1 / 37

Д-р Здравко Трајанов

Универзитет „Св. Кирил и Методиј “ Шумарски факултет – Скопје. Д-р Здравко Трајанов. Актуелни проблеми поврзани со експлоатацијата на шумската инфраструктура во Република Македонија и можности за надминување на состојбата. Советување. ВОВЕД.

alaqua
Download Presentation

Д-р Здравко Трајанов

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. Универзитет „Св. Кирил и Методиј “ Шумарски факултет – Скопје Д-р Здравко Трајанов Актуелни проблеми поврзани со експлоатацијата на шумската инфраструктура во Република Македонија и можности за надминување на состојбата Советување

  2. ВОВЕД • Мрежата на шумски патишта треба рамномерно да го отвори целото подрачје, при што рамномерноста не се однесува на растојанието помеѓу патиштата, туку таа се однесува на стопанските барања и економското значење на одделни делови на шумата • Шумската патна мрежа служи за развој на шумарството и развој на ридско - планинските региони. Оттаму истата е интерес за шумарството и за општествената заедница • Шумската патна мрежа мора да биде во функција на заштита на шумата

  3. Специфики на шумски сообраќај • големата површина која е предмет на работа • нерамномерно распространета дрвна маса во просторот • нерамномерност на транспортот по насока • нерамномерноста на транспортот по големина • нерамномерноста на транспортот по време • сезонскиот карактер на шумскиот транспорт

  4. Значење на шумската камионска патна мрежа • Шумската камионска мрежа има значење за шумарството. Користа може да биде директна и индиректна • Под директна корист од шумата спаѓаат: искористувањето на дрвната маса, искористувањето на другите шумски производи (печурки, мовови, лишаи, шумски плодови, јаглен, смола и друго). Од директните користи од шумата се добива значаен дел на општествениот приход во државата • Индиректни користи од шумата се: ослободувањето на кислород, врзувањето на јаглерод диоксидот, регулација на водениот режим, намалување на загадувањето од тешки метали и прашина и друго. Од индиректните користи од шумата, според некој научници се добиваат и до десетина пати поголеми приходи во споредба со приходот од дрвото

  5. Значење на шумската камионска патна мрежа за мултифункционалниот развој на ридско - планинските простори на РМ • заштита на екосистемот • комуникација на луѓето од различни населени места • рурален развој на планинските села • развој на туризмот • развој на рекреативниот аспект на шумата • развој на ловот • искористување на минерални суровини • развој на сточарството, пчеларството и други гранки од земјоделието во планинските предели • достапност до разни објекти од радио и телекомуникациската сфера

  6. Класификација на шумските патишта Во шумарската практика се среќава општа поделба на шумските камионски патишта според видот на коловозната конструкција: • тврди • меки

  7. Класификација на шумските патишта според намената • извозни шумски патишта • дотурни шумски патишта

  8. Класификација на шумските патишта според конструктивните елементи и намената • А класа ( I - класа шумски камионски пат) • B класа ( II - класа шумски камионски пат) • C класа ( III - класа шумски камионски пат) • Дотурен пат

  9. Густина на шумската патна мрежаво Република Македонија

  10. Густина на шумската патна мрежаво Република Македонија

  11. Густина на шумската патна мрежаво Република Македонија

  12. Густина на шумската патна мрежаво Република Македонија За споредба со современо развиените шумарства густината на патната мрежа е многу поголема на пример во: • Словенија густината на шумската патната мрежа изнесува 28 m/ha • Германија густината на шумската патната мрежа изнесува околу 50 m/ha

  13. Состојба со квалитетот на шумската камионската патна мрежа (не задоволува, не се исполнети стандардите за нормално одвивање на сообраќајот) - непланска градба • лоши конструктивни елементи • не одржување на целата патна мрежа • Состојба со сообраќајните несреќи во шумскиот сообраќај (нема статистички податоци но состојбата е лоша) • сообраќајни несреќи на физички лица • несреќи при транспорт на дрво • несреќи при изградба на шумските патишта

  14. Оптимална густина на патната мрежа во Република Македонија • Оптималната густина на камионската патна мрежа од аспект на стопанисување со шумите • Оптимална густина на патната мрежа од аспект на заштита од пожари • Густина на патната мрежа за одгледување и мелиорација на шумата • Густина на патната мрежа за спорт и рекреација (мултихункционална намена на шумската патна мрежа)

  15. Оптимизација на шумската патната мрежа од аспект на стопанисување со шумите Вкупни трошоци за дотур со трактор • Tkp – трошоци за камионски патишта заm³ • Tdp – трошоци за дотурни патишта заm³ • Tt– трошоци за дотур за m³ Оптимална густина на патната мрежа при дотур со трактор

  16. Трошоци за изградба на камионски патишта во зависност од густината на камионските патишта и дрвната маса за сеча

  17. Зависност на вкупните трошоци за дотур со трактор од дрвната зафатнина и густината на шумската патната мрежа

  18. Оптимална густина на примарната шумска патна мрежа

  19. Зависност на трошоците за транспорт на дрвото од оптималната густина за истражуваните модели на дотур

  20. Густина на патната мрежа во зависност од искористената количината на дрвна зафатнина

  21. Густина на шумската патната мрежа во зависност од искористената количината на дрвна зафатнина

  22. Влијание на шумската патната мрежа на заштитата на шумата • Можност за брза интервенција и пристигање на самото место на пожарот • Патната мрежа може да послужи како противпожарна просека (посебно е интересен концептот за рецептори поради шаховското разместување на патиштата)

  23. Влијание нашумската патната мрежа на заштитата на шумата од пожари • Сигурно и брзо гаснење на пожарот се постигнува при раздалеченост на патиштата од 100 m или густина на патиштата од 100 m/ha. • При гаснењето на пожарот во вториот налет при побројни противпожарни екипи и современа противпожарна опрема, позитивни резултати во гаснењето на пожарите може да се постигнат во појас од 300 m оддалеченост од камионскиот пат. Или тоа е отвореност на шумата со камионски патишта од 33.3 m/ha.

  24. Имено според D. Picman [63] максималната површина која може да ја одземе патната мрежа изнесува 3% без битно да се наруши еколошкиот момент во шумата. • Се препорачува во пракса густината на патната мрежа не поголема од 50 m/ha.

  25. Густина на патната мрежа • Оптималната густина на шумската камионската патна мрежа од аспект на одгледување и мелиорација на шумите • Густина на шумската патната мрежа за спорт и рекреација и мултифункционално значење на шумската патна мрежа

  26. Решенија за надминување на проблемите со шумскиот сообраќај во Р Македонија Неопходни мерки од општествената заедница: • Регулирање на законската рамка за класификација на шумските камионски патишта • Финансиска поддршка за изработка на генерален план за отворање на шумите • Финансиска поддршка за изработка на генерални проекти за изградба и реконструкција на позначајните шумски камионски патишта кој имаат мултифункционално значење

  27. Изградба на споменатите патишта и преведување на истите во категоријата на јавни патишта • Финансиска поддршка на ЈП Македонски шуми за одржување на шумската патна мрежа со цел заштита од шумски пожари • Сигнализација на шумските патишта од поголема категорија

  28. Неопходни мерки од страна на ЈП Македонски шуми: • Регулирање на законските акти во однос на шумските камионски патишта • Законска обврска за изработка на генерален план за отворање на шумите • Подобрување на шумската патната мрежа преку реконструкција и одржување на патиштата • Воведување на стандарди за проектирање и градење на шумски патишта

  29. Стручна професионална обука на шумските работници кој работа во операции поврзани со шумскиот сообраќај • Зголемување на заштита при работа при изградба на шумски патишта • Зголемување мерките за заштита при транспорт на дрвни производи

  30. ЗАКЛУЧОК • Шумскиот транспорт има свој специфики и се разликува од останатите транспорти во однос на: големата површина која е предмет на работа, нерамномерно распространета дрвна маса во просторот, нерамномерност на транспортот по насока и големина, сезонскиот карактер на шумскиот транспорт и друго.

  31. ЗАКЛУЧОК • Шумската патна инфраструктура служи за развој на шумарството и општ развој на ридско планинските предели. Влијанието на шумската патна мрежа има мултифункционално значење за општеството: заштита на екосистемот, комуникација на луѓето од различни населени места, рурален развој на планинските села, развој на туризмот и ловот, искористување на минерални суровини, развој на земјоделието во планинските предели, достапност до разни објекти од радио и телекомуникациската сфера и друго.

  32. ЗАКЛУЧОК • Густината на патната мрежа во Република Македонија изнесува 10,55 m/ha, оваа густина не ги задоволува општите потреби за развој на шумарството. Притоа истата има лош однос на класите на шумски патишта а квалитетот на патиштата е лош. Сообраќајните несреќи се секојдневие а истите се од најразличен карактер. Причините за истите се пред се во нерегулираниот однос на шумски сообраќај и јавниот сообраќај на лошите шумски патишта.

  33. ЗАКЛУЧОК • Со цел да се прават минимални трошоци за транспорт на дрвото, а притоа да се завршат сите работи кој произлегуваат од стопанисувањето на шумите (одгледување, заштита и користење на шумите) мора да постои оптимална густина на шумски патишта. Секое отстапување од оптималната густина преставува финансиска загуба за ЈП Македонски шуми.

  34. ЗАКЛУЧОК • За заштита на шумата од пожари се препорачува зголемување на шумската патна мрежа и одржување на истата. Притоа истата би требало да овозможи брз пристап на противпожарните служби како и користење на патиштата како противпожарни појаси • При изградбата на шумските патишта да се внимава на начинот на градба и избор на материјали со цел да не се нарушува природниот амбиент во шумата. Густината на шумски камионските патишта да не ја надминат дозволената граница на узурпација на шумскиот простор.

  35. ЗАКЛУЧОК • Со оглед на лошата финансиска состојба на ЈП Македонски шуми а со цел подобрување на шумската инфраструктура се наметнува потребата од мерки кој ќе ги преземат општествената заедница односно ресорните министерства.

  36. ЗАКЛУЧОК • Неопходни се мерки од општествената заедница (соодветни министерства) во стручна и финансиска поддршка за подобрување на шумската патна мрежа во Република Македонија • Неопходни се мерки од страна на ЈП Македонски шуми за подигање на стандардите при проектирање, градење и одржување на шумските патишта

  37. Ви благодарам на вниманието

More Related