.


Дали ги потврдува судската пракса овие цели на задолжителното осигурување

  • Податоците од Табелата бр.1 укажуваат дека бројот на предметите од година во година во судовите опаѓа, што е добар знак дека се повеќе овие случаи ќе се решаваат по вонсудски пат, преку осигурителните компании.

  • Нематеријалната штета претставува еден од посложените проблеми за надомест на штета, а сложеноста произлегува од фактот што не постојат објективизирани мерила врз основа на кои ќе се утврди надоместокот, туку истиот се утврдува врз основа на слободната оценка на субјектите овластени да го определуваат тоа, а особено судовите.

  • Низ судската пракса постојат осетни разлики во висината на надоместокот определен од страна на судовите, иако сите одлучуваат врз основа на законски востановената правна рамка.

  • Преку приказот на Табела бр.2 и Табела бр.3 направен е обид да се прикажат висината на надоместокот на штетите што по одделни основи се досудени на оштетените лица.


Воедначување на судската пракса пракса овие цели на задолжителното осигурување

  • Врховниот суд на Република Македонија покрај другите надлежности има за цел да обезбеди единствена примена на законите на подрачјето на Република Македонија.

  • Бидејќи ние се придржуваме до прокламираниот принцип на законитоста, судот особено внимание му придава на следењето на својата судска пракса и воедначување на истата од одделните судски совети.

  • При определувањето на висината на правичниот надоместок за настапување на штетите, судот се придржува до слободното судиско убедување.

  • Овој вид на средби помеѓу претставниците од судството и претставниците од осигурителните компании е одлична прилика да се разменат мислења по однос на утврдувањето на надоместокот на штетата настаната од сообраќајна незгода низ формите на задолжителното осигурување, се со цел да сите ситуации кои настануваат за овој вид на штета, што повеќе да се разрешуваат пред осигурителните компании, а помалку да се продуцираат судски спорови.


Табела пракса овие цели на задолжителното осигурувањебр.1

  • Надомест на штета од Авто одговорност низ праксата на Апелациониот суд Скопје – за период 2009-2011 година


Табела пракса овие цели на задолжителното осигурување.2

  • Анализа на досудена надомест на штета од Авто одговорност од Апелациониот суд Скопје за период 2009-2011 година

  • Анализата е изготвена врз основа на увид во правосилни пресуди на Апелациониот суд Скопје, избрани по случаен избор, и тоа:

  • Гж.бр.5398/09; Гж.бр.2281/10; Гж.бр.3228/10; Гж.бр.4229/10; Гж.бр.2286/10; Гж.бр.2314/10; Гж.бр.1904/09; Гж.бр.460/09; Гж.бр.4839/08; Гж.бр.2278/10; Гж.бр.2283/10; Гж.бр.2277/10; Гж.бр.2283/10; Гж.бр.6946/09; Гж.бр.3901/08; Гж.бр.3398/09; Гж.бр.3105/09; Гж.бр.6949/09; Гж.бр.4503/10; Гж.бр.3899/08; Гж.бр.2010/08;


Табела пракса овие цели на задолжителното осигурување.3

  • Висина на надоместоци на штета досудени во предмети одлучувани по Ревизија на Врховниот суд на Република Македонија за период од 2005-2009 година

  • Запотребитенасудскатапраксаанализиранисе:

  • Рев.бр.562/05, Рев.бр.530/06, Рев.бр.188/07, Рев.бр.38/07, Рев.бр.379/07, Рев.бр.287/07, Рев.бр.1187/07, Рев.бр.1211/07, Рев.бр.1433/08, Рев.бр.1086/08, Рев.бр.504/08, Рев.бр.260/08, Рев.бр.752/08, Рев.бр.744/08, Рев.бр.1419/08, Рев.бр.478/09, Рев.бр.222/09, Рев.бр.160/09 и Рев.бр.141/09.


ad