1 / 22

Супервизорската функција на Народна банка на Република Македонија

Супервизорската функција на Народна банка на Република Македонија. Содржина. Функции на НБРМ Поставеност на супервизорската функција Законска рамка Усогласеност со меѓународните стандарди Супервизорски пристап. Функции на НБРМ.

alisa
Download Presentation

Супервизорската функција на Народна банка на Република Македонија

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. Супервизорската функција на Народна банка на Република Македонија

  2. Содржина Функции на НБРМ Поставеност на супервизорската функција Законска рамка Усогласеност со меѓународните стандарди Супервизорски пристап

  3. Функции на НБРМ Согласно Законот за Народната банка на Република Македонија , истата ги извршува следните функции: • Ја утврдува и спроведува монетарната политика • Ја утврдува и спроведува политиката на девизниот курс • Управува и ракува со девизните резерви • Издава книжни и ковани пари • Го уредува и врши надзор над платниот промет • Врши супервизија на работењето на банките и штедилниците

  4. Поставеност на супервизорската функција Сектор за супервизија, банкарска регулатива и финансиска стабилност Супервизорски комитет Дирекција за вонтеренска супервизија и лиценцирање Дирекција за теренска супервизија Дирекција за банкарска регулатива и финансиска стабилност

  5. Поставеност на супервизорската функција • Народната банка на Република Македонија супервизорската функција ја извршува преку: • вонтеренско следење на работењето на банките и штедилниците; • лиценцирање на банките и штедилниците во согласност со одредбите од Законот за банките • регулирање на работењето на банките и штедилниците во рамки на надлежностите дадени со Законот за банките; • непосредна теренска контрола на банките и штедилниците од аспект на ризици; • непосредна теренска контрола на банките и штедилниците од аспект на усогласеност со прописите; • одржување на контакти со членовите на органите на банката и со друштвата за ревизија и • соработка и размена на податоци и информации со други супервизорски органи

  6. Законска рамка • Закон за Народната бака на Република Македонија • Закон за банките • Одлука за начинот на вршење супервизија и надзор • Одлука за консолидирана супервизија

  7. Законска рамка (продолжение) Со вршењето на супервизијата на банките, Народната банка ја оценува сигурноста, стабилноста, ризичноста и усогласеноста на работењето на банката со прописите преку: • оценка на способноста на банката за управување со ризиците, вклучувајќи ја кадровската, организациската и техничката опременост за извршување на банкарските и финансиските активности; • оценка на адекватноста на капиталот на банката, согласно со утврдениот профил на ризик и способноста на банката да управува со ризиците; • оценка на деловната политика и стратегијата на банката;

  8. Законска рамка (продолжение) • контрола на организацијата и начинот на водење на трговските книги, деловната и сметководствената документација, од аспект на нивната точност, ажурност и веродостојност, примената на прописите за сметководство и сметководствените стандарди, како и тоа дали банката гисоставила финансиските извештаи во согласност со важечките прописи за финансиско известување; • контрола дали извештаите и податоците што банката ги доставува до Народната банка се доставени во рамки на пропишаните рокови и дали се составени во согласност со прописите кои го регулираат работењето на банките; • оценка дали банката ги исполнува условите за вршење банкарски и финансиски активности, како и усогласеноста на работењето на банката со дозволата за основање и работење, интерните акти на банката и прописите донесени од страна на Народната банка и други надлежни институции и органи;

  9. Законска рамка (продолжение) • проверка и потврдување на функционирањето на системот на интерни контроли, системот на корпоративно управување, системот за спречување перење пари и системот на банката за известување на раководството (менаџмент информативниот систем); • оценка на изборот и начинот на вршење ревизија од страна на друштво за ревизија, како и извештајот за извршената ревизија на работењето и на годишните финансиски извештаи на банката; • оценка на работењето и ефикасноста на внатрешната ревизија; • оценка на примената на стандардите за информативна сигурност и планот за континуитет во работењето.

  10. Усогласеност со меѓународните стандарди • FSAP мисија на ММФ и на СБ во 2008 година • Оценка на усогласеноста со 30-те основни принципи и под-принципи за ефективна супервизија на Базелскиот Комитет • Наод на FSAP Мисијата: • НБРМ во целост е усогласена со 10 принципи • НБРМ во голема мера е усогласена со 20 принципи (утврдени се само мали исклучоци во однос на барањата на основните принципи)

  11. Усогласеност со меѓународните стандарди Main finding of FSAP Mission: ”The NBRM is the Macedonia’s bank supervisory, regulatory and licensing authority by virtue of the Law on the NBRM. The NBRM operates a comprehensive, largely transparent system in exercising its exclusive right to grant banking licenses and to maintain observance of bank legislation and regulations. This has contributed substantially to the current state of development of the banking system.”

  12. Супервизорски пристап • НБРМ воведе ризично базиран пристап кон супервизијата на банките во 2008 година • Овој пристап е процес кој овозможува проценка на севкупниот профил на ризик на банка на континуирана основа, односно имајќи го предвид начелото на континуитет • Овој процес вклучува теренски и вонтеренски активности кои се надополнуваат меѓу себе и овозможуваат следење на профилот на ризик на една банка

  13. Супервизорски пристап (продолжение) • Основата на овој пристап се заснова на ефективно планирање на супервизорските активности, во зависност од сознанијата на НБРМ за профилот на ризик на банката, и овозможува да се прилагодат супервизорските активности на големината на банката и комплексноста на нејзините активности

  14. Супервизорски пристап (продолжение) Основни чекори предвидении во супервизорскиот пристап на НБРМ: Дефинирање на Профил на ризик врз основа на сознанијата за банката Планирање на супервизорски активности во текот на годината Дефинирање на опфатот на теренски и вонтеренски активности во текот на годината Спроведување на теренски контролни активности во согласност со планот Дефинирање на супервизорски стратегии врз основа на наодите од теренските контроли и вонтеренското следење Преземање на корективни мерки и активности и следење на нивното спроведување Редовно ажурирање на профилот на ризик на банките

  15. Супервизорски пристап (продолжение) • Во фокусот на супервизорскиот пристап на НБРМ се следните ризици: • Кредитен • Ликвидносен • Пазарни ризици (девизен, ценовен, каматен) • Каматен ризик во банкарското портфолио • Оперативен • ИТ • Правен • Стратегиски и репутациски

  16. Супервизорски пристап (продолжение) Супервизорскиот пристап овозможува НБРМ да изврши проценка за секој од наведените ризици на: • нивото на преземен ризик од банката; • начинот на кој банката управува со ризикот; • насоката на движење на ризикот во наредниот период од 12 месеци • Нивото на преземен ризик претставува ризикот кој Банката го презела, односно во согласност со усвоената стратегија планира да го преземе. • Нивото на секој одделен ризик се мери преку повеќе дефинирани индикатори, согласно усвоена методологија на НБРМ. • НБРМ користи три скалила за оценка на преземеното ниво на ризик: ниско, средно и високо

  17. Супервизорски пристап (продолжение) • Начинот на кој банката управува со ризикот се оценува врз основа на тоа како се поставени системите на банката за идентификување, мерење, контрола и следење на преземените ризици, вклучувајќи го овде и начинот на кој е поставено и функционира корпоративното управување во банката со оглед на неговата нераскинлива врска со процесот на управување со ризиците • Начинот на кој банката управува со ризиците се утврдува врз основа на интерно развиени процедури, согласно усвоена методологија на НБРМ, кои овозможуваат проценка на претходно наведените елементи • НБРМ користи три скалила за оценка на преземеното ниво на ризик: силно, задоволително и слабо • Врз основа на матрици на вкрстување на нивото на ризик и на начинот на кој банката управува со ризикот се добива агрегатното ниво на ризик , а агрегатното ниво на ризик ставено во комбинација со утврдената насока на ризик го дефинира типот и тежината на супервизорските активности во текот на наредните 12 месеци

  18. Супервизорски пристап (продолжение) Насоката на ризик претставува веројатната промена во утврденото ниво на агрегатен ризик во текот на наредните 12 месеци Во супервизорската проценка за насоката на ризик се земаат предвид: • Промените во сопственичката или интерната структура на банката, воведување на нови системи, значајни промени во стратешките планови, настап на нови пазари или воведување на нови деловни линии или продукти; • Промени во органите на банката или во воспоставениот систем на корпоративно управување или системите за управување со ризици; • Утврдените трендови во работењето на банката, како единка или во однос на генералните трендови на ниво на банкарскиот систем или сродна група на банки; • Значајни промени во пазарните услови кои влијаат врз стратегијата на банката.

  19. Супервизорски пристап (продолжение)

  20. Супервизорски пристап (продолжение)

  21. ПРАШАЊА

  22. М-р Игор ДавковDavkovI@nbrm.gov.mk

More Related