1 / 28

Улогата на НБРМ во финансискиот систем во Република Македонија

Улогата на НБРМ во финансискиот систем во Република Македонија. Маја Кадиевска Војновиќ Вицегувернер Народна банка на Републлика Македонија. СОДРЖИНА:. Правна рамка Учесници во финансискиот систем Регулаторни тела Улогата на НБРМ во финансискиот систем

goldy
Download Presentation

Улогата на НБРМ во финансискиот систем во Република Македонија

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. Улогата на НБРМ во финансискиот систем во Република Македонија Маја Кадиевска Војновиќ Вицегувернер Народна банка на Републлика Македонија

  2. СОДРЖИНА: • Правна рамка • Учесници во финансискиот систем • Регулаторни тела • Улогата на НБРМ во финансискиот систем • одржување на стабилен банкарски систем • учество на домашните финансиски пазари • развој на домашните финансиски пазари • обезбедување на сигурен, стабилен и ефикасен систем на плаќања • Заклучни согледувања

  3. 1. Пропишани со закон- Цели Согласно член 6 од Законот за Народната банка на Република Македонија: • Основна цел на Народната банка е постигнување и одржување на ценовната стабилност; (2) Друга цел на Народната банка, која е подредена на основната цел е да придонесува кон одржување на стабилен, конкурентен и пазарно ориентиран финансиски систем и (3) Народната банка ја поддржува општата економска политика без да го загрози остварувањето на целтa утврденa во ставот (1) од овој член и во согласност со принципот на отворена пазарна економија со слободна конкуренција.

  4. 1. Пропишани со закон- Задачи • Согласно член 7 од Законот за Народната банка на Република Македонија: • Ја утврдува и спроведува монетарната политика; • Учествува во определување на режимот на девизниот курс; • Ја утврдува и спроведува политиката на девизниот курс. • Останати функции: врши супервизија на банките и штедилниците управува и ракува со девизните резерви издава книжни и ковани пари го уредува платниот систем ја претставува РМ во меѓународни институции врши работи за сметка на органите на државната власт и органите на државната управа

  5. 2. Учесници во финансискиот систем • БАНКИТЕ – имаат доминантна улога во финансискиот систем во РМ (учество околу 90%)... • ...но, има тенденција на постепено зголемување на значењето на пензиските фондови

  6. 3. Регулаторни тела на финансискиот систем НБРМ има висока одговорност во регулирање на финансискиот систем, имајќи ја предвид супервизорската улога над банките -како најзначаен институционален сегмент

  7. 4. Улогата на НБРМ во финансискиот систем 4.1 Одржување на стабилен банкарски систем 4.2 Учество на домашните финансиски пазари 4.3 Развој на домашните финансиски пазари 4.3 Обезбедување на сигурен, стабилен и ефикасен систем на плаќања

  8. 4.1 Одржување на стабилен банкарски систем - Степен на финансиско посредување • Улогата на банките во економските текови во земјата е голема, со растечка тенденција...

  9. 4.1 Одржување на стабилен банкарски систем – Капитална адекватност ...затоа, капиталната адекватност на банките е значајна од аспект на aпсорбција на економските шокови и одржување настабилноста на целокупниот финансиски сектор... ... којашто во изминатиот период бележи умерен тренд напораст и се одржува на релативно високо ниво

  10. 4.1 Одржување на стабилен банкарски систем – Валутен ризик • Во услови на релативно висока евроизираност на домашната економија, одржување на соодветна валутна усогласеност помеѓу активата и пасивата на банкарскиот систем е значајна за стабилноста... • ... нето-отворената девизна позиција се одржува на релативно стабилно ниво од почетокот на 2009 година и укажува на соодветна валутна усогласеност помеѓу побарувањата и обврските на банките

  11. 4.1 Одржување на стабилен банкарски систем – Ликвидносни индикатори (во %) • Одржувањето на адекватна ликвидност на банкарскиот систем е многу значајна од аспект на тековните случувања на меѓународните финансиски пазари кои релативно брзо може да се пренесат во домашната економија... ...ликвидносните индикатори укажуваат на подобрување на ликвидносната позиција на банкарскиот систем

  12. 4.1 Одржување на стабилен банкарски систем – Кредит во крајна инстанца (LOLR) Согласно член 22 од Законот на НБРМ: НБРМ во исклучителни околности и под услови утврдени од Советот, може да дејствува како кредитор во крајна инстанца за банките во РМ, преку одобрување на: • кредит со рок од 90 дена • за подобрување на ликвидноста • со соодветно обезбедување • програма на мерки подготвени од банката Доколку НБРМ утврди дека банката не може да ја спроведе програмата, презема мерки согласно Законот за банки.

  13. 4.2 Учество на домашните финансиски пазари – Девизен пазар Во услови на примена на стратегија на de facto фиксен девизен курс, НБРМ интервенира на девизниот пазар... ... заради одржување на стабилен девизен курс како номинално сидро за постигнување на ценовна стабилност

  14. 4.2 Учество на домашните финансиски пазари – Девизен пазар Во услови на нето-капитални приливи во земјата во изминатиот период, интервенциите на девизниот пазар резултираа во кумулирање на девизни резерви... ...кои се одржуваат на адекватно ниво

  15. 4.2 Учество на домашните финансиски пазари – Примарен пазар на пари Интервенциите на девизниот пазар придонесоа за активно учество на НБРМ на примарниот пазар на краткорочни хартии од вредност преку издавање на благајнички записи... ... заради управување со структурниот вишок на ликвидност во банкарскиот систем и каматните стапки во економијата

  16. 4.2 Учество на домашните финансиски пазари – Секундарен пазар на пари НБРМ спроведува редовни репо-аукции од мај 2012 година заради одржување на ликвидноста на банкарскиот систем на адекватно ниво... ...што овозможува ефикасно неутрализирање на ликвидносните шокови од автономните фактори (во мил. ден.)

  17. 4.2 Учество на домашните финансиски пазари – Коридор на КС НБРМ ја ограничува волатилноста на каматните стапки на пазарите на пари преку утврдување на коридор на КС... ...поддржано со исполнување на задолжителната резерва на просечна основа (во %)

  18. 4.3 Развој на финансиските пазари – Поддржувачи на девизен пазар • НБРМ го поттикна развојот на меѓубанкарскиот девизен пазар во 2005 година преку воведување на поддржувачи на пазарот... • НБРМ Банки поддржувачи Останати делoвни банки Деловни банки Менувачници Правни субјекти Физички лица ...при истовремено дефинирање на куповниот и продажниот курс на интервенциите на НБРМ во чии рамки се одржува стабилноста на меѓубанкарскиот девизен курс

  19. 4.3 Развој на финансиските пазари – Фискален агент на државата НБРМ континуирано го поддржува развојот на пазарот на државни хартии од вредност... ... преку улогата на фискален агент на примарен пазар – организирање на аукции на ДХВ Министерство за финансии проспект банки клиенти дефинирање проспект издавање проспект понуди за аукција понуди за аукција резултати од аукција распределба на понудите, согласно услови од проспект НБРМ (Електронски систем за пазарни операции) податоци за клиенти резултати од аукција регистрирање на сопственоста на ДХВ податоци за клиенти ЦДХВ

  20. 4.3 Развој на финансиските пазари – Воспоставување на пазари преку шалтер НБРМ ја дефинираше правната и инфраструктурната рамка за ППШ во 2005 година... ... што придонесе за побрзо и поефикасно управување со ликвидноста со ниски трансакциски трошоци продавач на ХВ склучување трансакции електронски систем, телефон... купувач на ХВ MT 199 MT 199 MT 103/202 MT 103 (DVP) MT 199 Систем за вкрстување МИПС порамнување на трансакциите БЗ ЦДХВ Регистар на БЗ останати ХВ

  21. 4.3 Развој на финансиските пазари – воведување на Референтни каматни стапки НБРМ промовираше воспоставување на реферетни каматни стапки на пазарите на пари... ... СКИБОР беше воведен во 2007 година (продолжени рочности во 2011 година), а МКДОНИА во 2008 година

  22. 4.4 Развој на финансиските пазари – позитивни трендови Продлабочување на девизниот пазар проследено со зголемување на прометотна меѓубанкарскиот пазар... (во мил. евра)

  23. 4.4 Развој на финансиските пазари – позитивни трендови Одржување на релативно високо тргување на домашниот меѓубанкарски пазар на депозити и пораст на тргувањето на подолг рок во услови на замирање на меѓународните меѓубанкарски пазари заради зголемената неизвесност... (во мил. денари)

  24. 4.4 Развој на финансиските пазари – позитивни трендови Зголемен интерес за инвестирање во ДХВ на подолг рок

  25. 4.4 Развој на финансиските пазари – позитивни трендови Пораст на прометот на пазарите преку шалтер, охрабрен со склучување на првата меѓубанкарска репо-трансакција. (во мил. денари)

  26. 4.3 Обезбедување на сигурен, стабилен и ефикасен систем на плаќања • Оперативна улога -Обезбедува сигурно, непречено и ефикасно функционирање на МИПС системот -Агент на државата во однос на платниот промет со странство за потребите на државата • Надгледување на платните системи - Спроведува надзор на работењето на платните системи во склад со базичните принципи на системски важните платни системи, а во насока на елиминирање и минимизирање на евентуални ризици кои произлегуваат од функционирањето на платните системи • Развојна улога -НБРМ е катализатор и промотор на развојот на платните системи (Национален совет за платни системи со кој претседава и Стратегија за развој на платниот систем)

  27. 5. Заклучни согледувања Улогата на НБРМ, како регулатор ... • одржување на стабилен финансиски систем • активно учество на пазарите, преку интервенции на девизниот пазар и примена на пазарни инструменти за управување со ликвидноста на банките, • инволвираност во насока на поддршка на пазарите на пари и хартии од вредност, • непречено спроведување на трансакциите во платниот систем. ... координацијата на НБРМ со останатите регулатори е од особено значење

  28. Ви благодарам на вниманието!

More Related