1 / 17

Велес, 30.05.2014 година

ПРЕВОЗ НА СТОКА: НОВОСТИ ЗА ЕКМТ/ЦЕМТ РАСПРЕДЕЛБА, ПРЕДЛОЗИ ЗА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНСКА МАТЕРИЈА, ИНФОРМАЦИИ ЗА ЗАКОНСКИ ОБВРСКИ. Велес, 30.05.2014 година. ЕКМТ/ЦЕМТ РАСПРЕДЕЛБА 2014/2015. Одобрени 139 базни дозволи - една повеќе од 2013/14

Download Presentation

Велес, 30.05.2014 година

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. ПРЕВОЗ НА СТОКА:НОВОСТИ ЗА ЕКМТ/ЦЕМТРАСПРЕДЕЛБА, ПРЕДЛОЗИ ЗА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНСКА МАТЕРИЈА, ИНФОРМАЦИИ ЗА ЗАКОНСКИ ОБВРСКИ Велес, 30.05.2014 година

  2. ЕКМТ/ЦЕМТ РАСПРЕДЕЛБА 2014/2015 • Одобрени139 базни дозволи - една повеќе од 2013/14 • Коефициент за трансформација од базни во годишни дозволи : • За Еуро 5 возила 10 • За Еуро 6 возила 12 ( даден предлог за усвојување 12 со 14 ) • Состојба на пријавени возила во МТВ со 28.05.2014 • Вкупно возила по категорија: • ЕУРО 5 возила , вкупно 2225 • ЕУРО 6 возила , вкупно 128

  3. ПОРАЧКА НА ЕКМТ/ЦЕМТ 2014/2015 • Најдоцна до 31.08.2014 година, согласно расположиви возила во сопственост на превозници се прави нарачка за ЕКМТ дозволи по видови на возила; • Проверкаи промена на евидентирани податоци во база на превозници, заклучно со 09.10.2014 година; • Апликација во период 10-15.10.2014 година; • Прелиминарна распределба , најдоцна до 30.11.2014 година; • Конечна Распределба најдоцна до 20.12.2014 • Подигање на ЕКМТ/ЦЕМТ дозволи заклучно со 31.12.2014 година - НОВО • Размена дозволена само два дена по прелиминарна распределба.

  4. ИЗМЕНА НА УРЕДБА • Се прецизира начинот на користење на австриски НАГРАДНИ – бонусни дозволи , за користење на ВОЗ, поединечно за секој превозник; • Ова значи дека секој превозник кој има извршено 4 превоза со воз добива 1 универзална дозвола доколку е наведен во список на превозници добиен од австриското министерство за транспорт заедно со наградните-бонусни дозволи; • Се менува рокот за враќање на поединечните транспортни дозволи за Бугарија, Турција и Италија од 30 на 45 дена;

  5. ЗАКОН ЗА РАБОТНОТО ВРЕМЕ, ЗАДОЛЖИТЕЛНИТЕ ОДМОРИ НА МОБИЛНИТЕ РАБОТНИЦИ И ВОЗАЧИТЕ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ И УРЕДИТЕ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ • Прифатен предлог на „ Макам-транс„ за измена и до прецизирање на Законот , со вметнување можност за донесување на подзаконски акт, со кој ќе се предвиди пресметка на дневници за возачи и за мобилни работници; • Ќе се пресметува ист надомест на име дневници за сите држави во Европа со излез од територија на државата и ист надомест на име дневници за превоз на територија на Р.Македонија, доколку возачот или мобилниот работник вршат превоз подолго од пропишаното време за возење од 9 часа и 45 минути.

  6. ЗАКОН ЗА ДОГОВОРИ ЗА ПРЕВОЗ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ • Прифатен предлог, во овој закон да се вградат одредби за изрекување на казни за не почитување на истиот , како што е предвидено и во Закон за финансиска дисциплина кој важи за сите други правни субјекти , освем за превозници; • Се предвидува во законот да се вградат и забрани за НЕЧЕСНИ одредби во Договор за превоз , кои често се вградуваат во текстовите на договорите и преставуваат штетни не законски услови за превозникот издејствувани под принуда за губење на работа.

  7. Поднесување извештаи за искористеност на ЕКМТ/ЦЕМТ дозволи • Од 01.01.2014 година, со измена на Уредба за распределба и дистрибуција на меѓународни дозволи воведена е обврска заедно со извештаи за искористеност на ЕКМТ/ЦЕМТ дозволи да се приложува и оригинален ЦМР за извршен превоз наведен во патниот дневник; • Превоз запишан во патниот дневник, за кој нема доставено ЦМР – во оригинал и/или заверен на нотар како и соодветен документ за завршен превоз, нема да се смета како извршен превоз .

  8. ПРОПРАТНО ПИСМО - извештај • Задолжително да има на ваш меморандум пропратно писмо во кое се евидентирани сите документи кои се доставуваат во архива на МТВ ; • Писмото да се изработува во два примероци од кои еден заверен од страна на архивата на МТВ, се чува како доказ за доставени документи, а другиот останува во МТВ заедно со сите доставени прилози; • Уредно пополнет патен дневник заедно со приложени ЦМР-ви , значи можност да задржите ЕКМТ/ЦЕМТ дозвола како бонус во престојната распределба.

  9. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ИЗВЕШТАИ ЗА ИСКОРИСТЕНОСТ НА ЕКМТ / ЦЕМТ ДОЗВОЛИ • КОРИСНИК СО ПОВЕЌЕ ЕКМТ/ЦЕМТ дозволи: • да ги доставувате во папка (пластична со механизам) со фолии, при што за секој лист од патниот дневник ќе бидат захефтани ЦМР обрасците за извршените превози, по хронолошки ред по дати на вршење на превозот и ставени во посебни фолии внатре во папката; • Сите превозници кои имаат помал број ЕКМТ/ЦЕМТ дозволи ( 1-3 ) листовите од патниот дневник со захевтани ЦМР-и за извршени превози да ги доставуваат во хартиена папка без механизам ( од кои неможат да испаднат листовите ) или исто како и под точка 1; • Да се проверува секоја копија и оригинал дали се јасни и читливи податоците кои се напишани на ЦМР-от, затоа што во спротивно , без разлика што се заверени на нотар или се оригинал НЕМА ДА СЕ ЕВИДЕНТИРААТ како извршени превози;

  10. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ИЗВЕШТАИ 2 • За збирни превози кога се товараат од повеќе места во иста држава за едно истоварно место во друга држава или обратно (билатерален превоз) , доволно е да се достави еден ЦМР во оригинал , со кој се докажува дека е извршен превозот на таа релација – мора да има софпаѓање на една внесена тржина во патниот дневник. • Во случаи кога имате збирни превози од места во различни држави за истоварни места во иста или различни држави, мора да доставите ЦМР-и за секој превоз, истото важи и за реекспорт на стока, при што новиот ЦМР значи нов превоз со нови податоци за утовар и истовар на стоката. Ваквите превози мора да бидат соодветно евидентирани во патниот дневник, во спротивно нема да ви бидат прифатени.

  11. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ИЗВЕШТАИ 3 • Во случаи на превози во рамките на државите од Европска Унија каде ви се дава помал број на ЦМР обрасци, поради приложување на дополнителни т.н деливери ордер, се препорачува заедно со ЦМР-от во оригинал без потпис за прием на стоката да се достави копиа и на овој документ; • Во случаи на истовар на стока во царински складови во држави различни од наведените податоци во рубрика 2 од ЦМР за купувачот на стоката, потребно е да се достави дополнителна изјава за образложение на постапката ( пр. стока за Косово, стока за Албанија или друга држава, а се истоварени во Македонија или Грција или Бугарија во зависност од упатства на организаторот на превоз )- овие појави ги има поради не доволна информираност на шпедиции за потребата во ЦМР да се внесува податоци само за движење на возилото ( место на утовар и место на истовар) без разлика кој ја купува стоката.

  12. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ИЗВЕШТАИ 4 • Во случаи на збирни превози кога стоката се истовара во царински склад на соседна држава , промената на транспортна инструкција мора да биде заведена во рубрика 13 од ЦМР образец, а истото важи и за цела пратка кога има промени на транспортни инструкции, купувачот на стока од рубрика 2 не е ист со приемникот на стоката. • ПРИМЕР : • Збирен превоз за Македонија и Косово или Косово и Албанија , стоката се истовара во царински склад во Р.Македонија и со мали возила се завршува превозот во друг период, независно од записите во ЕКМТ/ЦЕМТ дозвола. • Пратка од Турција за Германија според податоци во ЦМР- образец , но заверката од приемникот на стоката укажува дека стоката се истовара во Чешка или Полска.

  13. ПРЕПОРАКА: • ЦМР – образец , се изработува во 3 оригинални примероци и тоа : Број 1 е на испорачателот ; Број 2 е на приемникот на стока и Број 3 е на превозникот. Во комплетот има 7 примероци од кои 4 како помошни примероци за потреби на Царина или други институции. Доколку има недостаток на ЦМР образец , возачот мора да направи копија или препис и да побара да му се стават оригинални печати или потписи на приемникот на стоката, односно испорачателот на стоката. Промени на транспортни инструкции се заведуваат во рубрика 13 од ЦМР образец. ЦМР на кој има оригинални печати само на ПРЕВОЗНИК не се признаваат како доказ за извршен превоз.

  14. ПРОВЕРКА И УСОГЛАСУВАЊЕ НА ВНЕСЕНИ ПОДАТОЦИ ВО ЛИЧЕН КАРТОН СО ДОСТАВЕНИ ДОКУМЕНТИ ВО МТВ • Во случаи на не целосно внесени податоци за искористеност на ЕКМТ/ЦЕМТ дозволи по проверка на податоци за извештаите кои се појавуваат во вашите лични картони , постапката е следна : • Се штампа извештајот за ЕКМТ/ЦЕМТ дозволата од вашиот личен картон каде имате констатирана грешка. Се оди лично на консултација во МТВ со цел врз основа на постојната документација која е предходно доставена во министерството да се открие причината за не евидентирање на превозот, се носи и завереното пропратното писмо во кое се евидентирани сите документи кои биле предадени заедно со извештајот, а и копија од спорниот ЦМР или оригинал како доказ за извршен превоз. • Дополнително доставување на ЦМР- обрасци не е дозволено по 31.05.2014 година. Извештаите мора да се комплетираат пред да се достават во МТВ

  15. РАЗДОЛЖУВАЊЕ НА КРИТИЧНИ ПОЕДИНЕЧНИ ТРАНСПОРТНИ ДОЗВОЛИ • Сите дозволи кои се добиваат без печат на превозникот и за кои е одреден рок за враќање, по нивното искористување во МТВ се враќаат заедно со копија од ЦМР – образец за извршен превоз, а оригиналот се дава само на УВИД на лицето на шалтерот. Истата процедура важи и за резервираните , а искористени дозволи. • Резервираните дозволи по 31.05.2014 година, доколку не се подигнати му се одземаат на превозникот, а правото за замена на резирвирани со дозволи од квотата во МТВ заврши со 25.05.2014 година, што значи во овој период мора да се користат подигнатите и зачувани резервирани дозволи, по нивно искористување превозникот се стекнува со право одново да бара дозволи од квотата на МТВ.

  16. РАЗДОЛЖУВАЊЕ НА КРИТИЧНИ ПОЕДИНЕЧНИ ТРАНСПОРТНИ ДОЗВОЛИ • Секоја дозвола која не е искористена во определениот рок од 60 односно 30 ( или 45) дена , МОРА да се врати во МТВ , без печат , исто како и што е добиена. Доколку дозволата не се врати превозникот е БЛОКИРАН и не може да подига дозволи од друг вид. • Изгубена дозвола се објавува во службен весник, се потпишува изјава за морална и кривична одговорност заверена на нотар. Како олеснителен доказ е и соодветен ЦМР – образец, доколку дозволата е изгубена по искористување на истата.

  17. Прашања и одговори ???? • Средбата е организирана во соработка меѓу Министерство за транспорт и врски на Р.Македонија и Асоцијација „ Макам-транс„ • ПРЕЗЕНТЕР : г.дин Стевчо Јолакоси , раководител на сектор за патен превоз и инфраструктура во Министерство за транспорт и врски на Р.Македонија и Муратовска Биљана , генерален секретар на Асоцијација „ Макам-транс„

More Related